Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Рецензија Gree GCF300CKNA филтер за пречистување воздух

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Нема јако без јони, тоа ме нервира. Само во режимите Anion (негативни јони) и Odor (позитивни+негативни јони, демек плазма) можеш да менуваш брзина, другите се автоматски според тоа што им кажува сензорот (а сензорот брзо реагира). Во Sleep секогаш се труди да постигне најмала брзина и гарантирано не пушта јони, во режимот Auto можеби пушта понекогаш јони (не се знае/не е гарантирано), можеби ако сензорот на Odor (мирис) реагира, но мене никогаш не ми реагирал. Во режимот Turbo дава се` што има = најголема брзина + сите јони.

Тоа е комплицирано. Штета шо не можеш ауто со исклучен јонизатор. Не знам за виниксот како е ама од тој HR 1000 шо го гледав, тоа плазма wave опцијата можеш независно да ја исклучиш од се друго.

Нека ме поправи некој ако сум грешка дека во виниксот можеш јонизаторот комплетно да го исклучиш независно од други ошции.

Кај Шаоми Air Purifier 2 пак ми се допаѓа тоа шо уопште нема такви компликации. Тоа е само вентилатор со филтри. Толку. Плус има мобилна апликација. Во про моделот имаш и екранче шо ти ги кажува податоците шо ги кажува и апликацијата.

Е сеа според најнови податоци што ми пишаа на фејсбук Хај стор и овие од виникс - ми air purifiers МОЖЕБИ ќе добивале кон крај на месецов, а виникс веројатно ќе стигале HR1000 за недела дена.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
@Lokvan
Во врска со пречистувачот на GREE,
Јас колку што гледам плазмата и јонизаторот се наоѓаат над вентилаторот или одма под решетката и изгледаат многу мали и ако се пуштени не верувам дека нешто значајно ке се смени - го имам работено на Anion на максимум брзина и не се осека ништо. -
Ти го расклопи уредот и ги виде всушност? -колкави беа

На овие другите прочистувачи од
Emed PA 600 што ги имам
Elettroplastica

Еве колку испуштаат озон по упатството на Emed имајки во предвид дека се тука некаде јонизатор и плазмата кај двата уреди.
DSC_0359.JPG
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Ne ti se verni rezultatite deka Gree e kineska marka pa zatoa imas predrasudi :)
Не знам на кој основ го изведе овој заклучок, но не сум јас тој што не верува во спецификациите на производителот. Попрво би се сомневал во точноста на мерните уреди.

А филтри од активен јаглен (карбон филтри) воопшто не се маркетинг трикови. Уште во прва светска воја со маски со такви филтри се штителе од боените отрови. Потребни се во прочистувачите затоа што загадувањето не е само од пм, има еден куп хлориди, нитрати и други гасови што не се ловат на хепа филтер.
 
fau_ig

read-only
30 јануари 2017
11
37

Моето мислење е дека брзо се заситуваат, и ја губат функцијата. Ако добро памтам од наставата по ОНО (да, да, од прошли век :) тие филтри имаа декларирано колку часа можат да се користат, а потоа мора да се заменат. Немам идеја како би се одредило кога филтерот (карбонскиот) е засите и му е време за менување.

off topic, на сличен начин функционираат нуркачките апаратуси со затворен систем. Имаат резервоар со варовник, кој реагира со јаглерод-диоксиодот и станува креда. Но таму, има куп сензори и компјутер кој мери. Кај пречистувачите е оставено со одокативна метода.
 
Pa vsusnost I ima aspiratori na Karbonski filter za mesta kade nema moznost od otvor.
A za ona kineska firma te gibav :)

A za drugite zagaduvaci osven Pm treba rastenija od NASA
 
dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
Значи филтеров ГРЕЕ е добар за чистење ПМ честички од мерењава на членот. Одлично инфо.

Може автоматски да си чисти само ПМ загадувањево, без да користи јонизатор? Во смисла да биде вклучен цело време и во зависност од загадување да се вклучува на разни брзини?
За жал без јонизатор работи само Sleep функцијата и во неа не се мести брзината на дување, на најслаба е по дифолт. @Lokvan спомна дека можеби е решение да се исклучат конекторите - баш ме интересира дали воопшто ќе работи така уредот и дали ќе може да се користат сите функции без притоа да се вклучува јонизаторот
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Моето мислење е дека брзо се заситуваат, и ја губат функцијата. Ако добро памтам од наставата по ОНО (да, да, од прошли век :) тие филтри имаа декларирано колку часа можат да се користат, а потоа мора да се заменат. Немам идеја како би се одредило кога филтерот (карбонскиот) е засите и му е време за менување.

off topic, на сличен начин функционираат нуркачките апаратуси со затворен систем. Имаат резервоар со варовник, кој реагира со јаглерод-диоксиодот и станува креда. Но таму, има куп сензори и компјутер кој мери. Кај пречистувачите е оставено со одокативна метода.
Карбон филтерот ке замени кога веке не ке може мирисите да ги апсорбира.
По упатството на Грее трае до 3години ама треба на сонце да се изложи некој сат.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
@Lokvan
Во врска со пречистувачот на GREE,
Јас колку што гледам плазмата и јонизаторот се наоѓаат над вентилаторот или одма под решетката и изгледаат многу мали и ако се пуштени не верувам дека нешто значајно ке се смени - го имам работено на Anion на максимум брзина и не се осека ништо. -
Ти го расклопи уредот и ги виде всушност? -колкави беа
Tие треба да се кај вентилаторот, после карбонската решетка, ама до таму дојдов со расклопувањето и не ја извадив карбонската решетка.

@Lokvan спомна дека можеби е решение да се исклучат конекторите - баш ме интересира дали воопшто ќе работи така уредот и дали ќе може да се користат сите функции без притоа да се вклучува јонизаторот
konektor.jpg
Ова е конекторот, ама треба да се најде кои жици се задолжени за контрола на вентилаторот а кои за јонизаторот.

филтри од активен јаглен (карбон филтри) воопшто не се маркетинг трикови. Уште во прва светска воја со маски со такви филтри се штителе од боените отрови. Потребни се во прочистувачите затоа што загадувањето не е само од пм, има еден куп хлориди, нитрати и други гасови што не се ловат на хепа филтер.
Не е спорно дали активен јаглен филтрира хемиски загадувачи. Знаеме дека ги филтрира. Но тоа што го зборувам е дека димензиите и обликот на деловите со активен јаглен во уредиве, се едноставно несоодветни за да направат некоја разлика. Што значи дека се присутни повеќе за маркетинг, одошто функција. Побескорисни би биле само „филтрите“ со сребрена решетка, кои па ич никаква (ни во мали проценти) функција немаат.
За волуменот на воздух во просечни простории, деловите со активен јаглен се премали и бргу се заситуваат. Понатаму, се прават во облик на решетки со што всушност и немаат филтрирачка функција.

gree-08-jpg.51298

Моето мислење е дека брзо се заситуваат, и ја губат функцијата. Ако добро памтам од наставата по ОНО (да, да, од прошли век :) тие филтри имаа декларирано колку часа можат да се користат, а потоа мора да се заменат. Немам идеја како би се одредило кога филтерот (карбонскиот) е засите и му е време за менување.
Токму така.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
И вентилаторите беа несоодветни, па излезе дека сепак успеваат да исфилтрираат.

Успева ли прочистувачот што го имаш да ги намали непријатните мириси?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Какви „непријатни мириси“?
Бензен, формалдехид, итн, во помали количини не можеш да ги осетиш со нос.

Јас искрено не приметувам некоја значајна разлика во однос дали уредот работи или не. Но внатре пм загадувањето е секогаш осетно помало. Мислам дека повеќето од тие што гледаат „значајна разлика“ или си прават плацебо филм, или од некоја причина има повеќе загадување дома.

А вентилаторите СЕ несоодветни. Штом сум свесен за работата на уредот, значи дека треба да се потивки. Не е доволно само да си ја работат работата.
Димензијата на вентилаторите и на самите уреди, треба да биде таква да работата си ја вршат нечујно. Ама тоа изгледа само во сопствена изработка, пошто зборуваме за величини со габарит кој им е неиплатливо голем на произведувачите (како помала масичка/комода).
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Pa vsusnost I ima aspiratori na Karbonski filter za mesta kade nema moznost od otvor.
A za ona kineska firma te gibav :)

A za drugite zagaduvaci osven Pm treba rastenija od NASA
Да не ти треба помош за местење на кирилицата? Жити сѐ очи болат од ова латиницава од средината на минатиот век.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Какви „непријатни мириси“?
Бензен, формалдехид, итн, во помали количини не можеш да ги осетиш со нос.

Јас искрено не приметувам некоја значајна разлика во однос дали уредот работи или не. Но внатре пм загадувањето е секогаш осетно помало. Мислам дека повеќето од тие што гледаат „значајна разлика“ или си прават плацебо филм, или од некоја причина има повеќе загадување дома.

А вентилаторите СЕ несоодветни. Штом сум свесен за работата на уредот, значи дека треба да се потивки. Не е доволно само да си ја работат работата.
Димензијата на вентилаторите и на самите уреди, треба да биде таква да работата си ја вршат нечујно. Ама тоа изгледа само во сопствена изработка, пошто зборуваме за величини со габарит кој им е неиплатливо голем на произведувачите (како помала масичка/комода).
Успева да ги анулира мирисите еве на пример испрскај со освежувач за просторија или запали цигара одма пречистувачот ке се уклучи во поголема брзина ( сензорите ке светнат на поткалево или црвено зависи)
И по некое време ке ја снема миризбата. јас некогаш кога ке лофтирам на сабајле ми се уклучуваат сензорите на портокалово или црвено.
На ауто цело време ми е наместен
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Какви „непријатни мириси“?
Бензен, формалдехид, итн, во помали количини не можеш да ги осетиш со нос.
Мириси од кујна, како запршка, загорено нешто, а може и пријатни мириси од готвење за да не мириса цел стан. Ацетон, лакови, цигари, разни средства за чистење, мириси од веце, не мора сите да се штетни.
Ете GGTT1 веќе одговори дека ги анулира. Тоа е карбон филтерот. Се додека ги анулира мирисите функционира. После се менува. Не е ниту маркетинг трик ниту плацебо.

А вентилаторите СЕ несоодветни. Штом сум свесен за работата на уредот, значи дека треба да се потивки. Не е доволно само да си ја работат работата.
Димензијата на вентилаторите и на самите уреди, треба да биде таква да работата си ја вршат нечујно. Ама тоа изгледа само во сопствена изработка, пошто зборуваме за величини со габарит кој им е неиплатливо голем на произведувачите (како помала масичка/комода).
Едно е да се гласни, друго е дали се соодветни да го постигнат капацитетот што е специфициран. А и гласноста е специфицирана. А ти тврдеше дека немаат капацитет и производителите дека даваат лажни спецификации.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
^
Не тврдев, за тоа требаат мерени податоци. Го кажав своето мислење, кое патем сеуште не е целосно сменето. Неточни спецификации се секојдневие.

Во врска со мирисите од готвење и лакови, цигари, итн. Ништо не може да се заклучи без хемиска анализа на воздухот пред и по филтрирање. Човек се навикнува на мирисите, или тие се раствараат во воздухот па изгледа како да се намалуваат.

Кај мене кујната е во одвоена просторија со прозор и аспиратор, вратата кон кујната е пвц и дихтува одлично. Не се пуши во другите соби, барем не ништо што чади. ;)
А такви зафати со лакови и бои, автоматски повлекуваат период на неживеење во просторот (и луфтирање 24/7 неколку денови). Тоа се прави во потопли денови.

Земи погледај фотографии од нет, и овде моите фотографии од Гри, и види го карбонскиот „филтер“. Се работи за решетки со солидно големи отвори низ кои воздухот поминува. Слично е кај сите уреди.
gree-08-jpg.51298

Повторно, моето мислење е дека ваквите уреди треба да се очекува само филтрирање на механички (пм) честички.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Еве како реагираат сензорите. Уредов е ТОП поготово со цената.
 
mili2017

read-only
17 февруари 2017
2
0
Dali nekoj od Vas na temava procistuvaci na vozduh ke moze da mi pomogne vo vrska so cepter procistuvacot na vozduh so jonizator, bidejki sakam da go kupam, pred da si gi potrosam parite ako mozete da mi pomognete dokolku izvrsite sporedba so brendot Gree vo odnos na prostorija, m2 volumen itn..
 
ivsss

hello world
16 февруари 2012
345
700
Мили, ги имам и Цептер и Гри прочистувачите, по димензија самите филтри се во сооднос одприлика 4 према 10 или филтерот на Цептер-овиот прочистувач е од прилика 2 и пол пати поголем. Има 2 нивоа повеќе филтрација во него, самиот проток на воздух на час е исто така поголем заради поголемиот вентилатор и подобри спецификации. Цената е исто различна. Парите во никој случај нема залудно да ги потрошиш затоа што инвестираш во своето здравје и здравјето на сите што живеат во истата ќука. Се надевам дека помогнав.

Поздрав,
Ивс.
 
IVSSS да знаеш помогна, зошто не се разбирам освен што читам спецификации од производителот и искрено она што го пишува на страната на цептер е ветувачки за TherapyAirIon и имаат сертификаат, цената е висока 660 евра и тоа ако се одлучам сега зошто цептер слави јубилеј 30 години во МК. ме интересира колкава квадратура можам со него да постигнам дали само една соба или е доволен за цел стан и дали овој проистувач испушта озон она што се дискутира за gree а не е потврдено и дали има некој мерено со цептер за пм честички во воздухот. Фала
 
David 81

read-only
6 март 2017
11
1
@JasSum ова као предизвикуваш на дет'меч, Gree GCF300CKNA vs Winix P300?
Ајде! :)

Gree GCF300CKNA vs Winix P300
Димензии 24.5× 39.6 × 57.6 vs 23 X 42 x 55 cm
Проток на воздух 75/150/230/300 m3/h vs 66/150/240/330 m3/h
Тежина 10kg vs 6.1kg
Цена: 10.000 ден vs 15.500 ден
Цена на заменски ХЕПА филтер: 1.000 ден vs 4.000 ден
(извори: Гри, Виникс)

Значајните разлики се болдирани. ;)
(на што ли Winix заштедиле 4 кила, или 40% од тежината)

Ако претпоставиме дека два ХЕПА филтри годишно ќе се употребуваат, тогаш Winix P300 е годишно поскап 6.000 денари. На тоа иде и 5.500 ден разлика во чинење на уредот. Значи само во првата година во старт е 11 илјади поскап, и секоја година уште по стотче додавај (евра).
За 5 години разликата ќе стане 500евра (за заменски филтри) + 5.500 ден почетната разлика, севкупно 600 евра. :innocent:

Практично излегува дека со одбирање Гри наместо Winix, секои пар години имаш гратис Gree GCF300CKNA и 2-3 ХЕПА заменски филтри. :D

Морав... Малку да се пошегувам. :p

Филтрите на WINIX се 4000 денари комплет( 1 хепа + 4 графитни) за разлика од грее само хепа филтерот чини 1000 денари.
Нека не ве лаже цената на грее, кинески се, немаат сертификати и испуштаат озон.

Работата е во тоа што наведените се генерални вредности. Кога реков дека секој треба да види според сопствените потреби, мислев на тоа дека секаде се различни условите (кај различни корисници). На пример некој повеќе чисти од некој друг, некаде е почисто од некаде на друго место. Некаде природно надвор има помалку прашина, некаде помалку. Затоа 40м2 не се секаде исти. :)

Инаку целосно се согласувам со кажаното за постојано филтирирање наспроти повремено филтирирање. Најдобро е уредот цело време да биде пуштен, на ауто или на sleep (најтивко). На тој начин и послаб уред може да биде поефикасен во поголем простор.
 
David 81

read-only
6 март 2017
11
1
Филтрите на WINIX се 4000 денари комплет( 1 хепа + 4 графитни) за разлика од грее само хепа филтерот чини 1000 денари.
Нека не ве лаже цената на Грее, уредите се кинески , немаат сертификати и испуштаат озон.
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Филтрите на WINIX се 4000 денари комплет( 1 хепа + 4 графитни) за разлика од грее само хепа филтерот чини 1000 денари.
Нека не ве лаже цената на Грее, уредите се кинески , немаат сертификати и испуштаат озон.
А WINIX од каде се?
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Филтрите на WINIX се 4000 денари комплет( 1 хепа + 4 графитни) за разлика од грее само хепа филтерот чини 1000 денари.
Нека не ве лаже цената на Грее, уредите се кинески , немаат сертификати и испуштаат озон.
Како измеривте дека испушта озон ? Сте го користеле сте го измериле некако ? Дајте некој факт.
WINIX на кутијата што пишува ? Да погодам made in P.R.C или Made in China.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв