1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AMD Zen & AМ4 платформа

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од gOJDO, 28 Септември 2016.

  1. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,458
    1,635
    25 Март 2013
    Машко
    Пред се, што и да кажам е засновано на шпекулации, претпоставки и субјективно мислење за тоа како АМД ќе се покаже со следната генерација процесори, а нема да биде прв пат АМД да дигне галама, а да не испорача. Истотака се заснова на проекции каде ќе биде гејминг индустријата за 1-2+ години, а ни самите Интел и АМД не можат да знаат со сигурност.

    1. Дека ништо драматично нема да се промени во наредни 5 години е многу амбициозна изјава. AMD треба да ги донесе перформансите на i7 и i9 во буџет сегментот за двојно поефтина цена. Интел со години ја продава истата технологија, но сега веќе е принуден да направи драстични промени. Веќе е потврдено дека наредна година ќе излезат новите конзоли.

    2. Fun fact: Буквално првиот од најдобрите процесори за гејминг од линкот што си го постирал e 8 cores/ 16 threads :) знам дека има и контра-аргументи па затоа продолжувам понатаму

    3. Конзолите ќе одиграат голема улога што ќе биде гејминг стандард. Хардверот со кој ќе излезат треба да служи најмалку 4-5 години и нема никаква логика тој да биде сличен со хардверот што во моментов јас и ти сметаме дека е сосема доволен. Мораат да одат чекор понатаму т.е 8 јадра/16 треда, ако сакаат таа конзола да е меродавна за повеќе од две години. Кога игрите за конзоли ќе се оптимизираат за тој хардвер, истите побарувања ќе се одразат и на компјутерите.
     
    Avid, Dave1, gOJDO и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,138
    4,263
    18 Септември 2013
    Машко
    Последново за конзолите е можда најдобар insight. Пошо следната генерација конзоли ќе има сигурно повеќејадрени Zen базирани процесори - можно е да се смени драстично начинот на кој девелоперите ги оптимизираат игрите и да се центрира повеќе кон Multi-core отколку кон Single-core.
     
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,635
    23 Јануари 2008
    Манга
    @ТАТА_МАТА
    Буквално помеѓу најдобриот 9900K и 7700К разликата во перформанси во игри е во просек 5-6%, а таа разлика не се должи на двојно поголемиот број на јадра туку на 5-10% повисоката работна фрекфенција на 9900K и двојно поголемиот L3 кеш.
     
    На gremlin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,458
    1,635
    25 Март 2013
    Машко
    Те разбирам, но тоа е заради тоа што денешните игри се оптимизирани за помалку јадра и за денешниот хардвер. За некои игри денес и 8 гига рам е доволно, ама ...

    Многу повеќе сакам ти да си во право, отколку јас, ама ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
     
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,635
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не знам зошто очекуваш чуда. Веќе пишав, ама ќе повторам, игрите немаат код кој може да се извршува паралелно туку имаат код кој се извршува секвенционално. И ова е така и за конзоли и за телефони и за PC и за се. Кој програмира ќе разбере, т.е. најверојатно знае шо зборам.
     
    На Vik201, Tomislav96, ARMac и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,998
    6,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Освен ако не иновираат нов low level api ептен специфичен да дедицира Х јадра за вршење на Y код само во таа игра/програм.

    Нажалост ова нема да се деси, полесно се штанцаат вака игри.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,635
    23 Јануари 2008
    Манга
    Тоа веќе го прават одредени енџини. Проблем е што неможе да се паралелизира код кој е последователно зависен. Што значи тоа? Тоа значи дека за да може да се изврши кодот Y4 се потребни резултатите од кодот Y3 кои зависат од кодот Y2 и т.н. Па така се додека не се изврши кодот Y1, неможе да се изврши Y2, а додека не се изврши Y3, неможе да се извршува Y4. Аналогно на ова е жена која треба да роди дете. На една жена и се потребни 9 месеци да го износи детето за да го роди. Ако се девет жени и треба да родат едно дете повторно времето кое ќе им биде потребно ќе биде 9 месеци. Да, тие се кадарни да родат 9 деца за 9 месеци, ама не се кадарни да родат 1 дете за 1 месец од кога ќе зачне. Единствен начин за побрзо раѓање е само ако се најде начин да се убрза процесот на износување на 1 дете. Аналогно е и со процесорите и ефикасноста на јадрата за гејминг.
    Кај други видови софтвери како рендерирање, енкодирање, аудио/имиџ/видео обработка, компајлирање и слично е едноставно да се оптимизира кодот за процесор со повеќе јадра затоа што работата може да се подели на повеќе независни делови кои можат да се обработат во паралела.
     
  8. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,690
    3,070
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    До некаде се сложувам во однос на делот со извршување на последователни инструкции, но не цела игра е секвенцијална. Постојат многу места кај шо можи да се паралелизираат задачите (пример вчитување/генерирање на текстури, генерирање на честици итн итн) каде можи да се олесни сето то со помош на паралелизирање. Од друга страна, паралелизирањето на играта си повлекува време и ресурси. Во денешно време на штанцање на нови игри, за тоа се нема време и одат на полесната варијанта. Пример би ти дал од мое искуство: пишував модул за конектирање со 10-15-20 сервери, за влечење податоци. Одењето секвенцијално, односно првиот па вториот па третиот зема време за извршување, ама затоа е брз и лесен за имплементација. Делот на паралелизирање одзеде повеќе време, ама резултатите се далеку подобри.
     
    На Zabegann му/ѝ се допаѓа ова.
  9. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,383
    861
    28 ноември 2015
    Машко
    Вчера склопив рајзен платформа и ова беше нај ефикасно според мене на сток кулер.
    Бидејќи е МАТХ билд ставив 1060 мини 6гб а на интел ставив 1070. И на двете имам ссд а на другото имам nvme. Разлика е минимална во дневно користење но разликата во пари е 100 евра за 9600к а можеш со тие пари да купиш подобра графичка и слично.Така што ако на некој му треба сетинзи за оверклок од тука ги зедов.
    Exponential Ryzen Voltage-Frequency Curve (Overclocking)
     

    Прикачени датотеки:

    • CPU.png
      CPU.png
      Големина:
      121.1 KB
      Прегледи:
      48
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,635
    23 Јануари 2008
    Манга
    Создравје да си ги играш, па јави се утре да ти шитнам уште некое комбо :D
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.
  11. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,383
    861
    28 ноември 2015
    Машко
    Наредниот пат кога ќе идам странство а тоа е наскоро :)
     
  12. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,247
    304
    26 Јануари 2012
    Sto ploca ram setinzi
     
  13. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,383
    861
    28 ноември 2015
    Машко
    ASRock b450 hdv gskill Sniper x 3000 hynix m
     
  14. Arkturus

    Arkturus
    Gaining Experience

    256
    189
    17 Јануари 2013
    Машко
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,635
    23 Јануари 2008
    Манга
  16. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    507
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Ко на интел за дупки.
     
    На Rukfash и StalkeR им се допаѓа ова.
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,635
    23 Јануари 2008
    Манга
    @dekomote Ам ај сега, ќе се вреѓаме... :D
     
    На dekomote му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,328
    1,050
    2 Јануари 2012
    Машко
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,635
    23 Јануари 2008
    Манга
  20. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    Точно е дека матичните се поскапи околу 30% од сегашните, меѓутоа тоа е секогаш така кога има иновација.

    “I can tell that if an X570 is compared to our Z390, if the specs are equal and everything, I don't think we [are] going to price AMD lower„

    Според ова, сосема нормално и разумно ќе биде поскапувањето. Ќе добиеш понови стандарди за исти пари.
     
  21. Arkturus

    Arkturus
    Gaining Experience

    256
    189
    17 Јануари 2013
    Машко
    Ќе почекаме B550

    Sent from my T10(E3C6) using Tapatalk
     
  22. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,138
    4,263
    18 Септември 2013
    Машко
    Солидна X470 или B450 ќе е сосема доволно ако не користиш PCIe 4.0 и/или 16 јадрен процесор. Потврдија од билдзоид.
     
    На gremlin и FreakyDroid им се допаѓа ова.
  23. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Од тоа што читам и гледам по интернет/јутуб, подобрите X370 и X470 ќе немаат проблем со 8 и 12 јадрените. Билдзоид спомна дури дека и асални B450 ќе немаат проблем со 12 јадрените. Споредбено со Зен+, 8 јадрените трошат како 6 јадрени, а 12 јадрените како 8 јадрените од претходната генерација. X570 ќе треба за 16 јадрените посебно ако некој сака да ги клока. Дали ова ќе биде баш така, ќе видиме за точно еден месец зошто официјали спецификации се едно, а друго - TDP-то што го пријавуваат и АМД и Интел не се баш точни. Односно точни се ако се работат процесорите на base clock фреквенција. Пример моите Рајзени се 105W TDP и тоа е точно ако работат на 3.7Ghz all core колку што е base клоkот, но на 4Ghz трошат ~140W.
     
  24. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,138
    4,263
    18 Септември 2013
    Машко
    TDP е естимација за тоа колку топлина зрачи самиот чип, збунувачки е али во W се мери исто. Не секогаш е 1:1 релација со конкретната потрошувачка на чипот и секако не у секоја ситуација.

    Но да, корелацијата е споредлива, т.е. чип со поголемо TDP секогаш троши повеќе струја отколку чип од истата серија со помало TDP.

    Но може да се деси пример чип со исто TDP да троши повеќе струја од чип на друг производител или чип од друга архитектура/серија.

    TDP едино е 100% показател за тоа каков/колкав кулер ти треба. Самите кулери имаат на пакувањето до колку TDP може да разнесат у околината. Ако имаш чип со 105W TDP ти треба кулер со најмалку толку.
     
    StalkeR, gOJDO и на Arkturus им се допаѓа ова.
  25. Astro

    Astro
    Guru

    6,157
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тоа е многу непрецизно кажано, ама може да се земе како пример.
     
Слични теми
  1. Street h4ck3r
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,086
  2. Sephiroth
    Одговори:
    55
    Прегледи:
    4,022
  3. boro1
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    900
  4. xenon
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,600
  5. steelseries

    Проценка Ам4 платформа.

    steelseries, 4 Мај 2018, Во форумот: Продавам
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    923
Вчитување...

Сподели

Вчитување...