Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

АМЦ во стечај !?

3 ноември 2012
868
1.896
Area 51
Трајче Дрварчето's setup  
Processor & Cooler
Intel 8088, 4.77MHz
Storage
dual 160KB 5.25-inch disk drives and 10 MB HDD
RAM
16K on-board RAM
Video card
Monochrome Display Adapter
Audio
1-channel PWM
Monitor
IBM 3270
OS
PC-DOS v1.0
Јас можам да дополнам што е соодветно, ама одбрав да се пошалам.

Бујрум:

Добродојдовте!

Обично вака се запознаваме со нови членови.
 

beret

read-only
28 септември 2008
22
25
Да кажам и јас свое мислење зошто пропадна АМЦ од легендарните десктоп компјутерски времиња и конфигурации од почетокот на 2000-тите па се до кај 2012 максимум(кога мобилните и лаптопите полека почнаа да го земаат колачот од пазарот),па пропадна веројатно поради ненавремено преструктуирање на пазарот и промена на бизнис моделот и робата која се продава,едноставно закаснија и времето и конкуренцијата ги прегазија,тоа е мое мислење,инаку и на мене ми недостасуваат времињата кога дома си отидов со нова графичка FX6600 и рам 512 мб ддр1....Ех носталгија,ама што ќе правиш,нема назад враќање,тоа е тоа
 

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Ај уште еднаш ако може ја не прочитав.
Да кажам и јас свое мислење зошто пропадна АМЦ од легендарните десктоп компјутерски времиња и конфигурации од почетокот на 2000-тите па се до кај 2012 максимум(кога мобилните и лаптопите полека почнаа да го земаат колачот од пазарот),па пропадна веројатно поради ненавремено преструктуирање на пазарот и промена на бизнис моделот и робата која се продава,едноставно закаснија и времето и конкуренцијата ги прегазија,тоа е мое мислење,инаку и на мене ми недостасуваат времињата кога дома си отидов со нова графичка FX6600 и рам 512 мб ддр1....Ех носталгија,ама што ќе правиш,нема назад враќање,тоа е тоа

Ќе ти пишам ПП.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.442
11.498
Скопје
А 2008 регистриран.
Стварно не разбирам. Значи никако не можам да разберам како успеал да се регистрира пред факинг 11 години и се дешава овој квадрупл постинг и самоцитирање.
 
S

Sukhoi

Гостин
Абе а тоа што има по 1 минута пауза-размак меѓу секој пост, е тоа ме буни уште повеќе :)
Изгледа хромот ептен му закочил.
 

Nostradamus

hello world
23 мај 2017
69
65
Скопје
Толку не сум се смеел колку цело читање на оваа тема. Но да прецизирам, не сум кретен жал ми е за вработените но сигурен сум дека ќе најдат работа и на многу подобри места.

Него за АМЦ не ми е баш жал, убаво се сеќавам 2006-2007 купуваа другари и нивните не ИТ-Едуцирани родители компјутерски конфигурации внатре за ефтини пари на секакви си рати и камати. Пола работеа пола не работеа, со фуш рам модули и уште полоши хард дискови. Единствено што имаа правилно беше процесорот и графичката излистано. Доаѓав кај нив и се дриблав зашто не работи ново купен компјутер, крадев РАМ од дома за да видиме дали работи како што треба или не.

Последниот пат влегов во АМЦ во Соравиа мислам дека беше 2013-2014 не се сеќавам коректно, и само многу убаво се сеќава дека мирисаше на пот цела продавница не ми е јасно зашто.
 

beret

read-only
28 септември 2008
22
25
Според мене поголем ТРОЛ е продавачот кој го мавтосувал,ти текна на тоа?

Во Кичево продавницата од Амц се "реновира", така имаат залепено на врата. Така да има нешто што веќе се случува, ќе видиме.
Се реновира мало морген,така велат сите газди на фирми кои се пред стечај и кои ја знаат вистинската финансиска состојба на фирмата

Се согласувам со тебе,лош бизнис тераа ептен,за робата да не зборам,услуга дно дна.Чим од старт они не се сменија,по толку кукања од луѓе и жалење за услуга,ништо од фирмата мн јасно.Јас па мислев дека ке се средат,и дека фирмата ке им се оправи,ама џабе нема шанси.
Денес СЕТЕК имаат дно дна продавачи,те гледаат накосо кога влегуваш во продавница како да си лопов,те следи како нинџа-манијак,ти застанеш и тој застане,ти тргнеш и тој тргне(хехе),и на крај го прашувам може да ми кажеш колкава е гаранцијата на блендерот за да одлучам кој блендер да го купам а продавачот(дебело човече-хипи моторџија со наци шлем во слободно време) ми вели-Па ме мрзи да одам до каса да проверам на лаптопот?!?

персоналот во техномаркет не е ни приближно до она ниво како во анхоч.
Најкатастрофален персонал има во Сетек моментално,секоја чест на ретките исклучоци

Некој да ми објасни шо е тоа стечај (банкрот ли е или е нешто различно) и шо е поврзаноста со распродажба со тоа што го напиша @smole погоре?
Стечај е...Ќе ти објаснам на поедноставен начин,фирмата пропаднала,вработените не земале плата со месеци и обично кај нас се случува токму вработените да побараат стечај да се отвори-се уплаќаат пари потребни за тоа,се доделува стечаен судија и стечаен управник(кој редовно ја посетува фирмата во стечај),вработените се праќаат под биро,некои се задржуваат на работа(обично 2-3 или 5-6 во зависност од големината на фирмата) и стечајниот управник ја попишува робата и имотот кој ги поседува таа фирма и распишува тендери за продажба(не се продава се,обично машините во погоните се оставаат надвор од продажба-со надеж некој да ја купи фирмата у меѓувреме и да ја рестартира ама ова ретко се случува кај нас) и така стечајниот ќе продаде скоро се за да ги исплати големите доверители(банките,приватни фирми итн.) за да може да го врати долгот на пропаднатата фирма...Во меѓувреме сите поранешни вработени се надеваат фирмата да ја купи некој и да ја рестартира(тоа не се случува скоро никогаш),пола од нив стануваат социјални случаи,некои гибердисуваат,некои одат во пензија...А стечајниот си ја тера работата,ќе продаде се што е во магацините роба и ќе ги даде тие пари на фирмите на кои стечајната фирма им должи пари и ќе си земе процент од продажбата и така ќе се шлепа овој модел со години...

Загубата може да биде мала во споредба со профитот во блиска иднина со добар маркетинг план.
Само одлична онлајн-продавница со брза услуга ги спасува,никакви дуќани по градовите(ќирии,вработени и сл.)

Македонците се народ со многу лоша колективна меморија.
Иначе како ќе го објасниш ТАТ кога претходно им ги заробиле девизите.
Или како ќе се објаснат безброј погрешни гласања при избори.. и тако даље и томе слично.

Така да не очекувам да памтат ни за АМЦ.
Џабе не турчето овде владеело 5 века пријателе,ова е банана-народ,секоја чест на поретките исклучоци,не има секако,ама малку сме,тоа ме сеќира
 
Изменето од модератор:

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Само не ми е јасно, зошто продавницата во сити мол сеуште стои со натпис АМЦ иако се затворени толку време

Испратено од SM-G965F преку IT.mk форум апликација
Ќе има реорганизација на продавниците во Сити Мол, се чека кандидат да го земе салонот на АМЦ. Ова ќе се случи до нова година.
 

tamamuzicar

read-only
10 февруари 2011
14
3

tamamuzicar

read-only
10 февруари 2011
14
3
После месец дена кога го зедов се појавија црни флеки по цел екран, беше однесен еднаш на сервис преку АМЦ и му сменија нов панел. Гледам сега пак по некоја флека се има појавено, ќе треба пак да се носи на сервис. Во овој случај ќе треба јас да го носам со тоа што ќе губам еден ден за носење од Кичево до Скопје, и после уште еден ден да го земам. Ова до сега АМЦ го правеше, а сега останува на мене.
Кај се излажав да купам од кај нив и јас не знам.
Sto marka e tv?
 

Luxell

hello world
7 јули 2012
287
77
Во Битола денес гледам Техномаркет го зеле дуќанот од АМЦ,го полнат со роба.
 

Cicada

hello world
29 октомври 2019
64
102
Скопје
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Cooler Master V1000
RAM
4x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
RTX3080
Case
Fractal Desigh NORTH (Mesh)
Mouse
Logitech M650L
Keyboard
Logitech K650 (white)
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 11 Pro (beta)

TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.149
3.023
Тој што решил да се рекламира на Фејсбук страна на пропадната фирма има ужасен сенс за бизнис
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
420
523
Админот да го вратат на Facebook :) Им беше меѓу ретките светли точки во фирмата.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно