Gilfoyle
lurker
- 10 септември 2009
- 571
- 2.026
Долго време сум на форумов и за жал морам да кажам дека одамна немам видено квалитетно и убаво скоцкано review.
Пред 10 дена решив да го нарачам лаптопот од повеќе причини. Најпрво се дрзнав да го нарачам лаптопот поради цената а и мојот ентузијастички дух. И сега тука одма ќе рипне некој паметњакович и ќе рече дека не е ентузијазам освен ако не е играчка што чини помалце од 500 евра. Е тука лежи целта на ова review. Ако некој е финансиски способен да си игра со играчки што чинат илјадници денари да не заборавиме на фактот дека живееме во држава со минимална плата од 12 илјади денари и дека голем процент од народот едвај собира крај со крај (студенти, родители итн.) да обезбедат лаптопче за нив, нивните деца, внуци итн. И нормално како да ќариш во ваква ситуација? За цена од 26 илјади, им го продаваш ѓубрето на луѓето. Неквалитетната пластика, hd екран, generic звучна карта се тоа е дел од палетата на лаптопи што може да ги најдеш кај нас до ценовен ранг 30 илјади(секоја чест на исклучоците).
Во следниве неколку постови следува детален review. Најдетален што може и да ви се смачи од тоа што и најмали ситници(според мене клучни) се опфатени во оваа рецензија.
Што се е опфатено?
1. Карактеристики
2. Нарачка, транспорт и царина.
3. Пакување
4. Дизајн и материјали
5. Дисплеј
6. Тастатура и тачпад
7. Процесор
8. SSD
9. Звук
10. Вифи
11. Батерија
12. Бенчмарк
Може да започнеме.
* Поради тоа што не сум професионален фотограф сликите ќе бидат измешани со професионални слики од различни рецензии и лични слики. Во наредните неколку дена ќе гледам сите слики да бидат сменети со лично мои. Screenshot-овите ќе бидат лично од овој лаптоп.
Карактеристики:
Цена:
$499 = 26.000 денари.
Во моментов само што ми стигна mail дека има активен купон.
Цена со купон: $459.99
Купон ($459.99): GBTPC17
Нарачка, транспорт и царина.
Со првата опција доколку сами си ја царините пратката имате давачки од 1000 денари према DHL и 5% царина према државата а тоа е околу 1200 денари. Значи се на се 2200 денари.
Со втората опција давачките према DHL се 1500 денари и 5% царина према државата а тоа е околу 1200 денари. Значи се на се околу 2700 денари.
Крајната цена на лаптопот со сите давачки е: 28.000 денари.
Пакување:
Дизајн и материјали на лаптопот:
Екран
Тастатура и тачпад

- 12,5-инчен IPS екран (16:9, 1920 x 1080)
- Процесор Intel Core m3-7Y30 Dual Core 1GHz, Up to 2.6GHz
- GPU Intel HD Graphics 615
- Microsoft Windows 10 Professional OS (х64)
- 4 GB RAM DDR3
- 128 SSD Samsung m.2
- Батерија 7.4V/5000mAh 37Wh (Supports Fast Charging)
- AKG стерео звучници, Dolby Surround Sound
- Стерео микрофон
- Камера 1.0MP
- WIFI 802.11 a/b/g/n/ac
- Bluetooth 4.1
- USB Type-C
- USB 3.0
- HDMI Output
- 3.5mm
- 29.20 x 20.20 x 1.29 cm
- 1.075 kg
Цена:
$499 = 26.000 денари.
Во моментов само што ми стигна mail дека има активен купон.
Цена со купон: $459.99
Купон ($459.99): GBTPC17
Нарачка, транспорт и царина.
- Нарачка, транспорт и логистика:
- Подигнување и царина:
Со првата опција доколку сами си ја царините пратката имате давачки од 1000 денари према DHL и 5% царина према државата а тоа е околу 1200 денари. Значи се на се 2200 денари.
Со втората опција давачките према DHL се 1500 денари и 5% царина према државата а тоа е околу 1200 денари. Значи се на се околу 2700 денари.
Крајната цена на лаптопот со сите давачки е: 28.000 денари.
Пакување:
- Лаптопот е спакуван во мала кутија со цврст картон, на врвот од кутијата има слика од уредот.
- На долната страна има налепница со карактеристики на кинески.
- Кога ќе ја отворите ќе сфатите дека кутијата е нешто ситно поголема од лаптопот.
- Под лаптопот ќе ве пречека мал плик со инструкции за touchpad gestures и USB Type C полначот тоа е се, ништо повеќе.
- Инструкциите се на кинески. Не е нешто што би можеле да го разберете.
Дизајн и материјали на лаптопот:
- Ќе започнам со големината. Mi Air 12 е дефинитивно многу компактен, тенок и лесен лаптоп. Димензии од 29,2 на 20,2 цм не ја надминуваат големината на лист хартија А4, но благодарение на дебелината од 1,29 см и маса од 1,07 кг. удобно можете да го носите со вас во ташна/ранец и слично.
- Лаптопот е целосно направен од алуминиумска легура со сива боја, пријатна и по изглед и допир. На горниот капак нема апсолутно ништо, нема никакви натписи или лого на компанијата. Според мене можеле да го стават малото mi лого, но најверојатно ова решение е поврзано со можноста да си купите разни самолепливи стикери и да си го персонализирате лаптопот по ваш вкус.
- Квалитетот на изработка и на допир и на изглед се осеќа дека е донесен до максимум. Поставеноста на деловите и квалитетот на материјалите е на врвно ниво за лаптоп од овој ценовен ранг.
- На левата страна има HDMI излез и 3.5 милиметарски приклучок за слушалки и микрофон.
- На десната страна се наоѓаат USB 3.0, USB-type C и LED индикатор за полнење. Полнењето се врши преку USB Type-C, а не преку посебен конектор. Од една страна - ова е плус, бидејќи, Type-C стандардот станува сè по-популарен меѓу мобилните уреди, а со тоа се зголемува и палетата на полначи и кабли од овој тип. Од друга страна, за време на полнењето, една порта ќе биде окупирана, па така само обичниот USB 3.0 ќе остане слободен.
- Од напред лаптопот има тенка вдлабнатина за лесно отворање. Самиот дисплеј има вградени магнети за да спречи случајно отворање.
- Дизајниран е на таков начин што може да биде целосно отворен со една рака без притоа да се држи долниот дел од телото на лаптопот.
- Што се однесува до дизајнот - тој е дизајниран во минималистички стил и лаптопот изгледа како премиум уред од висок ранг што може да се стави еден до еден со лаптопи од класата на Dell XPS 13, HP Spectre, Macbook 13 итн.
- Екранот се отвора приближно до 130 степени.
- Долниот дел, како и целото тело, исто така е направен од алуминиумска легура. Има неколку налепници и сериски број. На страните има гумени потпирачи и 2 звучници на рабовите.
Екран
- Под заштитното стакло се наоѓа квалитетен IPS дисплеј BOE0691 со резолуција од 1920 x 1080 и дијагонала од 12,5 инчи. Производителот тврди дека самото стакло е отпорно на гребење и има цврстина од 7H.
- Над екранот се наоѓа камера, LED индикатор за истата и 2 микрофони.
- Рамките околу дисплејот се доволно тенки, на рабовите на екранот нивната широчина е околу 6 мм. Под екранот рамката е нешто поширока и на неа е логото на mi.
- Што се однесува до осветленоста, во осветлена просторија оптималната осветленост ќе биде 40% до 60%, a 100% осветленост треба да биде доволна дури и за надворешна употреба.
- На црна позадина скоро и да нема backlight bleed.
- Аглите за гледање се пристојни.
- Во принцип, екранот е одличен и квалитетен. Има големи агли за гледање, прифатлива маргина на осветленост, добро рендерирање на бои и контраст, 1920x1080 FullHD резолуција. Сликата изгледа природно и убаво.
Тастатура и тачпад
- Големината и локацијата на тастатурата се стандардни. Изработена е од пластика и е скоро бесшумна.
- Функциските копчиња F1 - F12 се со мултимедијални функции, тие може да се користат за контрола на осветленоста на екранот, звук, осветлување на тастатурата итн. За некои корисници што се навикнати на користење на стандардна тастатура Xiaomi го имаат и тоа решено со притискање на комбинацијата на копчиња Fn + Esc, горниот ред може да се префрли на стандардниот режим F1 - F12.
- Тастатурата има убаво бело осветлување. Осветлувањето е распорстрането низ сите копчиња но осветленоста не е прилагодлива. Но овие неколку дена при користење и преку ден и ноќе не увидов потреба за да ја зголемам/намалам осветленоста. Кога не е во употреба, по 15 секудни backlight-от се гаси, кога копчињата ќе се допрат повторно backlight-от си се вклучува пак.
- Тастатурата е неколку класи подобра од оние пластични тастатури што ги добиваме во entry/mid класите на лаптопи во овој ценовен ранг.
- Touchpad-от е доста голем за лаптоп со оваа големина. Поддржува до 4 допири истовремено и распознава gestures.
Изменето од модератор: