AMD_fan
poweruser
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Македонските граѓани ќе добијат електронски здравствени картички, но нема да може да ги користат веднаш. Прво ќе треба сите болници да се поврзат во компјутерска мрежа.
Дополнителен проблем е што некои ординации се уште немаат компјутери.
Министерот Османи тврди дека за брзо време ќе се избере фирма која ке биде задолжена за информацискиот систем, но не прецизираше кога ќе се заврши.
„Тоа се два посебни јавни повици, два посебни процеси. Едниот е мрежното поврзување, односно изисот, електронската картичка и хардверот, т.е. набавката на компјутерите. Значи ќе има динамика на имплементирање на сите три проекти. Земено е в превид да бидат проектите комплементарни, временски“, изјави Османи.
Хрватската агенција за комерцијална дејност ќе ги изработува електронските картички, кои ќе бидат замена за старите здравствени книшки.
Договорот тежи цели 7,2 милиони евра.
Најдоцна за три месеци ќе треба да го изработат прототипот, а картиците граѓаните ќе ги имаат по една година.
„Со потпишување на овој договор, го означуваме почетокот на изработка на 2 милиони и 3оо илјади електронски здравствени картички за сите здравствени осигуреници во Македонија“, додаде Османи.
Електронската здравствена картичка последниве десет години ја најавуваат сите министри. Кај нас веќе се употребува само за словенечките граѓани кои се лекуваат во земјава.
Извор: А1