1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AMD Zen & AМ4 платформа

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од gOJDO, 28 Септември 2016.

  1. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,772
    11,801
    23 Јануари 2008
    Манга
    Прашање, кое заслужува посебна тема на форумов, што ќе донесе AMD со нивната нова AM4 платформа и новите Zen процесори.

    Од ентузијастичка гледна точка ме занима X370 чипсет и 8 јадрен Zen процесор. A4 плаформата ги нуди сите најмодерни I/O и два PCI-e x16 3.0 слотови за графичка картичка кои можат да се конфигурираат и како 4 со x8 брзина.

    AMD не беа скромни со споделување на детали од архитектурата на Zen, па од она што можев да видам "ископирале" голем дел од технологиите на Intel како микро–оп кеширањето, SMT и сл. Но сепак станува збор за комплетно нова и уникатна архитектура, направена од корен.

    АМ4 од друга страна е направена така што како и во минатото ќе има cross-platform компатибилност со понови генерации на процесори.

    Дали се на повидок сериозен бизнис перформер и најверојатно одлична гејминг платформа за ефтини пари?
     
    На JensenInterceptor, Altair, Трајче Дрварчето и уште 13 други им се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Е дали?
    Тоа е битното прашање. Доста ми беше доминација на Intel мора некој да им ги замрси конците па да ги отклучат тоа заробените процесори. Мислам глупости, имаш дуал кор процесор кој под полно оптеретување не надминува 30 степени. Плаче за 10GHz
    Ајде, навивам за АМД и се надевам ќе извадат нешто убаво.
     
    Rukfash, Трајче Дрварчето, RagingDemon и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,281
    2,310
    9 Февруари 2011
    Ако е овој бенч вистинит, тогаш ќе биде многу интересно, стварно е досадна доминацијата на интел, време е нешто да се размрда.

    AMD-Zen-ES-AotS-Benchmarks.jpg
     
    JensenInterceptor, Mark0s, ivan88 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,250
    306
    26 Јануари 2012
    Zen nema da bide za gejmeri jadrata ke bidat pomali od Intel pomalku ke trosat i ne mozat na visoki frekvencii da gi vozat. No bidejki se 8 za multitasking kako renderirajne ke brkaat dobra rabota. Se na se mislam Sandy, Ivy Bridge performansi po klok, a Skylake overklokuvan doponitleno ke mu izbega uste 1 GHz.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,189
    1,590
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Прво добар потег им е тоа што АМ4 сокетот ќе го извадат пред Зен на пазарот со новите АПУ-а, значи ќе имаат малце време и фидбек за да ја усовршат платформата. Друго ми се допаѓа што нема да измислуваат чипсети за секоја нова ситница или нов процесор, ако добро се сеќавам на времето квалитетна АМД матична кошташе нешто над 100 евра а еквивалентен интел 200 па нагоре ... ова е тоа што јас го сакам и го очекувам од АМД - конкуренција и реални цени.

    Заврши времето кога имавме драстични скокови во перформанси како АМД Athlon64 vs Pentium4 или Core2 Duo vs Athlon X2 ... Дури и Интел ако го анализирате последниве 5 години нема некој значаен напредок после сенди бриџ ... Ако АМД јадрата се слични со перформанси со Haswell тоа е повеќе од задоволително за мене ако пример купам 8 јадрен процесор за цена од една i5-ka ... Не очекувам АМД да ја превземе повторно курната пошто реално го немаат веќе капацитетот и капиталот што го имаа порано ама ако имаат современ процесор и платформа и удрат убаво на цена мислам дека за кратко време ќе се вратат во игра.

    Дополнително исто како што спомна gOJDO начинот како го претставија Зен ми се допадна многу, ептен отворени и со многу детали
     
    На Krkac, Necromancer, MasteR_#0 и уште 5 други им се допаѓа ова.
  6. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Е то... то...
    Само јас се надевам дека нема да биде послаб од 30% per core од i5-ката па да дојдат исти со перформанси, а да губи АМД во single threaded за повеќе од 25-30%
     
  7. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,701
    1,142
    16 Јуни 2010
    Машко
    Кога зенот би имал иста брзина како i7-цата ке се тука некаде, така да графата е донекаде точна.
    Очекувам Quad Core Zen до 100 евра(ако планираат да го гасат SMT). Ако не најверојатно до таа цена најверојатно ке има некој dual core со SMT, што ке конкурира на i3-ката и ке се оверклокува. У секој случај има шанси Intel да се реши да ги отклучи процесорите и од подолните серии.

    Нема шанси да губи амд 30 посто у сингл кор, многу е тоа. До 10-15 посто максимум. Проблем ке биде ако чиповите се испостават дека не се оверклокерски расположени, како нивните графички што накрај лоши испаднаа за OC.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,772
    11,801
    23 Јануари 2008
    Манга
    На памет зборуваш. Напротив, Zen е баш архитектура каква што лежи на игри. Има краток и широк пајплајн(6 issue, исто како кај Skylake; Sandy, Haswell и Bulldozer се 4 issue) што во превод значи висок IPC и мали застои при branch/data misprediction што е клучно за непредвидлив код каков што генерираат игрите. Воопшто нема да ме изненади, туку напротив очекувам да го ќофта Haswell во игри на иста фрекфенција и ист број на јадра и тридови. Кусиот пајплајн кај комплексни архитектури значи и пониски фрекфенции, но останува да видиме што ќе понуди новиот производствен процес на Glo. Fo. кој е во фаза на оптимизација и од она кое до сега го видовме(RX480) ќе понуди бар 30% повисоки фрекфенции и поголема ефикасност во исто време од 28nm.

    Имаше и друг бенчмарк на кој на иста фрекфенција (3GHz) и ист број на јадра и тридови (8/16) заврши маргинално побрзо во CineBench рендерирање од LGAA 2011-3 Broadwell-E.
    Едноставно Zen ја има процесирачката моќ, верувам дека е добро избалансиран според сите измени кои видов дека ги направиле, но се зависи од фрекфенциите. Без 4+GHz турбо мод, ќе добиеме производ од мид–рејнџ, кој секако ќе биде доволен за гејминг и друга сериозна работа. Тој производ секако ќе има и пониска цена од онаа на Intel за да биде купуван, но ентузијастичките варијанти на Intel ќе бидат скапи огин и пламен, исто како во времето со Extreme варијантите.

    Во недостаток на квалитетни процесори, едно време се изглупираа со миљарда сокети и чипсети ко Intel и станаа комплетно неинтересни за обичните корисници. Ја сватија глупоста која ја направија и се вратија на старата добра стратегија, еден сокет за сите, и тоа сокет кој ќе овозможи користење и на идни процесори со друга архитектура.

    Воопшто не е завршено, туку само беше ставено на пауза бидејќи немаа никаква конкуренција, а сами на себе да си конкурираат е глупост. Па така чуму да ни продаваат нова пософистицирана архитектура за чиј развој вложиле милиони, кога можат да не молзат и со старата архитектура со некакви козметички промени.

    Zen има доволно ресурси(пајплан со 6 линии на егзекуција) и да го помине Haswell(кој има само 4), но останува да видиме како се оптимизирани механизмите за предвидување и разгранување. И јас не очекувам да имаме 8 јадрен Zen по цена од i5, но можеби 6 јадрен.

    Не е до капиталот, и во минатото немаа ни 20% од оној на Intel, но се држеа поради интертноста на Intel. Проблем во случајов го гледам само производствениот процес на GloFo кој е недораснат за Intel–овиот 14nm, а најверојатно и 22nm, a да не зборам за 10nm кој Intel го чува како џокер во ракавот.
     
    На GGTT1, Mark0s, Krkac и уште 10 други им се допаѓа ова.
  9. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,701
    1,142
    16 Јуни 2010
    Машко
    Едно не ми е јасно. Вака по слајдовите од што разбирам(а не премногу), изгледа доста едноставно како е дојдено до ваков огромен скок во перфоманси, поготово во Single Core споредено со Булдожер. Отприлика јасно ми е каде е фејлот таму, но не е ми јасно зошто 5-6 години им требаше да смислат нешто вакво?
    Нели е таа логиката дека ако нешто не успее од прва, нема што да го апдејтираш(од Булдожер на Пајлдрајвер итн), кога и онака архитектура испадна дека е полоша и од онаа на претходните Феноми и Атлони.

    Инаку изгледа ветувачки сериозно планирам и сакам i3ката да ја сменам со било кој Zen процесор, воедно ке ми биде прв амд што сум имал. Сигурен сум дека ке успеат, ако ништо друго со цените ке го задеваат Intel на подолго време.
     
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,772
    11,801
    23 Јануари 2008
    Манга
    Проблемот кај Bulldozer е истиот како оној на Netburst(Pentium 4/D), а тоа е предолгиот пајплајн. Кога се случува мис на гранка со код или мис на податоци во кеш, пеналите се поголеми колку што пајплајнот е подолг. Дополнително кај Bulldozer механизмот за предвидување е несофистициран и има слаб систем за кеширање, па многу често се случуваат мисови, поради што и има ужасен IPC.
    Zen е правен на основа на Phenom 2, така што има двојно повеќе егзекутирачки единици, драматично подобрено кеширање, декодирање и распоредување на инструкциите и многу пософистицирани механизми за предвидување.
    Затоа што прво се надеваа дека ќе го опраат Булдужерот, па откако по некои две години сватија дека не го бива, го напуштија концепциски како основа за наредни архитектури и почнаа R&D на нова ефикасна архитектура која понатаму ќе биде основа за наредните архитектури. Проблемот е што R&D кошта пари кои AMD може дозирано да си ги дозволи. Кога ќе видиш и на Intel му требаа толку години за да се откачи од Netburst.

    Затоа што немаа ништо подобро, а се надеваа дека ќе му ја зголемат ефикасноста со надградби и дека софтверот ќе станува се повеќе мултитридов па ќе се прикријат слабите синглтрид перформанси. Практично неучејќи ја лекцијата Netburst, повторија многу од чекорите кои ги направи Intel пред да се откаже.

    Јас не сум сигурен бирејќи постојат еден куп непознати, а главна се работните фрекфенции. Бадијала архитектурата е моќна ако процесорите имаат ниски работни фрекфенции. Премногу разочарувања доживеавме од Phenom до последниот дериват на Bulldozer, но сепак се надевам дека овој пат нема да потфрлат и конечно ќе имаат смисла Intel vs AMD дискусиите.
     
    марјан димков, Astro и на Sukhoi им се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,772
    11,801
    23 Јануари 2008
    Манга
  12. Mikaxsus

    Mikaxsus
    Gaining Experience

    328
    230
    19 Јануари 2016
    Машко
    https://www.reddit.com/r/Amd/ читајте тука за инфо, некој нешо лажел за отклучени Зен процесори
     
  13. МулевР

    МулевР
    Intern

    26
    30
    21 oктомври 2015
    Машко
    Можби негде пишува, но не најдов. Кога треба да испаднат новите Zen процесори ?
     
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,772
    11,801
    23 Јануари 2008
    Манга
    H1 2017

    ЕДИТ: 10 години подоцна...:D
     
    Последна промена: 3 oктомври 2016
  15. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    558
    912
    16 Јануари 2016
    Машко
    [​IMG]
     
    gOJDO, uwemi, P.Overdrive и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,281
    2,310
    9 Февруари 2011
    :oh::oh::oh:
     
    На stojatoni и uwemi им се допаѓа ова.
  17. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    246
    182
    15 ноември 2015
    Машко
    Oвие Интел ми изгледаат како Вмро, а АМД како Сдсм. :)Ете сега и сдсм пробува нешто, а и амд исто.:D
    Инаку и двете спијат веќе 10 години, но тешко се станува после толку спиење изгледа
     
    На JensenInterceptor и stojatoni им се допаѓа ова.
  18. Boldozer

    Boldozer
    On your way to fame

    1,156
    570
    2 ноември 2012
    Пa пa лoшa спoредбa беше oвa :)
    Седи рaaт и уживaј :)
    Е кoј ќе јa рaзбуди мечкaтa, тешкo негo :D
     
    На Astro и Arabian им се допаѓа ова.
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,086
    25,380
    4 Септември 2008
  20. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    ауу добри клокови браво

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,086
    25,380
    4 Септември 2008
    Клоковите значат едно големо ништо. Нека искочат рецензиите прво, до сега незнам колку пати се случило да паѓаме у несвест за после да искочи фејл.
     
    Последна промена: 8 oктомври 2016
    На Pane-G, Astro, Nikola Sone и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,250
    306
    26 Јануари 2012
    Ovie APU ne se Zen da nema zabuni Bulzoder arhitektura se zatoa se dobri klokovite :D, ovie se naj usovrsenata Buldozer arhitektura sto mozea smenaa samo uste L3 memorija kes im fali i pak ne se dovolni dobri ni so Sandy da se sporedat :D
     
    На Boldozer и Nikola Sone им се допаѓа ова.
  23. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    wtf ова се се на 28nm
     
    На Boldozer му/ѝ се допаѓа ова.
  24. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,250
    306
    26 Јануари 2012
    Znaci ne se Zen zatoa se 28 nm, ova se Excavator arhituktura naslednik na BUldozer :D
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  25. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,189
    1,590
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Сепак онбордот со тие клокови и брза ДДР4 меморија би бил добар за денешниве МОБА игри мислам дека ДОТА2 ќе ја тера без проблем на 1080п. Мада овие се ПРО за ОЕМ така да мислам дека нема да ги видиме кај нас ...
     
Слични теми
  1. Street h4ck3r
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,078
  2. Sephiroth
    Одговори:
    55
    Прегледи:
    3,970
  3. boro1
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    885
  4. xenon
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,578
  5. steelseries

    Проценка Ам4 платформа.

    steelseries, 4 Мај 2018, Во форумот: Продавам
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    914
Вчитување...

Сподели

Вчитување...