1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Фискалните и гаранциите

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од toshex, 27 Јануари 2019.

  1. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    994
    1,080
    9 Декември 2015
    Машко
    Теорија на заговор е тоа дека ќе ја користат апликацијата за да проверуваат трансакциски сметки. Поверојатно е дека доколку имате некој љубопитен пријател во УЈП дека ќе седне и ќе ве проверува или некој "пријател" да ве пријави во УЈП па тогаш да ви ја проверуваат сметката. За некого да проверуваат треба да имаат сериозни индиции дека се случува некој криминал.
     
    На NecrotoX и igor_igor им се допаѓа ова.
  2. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,924
    2,779
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    За три дена само од секојдневно пазарење и бензин, над 150 денари имам поврат. Not bad.
     
    DonFrozex, goce03 и на igor_igor им се допаѓа ова.
  3. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,057
    516
    7 Март 2014
    Машко
    Како гледаш колку имаш поврат ?

    Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
     
  4. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,614
    3,537
    11 Декември 2008
    Машко
    Јас не видов никаде во апликацијата колку има за враќање? Кај гледаш тоа?
     
    На despotovikj му/ѝ се допаѓа ова.
  5. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,105
    3,271
    2 Септември 2012
    Машко
    Па го собира прометот по ставки 18% и 5% и после од данокот пресметува 15%. :)
    Во апликацијата нема таква опција, само рачно. :cool:
     
    DonFrozex, NecrotoX, olikomerc и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,057
    516
    7 Март 2014
    Машко
    Би било океј да се воведе и таква функција во апликацијата.

    Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
     
    На Psycore и igor_igor им се допаѓа ова.
  7. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,663
    3,396
    24 Септември 2012
    По некоја логика тоа би требало да е и целата поента на апликацијата од корисничка гледна точка.

    Или барем вкупен извештај а не да листаш ден по ден
     
    На Astro, DonFrozex, NecrotoX и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    965
    1,450
    6 ноември 2007
    Обратна математика де.
    150ден. се 15% од 1000ден. ДДВ.
    1000ден. ДДВ има остварено од:
    а) 6000ден. производи/услуги оданочени со 18%
    односно
    б) 20000ден. производи/услуги оданочени со 5%
    Значи NecrotoX за да добие поврат на ДДВ од 150ден. троши некаде помеѓу 6 и 20 илјади денари за 3 дена.

    Пошто не знаеме колку е соодносот со купената стока/услуга од 5% а колку од 18% земаме средна вредност. од 13000ден.
    NecrotoX ќе потроши 130.000ден. овај месец и ќе оствари поврат на ДДВ од 1500ден. Се разбира доколку го одржи истото темпо на трошење. :p

    Уствари го утнав збирот на ДДВто со просекот. Ај нема везе многу потрошил. скап бензинот....
     
    На Psycore и Dave1 им се допаѓа ова.
  9. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,924
    2,779
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    @Jedah јас само со 18% рачунам?

    Иначе 5.543 денари имам потрошено. 18% од таа сума е 997. 15% од тоа е 149,55. Плус имам 3 сметки што се оштетени и не ги скенирав, значи над 150. Ама само 18% ДДВ лупам.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    965
    1,450
    6 ноември 2007
    Епа тоа викам. Од тие 5543ден. ако си турил 1000ка бензин тоа ти е 18% а останатото ако ти е потрошено пример во Тинекс, прехранбените ти се со 5% така да би испаднало помалку од тие 150 пошто купуваш производи што се даночат со 5% а не со 18%

    Sent from my LG-H872 using Tapatalk
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,397
    3,118
    4 Септември 2008
    А со cashback картичките од банките и лајонес колку ќе вратите, направил некој математика?
     
    На DonFrozex му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,924
    2,779
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не можам да ги најдам сметките изгледа сум ги фрлил, само една најдов, Пепси и конзерва храна за мачки, вика дека 18% е ДДВ-то. 5% ако се прехранбените, јбг, тогаш е помалце од 150.

    Мора во апликацијата да воведат да ти покажува колку ти е повратот и да можеш рачно бројчето од сметката да го внесеш. Тоа дека треба да одиш во УЈП за да ги скенираш оштетените сметки е најголемата глупост, или евентуално како разонода за пензионерите можда го имаат така направено.
     
  13. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    977
    1,187
    9 Јуни 2011
    Машко
    Баш прееска на заебанција скенирав 2 сметки и си го правев истиот есап.
    2-те сметки, целосно беа 18% данок.

    после есапот, испаѓа дека ако сметките ти се со 18% данок, тогаш на потрошената сума враќаш 2.7%.
    Пример купуваш нешто од 1000мд, на крајот добиваш 27мкд поврат на ДДВ.
    1000 мкд -> данок 18% -> 180мкд
    180мкд -> поврат на данок 15% = 27мкд
    27 / 1000 * 100 = 2.7% поврат од целосна сума (под услов ако ти се продуктите 18%-ни)

    Искомбинирај го ова со некоја кешбек картичка (пример оваа од НЛБ Хепи, мада не знам точно како функционираат и дали и колкави провизии враќат), пример да ти враќа 2% од сумата, тоа би испаднало некои солидни 5% од сумата.

    I would say not bad at all.
     
    bxxxn, mdeni, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. krema

    krema
    Professor

    11,007
    10,542
    24 Јуни 2009
    Машко
    Весела математика. :)
     
    На Astro и Rukfash им се допаѓа ова.
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,469
    11,754
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ако платиш илјадарче, не си платил 180 денари данок.

    Ти пресметуваш процент обратно, на вкупната сума, а треба на основицата (вистинската цена на производот, без ДДВ, која е околу 820 денари - и мене ме мрзи сега да пресметувам точно). :) Како беше, множиш или делиш со 1.18 па од тоа вадиш 18%... Изгледа дупла работа, ама не е. Еве, мислам дека е вака. Се разбира, не рубљи туку денари.

    18% од 1000 ≠ 18% од 847.

    TL/DR: Си платил 1000-че за стока со 18% ДДВ = си платил 152,54 денари ДДВ. Од тоа ќе добиеш 15% = 22,88 денари.
     
    Majestic, NecrotoX и на olikomerc им се допаѓа ова.
  16. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,614
    3,537
    11 Декември 2008
    Машко
    Тачно, или од 1000 денари одземи 15,26% и после на таа сума додај 18% ќе добиеш пак 1000-че :)
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,924
    2,779
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Иначе има нова верзија на апликацијата која е ставена како посебна на плеј стор, старата нема да се ажурира повеќе. Еве што пишува во FAQ за прикажувањето на износот на повратот во самата апликација:

    Whatever that means..
     
  18. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,529
    1,197
    8 Декември 2009
    Ептен весела математика.

    Ај поедноставно. На 1000 денари сметка со ДДВ, имате 847 ден основица + 153 ДДВ. 153*0.18 = 27.54 денари.

    Академски, доказот е тривијален. Заклучок, точна е информацијата горе дека враќате 2.754% од вкупната сума.

    Ајде малку весела математика и за 5% ДДВ аналогно:

    1000 ден. сметка со 5% ддв = 1050 ден. 50 ден изнесува ДДВ, на кое што враќате 15% или 50*0.15 = 7.5 денари. 0,75% од вкупната сума.
     
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,469
    11,754
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    И ова надолу е QUOTE, но си зедов слобода да го коригирам. :innocent: На Tapatalk можеби ќе изгледа чудно затоа што не дава пречкртан текст.

    Ај поедноставно. На 1000 денари сметка со ДДВ, имате 847 ден основица + 153 ДДВ. 153*0.18 = 27.54 денари 0,15 = 22,95 денари.

    Академски, доказот е тривијален. Заклучок, точна е информацијата горе дека враќате 2.754% 2,23% од вкупната сума.

    Ајде малку весела математика и за 5% ДДВ аналогно:

    1000 ден. сметка со 5% ддв = 1050 ден. ??? 50 47,62 ден изнесува ДДВ, на кое што враќате 15% или 50 47,62*0,15 = 7.5 7,14 денари. 0,75% 0,71% од вкупната сума.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  20. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,546
    4,899
    18 Септември 2013
    Машко
    Јас само оваа шо ја имам ја гледам на плеј стор.

    Спикинг оф - праеле корекции за тастатурата за пин за да ја средат на мали екрани... убаво ја средиле и за големи:

    Screenshot_20190706-012824_MojDDV.jpeg

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На itstheigyg и olikomerc им се допаѓа ова.
  21. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,529
    1,197
    8 Декември 2009
    Моја грешка. Ептен сум ја утнал аналогијата. на 950 денари треба да биде математиката. Фала на исправка.
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  22. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,924
    2,779
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Таа другата не се листа во резултати, преименувана е во МојДДВ - Стара. Во секој случај, ако имаш зелен правоаголник со црвен нишан кога одиш да скенираш - ја имаш новата.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  23. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,546
    4,899
    18 Септември 2013
    Машко
    Да, имам. Исто имам и пореметена ПИН тастатура ко на сликата. Катастрофа.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  24. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,924
    2,779
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Еее па "Верзија 1.0", чекај има време :D
     
  25. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    977
    1,187
    9 Јуни 2011
    Машко
    И ја су гa малце утнувал математиката :D
     
    На Metuzalem и TATA_MATA им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. FLEGMA
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    591
Вчитување...

Сподели

Вчитување...