1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Xiaomi Air 12.5

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од ivan1500, 7 ноември 2017.

  1. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,256
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Долго време сум на форумов и за жал морам да кажам дека одамна немам видено квалитетно и убаво скоцкано review.

    Пред 10 дена решив да го нарачам лаптопот од повеќе причини. Најпрво се дрзнав да го нарачам лаптопот поради цената а и мојот ентузијастички дух. И сега тука одма ќе рипне некој паметњакович и ќе рече дека не е ентузијазам освен ако не е играчка што чини помалце од 500 евра. Е тука лежи целта на ова review. Ако некој е финансиски способен да си игра со играчки што чинат илјадници денари да не заборавиме на фактот дека живееме во држава со минимална плата од 12 илјади денари и дека голем процент од народот едвај собира крај со крај (студенти, родители итн.) да обезбедат лаптопче за нив, нивните деца, внуци итн. И нормално како да ќариш во ваква ситуација? За цена од 26 илјади, им го продаваш ѓубрето на луѓето. Неквалитетната пластика, hd екран, generic звучна карта се тоа е дел од палетата на лаптопи што може да ги најдеш кај нас до ценовен ранг 30 илјади(секоја чест на исклучоците).

    Во следниве неколку постови следува детален review. Најдетален што може и да ви се смачи од тоа што и најмали ситници(според мене клучни) се опфатени во оваа рецензија.

    Што се е опфатено?

    1. Карактеристики
    2. Нарачка, транспорт и царина.
    3. Пакување
    4. Дизајн и материјали
    5. Дисплеј
    6. Тастатура и тачпад
    7. Процесор
    8. SSD
    9. Звук
    10. Вифи
    11. Батерија
    12. Бенчмарк

    Може да започнеме.

    * Поради тоа што не сум професионален фотограф сликите ќе бидат измешани со професионални слики од различни рецензии и лични слики. Во наредните неколку дена ќе гледам сите слики да бидат сменети со лично мои. Screenshot-овите ќе бидат лично од овој лаптоп.


    Карактеристики:
    • 12,5-инчен IPS екран (16:9, 1920 x 1080)
    • Процесор Intel Core m3-7Y30 Dual Core 1GHz, Up to 2.6GHz
    • GPU Intel HD Graphics 615
    • Microsoft Windows 10 Professional OS (х64)
    • 4 GB RAM DDR3
    • 128 SSD Samsung m.2
    • Батерија 7.4V/5000mAh 37Wh (Supports Fast Charging)
    • AKG стерео звучници, Dolby Surround Sound
    • Стерео микрофон
    • Камера 1.0MP
    • WIFI 802.11 a/b/g/n/ac
    • Bluetooth 4.1
    Портови:
    • USB Type-C
    • USB 3.0
    • HDMI Output
    • 3.5mm
    Димензии и тежина:
    • 29.20 x 20.20 x 1.29 cm
    • 1.075 kg

    Цена:
    $499
    = 26.000 денари.

    Во моментов само што ми стигна mail дека има активен купон.
    Цена со купон:
    $459.99
    Купон ($459.99): GBTPC17



    Нарачка, транспорт и царина.

    • Нарачка, транспорт и логистика:
    Лаптопот беше нарачан од Gearbest. Најчесто е на flash sale и чини 499$. Транспортот е најевтин и најсигурен преку DHL(SG) и чини смешни 10$. Најчесто производот се ипраќа за 48 часа од кога е уплатата но тоа време е секогаш различно. Кога ќе нарачате и кога ќе ви го испратат ќе добиете бројче за следење што не е активно наредните 3 до 4 дена. Не не ви дале лажно бројче, се работи за опцијата за транспорт бидејќи транспортот е најевтин од Сингапур а канцелариите на Gearbest се во Хонг Конг им треба 2 до 3 дена пакетот да пристигне во стовариштето на DHL во Сингапур. Во моментот кога ќе стигне одма бројот за следење ќе стане активен и тука започнува 48 часовната аватура на пакетот до Македонија. Прво и најдолго патување е кога пакетот од Сингапур се испраќа до стовариштето во Leipzig Германија и тоа патување трае некаде 18 часа. Кога ќе стигне во Leipzig пакетот чека до следното сабајле каде што со авион во 4 часот лета за Bratislava. Летот трае некаде 2 часа и кога ќе пристигне во Bratislava се прави предавање на пакетот и одма тргнува према Скопје. Во Скопје пакетот стига околу 8 часот, но дента не може да се подигне бидејќи дури после 2 и пол се прави прием во ДХЛ Илинден и веќе од следниот ден може да почнете со процерудата за подигање.

    • Подигнување и царина:
    Кога веќе ќе стигне пакетот треба да направите две работи, тоа е да се царини и да се подигне пакетот. Првата опција е најевтина а тоа е вие сами усно да го царините пакетот во царинската испостава во Фершпед. А втората опција е да оставите дхл да го заврши усното царинење и да почекате 24 часа за да ви го достават таму каде што сте.
    Со првата опција доколку сами си ја царините пратката имате давачки од 1000 денари према DHL и 5% царина према државата а тоа е околу 1200 денари. Значи се на се 2200 денари.
    Со втората опција давачките према DHL се 1500 денари и 5% царина према државата а тоа е околу 1200 денари. Значи се на се околу 2700 денари.

    Крајната цена на лаптопот со сите давачки е: 28.000 денари.

    Пакување:

    • Лаптопот е спакуван во мала кутија со цврст картон, на врвот од кутијата има слика од уредот.
    [​IMG]

    • На долната страна има налепница со карактеристики на кинески.
    [​IMG]

    • Кога ќе ја отворите ќе сфатите дека кутијата е нешто ситно поголема од лаптопот.
    [​IMG]

    • Под лаптопот ќе ве пречека мал плик со инструкции за touchpad gestures и USB Type C полначот тоа е се, ништо повеќе.
    [​IMG]

    • Инструкциите се на кинески. Не е нешто што би можеле да го разберете.
    [​IMG]

    Дизајн и материјали на лаптопот:

    • Ќе започнам со големината. Mi Air 12 е дефинитивно многу компактен, тенок и лесен лаптоп. Димензии од 29,2 на 20,2 цм не ја надминуваат големината на лист хартија А4, но благодарение на дебелината од 1,29 см и маса од 1,07 кг. удобно можете да го носите со вас во ташна/ранец и слично.

      [​IMG]

    • Лаптопот е целосно направен од алуминиумска легура со сива боја, пријатна и по изглед и допир. На горниот капак нема апсолутно ништо, нема никакви натписи или лого на компанијата. Според мене можеле да го стават малото mi лого, но најверојатно ова решение е поврзано со можноста да си купите разни самолепливи стикери и да си го персонализирате лаптопот по ваш вкус.

      [​IMG]

    • Квалитетот на изработка и на допир и на изглед се осеќа дека е донесен до максимум. Поставеноста на деловите и квалитетот на материјалите е на врвно ниво за лаптоп од овој ценовен ранг.
    [​IMG]

    • На левата страна има HDMI излез и 3.5 милиметарски приклучок за слушалки и микрофон.

    [​IMG]

    • На десната страна се наоѓаат USB 3.0, USB-type C и LED индикатор за полнење. Полнењето се врши преку USB Type-C, а не преку посебен конектор. Од една страна - ова е плус, бидејќи, Type-C стандардот станува сè по-популарен меѓу мобилните уреди, а со тоа се зголемува и палетата на полначи и кабли од овој тип. Од друга страна, за време на полнењето, една порта ќе биде окупирана, па така само обичниот USB 3.0 ќе остане слободен.

    [​IMG]

    • Од напред лаптопот има тенка вдлабнатина за лесно отворање. Самиот дисплеј има вградени магнети за да спречи случајно отворање.

    [​IMG]

    • Дизајниран е на таков начин што може да биде целосно отворен со една рака без притоа да се држи долниот дел од телото на лаптопот.

    [​IMG]

    • Што се однесува до дизајнот - тој е дизајниран во минималистички стил и лаптопот изгледа како премиум уред од висок ранг што може да се стави еден до еден со лаптопи од класата на Dell XPS 13, HP Spectre, Macbook 13 итн.

    [​IMG]

    • Екранот се отвора приближно до 130 степени.

    [​IMG]

    • Долниот дел, како и целото тело, исто така е направен од алуминиумска легура. Има неколку налепници и сериски број. На страните има гумени потпирачи и 2 звучници на рабовите.

    [​IMG]

    Екран

    • Под заштитното стакло се наоѓа квалитетен IPS дисплеј BOE0691 со резолуција од 1920 x 1080 и дијагонала од 12,5 инчи. Производителот тврди дека самото стакло е отпорно на гребење и има цврстина од 7H.

    [​IMG]

    • Над екранот се наоѓа камера, LED индикатор за истата и 2 микрофони.

    [​IMG]

    • Рамките околу дисплејот се доволно тенки, на рабовите на екранот нивната широчина е околу 6 мм. Под екранот рамката е нешто поширока и на неа е логото на mi.

    [​IMG]

    • Што се однесува до осветленоста, во осветлена просторија оптималната осветленост ќе биде 40% до 60%, a 100% осветленост треба да биде доволна дури и за надворешна употреба.

    [​IMG]

    • На црна позадина скоро и да нема backlight bleed.

    [​IMG]

    • Аглите за гледање се пристојни.

    [​IMG]

    • Во принцип, екранот е одличен и квалитетен. Има големи агли за гледање, прифатлива маргина на осветленост, добро рендерирање на бои и контраст, 1920x1080 FullHD резолуција. Сликата изгледа природно и убаво.

    Тастатура и тачпад

    • Големината и локацијата на тастатурата се стандардни. Изработена е од пластика и е скоро бесшумна.
    • Функциските копчиња F1 - F12 се со мултимедијални функции, тие може да се користат за контрола на осветленоста на екранот, звук, осветлување на тастатурата итн. За некои корисници што се навикнати на користење на стандардна тастатура Xiaomi го имаат и тоа решено со притискање на комбинацијата на копчиња Fn + Esc, горниот ред може да се префрли на стандардниот режим F1 - F12.

    [​IMG]
    • Тастатурата има убаво бело осветлување. Осветлувањето е распорстрането низ сите копчиња но осветленоста не е прилагодлива. Но овие неколку дена при користење и преку ден и ноќе не увидов потреба за да ја зголемам/намалам осветленоста. Кога не е во употреба, по 15 секудни backlight-от се гаси, кога копчињата ќе се допрат повторно backlight-от си се вклучува пак.
    • Тастатурата е неколку класи подобра од оние пластични тастатури што ги добиваме во entry/mid класите на лаптопи во овој ценовен ранг.

    [​IMG]

    • Touchpad-от е доста голем за лаптоп со оваа големина. Поддржува до 4 допири истовремено и распознава gestures.

    [​IMG]
     
    Изменето од модератор: 7 ноември 2017
    На Noumenon, Мирче, The Geek Boy и уште 75 други им се допаѓа ова.
  2. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,526
    14 Мај 2008
    Машко
    Претпоставувам не се отвара толку лесно за да му дотуриш рам?
     
    На SiPy` и ivan1500 им се допаѓа ова.
  3. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,256
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @Sephiroth следи ја темата до вечер ќе бидат објавени и останатите делови. Опфатен е и тој дел.
     
    SiPy`, damil и на bLaCk AnArChY им се допаѓа ова.
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,580
    4,405
    23 Јуни 2015
    Машко
    Со мерак исчитав се. Секоја чест. Чекам мислење после неколку месеци користење! :)
     
    На drifter и ivan1500 им се допаѓа ова.
  5. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,070
    3,401
    7 ноември 2014
    Машко
    Секоја чест, избришете ги горе тие 2-3 мислења и моето, а другите да се воздржиме од коментирање се додека не заврши рецензијата.
     
    На ivan1500 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,240
    6,372
    27 Март 2014
    Добра (не целосна) рецензија. Ме интересира батеријата и перформансите. зошто нема лан порта?

    Ке му ги спои сите постови во еден на крајот од администрација без гајле .;)
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,580
    4,405
    23 Јуни 2015
    Машко
    Сериозно лан порта ти треба на ваков ноутбук? Мене ми нема логика.
     
  8. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,240
    6,372
    27 Март 2014
    Па не е неопходно ама би било добро да ја има.
     
    На Zippo и Krkac им се допаѓа ова.
  9. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,256
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @DrMTR и за тоа ќе напишев ама ме претркавте.

    Јас си нарачав вакво:
    [​IMG]

    Plug & Play е. Го земав бидејќи ќе ми се најде некогаш. А и дизајнот е како лаптопот ист па се совпаѓаат. Цената е некаде околу 10 долари на Aliexpress.

    Моментално сум на работа и тек после 5-6 ќе ги дообјавам другите делови. Инаку се моли администрацијата да НЕ ги спојува сите постови во еден заради прегледност и брз пристап.
     
    На Scarface1978, drifter, Tajson и уште 5 други им се допаѓа ова.
  10. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Одлична рецензија, ке почекаме да биде комплетирана.
    Постовите се споени заради добивање на целосна слика на рецензијата. Овака нема да има смисла.
     
    На gokica и ivan1500 им се допаѓа ова.
  11. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,256
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Процесор
    • Во срцето на Mi Air 12 има енергетски ефикасен Intel Core m3-7Y30 процесор од новата генерација мобилни процесори што припаѓаат на Kaby Lake фамилијата.

    [​IMG]

    • Главни карактеристики:
    Фреквенција: 1000MHz - 2200 MHz.
    Кеш меморија 4 MB SmartCache.
    Број на јадра 2/4 (HyperThreading).
    64-битен.
    Mоќност: 4,5 W .
    Литографија: 14 nm.
    Макс. Температура: 100 ° C
    Тип на меморија: LPDDR3-1866, DDR3L-1600
    Вграден GPU: Intel HD Graphics 615 (300 - 900 MHz)
    Виртуелизација: VT-x, VT-d

    Информации за CPU и GPU од AIDA6:

    [​IMG]

    • Интегрираната графичка Intel HD Graphics 615 со максимална фреквенција од 900 MHz. не е дизајнирана за тешки модерни игри. Овој лаптопот е фокусиран на канцелариски апликации, сурфање итн.

    [​IMG]

    Како процесорот ќе се покаже во вистинска работа и benchmark тестови, ќе напишам малку подоцна. Во меѓувреме, споредете ги перформансите со другите процесори.
    Ова може да изгледа нереално, ама m3-7Y30 со потрошувачка од само 4,5 вати во перформансите може да се спореди со Core i3-i5 entry level процесорите, со потрошувачка околу 3 пати поголема!

    [​IMG]
    Користев cpubenchmark.net за споредба на процесорите.


    RAM меморија
    Во внатрешноста на лаптопот се наоѓа 4GB RAM LPDDR3.
    Меморијата работи во двоканален режим и покажува големи брзини во тестовите.
    Една можеби и единствена негативна работа во целиот лаптоп е тоа што рамот е директно залемен на матичната плоча, но ова најчесто е и кај другите серии на познатите бренд лаптопи (Apple, Dell XPS 13, HP Spectre итн.). За жал нема слот за инсталирање на дополнителен модул, но ако немате страв и имате некои што знае стварно што прави може лесно да се одлеми плочката со 4гб и да се залеми нова плочка од 8гб што одма без проблем ќе биде прочитана. Иако во овие неколку дена не заприметив никакво преоптоварување на рамот дури и со апликации како Photoshop CC 2018.

    SSD
    ССД-то е Samsung MZNTY128HDP во M.2 варијана од 128GB.
    [​IMG]

    • Контролорот и мемориските чипови е произведени од Samsung, типот на мемориските ќелии е NAND TLC.
    • Уредот поддржува TRIM, NCQ, DEVSLP.
    • Брзините за читање и запишување достигнуваат и до 540/520 MB/s.
    [​IMG]

    Во принцип, дискот е навистина брз. Ова е забележливо и во вистинска работна околина, системот се подига за неколку секунди, апликациите се инсталираат и се отвораат во незабележително мало време.


    Звук
    Звучниот систем е базиран на двоканален HD аудио чип Realtek ALC235 и 2 звучници на АКГ, а исто така е искористена и технологијата на Dolby Audio - Premium.

    [​IMG]

    Звучниците се наоѓаат на долниот панел, тие се покриени со метални решетки. Иако според мене не е најдобрата локација за кога лаптопот е во скут бидејќи гласот се придушува, но кога лаптопот е на маса, тогаш звукот се рефлектира од површината и звучи премногу добро. Можеби токму тоа е ефектот што сакале да го постигнат.

    [​IMG]

    • Вреди да се напомене дека звучниците се и неочекувано гласни за ваков уред.
    • Се разбира, лаптопот не претендира да биде аудио систем. Но, генерално квалитетот e подобар отколку во повеќето лаптопи.
    Wi-Fi
    Лаптопот е опремен со Wi-Fi 802.11a / b / g / n / ac и Bluetooth 4.2 технологија. Двата интерфејси ги обезбедува Intel-овиот 8265 модул.
    Wi-Fi-то работи во два модови: 2.4 GHz и 5 GHz, истовремено поддржува пренос на податоци на две антени со брзина до 867 Mbps и Intel Wireless Display, vPro и Intel Smart Connect технологија.
     
    Последна промена: 7 ноември 2017
    На The Geek Boy, maci, Makedonce01 и уште 24 други им се допаѓа ова.
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,083
    25,370
    4 Септември 2008
    Важна, браво за трудот.
     
    DrMTR, ivan1500 и на gokica им се допаѓа ова.
  13. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    715
    655
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Супер рецензија. Мене лаптопов ич не ми се допаѓа.
     
  14. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    280
    147
    28 Јуни 2013
    Одамна не сум прочитал review што ме загреал да се заинтересирам за нешто. Браво за ова.
     
    На damil му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,580
    4,405
    23 Јуни 2015
    Машко
    Не ти се допаѓа тебе лично или како продукт? и зошто?
     
  16. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    994
    606
    8 Август 2017
    Машко
    Едно прашање, дали доаѓа со Кинески Виндоус лаптопот, од што гледав некои рецензии за Про моделот и доаѓаше со кинески виндоус. Според мене мислам дека си можел да го земеш и Про моделот со и5 Кофи лејк, и МХ150 графика, но сепак и ова е добро за тој буџет. И секако пофалба за рецензијата, да се надеваме ќе има уште вакви супер рецензии.
     
  17. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    715
    655
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Не ми се допаѓа лично како продукт. Не е future-proof. Рамот, треба да се одлеми (гаранцијата престанува да важи), процесорот е energy-friendly, што би значело дека перформансите ќе деградираат со нови надградби на OS. Лаптопов е фенси, но мене лично не би ми вршел никаква работа.

    Ова го зборувам за горе-приложената спецификација, меѓутоа сум скептик за се што е 12 инча.
     
    Oktar, Psycore и на DrMTR им се допаѓа ова.
  18. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    483
    419
    12 ноември 2013
    Се слагам до негде со @Zippo. Лаптопов воопшто не е future-proof и не би го земал за ништо посериозно. Ама врши работа за office, browsing и по-light работи. Ми се допаѓа како продукт целосно како е скоцкано све.

    Рецензијата е одлична 10/10 според мене. Форумов би бил многу подобар почесто ако гледаме вакви квалитетни рецензии.

    Би било добро и дечките што го водат порталот на ИТ.мк да ја стават рецензијава како статија, референцирана.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. armin06

    armin06
    Intern

    60
    18
    13 Април 2007
    Преубав е лаптопот. Се загреав сеа за ваков

    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
  20. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,240
    6,372
    27 Март 2014
    Не е за истиот лаптоп, ама е интересно да се изгледа.

     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  21. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,256
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Имав малце време оваа недела да си поиграм со лаптопот. После многу неспиени саати и едитирање и пачирање на кекстови успеав да инсталирам без ни една маана MacOS Sierra 10.12.6. Со помош на уште двајца девелопери успеавме да проработиме се освен вифито за кое му нема спас(нема никаков сапорт за интел вифи за мек и нема шанси да се направи кекст). Резултатите импресивни*. Да не должам многу.

    Видео (48 секунди) од Sony Alpha 6500
    4К на 30 fps (100 Mb/s XAVC S)

    Стабилизација + Колор едитинг (Исто XML)
    Експортирање:
    Adobe Premiere: ~ 14 минути
    Final Cut Pro X: 1 минута и 20 секунди.

    *Очигледно е дека кога имаш оперативен систем и програм направен специјално за него и оптимизиран дури за ~5 дивајси од палетата на Apple се добиваат тие резултати.

    Целиот муабет е дека НЕ мора да купиш Apple во случајов Macbook Air 2017(ист процесор, екран со чкљ резолуција, послаба интегрирана графичка) што чини 56.990, за да добиеш исти резултати со уред што чини скоро дупло помалку.

    [​IMG]
     
    На The Geek Boy, JasSum, Isak Keyten и уште 20 други им се допаѓа ова.
  22. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    315
    437
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    Здраво дечки.
    Иван, помина некое време од кога го купи ова, и сакав да те прашам како си задоволен од лаптопчево ?
     
    Последна промена: 19 Април 2018
    На mdeni и Oktar им се допаѓа ова.
  23. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,237
    514
    3 Април 2008
    Дали usb type-c портата подржува и Thunderbolt? (многу е згодно со еден кабел да се пуни, да го закачиш на екстерен монитор и usb hub, етернет итн)
     
  24. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,240
    6,372
    27 Март 2014
  25. Cistac

    Cistac
    Intern

    2
    0
    12 Април 2010
    Одлична рецензија! Јас го меркам Xiaomi Mi Notebook Pro
     
Слични теми
  1. riki_staff
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    966
  2. DonFrozex
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    699
  3. Ficho

    Проценка Xiaomi Mi Mix2

    Ficho, 12 Јуни 2018, Во форумот: Продавам
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    927
  4. DonFrozex
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    2,846
  5. SpiritBond
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    975
Вчитување...

Сподели

Вчитување...