Ова ќе биде повеќе фото-рецензија, отколку некој обемен текст. Од мојот личен кориснички аспект за кратково време за кое го користам уредов можев да ги забележам следните работи кои ќе ги наведем по хронологија на некоја моја логика.
Прво, уредот доаѓа исклучително добро спакуван, на исто ниво како пакувањето на клима уредите од Гри. Не ми се снимаше unbox-инг ама ако некој има желба да ја види амбалажата, може да ја фотографирам.
Од физички аспект испадна релативно поголем отколку што очекував во однос на фотографиите и видеата кои ги имав гледано на нет:
Уредот тежи 10 килограми што не е незанемарлива тежина, но обликот и 3те отвори во горниот дел од задната страна го прават релативно лесно подвижен за просечна возрасна индивидуа (од било кој од двата пола).
Естетиката на уредот е допадлива. Од функционален аспект воздухот го зема странично од левата и десната страна, потоа минува низ филтрите и прочистен се исфрла нагоре.
Овде можете да ги видите спецификациите.
Зависно од модот на работа потрошувачката оди до 64 вати, а јачината на звукот што притоа го прави работата на уредот оди макисмално до 48 децибели.
Потрошувачката е навистина занамарлива, ама звукот не е, на најсилниот мод на работа уредот е прилично бучен. Од друга страна во тивок мод на работа звукот е сосема поднослив.
Ова веќе е работа на лични преференци, и кога во пар наврати го демонстрирав уредов на пријатели и на блиски, приметив дека лесно се „заборава“ буката, освен кога е во најсилниот мод на работа кој ионака се препорачува само на кратки интервали кога е важно набрзина да се исфилтрира загаден воздух.
Јас лично сум пропонент на тишина и одам до екстреми за да дојдам до неа (компјутерите никогаш не ми се сместени во просторијата во која се работи со нивните периферии). Затоа (и пошто засега имам само еден) уредов го шетам од дневна во спална. Обично навечер уредот е во дневната соба и таму останува и наутро па се додека не дојде попладне и времето за гледање филмови или слушање музика или други активности. Тогаш уредов го преместувам во спална додека не дојде време за легнување, кога пак го враќам во дневна.
Во план ми е изработка на мој филтер уред, или можеби и набавка на уште еден нов филтер уред. Така ќе имам по еден уред во секоја од просториите и нема да има потреба да ги преместувам.
Друго од спецификациите што треба да се напомне, е волуменот на воздух кој се филтрира во еден час. Тој за овој уред изнесува 260 кубни метри на час. Гри вели дека уредов е „подобен за простории од 40тина метри квадратни“ но тоа земете го со резерва и пресметајте го вашиот вкупен волумен на воздух во дадената просторија, па пресметајте ги вашите потреби.
На пример еве за мојата спална соба (15тина м2, 2.5м висина), тоа е 15х2.5=37.5 кубни метри воздух. Уредов филтрира 260 кубни метри на час, тоа поделено на 37.5 е еднакво на 6.93 филтрирања на час на целиот волумен на воздухот од просторијата. Дневната која е дупло поголема, ќе има ~3.5 филтрирања на час.
Ова е различно од препораките за менување на воздухот во еден час, прво заради тоа што секое наредно филтрирање после следното е се помалку ефикасно (воздухот е веќе исфилтриран), второ затоа што во градовите како Скопје постојано менување на воздухот (вентилација) е рамно на желба за самоубиство заради загаденоста на надворешниот воздух.
^
Еве ги составните делови на делот за филтрирање. Вентилаторот низ филтерот вовлекува воздух и потоа исфилтиран го вентилира нагоре од најгорната страна на уредот. Гледано од лево кон десно, веднаш после вентилаторот се наоѓа прво делот со активен јаглен:
После него доаѓа рамката со ХЕПА филтерот:
ХЕПА филтерот е во плавата рамка, на страната спротивно од вентилаторот има некој слој од материјал со плава боја. За ова Гри во упаството пишуваат дека е нешто што го нарекуваат „HIMOP филтер“. Пребарував и најдов нешто подетално од овој германски текст:
Уредот исто така има јонизатор, но неговата работа е целосно необјаснета. Како што на други теми се кажа, лошо е ако јонизаторот испушта озон и во тој случај би требало да се користи само кога во собата нема жители. Но навистина не знам дали се испушта озон, ова го нагласувам за ако некој знае повеќе, да се разјасни ова.
Нејсе, после овие делови од филтрите доаѓа крупна решетка и поголема комора низ која се вовлекува воздух од страничните отвори на уредот. Последен доаѓа предниот поклопец кој се става и вади прилично едноставно.
Во следниот пост ќе ја покажам електрониката (лимит од 10 слики по пост).

Текстот ме наведува дека ова може да е некој активен дел, нешто во електрониката. Не го разбирам, ако некој може нека објасни.What is a HIMOIP filter?
HIMOP (High Efficiency Multi Oxidation Pottery and Porcelain Granule): A highly efficient ceramic filter using biopolymer materials with highly oxidative properties. The basis is technically treated grain, which is arranged in the form of small spheres with a porous surface in a plurality of juxtaposed combs over the entire filter surface. In a natural way, the organic pollutants in the room air are detected by the filter surface and are split into water and Co2 (carbon dioxide).