TATA_MATA
poweruser
- 25 март 2013
- 2.149
- 3.023
Пред се, што и да кажам е засновано на шпекулации, претпоставки и субјективно мислење за тоа како АМД ќе се покаже со следната генерација процесори, а нема да биде прв пат АМД да дигне галама, а да не испорача. Истотака се заснова на проекции каде ќе биде гејминг индустријата за 1-2+ години, а ни самите Интел и АМД не можат да знаат со сигурност.Во наредни 5 годиин нема ништо драматично да се промени во однос на сега, пред се затоа што нема да излезат комплетно нови енџини на нови концепти кои би користеле повеќе јадра и тридови. Ќе се користат и евентуално надградат постојните. 8 јадра и 16 треда се безполезно потрошени ресурси за гејминг. Ако нешто е тешко за оптимизација на повеќе јадра/тридови тоа се игрите бидејќи се подлежни на код кој е последователно зависен во пајплајнот и многу тешко се паралелизира. Повеќе од 4 јадра/4 трида со денешните енџини на игри практично речиси не се од некоја полза. Над 6 јадра/6 трида практично не даваат никаков бенефит. Така да во наредниве 5 години 6 јадра на соодветно висок клок се она кое што е потребно.
Best CPU for gaming 2019: perfect for gaming PC builds | PC Gamer
1. Дека ништо драматично нема да се промени во наредни 5 години е многу амбициозна изјава. AMD треба да ги донесе перформансите на i7 и i9 во буџет сегментот за двојно поефтина цена. Интел со години ја продава истата технологија, но сега веќе е принуден да направи драстични промени. Веќе е потврдено дека наредна година ќе излезат новите конзоли.
2. Fun fact: Буквално првиот од најдобрите процесори за гејминг од линкот што си го постирал e 8 cores/ 16 threads
3. Конзолите ќе одиграат голема улога што ќе биде гејминг стандард. Хардверот со кој ќе излезат треба да служи најмалку 4-5 години и нема никаква логика тој да биде сличен со хардверот што во моментов јас и ти сметаме дека е сосема доволен. Мораат да одат чекор понатаму т.е 8 јадра/16 треда, ако сакаат таа конзола да е меродавна за повеќе од две години. Кога игрите за конзоли ќе се оптимизираат за тој хардвер, истите побарувања ќе се одразат и на компјутерите.

