petkotrajko
poweruser
- 16 јуни 2017
- 2.661
- 3.211
Минатата недела ми се расипа глушецот (Keychron M6 - црн), односно on-off слајдерот одоздола од нигде никаде престана да работи.
Попладнето го исклучив, другиот ден утрото, сакав да го вклучам -арно ама, неќеше. Слободно си лизгаше, без да кликни на никоја од позициите.
Зедов да вадам штрафцигери од фиоките, да го отворам, ама за секој случај си реков да видам дали е под гаранција.
Го најдов гарантниот лист (од ИТ маркетов овде беше купен - ама сега гледам го нема веќе), и АЛЕЛУЈА, имаше сеуште гаранција од околу 2-3 недели.
Се јавив во сервисот, ми кажаа кај се наоѓаат, го однесов со придружната документација, дечките го зедоа, отворија налог, разменивме бројчиња и си заминав.
Вчера ми се јавија, во врска со глувчето, да ми кажат дека НЕ СЕ поправало. Не можеле да го поправат. Ете, се случва.
Чаре?
Ми велат: Дојди да си земиш ново, ама немаме црно такво - само БЕЛО....
Ок, бело, бело...
Ојдов денес им ги однесов преостанатите донглиња и каблето од црниот, и ми го дадоа белиот М6!
И ми дадоја со него НОВА гаранција на нови 360 дена!
Алал вера, вакви искуства се за секоја пофалба.
Според мене, ова е ПОЗИТИВНО искуство.
(иако не го сакам белиот глушец, ама то си е мој проблем)