1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Фискалните и гаранциите

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од toshex, 27 Јануари 2019.

  1. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,937
    4 Септември 2008
    На покофон ок е тастатурата. Да се надеваме дека во некоја следна верзија и фингерпринт можност ќе додадат.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  2. krema

    krema
    Professor

    8,801
    8,555
    24 Јуни 2009
    Машко
    Термичките принтери по маркетите им се ужас, до сега имам преку 20 фискални што не можам да ги скенирам со апликацијата.
    Вака ли држава ќе правиме. :D
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gego

    gego
    Gaining Experience

    254
    263
    6 Декември 2009
    Машко
    Телекомуникациски Техничар
    Мислам дека недостаток на апликацијава е што нема инфо во вид на слика кога ќе кликнеш во извештај на некоја од сметките. Практично не знаеш колкаво е ддв-тоа и дал е 5 или 18%. (ама така треба, народ треба во незнаење да се држи) Ова е проблем, бидејќи како ќе знам кога сум го остварил лимитот од 600 денари месечно!? И сеа наместо понатака да ги скенира сметките друг член на семејството, поради незнаење ќе шибаш све на еден усер. Среќа они ни израчунале дека со потрошени 26000 и кусур ќе имаме сигурни 600 денари месечно. За ич пари изигруваме инспектори. Нека ни е наздравје!
     
    На Rukfash, fuzzjaw, Avid и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,520
    4,316
    23 Јуни 2015
    Машко
    На секоја сметка пишува кој производ колку ДДВ има. А=18% Б=5%

    Поголем процент од производите кои ги купуваме се неопходни па така нивното ДДВ е 5%. Останатото е 18% ДДВ.
     
  5. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,542
    20 Јануари 2015
    Машко
    До некаде се сложувам, меѓутоа лимитот не е 600 денари месечно, туку 1800 за три месеци,пресметката е квартална, ако си го надминал ,,лимитот" од 600 денари овој месец не значи дека треба да скенираш. На пример овој месец (Јули) си скенирал сметки во вкупен износ за поврат од 650 денари, тие 50 денари не ти пропаѓаат туку се пренесуваат за наредни два месеци во рамки на едно тромесечие односно ти преостануваат уште 1150 денари за Август и Септември.
    И секако ова важи за секој поединечен кориник, за двајца, тројца итн.. корисници во едно семејство важи истото.
    На секоја сметка имаш вкупно ддв (18+5) не мора да делиш по артикли.
    На вкупното ДДВ се пресметува 15%, независно што на истата сметка имаш артикли со стапка 18% и 5%.
     
    Последна промена: 7 Јули 2019
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,520
    4,316
    23 Јуни 2015
    Машко
    Да за пресметка е полесно така, зборот ми беше ако сакаш да знаеш кој производ колку ДДВ има.
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Сликаш и тераш, незнам зошто комплицирате. 5 секунди работа е.

    Грубо околу 20000 месечно треба да сликаш сметки. Дец ит.
     
    На DonFrozex и goce03 им се допаѓа ова.
  8. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,542
    20 Јануари 2015
    Машко
    Тоа и јас го викам, без многу мудрувања и замарања, некој ми плаќа пари за да си играм со телефонот.
    Ако некој не му чини, малце му се чини, може мене да ги ги дава фискалните, доброволно се пријавувам да се жртвувам и да го спасам од таа ужасна обврска, може и по карго на мој трошок и ризик :p
     
    На Rukfash, Majestic, Ceco и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Издадена сметка од еден Тинекс маркет, случајност или стратешки искината точно пред кодот? :)

    IMG_20190706_234440.jpg
     
    BlackOuttheWoRlD, Avid и на SiPy` им се допаѓа ова.
  10. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    932
    412
    7 Март 2014
    Машко
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Кога пазарев вчера не ни ја погледнав дека многу производи имав купено па ги пакував, ова, она и само ја бутнав во џеб. Тек сега приметив кога сакав да ја скенирам.
     
  12. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    159
    57
    20 Јули 2011
    Само сега летото тешко до фискална да стигнеш по кафичи и ресторани се некако на брзање се немаат време, де не им работи па касапски ти носат ливче со цртки колку пива имаш испиено и јадено, чудесна земја сме.
     
  13. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Па пријави ги во УЈП, што чудесна земја.
     
    На Rukfash, dddragan, mdeni и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    159
    57
    20 Јули 2011
    Само што тие од ујп седат на соседните маси и јадат пијат без да плакаат затоа пишав чудесна земја и тоа во најпосетени кафичи и ресторани е ова, каде има над 30 40 маси полни секоја вечер.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Дали пријави? Така да, ништо.
     
    На goce03 и NecrotoX им се допаѓа ова.
  16. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За 2.753% уопште не кревам телефон бе а камо ли сметка да барам, што ви е на вас.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Какви 2.753%, ти и без меркава треба да бараш фискална. Затоа во секоја продавница стои залепено "Задолжително побарај фискална сметка" уште од кога ги воведоа фискалните.
     
  18. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    146
    105
    21 Мај 2017
    Тоа е во случај ако сите продукти се од 18% данок, од овој со 5% испаѓа 0.75%.
    Најголем ќар имаат продавачите, во последно време приметувам дека ги оставаат фискалните да висат на касата и враќаат само кусур, доколку сакаш смета треба да побараш. Нормално има и добар дел што ја даваат заедно со кусурот, но бројот на овие првите во последно време нагло е пораснат.
     
    На steelseries и deki1 им се допаѓа ова.
  19. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Што има јас да барам сметка? Може не ми треба, никој не може да ми каже дека задолжително морам да барам.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Па да никој нема да ти стави нож под грло, твое право. Ама треба да бараш сметка зашто прво може да ти наплати појше од што треба, а второ и индиректно те краде со тоа што затајува данок. Ако си ти помирен со тоа, ок.
     
    На Rukfash и mkd им се допаѓа ова.
  21. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не може да ми наплати повеќе одошто треба затоа што знам што плаќам и колку чини.
    Ако не го украде продавачот данокот, ќе го украде секретарот, министерот, премиерот и останата штеточина.
    Не е моја обврска јас да се занимавам со јавните финансии на државата, за тоа си има и органи и управа, и закони и извршување на законите.

    Мое е јас да ги платам придонесите, персоналниот данок и да ја платам малопродажната цена на произвотот. Мојата обврска тука завршува. Ако треба јас да ја вршам задачата на државата тогаш за тоа треба да ме плати, да ме овласти и да ми даде правна моќ. Слободно нека го направи тоа, нема да се бунам.

    Вакви глупости како симињање апликации, сликање сметки, рачунање денари и проценти во децимали нема никаде на светот. Ваква глупост може да смисли само тупа и неписмена администрација која сака да лаже и манипулира прост и неспособен народ, при тоа наштетувајќи на државните и јавните интереси.

    Низ сета теорија од аспект на јавни финансии, проблем на државата е да ги собере даноците од економијата на најразумен и рационален начин и да ги потроши најпродуктивно и мудро што може. Замисли, оваа држава ги собрала даноците па сега ќе ги враќа као назад :D каква глупост од епски размери, ова ни во комедиите го нема.
     
    На M.Pix, Krkac, Necromancer и уште 9 други им се допаѓа ова.
  22. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,075
    2,983
    2 Септември 2012
    Машко
    Во Маркет кога ќе испазариш сигурно си земал некогаш 10-15 артикли за јадење за дома, ако не ја видиш сметката ќе знаеш колку треба да платиш жими таквото. :p:)


    View: https://www.youtube.com/watch?v=TZp_GOxxYBI
     
    Последна промена: 14 Јули 2019
    На Rukfash, NecrotoX, Astro и уште 2 други им се допаѓа ова.
  23. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Мое ова, мое она, сите крадат, рачунање децимали, бла бла, можеш до утре да филозофираш.
    А во реалноста скенирањето на секоја фискална трае помалце од 2 секунди, после 3 месеци ќе имам најмалце 1000 денари поврат, а притоа како совесен граѓанин си барам фискална како што и ми следува. Ти тоа го гледаш како обврска а јас го гледам како граѓанска одговорност.
     
    На goce03 и mdeni им се допаѓа ова.
  24. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ти тоа го гледаш веројатно само како материјална придобивка.
    Да не грешам душа, не те познавам, ама ако тоа го сфаќаш како граѓанска обврска, ондак сваќај ги и останатите обврски како граѓански обврски :)
     
  25. mnikolce

    mnikolce
    Gaining Experience

    461
    395
    27 oктомври 2016
    На пример државата по однос на фискални сметки за овие 6 месеци - до 31.12.2019 ќе собери 100 милиони евра ДДВ и ќе излези министерот за Финансии и ќе кажи - 15 милиони ВИ вративме - пари за народот. А всушност повеќе од половина од тие фискални (или слободно може да кажам дека околу 30% ќе бидат скенирани фискални) значи на народот би му се вратиле само 5 милиони...
    Второ, едно 4 члено семејство максимум можи да си врати 28.800 денари (7.200 денари по лице / трансакциска) ако и само ако сите 4 члена пукаат од пари - нормално на сметка земаат по 1.000 евра плата итн итн... Е сега што најчесто ќе се случува - еден член или најмногу двајца ќе имаат апликација МОЈДДВ и ќе се замараат секој ден да скенираат сметки кои и онака НЕ СЕ СКЕНИРААТ - бидејќи се катастрофално испринтани - (секој ден нерви да киниш за тие 3 денари од некоја си фискална од маркет).
    Трето - стигнувам на Каса, продавачот издал фискални сметки и муштеријата пред мене НЕ ЈА ЗЕМА фискалната - Зошто да не ја земам ЈАС - тоа ми се најдени 3, 5 - 20 денари? Со тоа УЈП ќе ми пресмета дека сум го надмашил барањето за поврат на ДДВ бидејќи јас имам помал тромесечен приход од она кое сум го остварил со скенирање на фис. сметки. Па што ако - важно државата остварила ДДВ од издадени сметки - а јас сум потрошил пари и од моите блиски кои немаат можност да имаат телефон со скенер и од оние кои тоа ДДВ го отфрлаат односно не ја зеле фискалната, а нели таа е посекако издадена...
     
    Rukfash, olikomerc, ТАТА_МАТА и на уште 1 им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. FLEGMA
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    495
Вчитување...

Сподели

Вчитување...