boriseto
lurker
- 7 јули 2013
- 525
- 495
boriseto's setup
- Processor & Cooler
- AMD 5900X
- Storage
- 1TB
- RAM
- 96GB
- Video card
- 6700XT
- OS
- Windows 11
Здраво убави луѓе
Проектов е нешто на кое што си работиме со другар со кој што следиме настани и фестивали и често испуштавме настани што се промовирани само на инстаграм сликичка или слично.
Ова не е само АИ слоб, го работиме бекендот повеќе од 3 години и си оптимизиравме нешта за нас и иницијално се започна од еден Telegram bot.
Од одамна изразив желба да поднаучам малце Флатер бидејќи мислев (и си сфатив) дека ќе ми се најде во животов пред АИ да стане тоа што е, па само иницијално му претставив како идеја дека сѐ што имаме може да се стави на мобилна апликација, а понатаму по потреба и на веб.
Како и да е, апликацијата е пуштена на Андроид пазарот од јуни некаде официјално и бидејќи уште работиме на неа (и се учам на неа за потребите што ги имам на работа), никогаш ја немавме промовирано.
Имаме некои завршни работи околу провајдерите и настаните што ги дефиниравме неодамна, па, барем иницијално, се решивме на чекорот да ја претставиме барем пред ИТ сцената кај нас - да ја постирам тука.
Нема следење, нема реклами, нема заработка. Апликацијата е направена за луѓе како што сакаат настани и не сакаат да проверуваат на 500 платформи што како има.
Видовме доста апликации што излегоа во меѓувреме и не сакам да се натпреварувам со нив воопшто.
Ако некому му биде полезна, бујрумте, користете ја. Секој фидбек ни е значаен.
Андроид: КајСии - Apps on Google Play
Бидејќи е флатер, тестирана е и на иос, ама уште ја немаме објавено таму, дека до скоро немав никаво искуство со епл сферата.