1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Фискалните и гаранциите

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од toshex, 27 Јануари 2019.

  1. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,542
    20 Јануари 2015
    Машко
    Кај има казни за скенирање на сметки за вода и струја ?
    Сметките за комуналии не фискални сметки, туку фактури, и да сакаш да ги скенираш неможеш, немаат соодветен QR код.
     
    На Ceco и igor_igor им се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,033
    8,175
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Никогаш не може граѓанинот да добие ништо на сметка на државата. Само обратно. Паметен дизајн а?
     
    На Jovan2389 и null_ptr им се допаѓа ова.
  3. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,530
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    Еве појаснување:

    ОД 1 ЈУЛИ ЗАПОЧНУВА ВРАЌАЊЕТО НА ДЕЛ ОД ДДВ ЗА ГРАЃАНИТЕ

    Со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица (Сл. весник на РСМ, бр. 133/19) кој влезе во сила од 28 јуни 2019, а се применува од 1 јули 2019 година, се уредуваат:
    • условите,
    • начинот и
    • постапката за остварување на правото на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица (во понатамошниот текст: враќање на данокот).
    1. КОЈ ИМА ПРАВО НА ВРАЌАЊЕ НА ДДВ?
    Право на враќање на данокот имаат ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА кои ги исполнуваат следните услови:

    • Имаат навршени 15 години возраст;
    • Поседуваат валиден документ за идентификација издаден од надлежен орган на Република Северна Македонија (лична карта или патна исправа);
    • Се регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок (Е-ППД) на Управата за јавни приходи и
    • Поседуваат трансакциска сметка кај носител на платен промет во Република Северна Македонија.
    1. ОД КОИ СМЕТКИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОСТВАРИ ВРАЌАЊЕ?
    Согласно член 2 од Законот, право на враќање на ДДВ не може да се оствари од:

    • фискалните сметки за кои е издадена сметко-потврда, фактура или друг документ издаден кон правно лице, трговец поединец, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на данок на додадена вредност и
    • фискалните сметки кои се издадени заедно со сметките кои се издаваат од лицата кои извршуваат континуиран промет и за кои се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго).
    • Фискална сметка чиј вкупен промет надминува 30.000 денари и
    • Фискална сметка која е сторнирана.
    ВАЖНО!

    Издавачот на фискални сметки има обврска:

    1. Да ги пријави во Управата за јавни приходи фискалните сметки кои ги сторнира и сторните сметки за кои физичките лица немаат право на враќање на данокот.
    2. Пријавувањето на сметките се врши до поднесување на даночна пријава за цели на данок на додадена вредност.
    3. Пријавувањето на сметките се врши со скенирање на бар-кодот од фискалната и сторната сметка со примена на мобилна или десктоп апликација на Управата за јавни приходи за оваа намена.
    Напомена: Техничките карактеристики и начинот на користење на мобилната или десктоп апликацијата за пријавување на сторнираната фискална сметка и сторната сметка ќе ги пропише министерот за финансии.

    1. ПРАВО НА ВРАЌАЊЕ НА ДАНОКОТ
    Правото на враќање на данокот:

    1. се однесува на данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги, издадени согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања,
    2. може да се оствари само еднаш за една иста фискална сметка, односно правото на враќање на данокот не се остварува за фискалната сметка која е веќе пријавена преку апликативниот софтвер на УЈП.
    1. ВИСИНА ВО КОЈА МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ ДДВ
    Враќањето на данокот може да се оствари во висина од 15% од данокот на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.

    ПРИМЕР:

    Во тримесечниот период јули – септември 2019 во фискалните сметки е содржано следново ДДВ:

    ДДВ од 5% 5.000

    ДДВ од 18% 1.800

    ----------------------------

    ПРАВО НА ПОВРАТ: ОСНОВИЦА = 5.000 ДДВ + 1.800 ДДВ = 6.800 ДЕНАРИ (ДДВ) Х 15% (ПРОЦЕНТ ЗА ВРАЌАЊЕ) = 1.020 ДЕНАРИ ЗА ВРАЌАЊЕ

    1. НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА
    Највисока основица за пресметување на данокот за враќање, за едно календарско тримесечје, е искажаниот данок на додадена вредност во фискалните сметки во висина од 12.000 денари.

    ПРИМЕР:

    Во тримесечниот период јули – септември 2019 во фискалните сметки е содржано следново ДДВ:

    ДДВ од 5% 5.000

    ДДВ од 18% 18.000

    Вкупно ДДВ во фискалните сметки според примерот е 23.000 денари, но истото е поголемо од максималната основица, односно ДДВ-то да биде вкупно 12.000 денари.

    ПРАВО НА ПОВРАТ:

    МАКСИМАЛНА ОСНОВИЦА Е 12.000 ДЕНАРИ ДДВ (НЕЗАВИСНО ОД ТОА ДАЛИ Е ДДВ-ТО ПРОИЗЛЕГУВА ОД СМЕТКИ СО 5% ИЛИ 18%) Х 15% = 1.800 ДДВ ДЕНАРИ ЗА ВРАЌАЊЕ МАКСИМАЛНО ПО ТРИМЕСЕЧЈЕ, ПО ЛИЦЕ.

    ЗНАЧИ, АКО ПРЕТПОСТАВИМЕ ДЕКА ВО СЕКОЕ ОД ЧЕТИРИТЕ ТРИМЕСЕЧЈА, ГРАЃАНИНОТ ЈА ДОСТИГНУВА МАКСИМАЛНАТА ОСНОВИЦА, ТОГАШ МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС НА ДДВ КОЈ МОЖЕ ДА ГО ВРАТИ ЕДНО ФИЗИЧКО ЛИЦЕ ГОДИШНО Е:

    12.000 ДЕНАРИ ДДВ Х 4 ТРИМЕСЕЧЈА = 48.000 денари ДДВ Х 15% = 7.200 ДЕНАРИ, ГОДИШНО ПО ЛИЦЕ

    Значи математиката е едноставна и јасна:

    Ø ОСНОВИЦА ЗА ВРАЌАЊЕ Е: ДДВ-ТО ОД ФИСКАЛНИТЕ СМЕТКИ СО ПРАВО НА ВРАЌАЊЕ, НО ОСНОВИЦАТА (ДДВ-ТО ) ОД СМЕТКИТЕ МОЖЕ ДА БИДЕ МАКСИМАЛНО 12.000 ДЕНАРИ

    Ø ОСНОВИЦАТА СЕ МНОЖИ СО ПРОЦЕНТОТ ОД 15%

    = ИЗНОСОТ Е ДДВ-ТО КОЕ СЕ ВРАЌА НА ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ

    ДДВ ОД СМЕТКИТЕ (НО НЕ ПОВЕЌЕ ОД 12.000 ДЕНАРИ) Х 15% = ДДВ ЗА ГРЃАНИНОТ

    1. НАЈНИЗОК ИЗНОС ЗА ВРАЌАЊЕ
    Најнискиот износ за враќање на данокот за едно календарско тримесечје изнесува 50 денари. Доколку износот на данокот за враќање е понизок од 50 денари, истиот се пренесува за исплата за наредното календарско тримесечје.

    1. ПЕРИОД НА ВРАЌАЊЕ
    Правото на враќање на данокот се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

    1. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ВРАЌАЊЕ НА ДАНОКОТ
    1. Правото на враќање на данокот се остварува со пријавување на податоците од бар кодот на фискалната сметка преку апликативен софтвер за оваа намена на Управата за јавни приходи.
    2. Пријавувањето на податоците се врши најдоцна во рок од 10 дена од датумот на издавање на фискалната сметка, по кој рок фискалната сметка не може да се користи за остварување на правото на враќање на данокот.

    1. КАКО И КАДЕ СЕ ВРАЌА ДАНОКОТ
    Враќањето на данокот се врши на трансакциската сметка на лицето, по службена должност од страна на Управата за јавни приходи, во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

    Исплатата на средствата се врши од Буџетот на Република Северна Македонија, преку Управата за јавни приходи.

    1. НА ВРАТЕНОТО ДДВ НЕ СЕ ПЛАЌА ДАНОК НА ДОХОД
    Вратениот износ на данокот на додадена вредност согласно овој закон не претставува доход кој подлежи на оданочување со данок на личен доход.

    1. НАДЗОР
    Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон врши Управата за јавни приходи. На постапката за надзор се применуваат одредбите од Законот за даночна постапка.

    12. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

    А) ЗА ИЗДАВАЧОТ НА ФИСКАЛНИ СМЕТКИ И ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ

    Глоба во износ од 250 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на издавачот на фискалната сметка доколку не ја пријави во Управата за јавни приходи фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка . Глоба во износ од 150 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за наведениот прекршок.

    Б) ЗА ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ

    Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице кое пријавило фискална сметка а се работи за фискална сметка кон правно лице, трговец поединец, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на данок на додадена вредност и пријавило сметка за која нема право на поврат (за испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење, ладење и друго).

    Напомена: Одмерувањето на висината на глобите се врши согласно Законот за прекршоците. Надлежен орган за водење на прекршочна постапка и за изрекување на прекршочни санкции за прекршоците пропишани со овој закон е Управата за јавни приходи.

    13. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

    Враќањето на данокот и исплатата на средствата на трансакциска сметка на физичките лица за третото календарско тримесечје од 2019 година, согласно овој закон, ќе се изврши најдоцна до крајот на 2019 година.

    Подзаконските прописи утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
     
    На Avid, fuzzjaw, Ceco и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,076
    2,984
    2 Септември 2012
    Машко
    Еве денес 4 сметки од ТЦ Веро, трите ги прочита таа од Џамбо најголемата не, пошо малку побледа најверојатно не им чини термо принтерот од касата. :eek:
    Убаво напиша некој погоре, ако не може кодот да го прочита да има опција да се внесе рачно по бројот на фискалната. :)
    Е арно ама...:crazy:
     
  5. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,333
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    Иако целава мерка е наводно да се издаваат фискални сметки и да се наплаќа ДДВ, целата работа има и една друга димензија.

    Да резимираме, заклучно со оваа мерка државата има увид во сите трансакции преку уплатници/банки/картички, трансакции над 500 евра... на секој граѓанин, а од сега ќе им дадеме увид и каде и како го трошиме КЕШОТ.

    Не држат за тестиси, само што не сме свесни.
     
    Трајче Дрварчето, olikomerc и на Pane24 им се допаѓа ова.
  6. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    933
    412
    7 Март 2014
    Машко
    И кај мене така ама пробај неколку пати од поблиску па од подалеку и ќе ја прочита.. барем кај мене успеа

    Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    472
    329
    22 Март 2016
    Машко
    И при плаќање со кредитна картичка добиваш фискална која можеш да ја скенираш немора да биде само кеш...
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    И шо? Се потресов јас државата ако знае дека пазарам секој ден во КАМ и Тинекс. Демек, тајна е. LOL :D
     
    На Necromancer, HoLfElDeR, Ceco и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,051
    3,022
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Си пријавил приходи 1000че месечно на ујп ? No Problem... Преку фискалните што ке му ги праќаш ке видаат стварно дали се 1000че на месец твоите приходи.
     
    На Skorp и ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  10. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    307
    421
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    OK
     
  11. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,530
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    На фискалната никаде не пишува дека купил Столе. Може падната сум ја скенирал, можда цела фамилија ми ги даваат мене да ги скенирам.
     
    HoLfElDeR, borcep, goce03 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,051
    3,022
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Битно е кај Столе идаат тие пари , и не го прашуваат УЈП од каде му се сметките фискални туку ке го повикаат да ги оправда тие средства .
     
    На hipo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. worker_x

    worker_x
    Gaining Experience

    351
    340
    17 Март 2010
    Машко
    И сега? Да скенираме или не? :D:D
     
  14. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,836
    6,425
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Епа наравоучение е тој Столе да си пријави поштено колку му се приходите, да не живее од стапови по туѓ грб.
     
    На Ceco, Banjifiko, NecrotoX и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,588
    1,347
    27 Јануари 2011
    Машко
    Тоа е вистинско прашање. Догодина оваа време ке има многу тужби/жалби по основ перонален данок.
    Пример од вчера, во КАМ и Стокомак на каса ред се чека. Муштерија пазари и сметка пола метар, муштеријата си пакува во кеси и излегува надвор...сметката осанува на каса. Следните муштерии исто полна корпа и додека пакуваат од сметката у кеса и сметката од претходниот муштерија. ПРАШАЊЕ ако продолжат така да работат ке имаат поголем поврат на ДДВ...ама како ке докажат дека со 200е месешмо примање потрошиле 400е.
    Некој ке го јаде стапот...ај погодете кој?
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,333
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    Како ти си ги вреднуваш твоите личните информации е твоја работа. И за Фејсбук на многу луѓе не им сметаше што им ги продаваат податоците, ама сепак изби скандал. Претпоставувам и овие претходните што прислушкуваат и тоа не ти беше проблем?
    Од тука можам да продолжам за политика, ама таа е долга и широка...

    Знам де. Поентата беше дека имаа увид за трансакции преку картичките, не зборев за фискалните и ДДВ то
     
    На Трајче Дрварчето му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,333
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    Апсолутно си во право за Столе, ама како што кажа @hipo погоре, Митра која едвај скрпува крај со крај, седи пред маркет и ги собира сметките (вистинска случка во мојот локален маркет) и не ги знае сите одредби од законот може да заврши на суд заради казни и непријавен приход, а во обид да заштеди некоја илјадарка.
     
  18. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Ама споредба направи :D.. Да, "личната" инфoрмација дека сум истрошил 1000 денари денес во некој маркет и после доброволно сум ја доставил таа информација до УЈП е исто како тајно да ме прислушкувале додека зборам по телефон.
    А за тие што собираат туѓи сметки, или имаат непријавени пари можда имаш право, јас не се разбирам. Веројатно не е баш најпаметно да скенираат.
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,333
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    Ти не трошиш пари само во маркет, купуваш ит производи, пиеш кафиња, искачаш, шеташ... А и тие сметки од маркет што се УЈП има увид дали купуваш леб од 15 денари или кавијар.
    Не дека имам што да кријам или па некој толку многу е заинтересиран за мене, ама не се чувствувам комотно некој да ми ги знае финансиите подобро од мене самиот
     
    На Трајче Дрварчето и NecrotoX им се допаѓа ова.
  20. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,921
    4,034
    28 oктомври 2008
    No-point-big.gif
     
    toplel, igor_xxxx, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,530
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    Меркава е донесена со друга цел. Се врши притисок на фирмите преку потрошувачите, да се издаваат фискални сметки.

    Мерката до 30.000 денари во готово е мерка за да неможат луѓето со непријавени доходи да ги користат тие средства за големи добра.

    Јас ако скенирам сметка незначи дека е моја или дека јас сум платил за неа. Имаш и купување на рати, така да твојата логика паѓа во вода.

    Другава мерка може да те викнат на разговор ако уплаќаш на ТВОЈА сметка и на ТВОЕ ИМЕ поголема сума на пари кои не се пријавени како доход.
     
    gego, igor_igor и на Pane24 им се допаѓа ова.
  22. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,530
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    После овие две мерки не ме чуди да вршат мониторинг на трансакциите платени со странски картици на кои сопственици се македонски државјани. Се со цел да се зголеми буџетот.
     
  23. dule_

    dule_
    Gaining Experience

    189
    100
    7 Март 2015
    Има некаде дефинирано дека можат законски да те гонат ако пријавиш поголеми трошоци од приходи?

    Sent from my MI 6 using Tapatalk
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,264
    9,397
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не, ама секако дека е најбитно само да се треска нешто и да пишуваат глупости, стандард за нашето поднебје, сите знаеме најдобро се додека не треба ние самите да направиме нешто. На темата "трескање глупости до макс", нели мислите дека ако сакаа да пријавиш дека си трошел повеќе од што имаш примања дека во таков случај немаше да направат толку ограничувања и ќе прифаќаа сметки и над 30к денари? И зошто е дозволена за лица над 15 години? Кои примања ги имаат тие лица?
     
    На Psycore, Krkac, esquimaux и уште 6 други им се допаѓа ова.
  25. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    719
    803
    2 Март 2011
    Машко
    Не знам дали ќе има последици за пријавени големи суми на пари. Но, тие сметки над 30к мора да поминат на трансакциска, така да ги имаат во увид. Со фискалниве сакаат да ги имаагт во увид и тие под 30к
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. FLEGMA
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    496
Вчитување...

Сподели

Вчитување...