1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Кинески телефони (мислења, искуства, препораки, сугестии...)

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од ТАТА_МАТА, 3 Декември 2013.

Дали би купиле кинески телефон?

  1. Да!

    205 глас/а
    67.2%
  2. Не

    100 глас/а
    32.8%
  1. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,423
    1,588
    25 Март 2013
    Машко
    Поради лошиот избор на телефони за 200-250 евра кај нашите оператори се решив да разгледам какви алтернативи имам. Телефон од 500 евра кој ке го користам 2 години немав намера да купувам, refurbished моделите се поефтини но веке и тие се застарени и искрено шубе ми е, така да ми остана да ги разгледам кинеските телефони. Сакав да видам што би добил за сума од 200 евра од кинеските телефони и искрено кажано баш сум изненаден.

    [​IMG]
    Бренд моделите како Apple, Samsung, HTC, LG ... се секогаш посигурен избор, но дали телефоните навистина толку вредат? По сите статистики да се направи еден flagship телефон чини отприлика 200 долари (читај 10-12 000 денари) а цените во малопродажба најчесто се тројно поголеми! Ама мора некој да го плати Роберт Дауни Џуниор за реклама, мора некој да ги плака скапите кирии на преставништвата ширум светот, мора некој да им ги плаќа тајните договори меѓу производителите а сето тоа влијае на огромните маржи.

    На кинеските телефони од друга страна единствена реклама им е препораката и цената.

    Би сакал истотака да напоменам дека откако излезе LG G Flex и самите LG изјавија дека фокусот нема повеке да им биде на телефони затоа што светот е презаситен од премиум модели, а во средната и ниската класа владеат кинеските телефони.

    [​IMG]

    ZTE и Huawei кои веќе се во Топ 10 производители на телефони (до душа ова е од лани) потекнуваат токму од такви кинески за нас no name фабрики. TCL како бренд можеби на дел од вас не им значи ништо, но тоа е кинеското име за Alcatel односно се работи за истиот производител кој зависно од пазарот има и поинакво име. Кога сум веке кај Alcatel sирнете го телефонов, а се чека да излезе и новиот модел со TCL Idol X+ со true octa core процесор кој реално ке биде ефтина и доволно добра замена за Snapdragon 800.

    Она што изненадува во последно време е квалитетот на самите телефони. Речиси сите се прават од пластика но некои производители почнаа да додаваат титанумска рамка на пример (што еден SGS4 пример го нема), Gorilla Glass заштити, одлични камери и слично. Поголемиот дел доаѓаа и со две батерии што е многу практично, но сега има некаква си безбедносна забрана па мораат да ги испорачуваат со една само.

    Некои кинески производители како на пример Zopo одат дотаму што почнаа да објавуваат и софтверски апдејти за своите flagship модели.

    Xiaomi го ангажираше екс пот-претседател на Гугл, Хуго Бара во своите редови, што јасно ја покажува решеноста да се стане голем играч на пазарот.

    Леново е веке докажан бренд за кој нема потреба да се дискутира, а видете им ги цените само. Значи да напоменам се работи за оргинални телефони на леново!

    Phone Arena и Gsmarena почнаа да објавуваат статии и за овие кинески телефони бидејки им станува јасно на каде се движи пазарот.

    Нашите IT продавници почнаа да ребрендираат кинески no name телефони во LDK, Quart и се се позастапени кај нас.

    Јасно ми е кога се работи за кинеските телефони сите сме малку скептични, но светот се повеке нема одговор на окупацијата на Кина по однос на цена/ перформанси па така ке биде и со телефоните.

    Предлог 1
    Предлог 2
    Предлог 3
     
    На alekcackko, ^SaFt^, ARMac и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,423
    1,588
    25 Март 2013
    Машко
    Сериозно? Ни еден коментар? 2 и пол часа пишување на темата отидени во неповрат
     
  3. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,320
    3,716
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Џабе све кога камерите им се тапа
     
  4. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,128
    1,114
    2 Август 2009
    Искрено, повеќе од 100 евра не би дал за кинески телефон. Причини има многу, да не се лажеме. Можеби до тој ценовен ранг spec-wise ќе има најдобри перформанси, сепак не би ризикувал со купување на no name производ кој не ми гарантира ништо, додека пак на другата страна, можеби ќе земам каде каде послаб телефон, но знам дека ќе имам и поддршка, и сигурност, и доволна слобода за да експериментирам со телефонот знаејќи дека нема random да се сјебе.

    Чист пример, со продолжување на договорот, на мајка ми и дадоа Zte Blade III, доаѓа дома жива весела и телефонот се гаси после welcome screen. Да не испадне ние сме расипале нешто, истиот ден го вративме во ВИП, а батките не задржаа 2+ саати за на крај да сфатат дека телефонот е со расипан чип (НЕ ЗАЕБАВАШ). После ова некако и таа мала доверба што ја имав во кинезаријата, ја изгубив.

    Исто така, друга работа што сум приметил е тоа што поради тоа што фукаат големи екрани на шит хардвер, телефонот уште на старт сецка во менито, да не збориме пак за некоја апликација. Зборам за ефтини буџет телефони како Y300, Blade III, за жал не сум имал прилика да ракувам со некој од поскапите. Камерата воглавно е шит, ретко кај која кинезарија се погодува добра камера. Огромен минус во тој предел такоџе.

    Исто така имаат минус во една од работите кои јас како Android корисник највеќе ги сакам, а тоа е custom modding. Не се ни потребни зборови, едноставно џабе ти е телефон од колку и да кошта кога ти си заклучен само на примарните способности.

    Но како и да е, со тек на времето гледам почнуваат да се менуваат работите, па понекогаш и они знаат да изненадат со некое добро парче. Huawei Ascend P6 е чист пример. Мислам дека е еден од ретките кинески телефони за кои се развива custom support, а и самиот изглед/хардвер на телефонот е фантазија. Факт е дека нема да е испеглан доволно добро како да речеме некој Сони/ХТЦ/Самсунг телефон во тој ранг, но сепак верувам дека нуди добро искуство.

    За друго неможам да зборам поради тоа што не сум имал доволно искуство со вакви производи, но воглавно овие мисли ми се водилка кога некој ќе ми спомне дека сака кинески телефон. Се надевам дека некој ќе може да ми докаже спротивно, можеби грешам.
     
    На psyside и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  5. Borsa

    Borsa
    On your way to fame

    910
    620
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    Lenovo од азициве има најдобри телефони небадиела е најпродавана марка во кина.Еве користам самсунг мини 2,штодека е самсунг кога нема никаква подршка ,а е купен 200е.Додека за 200е има многу добар избор на кинески телефони(пр.LDK).:D
     
  6. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,690
    1,141
    16 Јуни 2010
    Машко
    Ако конкретно за моделот на некојси кинески смартфон има заедница-зошто да не. А за оние бez подршка-заедница, што ке ми се. Прв нов minor update нема да го имаат а камоли нешто повеќе.
     
  7. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    918
    865
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    No name кинески модел на телефон никако.

    Колку и да е примамлив по цена и перформанси не би го зел. Секогаш има некоја фалинка. Нејчесто екранот, слабата изработка и камерата.
    По некое време користење, едноставно телефоните трокираат, без никаква подршка и опции за изменување, без разлика дали си го набувтал со многу апликации или го користиш совесно.
    Поддршка никаква.

    Сум се зезнал еднаш, па повеќе нема.
    Кинеските марки, како Леново, ЗТЕ, Хјавеи се вејќе поинаква приказни, и подобрите модели работат асално. Посебно сум многу изненаден од Huawei.
     
  8. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,423
    1,588
    25 Март 2013
    Машко
    Генерално во темно сите кинески телефони не се баш најсјајни, со блиц е нешто подобри

    http://www.phonegurureviews.com/thl-w11-camera-review/ прочитај ја последната реченица
    Само видеото не знам зошто не им е аплоудирано во Full HD, од истата фирма нешто послаб телефон http://www.phonegurureviews.com/thl-w200-camera-review/

    Апсолутно си во право, само флегшип модели имаат подршка. Но како и да е, сите овие кинески компании се борат да бидат следните ZTE и Huawei така да за некое чудо и тие почнаа да издаваат апдејти
     
  9. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,333
    5,248
    24 Март 2009
    Машко
    Ајде сега по не знам кој пат повторно да го расчистиме терминот КИНЕСКИ телефон (уред) кој се користи во два случаи, и кои луѓето многу ги мешаат.

    Случај 1: Опис на кинезариско ѓубре телефони познати и како дубајски (хехе, Дубаи бееее) направено од радиоактивни материјали, но-нејм чипчиња кои се рекламираат како квад кор, а уствари ни пола јадро немаат, меморија од "16 гига" што не може да собере ни еден филм од 700 мегабајти, тач кој едвај работи само доколку го користиш со штемец и чекан, камера со 0.0001 мегапиксели и блиц од обична LED диода ко онаа во упаљачите и со целокупен квалитет влезен во негатива.

    Случај 2: Опис на уред произведен од компанија од Кина која е на исто рамниште со Самсунг, Епл... Во овие спаѓаат Huawei, ZTE, Oppo, Xiaomi, Zopo... Овие фирми не се ништо полоши од Самсунг, Епл, ЛГ...

    Доколку се работи за првиот случај, тогаш категорично НЕ! Не би дал ни 300 денари за кинезариско ѓубре што ќе се расипе по 2 месеци, радијацијата и нервозата ти се гратис.
    Додека ако е вториот случај потполно ми е исто дали ќе купам Галакси С4, HTC One, или Oppo Find 5, Oppo N1, Huawei Ascend P6... На исто ниво ми се (освен ZTE некако). Баш штета што ги нема овие кај нас со исклучок на Ascend P6 и некои шитливи лоу енд модели што ги носат нашиве оператори. И ептен штета што го нема Xiaomi бидејќи сигурно ќе го имав MI-3.
     
    На alekcackko, prichina, Audiofil и уште 7 други им се допаѓа ова.
  10. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,333
    5,248
    24 Март 2009
    Машко
    Со ова не се сложувам. Сите популарни телефони од овие компании имаат девелоперска поддршка. Секако, не зборувам за оние срање-телефони што ги носат нашиве оператори од типот на ЗТЕ рејсер, тие не се ни сметаат за телефони.
    Патем, Xiaomi го има еден од најпопуларните РОМ-ови за Андроид, MIUI, Oppo се партнери со CyanogenMod...
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  11. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,128
    1,114
    2 Август 2009
    Попопуларни, а другите? Нема везе, бладодарам што ме поправи. Не сум знаел за ова. :) Освен дека Xiaomi = MIUI, доволно пати имам флешувано миуи во мојот живот. :D
     
  12. alumen :)

    alumen :)
    On your way to fame

    1,125
    596
    6 Јануари 2012
    Машко
    Потполно се согласувам со @RagingDemon, гласав да во СЛУЧАЈ 2 (на RagingDemon), ако темата се мисли на кецот.. Тогаш нема за што да се разговара тука.
     
  13. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,423
    1,588
    25 Март 2013
    Машко
    Моја грешка беше што не ги разграничив уште во првиот пост, ама гледав сите аспекти да ги опфатам па на тоа заборавив.
     
  14. NanoCell

    NanoCell
    Gaining Experience

    331
    397
    10 oктомври 2011
    Машко
    Моментално кај нас не би земал, но тоа е поради цената на телефоните која се удвојува кај нас. Сепак поентата на ваквите телефони е ако се задоволуваш со релативно послаби перформанси и недоволна софтверска подршка за истите, да ги добиеш за значително поефтина цена. Мојот глас беше "ДА" бидејќи користев кинески телефон (телефонот беше купен во Сингапур бидејќи ми откажа насред патувањето мојот дотогашен телефон) пред 5-6. Го земав телефонот за приближно 70 долари и беше копија на Iphone 2. Телефонот ми е сеуште функционален, иако не го користам, и само една од двете батерии кои беа во пакетот е потрошена, додека другата држи приближно 3-4 дена во зависност од режимот на работа.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,423
    1,588
    25 Март 2013
    Машко
    1.Работата е што сеуште сме скептични да ги купиме поскапите модели. За 70 долари што можеш да очекуваш?
    2. Цената кај нас се удвојува ама затоа од интернет можеш да го купиш. Зарем телефонов не вреди за парите? http://www.aliexpress.com/item/ZOPO...re-Android-Smart-Mobile-Phone/1268229001.html
    3. Денови излегоа моделите на MediaTek со окта кор (ефтина варијанта на Snapdragon 800) кои вадат резултат од близу 30 000 на антуту. Кинескиве телефони нема да го заменат Нексус во брзина, но не може да се рече дека се со драстично послаби перформанси.

    Не се чувствувај за прозван бидејки го цитирав твојот пост, само сакав да појаснам
     
  16. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
    Секако дека би земал . Oppo ги ставам веднаш зад нексус . Може да си флешнеш cm, color os . pac-man , paranoid android и за тоа не ти треба никаков рут. Фабрички е дозволено. Многу е поголема слободата на избор .
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,333
    5,248
    24 Март 2009
    Машко
    За другите, непопуларните телефони и на Самсунг и ХТЦ немаат девелоперска поддршка, а не пак на овие. Сигурно не очекуваш некој зте рејсер да има девелоперска поддршка кога истиот има некој шкљ чип кој и самата компанија одамна го напуштила.
     
  18. NanoCell

    NanoCell
    Gaining Experience

    331
    397
    10 oктомври 2011
    Машко
    Не сум скептичен за поскапите модели. Мислам дека со кинеските телефони општо добиваш подобар сооднос на цена/перформанси од останатите.Јас изразив задоволство од перформансите на телефонот кој го земав, а го земав најефтиниот со идеја да го користам само до враќањето во Македонија,но го користев уште подолг период Поентата ми беше дека немаме некоја можност да ги купиме(освен да си нарачаме), без притоа да платиме за огромната заработка на нашите продавници. Сепак јас лично сакам да го разгледам и да го почепкам телефонот пред да го купам.
     
  19. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,920
    6,612
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Јас би купил, нешто подобро секако и ќе купам кога ќе пазарам нов телефон. А следново

    Не е точно. И ZTE, а особено Huawei се телекомуникациски гиганти формирани уште во 1985/86. Од 2012 Хуавеи го престигна Ericsson и моментално е најголема компанија што го снабдува светот со телекомуникациски уреди. Далеку од тоа дека овие две фирми потекнуваат од no name фабрики како телефоните од DX.com

    Тоа што обични луѓе кои немаат многу доприни точки со телекомуникациски уреди и не слушнале за вакви фирми, не ги прави но нејм во никој случај.
     
    На Software му/ѝ се допаѓа ова.
  20. alumen :)

    alumen :)
    On your way to fame

    1,125
    596
    6 Јануари 2012
    Машко
    Кога и ќе видиме подобро сите телефони се прават во Кина.
     
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,389
    25,021
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Da ne preterueme
     
  22. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,333
    5,248
    24 Март 2009
    Машко
    Не претерува, Oppo се ѕверотини
     
  23. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
    Ќе правиме муабет 2017, кога Oppo N1 ќе вози најнов андроид,официјален не порт некој. А моменталниве с4 ,one ќе останат на 4.4 или 5.0 евентуално.
     
    The Geek Boy, Audiofil, alumen :) и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,320
    3,716
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Не е све у софтверот. Има нешто и у хардверот.
     
  25. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
    Е добро де. 90 % хардверот е како кај htc one. А и цената не му е многу поразлична.
     

Сподели

Вчитување...