gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 10.098
- 14.214
Иако го подржувам развојот на нови фирми зашто конкуренција е секогаш добредојдена сепак за мене сеуште не би се одлучил да купам било кој кинез (вклучително ZTE, хјуавеј и сл.).
Можеби во телекомуникацискиот сектор некои од нив се големи играчи но сепак тоа не значи дека имаат огромно искуство во креирање на ромови за мобилни уреди и воопшто нивен дизајн. Тоа не значи дека нема наскоро да се етаблираат во супер добри брендови.
За жал мора да ги платиме и рекламите, салоните на извиканите брендови и сл. но сепак сум убеден дека ако новите кинески производители го достигнат истиот степен на развој во ова поле и квалитет на финална изработка како и на Самсунг или ХТЦ на пример цената на нивните уреди ќе биде слична со овие извиканите.
Земам во предвид дека професионалните развојни тимови се скапи но и набавките на далеку поголеми количини на делови за изработка се поефтини.
Исто така треба да ја земеме во предвид корисничката поддршка. Еве карикирам. Ние имаме овластени сервиси за Самсунг. Но за Oppo на пример сеуште не постои такво нешто кај нас или ширум светот претпоставувам.