Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

33% работна сила ќе се замени со роботи наредни 20 години

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.781
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
Убаво ја почна темава ама ја покака цела со глупости последниве неколку страни. Затоа и никој не ти постира веќе.

Ова што го направиле роботите е истото што го прави и молерот - го реди завршниот слој, ама не се фали дека ја направил зградата.

Ако за тебе автономно синхронизање на 30+тона роботски валјаци и финишери со сателитско наведување е исто што и молер со ваљак тогаш дај сподели од тоа зеленото.....

Нејсе, кога веќе спомна згради, еве некои модели што баш градат згради од темел:

1784096112647.png
  • COBOD BOD2 / ICON Vulcan: Индустриски 3D принтери кои користат роботски кранови за целосно принтање на носечки бетонски ѕидови на згради и куќи директно на градилиште без ниеден ѕидар.
1784096138831.png
  • SAM100 (Semi-Automated Mason): Робот за редење цигли кој работи 6 пати побрзо од човек и ја поставува комплетната надворешна и внатрешна структура на згради со совршена милиметарска геометрија (точно е, не се фали, нема време за тоа али лесно се решава).
1784096165405.png
  • Hadrian X (FBR): Роботски камион со телескопска рака кој самостојно ги зема, ги сече, им нанесува лепило и ги реде блоковите за цела куќа за помалку од 3 дена, правејќи ја комплетната конструкција.
1784096187418.png
  • TyBot / IronBot: Автономни градежни роботи кои со помош на компјутерски вид (AI) сами ги редат и ги врзуваат челичните арматурни мрежи на градилиштата, вршејќи ја најтешката физичка работа при поставување на темели.

1784096222936.png

  • Winsun (Ying創) 3D Printers (Кина): Првата компанија во светот што уште пред една деценија испринта 10 куќи во рок од 24 часа. Имаат развиено масивни 3D принтери со димензии од 150x10x6 метри кои користат рециклиран градежен отпад за да „испринтаат“ комплетни петкатни станбени згради и луксузни вили.
1784096245567.png
  • Bright Dream Robotics / Bo Zhilin (Кина): Подружница на кинескиот градежен гигант Country Garden, која има развиено над 30 видови комерцијални градежни роботи кои веќе работат на нивните активни градилишта. Меѓу нив се нивните автономни роботи за малтерисување ѕидови, роботи за рамнење и мазнење на бетонски подни плочи во реално време, и роботи за лепење плочки со ласерско наведување.
1784096355836.png
  • CSCEC "Sky Cicada" (天蝉) - Кина: Самоподигнувачка роботска платформа (т.н. фабрика за облакодери). Се монтира на врвот на облакодерот што се гради и сама се подигнува нагоре кат по кат. Во оваа комплетно затворена платформа, автономни системи вршат заварување, редење арматура и изливање на бетонот без разлика на временските услови.

Така да, лош ти е примерот со завршен слој..
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.522
2.978
Еве каде ќе бидат употребени роботите:

Не знам дали 33% ќе биди замената.

Иначе Украина во последниве 2-3 године е полигон за тестирање на гореспомнава технологија (не до толку со „хуманоидни роботи“, туку со било што, кое можи да се „роботизира“). Делумно зш немет луиџе, делумно ради што технологијава и така е веќе тука, присутна е.

Nota bene:
Тексто на линко е генериран од AI.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.781
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
Еве каде ќе бидат употребени роботите:

Не знам дали 33% ќе биди замената.

Иначе Украина во последниве 2-3 године е полигон за тестирање на гореспомнава технологија (не до толку со „хуманоидни роботи“, туку со било што, кое можи да се „роботизира“). Делумно зш немет луиџе, делумно ради што технологијава и така е веќе тука, присутна е.

Nota bene:
Тексто на линко е генериран од AI.

Доволно е само да се погледне целата работа од позиција на работодавач, проста бизнис логика, ако на приватњак му се исплати да ги смени Петко и Трајко со РобоПетко и РобоТрајко (исплати е сеопфатен термин, да не листираме 300 метрики) - ќе ги смени и ич нема да му чуе. Разбирливо е што ова не е популарен став и лесно се релативизира, абе нема, ама ама, абе ај, балон е малон е. Не, обична техничко-технолошка логичка прогресија е и можеби е добро што е така, луѓето ќе мора да гравитираат кон нови позиции, да креираат нови позиции, ќе се создаваат нови потреби кои некој ќе мора да ги адресира, било и ќе биде така.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.781
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
View: https://www.youtube.com/watch?v=3UEfc0XqJJ0


Ако ја споредиме состојбата во светот на хуманоидната роботика со пазарот/развојот на мобилни телефони, слободно може да кажеме дека сме во фаза како на почеток на 2000тите, кога имаше трка помеѓу Нокиа, Сони-Ериксон, Самсунг, Блекбери, ХТЦ, итн односно сегментиран пазар пред влезот на Епл кој за кратко време успева да го енкапсулира пазарот со 1 уред (iPhone) и истовремено комплетно да го редефинира односно да постави јасна насока која се следи до денешен ден.

Рани 2000-ти беа ера на експериментирање и фрагментација, секој производител со сопствена визија - за Нокиа тоа беа телефони со копчиња и Symbian, Блекбери со фул QWERTY тастатури, Сони-Ериксон со фокус на мултимедија (камери/музика), HTC и Palm со стајлус инпут. Немаше стандардизиран оперативен систем ниту доминантен form factor. Епл 2007ма го редефинира интерфејсот со исфрлање на стајлус и тестатура и воведе капацитативен екран со мулти-тач по цела површина, направи апликациски екосистем (Еп Стор) и сето тоа енкапсулирано во мал елегантен уред.

Епл моментот во светот на хуманоидната роботика најверојатно ќе се случи 2032-2035-та година. До тогаш ќе треба да се усоврши VLA (vision-language-action) модели кои размислуваат и делуваат во реално време без претходно програмирање за конкретма задача, стандардизација на оперативниот систем т.е. да се кристализирар унифицирана платформа за развој на вештини (на пр. згрижување на стари лица, пеглање алишта или специфичен процес во фабрика итн). За социјална прифатливост ќе треба да се работи на физичката елеганција, безбедност итн. како и цена прифатлива за поширокиот пазар.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно