1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Фискалните и гаранциите

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од toshex, 27 Јануари 2019.

  1. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,796
    3,671
    18 Септември 2013
    Машко
    Само шо налетав на оваа вест и ми навеа едно прашање:

    Од 1 јули за секоја фискална сметка 15 проценти повраток на ДДВ за секој граѓанин

    Без разлика дали ова ќе биде навистина или не, ме замисли дека ако треба да се приложат фискални сметки за вакво нешто што ќе биде со оние кои се „потребни“ за важење на гаранциите од компјутерските делови, кои знаат да имаат и траење од над 5 години.

    Или поточно - колку навистина законски си обврзан како купувач да чуваш фискална сметка за да ти важи гаранцијата? Сепак тоа е ливче со инфериорна технологија на печатење (термално печатење) кое лесно може да се оштети дури и само со стоење у папка.

    Некој со факти и познавање од областа да објасни дали и зошто фискалните се правно гледано услов за гаранција?

     
  2. Најдобар одговор:
    Пост #8 од goce03, 27 Јануари 2019
  3. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,147
    937
    2 Јануари 2012
    Машко
    Уште побитно прашање е од каде ќе има пари државата ако вратат ДДВ на сите?
     
    На JensenInterceptor и toshex им се допаѓа ова.
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,142
    2,834
    24 Септември 2012
    Од секаде. Буквално.

    А инаку тоа чување фискална е батал работа и онака. Ако ти е за озбилно за 5 години треба да си ја ископираш зошто ќе си замине за 2-3 години термалниот принт. :)

    Или ќе ја сликнеш и ќе си ја пратиш на мејл со убав опис и ќе си ја имаш навек.
     
    На Rukfash и toshex им се допаѓа ова.
  5. mihovkris

    mihovkris
    Gaining Experience

    764
    477
    1 Јуни 2016
    Ќе биде ова, исто како 500 еура плата.
     
    На The-spiki, wolverine, JensenInterceptor и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,796
    3,671
    18 Септември 2013
    Машко
    Но дали фирмите вреднуваат сликани/копирани фискални или се само уште една причина да не ти важи веќе гаранцијата?
     
  7. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,826
    4,364
    20 Февруари 2011
    Машко
    Интересно, сепак 15% за секоја фискална бајаги пари се годишно за секој човек па дури и за државата.
     
  8. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,142
    2,834
    24 Септември 2012
    Не гледам зошто да не. Пазарна ќе трља раце.
     
  9. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    900
    1,518
    20 Јануари 2015
    Машко
    Другари кај видовте 15% од секоја фискална, проектот е 15% од ДДВ од секоја фискална.
    На пример купувате мебел во вкупна вредност од 11.800 денари, ддв од таа сметка е 1.800 денари од тоа ќе се враќаат 15 % или 270 денари (1.800*15%). Освен тоа ќе има горен лимит на сума која ќе може да се врати на годишно ниво. На пример 500 евра по човек.
     
    Последна промена: 27 Јануари 2019
    На Tegla, farkizz, boro1 и уште 16 други им се допаѓа ова.
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    И јас го прочитав текстот и на овој и на други портали. Очигледно е копи/пејст на изјавите без да се потрудат да напишат некоја корисна информација и да објаснат.

    Ни дали ќе се задржуваат тие сметки во УЈП, ни дали ќе биде ова на годишно ниво. Мора да има некоја сума над која сметката се „важи“ нема ваљда за орбит мастики да ми уважат, или колективно сите сметки да надминуваат ХХХХ денари, повторно годишно или како?

    Новинарство во МК.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  11. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,475
    3,375
    11 Декември 2008
    Машко
    Точно, од ддв-то 15% а не од вкупната сметка :oh:
     
    SiPy`, toshex, Krkac и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Па да де поврат на ддв, а не субвенции за фрижидери хаха :)
     
  13. smole

    smole
    Unstoppable

    2,884
    3,197
    18 Април 2007
    "односно од секоја издадена фискална сметка секој граѓанин ќе има 15% повраток на средствата."

    Основицата кога ќе ја зголемиш за 18%, после за да ја добиеш назад треба да ја намалиш за 15.2542%, или заокружено 15%

    Иако ова ми нема смисла, државата на сите да им го враќа целото ДДВ.
     
    Rac58, mdeni и на goce03 им се допаѓа ова.
  14. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,184
    8,885
    23 oктомври 2012
    Машко
    Како што пиша @goce03, ке се врши повраток на 15% од данокот, не од целата сума или незнам што и максималната сума ке биде 500 евра за цела година. Добар пример даде и со точни бројки. Инаку нема да се приложуваат фискални и слично, ке има апликација и ке се скенира баркодот од фискалната и така ке си собираш поени. Гејмификејшн ебаго. Е сега, дали апликацијата ке работи секогаш и дали системот на ујп ке го издржи ова останува да видиме, не сум преоптимист околу функционалноста на системи кои се државни и се изградени со наместени тендери, најниска понуда и неспособен кадар.

    П.С. Незнам како помисливте дека ке пазариме практично без данок.
     
    На The-spiki, Astro, SiPy` и уште 9 други им се допаѓа ова.
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,142
    2,834
    24 Септември 2012
    Со други зборови без данок пазарење.

    500еур обратен процент 15 е 3333евра. Од тие 3333 ддв обраѕен 18% е 18000евра.

    Значи годишно мора да собереш милион денари во фискални сметки иначе нема 500еур повраток.

    А за да потрошиш 18000 годишно треба најмалку 1500еур примања да имаш и тоа сите тие да ги трошиш.

    Ми нема баш ова логика искрено. Ретардирано мала бројка е ова.

    Да не е ти плаќаш 18, а ти враќаат 15, пришто 3 останува на државата?

    Така оди 500еур обратен 18 е 3333 годишно, или 277еур месечно. Што е бајаги нормална бројка.


    П.С. како и да е сигурно не е 15% од 18% туку од целата сума.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,184
    8,885
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не, баш така е како што е напишано погоре од Гоцета. Ваљда не очекувате дека државата ке се откаже од еден тон пари, т.е. на еве нека се 1.000.000 народ по 500 евра т.е. 500.000.000 евра.
    Очекувањето е дека тие што веќе имаат доволно пари и ги трошат, ке имаат мал (за нив) повраток од 500 евра. Обичните смртници ке имаа 50тина до 100 евра повраток. Ама убаво звучи како мерка на владата.
     
    На Fredy, cipiripi, igor_igor и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,142
    2,834
    24 Септември 2012
    Очекуваме. Тоа е поентата. Да ги има парите дел од годината, да ги сврти и да ги врати.


    Како за фирми што е. Слично само за физички. Незнам зошто комплицирате кога и математиката јасно го кажува тоа.
     
    На Oliver! му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    525
    414
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Ќе биде... за Крисмас :)))
    Мајко мила, го живееме оној како се викаше... Idiocracy <3
     
    The-spiki, JasSum и на ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  19. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    667
    609
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Мене семкарите од Техномаркет ме имаат одбиено. Малце закани и повисок тон ја решија работата.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,941
    2,911
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Јас мислам дека продавниците ке ги намалат цените и тие самите ке си прават повраток на данок а на фискалната сметка ние ке си ги плаќаме тие 3% и сумата на продуктот.
     
  21. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,231
    1,244
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Ви даваат прст, сакате цела рака :D :D
    Добро е бар нешто прават, собирајте цела фамилија фискални и сигурно ќе соберете повраток за 500Е, таман за нова година/празниците ќе имате повеќе од скромна трпеза.
    Фер енаф?
     
    igor_igor, toshex и на Banjifiko им се допаѓа ова.
  22. smole

    smole
    Unstoppable

    2,884
    3,197
    18 Април 2007
    Не иде тоа така.
     
  23. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    525
    414
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор

    Малку ти е погрешна проценката, спрема клаузулата "за секое семејство".
    Не ни знаеме дали воопшто имаме 2 милиони народ останато во државава (Да, знаеме дека не се толку :))) )
    Не знам кој е просекот членови по семејство, ова значи доста помал број на семејства што можат да си вратат то 500 еура.

    Уште еднаш, и ова моево е релативно.
    Ама, едно е сигурно - го**ава наши нѝ владетели ќе те проверат 10 пати со кој си роднина прво пред да ти дадат било што, во конкретниов случај.

    Еве, даам опклада на 500 еура - ако изгубам даам 1000! :)
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    525
    414
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    "Од твоја уста у божји уши", бато :)
    Ова е токму тоа што нѝ звучеше одлично кога почнаа да нè запознаваат со фискализација во Македонија.

    Единствен проблем овде ми е што не се сеќавам која година беше тоа... :)

    За фирми е одамна во систем и се спроведува, ама за физички лица е сосем нормално да изгледа како научна фантастика.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    667
    609
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Заев со проект за повраток на ДДВ на секој граѓанин За да нема забуни еве го одговорот:

    „Нашиот предлог е: на секој граѓанин, или попрецизно, на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ“, прецизира Заев, додавајќи дека од овој проект се очекува на едно семејство во просек да му бидат вратени помеѓу 20 и 30 илјади денари годишно.

    Како пример за предложената ерка, Заев посочи дека за фискална сметка од 10.000 денари, за која се плаќа ДДВ во износ од 1.800 денари,15-те проценти од ДДВ-то што им се враќаат на граѓаните изнесуваат 270 денари.
     
    На SiPy`, igor_igor, toshex и уште 2 други им се допаѓа ова.
  26. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,184
    8,885
    23 oктомври 2012
    Машко
    Нема лимитација по семејство, еве јас и сопругата можеме посебно да си скенираме кодови и да земеме по 500 евра. Секој граѓанин над 18 ке може, нема пречка, секој што купува и плаќа данок, може да аплицира за повраток на дел од данокот. Затоа употребив миљон во пресметката.

    Едит: Многу е динамична темава. Муабетот со фирми е сосема друг, тоа се основни средства, нормално не важи за се и сешто. Краен потрочуваш мора да има и мора некој да плати данок, токму тоа е данокот на додадена вредност. Незнам што ве буни, меркава е скоро па иста ко онаа со укинувањето на радиодифузната такса.
    Едит 2: Од сето ова они очекуваат за практично ефтини пари да ги натераат луѓето да се замараат со барање на фискална сметка со муабетот дека кога имаш фискална имаш и повраток на дел од средствата колку и да е мал. Нешто како лојалти картица во веро.
     
    На The-spiki, Sharlovski, cipiripi и уште 5 други им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. FLEGMA
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    477
Вчитување...

Сподели

Вчитување...