• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Електронски цигари втор дел

Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,307
2,973
Ресен
Момци, дали знае некој од Inawera. цом кога се нарачува со DHL Service Express дали кај нас стига преку DHL или преку брза пошта (EMC)? Не сакам да ме заколат со давачки.

BTW, ги контактирав и ми кажа дека со обичната пошта сега за сега нема можност за достава, ама со DHL може да се нарача.
Ме истрижија
 

FreakyDroid

On your way to fame
21 август 2008
662
669
Гевгелија
FreakyDroid's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 2700X - MasterLiquid ML240L
Motherboard
ASRock - Fatal1ty K4 X470
Storage
2 x 4TB WD Black, Samsung 250 Evo 256GB, WD Black 500GB M.2
PSU
Gigabyte Odin Pro 1200W
RAM
4x16 GB G.Skill @ 3200MHz CL16
Video card
MSI GeForce GTX 1080 Ti Duke
Case
Cooler Master HAF-X
Mouse
Razer Viper Ultimate
Keyboard
GK-979
Audio
Шајзе Genius
Monitor
LG 27GL850
OS
Win 10 x64
Дали препораката што често ја гледам на темава за Ендура ТТ важи и за долгогодишни пушачи или тоа е препорака за луѓе што сакаат електронска цигара а не пушеле пред тоа? Ако тој уред не го препорачувате за 15+ години пушач ондак што да зеам во ценовен ранг до 50$?

Околу течностиве иамам исто неколку неразјаснети работи. Цена не ми е проблем, но не знам што е квалитетно а што не. И јачинава не ми баш јасна. Пушам средно јаки цигари 7-0,7-7 па која би била еквивалентна јачина на течност и од каде можам да ја најдам? Благодарам.
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,776
12,188
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
За долгогодишни пушачи. За луѓе што не пушеле, не препорачуваме да почнуваат со електронски цигари. :)

Види ги и двете теми од мојот потпис, како и оваа, ако не си ги видел досега. Главно тоа е тоа, нема некои претерани новитети, законите на физиката не се променети, Ендурата иако е стара е „погодена“ според мое мислење. И поновите не се лоши, но кој ќе ги знае сите, а и прашање е дали и кои уште ќе се произведуваат за 6 месеци (да може да се најдат грејачи)...

За течности е веќе проблем во последно време со нарачување од странство, а продавниците кај нас не се добро снабдени (често снемува) и се скапи... Но и без тоа е подобро самоправска, на пример од некој од огласи, има веќе третиот пост (не знам колку другите се активни). За јачината не може да се направи еквивалентност со онаа кај цигарите (ова е еднакво на она), иако се разбира има различни јачини... За Ендура или било кој сличен почетнички комплет средна јачина би била 6-ка или 9-ка (мг никотин/мл течност).
 

Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,307
2,973
Ресен
Од искуство, јачината на никотинот преку пареа и чад од цигари различно делува кај секој.
Некој пушел “слаби“ цигари а електронски никотинот внебо и обратно, мора прво да се проба за да знаеш али се слагам со Метузалем, 6-9 е добар старт.
 

Saso Trpenoski

Gaining Experience
21 мај 2019
112
114
Дали препораката што често ја гледам на темава за Ендура ТТ важи и за долгогодишни пушачи или тоа е препорака за луѓе што сакаат електронска цигара а не пушеле пред тоа? Ако тој уред не го препорачувате за 15+ години пушач ондак што да зеам во ценовен ранг до 50$?

Околу течностиве иамам исто неколку неразјаснети работи. Цена не ми е проблем, но не знам што е квалитетно а што не. И јачинава не ми баш јасна. Пушам средно јаки цигари 7-0,7-7 па која би била еквивалентна јачина на течност и од каде можам да ја најдам? Благодарам.
Здраво FreakyDroid, ендурата ти е одлична зе старт и јас почнав со неа побарај ја на форумов ако не сакаш да чекаш нарачка од Кина. Во врска со течностите исто побарај на форумов јачината на никотин е индивидуална и јас пушев јаки цигари преку 20 години и почнав со 18ка никотин Моментално сум на 9ка никотин high PG и ми вршит работа. Шарло имат одлични течности и голем избор на вкусој. Исто ако имаш некој шо идат од по америкиве имет големи попусти на течности да можит да ти пратит или донесит.
Поздрав и прашај си слободно све шо те интересират.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

MikickoHC

Practice makes perfect
26 февруари 2016
1,802
1,360
Скопје - Аеродром
Јас сум на Салт Никотин 20ка и 35. Се препорачува да не се става во Саб Ом атомизери зашто пробав и после 6-7 дима ланчано влечење ми се сврте цела соба наопаку, да стоев ке паднев.
Тој се препорачува за мтл и под систем

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,776
12,188
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Гледам дека на некои течности од Умрела ставиле бандероли... Дали влегол во сила новиот закон за тутунски производи? (не го знам точно, но мислам дека требаше да наплаќаат акциза)...
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,776
12,188
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Еве го предлогот. Обично ги усвојуваат топтан без измени или со минимални измени. Сега го анализирам, вика дека е делумно усогласен со Директивата. На крај има што е усогласено, ме мрзи да барам до толку.

Интересни за нас се член 3 став 18, член 58 до 63 и член 98. Понатаму се казни, сите за правни лица (и за физички лица што пуштаат во промет без упатства, пазете со огласите :hay:).

Ако го спроведуваат буквално ни се е*а мајката, ама се` ми се чини дека, како и се` друго, ќе биде само површно (на пример да има упатство, да биде херметички затворено и течноста да биде до 20 мг/мл). Не се будали Кинезите што шлапаат толкави налепници дека има никотин на атомизери и модови. :)

Акцизата не видов да се кажува колкава е, веројатно тоа го одредуваат со други акти.
 

VapeS

Gaining Experience
12 август 2016
194
255
Прилеп
Другари, на e-aromashop пробувам да порачам ПГ. За сите артикли ми излегува веќе со денови вакви описи за производите...
Untitled.jpg
Незнам кој е проблемот, но немам резерва на ПГ. Помош...

(едит) од нашиве умбрела порачав но немаат залихи и незнаат кога ќе стигнат..?
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,776
12,188
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
И онака Аромаши не праќаат по обична пошта, а ДХЛ дере...

Некој од Англија, не знам, кој, Шефот ако праќа или Лубрисолве или... У ствари, ако си очаен, барај од овие продавници по ред. Некои гледам (знам) дека веќе не постојат (некои романски/полски), ама повеќето да.

Или Интер-Хем во Скопје (барај во индексот, комплицирано е, треба прво да им уплатиш на сметка).
 

VapeS

Gaining Experience
12 август 2016
194
255
Прилеп
Доколку има некој голема залиха, би купил.. Понудете ми во инбокс...
 
И онака Аромаши не праќаат по обична пошта, а ДХЛ дере...

Некој од Англија, не знам, кој, Шефот ако праќа или Лубрисолве или... У ствари, ако си очаен, барај од овие продавници по ред. Некои гледам (знам) дека веќе не постојат (некои романски/полски), ама повеќето да.

Или Интер-Хем во Скопје (барај во индексот, комплицирано е, треба прво да им уплатиш на сметка).
Интер-Хем ???
 
Веќе порачав од Lubrisolve.com неможејќи да чекам.
Некој искуство???
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,776
12,188
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Јас само сум се допишувал со нив, но ми изгледаа во ред. :hay:

Интер-Хем
барај во индексот. Не работи пребарување на форумот, но во индексот го има.
 

fis1976

On your way to fame
15 март 2016
505
972
Скопје
Интер Хем се супер услужливи, јас земав некои хемикалии за аквариумот и супер оди комуникација. Се јавив во канцелариите во Лептокарија, направив нарачка (пошто немаа се таму мораше да им носат од магацин), ми рекоа помини утре после 15:00, отидов, ми дадоа уплатница се спремно со сумата што треба да ја платам, си отидов во Тутунска си платив, се вратив назад со уплатницата и си ја земав нарачката :)
 

Chicco69

Unstoppable
21 април 2016
620
2,868
Интер-хем.
Inter-Hem.jpg
Пред еден месец бев во потрага по ПГ/ВГ. Успеав да начекам едно литро ПГ кај чадорџиите, но немаа ВГ, без информација кога ќе добијат.

Уплатив во Интерхем на уплатница за едно литро ВГ (372 ден + 35 ден провизија) и утредента си го подигнав од кај нив. Работат до 16h, но не е проблем да го остават во некоја од комшиските продавници и да се земе покасно.
pg vg.jpg
Малку е комплицирано. Обавезно треба да се јавите на тел (за добивање инструкции за уплата и подигање), но функционира.

Оваа тура сега што ја имаат мислам дека е подобра од тоа што се нудеше пред неколку години. Го парам повеќе од една недела и немам никакви замерки. Еве и дел од сертификатот:
analiza.JPG
 

krema

Professor
24 јуни 2009
12,414
11,726
youtu.be
Ова може да функционира ако имаш некој свој аптекар кој соработува со интер-хем. :)
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,776
12,188
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Друга продавница што праќа до кај нас - Nom Nomz (само ароми). Поштарина се јаде некако (слично како кај Шефот):



Шефот е поповолен со попустите, ама ете за резерва, ако нешто не може да се најде на пример.

@gokica Нема 555 голд, овој е изгледа повеќе ориентиран на колачи и овошки. Заборавив да ти кажам да бараш кај Бугарот, ама гледам дека му се потрошило.

Иначе, гледав повеќе други продавници (за никотин) и никој не испорачува до кај нас. :( Ако најдам, ќе пишам.
 

OldSchoolPvP

Practice makes perfect
13 февруари 2014
744
1,176
Shutter Island
@Chicco69 Јас користам на Интерхем ВГ солидно е, не приметувам некоја разлика со други ВГ што сум ги пробал, ПГто последен пат кога го земав имаше жоилтеникава боја и смрдеше на некоја трева во превод катастрофално за вејп. Гледам различно пакување има сега па можеби е различно.

Пушти некое инфо од кога ќе го смучкаш дали е во ред овоа пг, во спротивно ќе рачунам дека си се отрул :eek:h:
 

dim na struja

Gaining Experience
23 март 2016
280
291
Друштво му се има ли случено ова на некој, после испарени 50-тина мл го отварам да го исперам и да сменам течност гледам дел од базата поцрнето како да изгореле т.е. да биле константно под висока температура. Иначе се работи за МАНТА мтл рта (жими таквото мтл) иначе нов е атомизерт тоа му беа првите 50мл испарено. Кога сме кај ново смоков ми стигна сабајлево.


Sent from my A7 using Tapatalk
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,776
12,188
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
^ Хемиска формула: чинезиум. :D

Ми се има случувано.

Освен ако не се саѓи (ако се чисти лесно), тогаш има слаб контакт некаде, нешто не било застегнато.
 

dim na struja

Gaining Experience
23 март 2016
280
291
^ Хемиска формула: чинезиум. :D

Ми се има случувано.

Освен ако не се саѓи (ако се чисти лесно), тогаш има слаб контакт некаде, нешто не било застегнато.
Баш чинезиум, а иначе не се вади го миев и со четка и сјај и неќе, мислам и со киселина нема да излезе
А и јас помислив на тоа дека можеби било нешто слабо затегнато и немало добар контакт и на некој начин ги горело плусот и минусот.

Sent from my A7 using Tapatalk
 

krema

Professor
24 јуни 2009
12,414
11,726
youtu.be

Со задоволство ви го претставувам новиот член на фамилијата Voopoo "ARGUS GT Kit".

Доаѓа во бокс кутија која што е многу цврста и отпорна на удари (outdoor shockproof box), истата е изработена од цврста пластика и има многу убав изглед и дизајн, или како што они имаат наведено во нивната објава "Military Packaging Design".





Во самиот бокс сместени се: Mod-от, PnP Pod Tank (4.5ml) со адаптер за 510, два грејачи 0.15 и 0.2 Ohm, USB Type-C кабел и упатство.











Кога станува збор за самиот мод морам да напоменам дека е изработен од zink alloy и кожа и е невероватно лесен, тежината без батерии е околу 105 грама.



Модот користи две 18650 батерии и може да постигне максимална излезна моќност од 160W, централниот 510 пин е spring loaded и може да прима атомизери со повеќе (подолги) навои.
Копчињата се поставени традиционално, имаат добар клик и работат без маана.

Voopoo го имат искористено истиот чип како и кај Drag X и Drag S т.е. Gene.TT чип, но овде го имат вметнато и TC режимот кој што може да се користи со SS, TI и NI грејачи.

Кога сме кај грејачите, овој кит користи исти грејачи како и кај останатите модели на Voopoo, практично сите нивни PnP (Push and Pull) грејачи се компатибилни меѓусебно. Единствената разлика кај овој мод е тоа што со него може да се користи и друг танк со 510 конектор, а за таа намена Voopoo имат предвидено адаптер кој има моќен магнет за цврста врска и за добра конекција на пиновите за + и -.





Она што е интересно кај адаптерот за 510 е тоа што AFC прстенот може да се врти бесконечно во круг. :)



Полнењето е овозможено преку USB Type-C кабел со QC, но ние вејперите обично батериите ги полнеме надвор од модот, можеби директно би ги полнел батериите ако немам полнач при рака.



ARGUS GT според мене има убав дизајн, едноставно мени за сетирање на режим на работа и моќност, има предност што може да се користи со било кој 510 атомизер, голем дел од надворешноста е обложен со елегантна кожа, лесен е и одлично лежи во рака. :)
 
Последна промена:

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,776
12,188
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
мислам и со киселина нема да излезе
Мене од киселина ми се направи така (оцет, кратко чистење, никогаш не држам подолго од 15 минути). Диск на Херон 1 што оди под базата и е контакт за нешто, колку дводенарка отприлика. Беше оксидиран длабоко, со гребење не се стигаше до сјајна површина.

А постовите се од еден дел, така? Чудно само половината да потемнат. Да не е од некоја манџа... Ама пак е до металот.

Инаку еве разлика меѓу реалноста (твоите слики горе) и реклама. :hay:
 

dim na struja

Gaining Experience
23 март 2016
280
291
И мојот беше таков пред употреба, само од сите ревјуа што ги гледав на сите и на црн и на силвер покажува дека комплет и одоздола е позлатен а мојов од одоздола е сребрен т.е. челик. А базата нели се отштрафува и внатре изгледа како на дребонг неко по дома да си го праел.

Sent from my A7 using Tapatalk
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,211
Мислења
858,216
Членови
29,734
Најнов член
Анита Јан
На врв Дно