• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
341
793
Некогаш треба да се оди на слепа среќа.
Во тој случај, особено имајќи го предвид финансискиот удар кој го носи овој (*) инструмент, шверц (**) е длабоко непрепорачливо.

Редовна нарачка со платени увозни давачки повлекува и многу поедноставен RMA / сервисен процес.

(*) Висока цена + B-Stock, значи фалинка е речиси 100% очекувана.

(**) Да се разбереме, шверц како концепт е секогаш непрепорачлив, исто како што е непрепорачливо да се вози во алкохолизирана состојба.
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,194
3,280
Битола

B-Stock во крајните пресметки не игра улога. Веќе за толку скапа роба, човек ќе доплати уште неколку стотина-двесте евра да купи A-Stock. A што поскапа робата, тоа разликата во цени помеѓу порачка до Македонија и Грција е поголема. Од моја лична гледна точка со којашто постојат луѓе што не се согласуваат, RMA сервисен процес не ми значи многу нешто. Ризик прифаќам секогаш. А за шверц кога се прави муабет, не постои до 350 евра (ако купуваш таква роба). Тој човек што практикува шверц на поскапи продукти, на него паѓаат потенцијални последици, а не на оние што читаат за тоа. Претпоставувам такви постапки се непрепорачливи бидејќи се морално навредливи?
 
InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
341
793
Претпоставувам такви постапки се непрепорачливи бидејќи се морално навредливи?
Не, туку затоа што се прекршувања на постоечки и важечки законски регулативи.

Karma Police уште не постои, барем формално.

А за шверц кога се прави муабет, не постои до 350 евра (ако купуваш таква роба).
Tru dat.

Но чинам бев јасен - зборував точно за производот кој ти го даде како пример.
 
InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
341
793
Речиси еден ден подоцна, првични импресии.

Изработка.

Имајќи предвид дека се работи за premium модел, кој, до појавувањето на 9200 беше de facto flagship - особено преку итерациите 7000/7100/7200, изработката е на ниво кое е достојно на статусот на производот во неговата линија. Хардверот е изработен од алуминиум, извонредно финиширан, "шољите" за звучните единици се изработени од орев, наводно јагнешка кожа за headband и перничиња од еко кожа и мемориска пена.

Фатот на слушалките е одличен. Регулирањето на висината на шољите е (според спецификација) со лагери, што овозможува прецизно и повторливо подесување на истите.

Перничињата се доволно меки за удобност, но доволно цврсти за речиси потполна изолација. Имаат овален засек за сместување на ушната школка и можат да се ротираат за соодветна позиција. Можно е да пројават проблем со удобност кај личности со поголеми ушни школки, иако и моите не се нешто мали, па немам такви проблеми.

Кабелот е отстранлив, цврста конструкција со текстилен оплет, и врвни конектори на двете страни (2 x 3.5mm TS + 1 x 6.35mm TRS).

Звук.

Caveat emptor - прилично ми е компромитиран ланецот во моментов затоа што едниот засилувач за слушалки има само балансирани излези, а другиот е на сервис поради мртва диода. Затоа, првичното слушање е преку излезот на рисиверот (Yamaha RX-A2080), а изворот е Roon Core преку мрежна врска со рисиверот. Ова повлекува downsampling - ланецот не е bit-perfect.

Со тоа...

...првичните импресии беа ветувачки, но звукот беше некако затворен. Се посомневав дека тоа се должи на фактот дека слушалките се целосно затворени, а моето досегашно искуство е само со слушалки од отворен тип (IEM не се во игра во оваква споредба). Излезе дека не е до тоа - имено - рисиверот имал активна опција наречена "Hi-Res Enhancement". Во основа, лош EQ кој има за цел не знам што - немам оправдување за Yamaha.

По исклучувањето на опцијата, звукот стана она што беше и очекувано - брз, динамичен, ударен, но со фина доза на баланс која не е директно својствена за слушалките со кои споредувам (K-1000, K-701, HD-650). Она што е навистина изненадувачки е репродукцијата на ниските регистри, и по квантитет и по квалитет. Има сѐ од музиката, и иако деталите се лесно разбирливи, ништо посебно не штрчи.

Репродукцијата на басот ме потсетува на воведувањето на сабвуферите во системот на @igor_xxxx - не мислевме дека фалат претходно, ама откако се ставија, има од се повеќе, но не на штета на звучната слика и репродуктивниот квалитет.

За широчина на звучна слика нема да зборувам нешто многу. Затворените слушалки не се нешто посебно добри во репродукција на звучна слика (soundstaging), а и не им е тоа целта. Зависниците од јасно дефинирана звучна слика, би ги насочил или кон отворени слушалки (K-1000 is king) или кон употреба на crossfeed, или и двете.

За неколку дена очекувам враќање на засилувачот со небалансиран излез па ќе дадам нов апдејт (таму веќе треба ланецот да биде bit-perfect). Исто така, побарав заменски кабел како би можел да ги користам и балансирано.

Дотогаш...

DeJaVu

On your way to fame
21 ноември 2010
640
739
Скопје
Знам дека неколку од вас тука имате Topping L30(мислам @gokica беше еден од тие, и @TheMarshal ?), така да може да ве интересира линков. Накратко, има неколку случаи со заминати во вечни ловишта L30-ки, во друштво со слушалките што биле приклучени на нив. Исправен е недостатокот во ревизиите од декември или понови, и нудат замена на постарите ревизии.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,708
11,117
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10

Добро да се знае. Благодарам што сподели. Јас имам NX4 и гајле нема сега за сега. L30 го мислев ама не сум стигнал да купам до сега. Ете сум имал среќа.
 
Ејјј, абе што бидна со тоа pci на pci-x адаптерот за сонарот? Зема, проба?
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,331
2,156
Знам дека неколку од вас тука имате Topping L30(мислам @gokica беше еден од тие, и @TheMarshal ?), така да може да ве интересира линков. Накратко, има неколку случаи со заминати во вечни ловишта L30-ки, во друштво со слушалките што биле приклучени на нив. Исправен е недостатокот во ревизиите од декември или понови, и нудат замена на постарите ревизии.
Јас имав E30.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,708
11,117
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Ејјј, абе што бидна со тоа pci на pci-x адаптерот за сонарот? Зема, проба?
Го вратив уште веднаш. Изгубив добри два часа и немав време да експериментирам повеќе. Кога ќе менувам плоча ќе барам со PCI слот. Или пак ќе купам Xonar STX.
 
DeJaVu

On your way to fame
21 ноември 2010
640
739
Скопје
Го вратив уште веднаш. Изгубив добри два часа и немав време да експериментирам повеќе. Кога ќе менувам плоча ќе барам со PCI слот. Или пак ќе купам Xonar STX.
Мислев ќе ме охрабриш и мене со успешен експеримент, али јебига, штета. Ако го имаш додатокот за 5.1 со СТ-то, кажи ако го продаваш(резервација у најава :) ), може да сум кандидат во зависност како сум при пари во моментот и сеуште со PCI.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,708
11,117
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Мислев ќе ме охрабриш и мене со успешен експеримент, али јебига, штета. Ако го имаш додатокот за 5.1 со СТ-то, кажи ако го продаваш(резервација у најава :) ), може да сум кандидат во зависност како сум при пари во моментот и сеуште со PCI.
Ха, ха, не е тоа рејзерот за мене. Мислев дека е нешто едноставно. Испадна дека дури и да проработи ќе треба акробации во куќиште, кај да се постави, влечи кабел, па пази кога преместуваш...

Немам додадок за 5.1.
 
mihovkris

Practice makes perfect
1 јуни 2016
1,629
1,218
Неготино
mihovkris's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 @ 4GHz 1.25V
Motherboard
B450M-DS3H
Storage
1TB Hitachi HDD 5400 RPM, Samsung EVO 850 250GB, Kingston A2000 NVMe 250GB
PSU
Chieftec 600W
RAM
Kingston HyperX Fury 16GB DDR4 3200MHz
Video card
Sapphire RX580 4GB GDDR5
Case
ATX Midi Tower Case SAMA Inpower Black Gold 5 v2
Mouse
A4Tech Bloody P93
Keyboard
Fury Hellfire 2
Audio
Realtek HD Audio
Monitor
24" Philips 243V7QDSB/00 IPS
OS
Windows 10 v2004
Дечки, мислење за Kitsound bluetooth слушалки, поточно овие?
Би земал нешто до 50 евра за домашна употреба, слушање музика 99% од времето.
Би се користеле со Bluetooth Dongle.
 
Никој бе?
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,331
2,156
Дечки, мислење за Kitsound bluetooth слушалки, поточно овие?
Би земал нешто до 50 евра за домашна употреба, слушање музика 99% од времето.
Би се користеле со Bluetooth Dongle.
Било што од Анкер да си купиш? На приемр овие:

Едит: Хм, ги дава како 110 на preview. Инаку, $70 беа до пред некое време.
 
mihovkris

Practice makes perfect
1 јуни 2016
1,629
1,218
Неготино
mihovkris's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 @ 4GHz 1.25V
Motherboard
B450M-DS3H
Storage
1TB Hitachi HDD 5400 RPM, Samsung EVO 850 250GB, Kingston A2000 NVMe 250GB
PSU
Chieftec 600W
RAM
Kingston HyperX Fury 16GB DDR4 3200MHz
Video card
Sapphire RX580 4GB GDDR5
Case
ATX Midi Tower Case SAMA Inpower Black Gold 5 v2
Mouse
A4Tech Bloody P93
Keyboard
Fury Hellfire 2
Audio
Realtek HD Audio
Monitor
24" Philips 243V7QDSB/00 IPS
OS
Windows 10 v2004
Било што од Анкер да си купиш? На приемр овие:

Едит: Хм, ги дава како 110 на preview. Инаку, $70 беа до пред некое време.
$79.78 се моментално. Да, може и ова, благодарам.
 
Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
116
145
Дечки, мечки. Едно прашање. Или две.

Се подновив конечно со AK712 Pro слушалки и Topping L30 појачало за слушалки. Не планирав во скоро време да се снабдувам и со DAC, ама ископав од дома еден многу стар Behringer U-Control UCA222 што го користев порано за MIDI клавијатура и сфатив дека може да се користи како DAC. Behringer-от иде преку USB кабел во компјутер, лев и десен излез преку RCA кабел идат во лев и десен влез во Topping L30 и слушалките идат во Topping-от.

Дилемата ми е што уредчево UCA222 поддржува само 16 bit, 48000 Hz.

За да добијам поквалитетен звук дали е попаметно

- да користам надворешен DAC на 16 bit, 48000 Hz
- да го уклучам појачалото директно во матичната со RCA во 3.5mm кабел со што би имал 24Bit, 48000+ Hz но сè тоа би идело низ појачалото и DAC-от на матичната (GIGABYTE B450M DS3H)?

Второто прашање.

Како најдобро да се подеси EQ за слушалки на Windows 10? Има некоја native поддршка или треба некој посебен софтвер да се симне?
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,331
2,156
Дилемата ми е што уредчево UCA222 поддржува само 16 bit, 48000 Hz.
Не е ништо страшно тоа.

Мојот совет би ти бил да ги споредиш и Беринџерот и onboard звучната картичка и да одлучиш самиот што звучи подобро.

На пример, кај мене на матичната имам солиден ESS DAC (Asus Z390 E-Gaming), но проблемот е што излезот не се однесува како line out, туку Realtek драјверот активира impendence sensing и се сомневам дека настанува двојно засилување бидејќи звукот е прегласен кога ќе го поврзам со JDS Atom или со активни студиски монитори.

Сега за сега не се замарај со висок sample rate. Доволно ти е 16/44.1. :)

Како најдобро да се подеси EQ за слушалки на Windows 10? Има некоја native поддршка или треба некој посебен софтвер да се симне?
Peace + Equalizer APO.
 
krikro123

Intern
25 август 2016
29
9
Stip
krikro123's setup  
Processor & Cooler
i5-3570 Stock
Motherboard
Asus P8B75-M LX PLUS
Storage
1TB WD EZEX
PSU
CM Elite 500w
RAM
12GB DDR3 1600MHz
Video card
Asus PH GTX 1050TI 4GB
Case
CM Elite 430
Mouse
Bloody V7M
Keyboard
Delux
Audio
A4Tech HS-28
Monitor
Samsung S22B300
OS
Win7 Ultimate 64bit
Preporaki za slusalki od kaj nas? Budgetot mi e do 1500 denari, ke se koristat za gejming i muzika, potreben e dobar mikrofon. Mozam da odam do 2000 denari ako navistina ima golema razlika. Do sega sto razgledav ovie mi se cinat kako najdobri:

Sugestii koi da gi zemam? Ili pak nesto sosema drugo?
 
MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
160
389
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Preporaki za slusalki od kaj nas? Budgetot mi e do 1500 denari, ke se koristat za gejming i muzika, potreben e dobar mikrofon. Mozam da odam do 2000 denari ako navistina ima golema razlika. Do sega sto razgledav ovie mi se cinat kako najdobri:

Sugestii koi da gi zemam? Ili pak nesto sosema drugo?
Аудио Центар Болин во ГТЦ на 1-ви кат, прашај за попуст сигурно ќе ти дадат, мој предлог се следните:

JBL Quantum 100
Цена
2 499 ден.

www.audiocentar.com.mk/#/proizveduvaci/b6ce5c11-a155-4096-aad5-1fa3ddcb1fe3/details/972b7658-3541-4d2c-9f64-c928bd45e1aa
 
Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,214
4,423
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
Аудио Центар Болин во ГТЦ на 1-ви кат, прашај за попуст сигурно ќе ти дадат, мој предлог се следните:

JBL Quantum 100
Цена
2 499 ден.

www.audiocentar.com.mk/#/proizveduvaci/b6ce5c11-a155-4096-aad5-1fa3ddcb1fe3/details/972b7658-3541-4d2c-9f64-c928bd45e1aa
Ги имало и во Анхоч истите
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,096
Мислења
838,339
Членови
29,012
Најнов член
Ivan1985
На врв Дно