Пошто прашуваше дечкото за 2.5мм на 3.5мм адаптер, муабетот се однесуваше на тој тип на конектори. Мини дак/појачала што имаат 2.5мм балансиран и 3.5мм небалансиран излез, го имаат тоа предупредување, да не се користи небалансиран кабел на балансираниот излез. Ради конфигурацијата на самиот 2,5мм излез, со небалансиран кабел/конектор се прави спој. Во твојот случај и со такви конектори претпоставувам нема каде да се спојат контакти.Јас користам RCA до XLR за грамофонско пред-појачало и до сега сум немал никакви проблеми. Да, губам балансиран сигнал, но, не сум чул дека може тоа да оштети нешто.