• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рецензија Gree GCF300CKNA филтер за пречистување воздух

  • Ја почнал/а темата
  • #152

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,135
4,388
SK
Јас не знам што очекувате од уредов, но извесно е дека тоа што ви се желбите - нема да ви ги исполнат ни 10 пати поскапите уреди.

Да резимирам уште еднаш: Ова е уред со вентилатор кој го тера воздухот низ механички филтер со автоматика која е заснована на сензор за пм честички.

Тоа е тоа, а сето друго, сите џиџи-миџи функции што се рекламираат за овој и за сите вакви уреди, сето тоа е само рекламно залажување на неуки купувачи. Ваквите уреди се сите прескапи за деловите и материјалите кои имаат. Сплит клима се купува за парите колку кошта овој филтер, а за парите колку коштаат некои од осетно поскапите пофенси филтрите може и половен автомобил да се купи... Иако на крај пак СИТЕ се сведуваат на: уред со вентилатор кој го тера воздухот низ механички филтер.

Единствени суштински разлики се цената (на уредот и заменските филтри), и CFM на протокот на воздух. Но на жалост мнозинството се води според еден фактор: нивото на плацебо ефектот (и залажувањето дека се заштитени од загадувањето). Од тој аспект повелете купете пофенси филтер уред, можеби consumer guilt моментот ќе ви придонесе до повеќе плацебо? Ако е така во вашиот случај, прескокнете ги дневните понуди од Нептун и идете право на Цептер (максимум прогноза за плацебо).


@Замисли фала за фотографиите. Новата верзија на уредов изгледа слична, со некои разлики од кои главните се недостатокот од јонизатор и графитна решетка. Првото објаснив колку е „важно“, а второво исто така објаснив колку може да „филтрира“ решетка со оволку крупни отвори:


Не знам што е слојот кај тебе после механичкиот филтер, но на прв поглед изгледа како да реално може да исфилтрира нешто (за разлика од крупната решетка од јаглен која ја гледаш погоре).

Суштинските работи се исти (механичкиот филтер), и подобрени - моторот на вентилаторот, ако им веруваме на спецификациите дека новиот модел има поголем CFM рејтинг. Кога сме кај моторот, еве фотографии од мојата верзија:
P1013032.JPG P1013033.JPG

Ако можеш, фотографирај го моторот од твојот уред. Пар совети за фотографирање: пушти опција за одложено фотографирање (барем 2 секунди), земи воздух и задржи го додека стискаш на копчето за сликање, така ќе имаш пар секунди да го стабилизираш фотоапаратот (или телефонот). Помага ако го потпреш фотоапаратот на нешто статично, или ако употребиш статив (првото е помалку замарање а сепак носи резултати).

Штета што фотографијата со електрониката ти е матна, но се гледа дека електрониката има одредени измени (и доста сличности).


Сензорот на уредов кога домаќинката прави запршка за манџата, всушност детектира пм честички. Кога ќе шприцнете со дезодоранс спреј, сензорот детектира пм честички. Кога ќе отворите прозор, сензорот детектира пм честички. Или не ги детектира, зависно од спецификациите за минимум концентрација која може да се детектира.


Заклучок: Ако ви треба едноставен уред за-не-премногу пари, кој на долги патеки со механичко филтрирање сепак ќе направи разлика во концентрацијата на ПМ честички во вашиот дом... Тогаш ова е уред за вас.

Но ако ви треба макс плацебо за избегнување на реалноста, тогаш заобиколете го уредов и видете други понуди, има и повеќе од доволно.
 

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,815
1,926
@Lokvan
Со уклучен јонизатор, побрзо филтрира уредот. Не е пласебо, мерено е. Сите овие екстра филтри учествуваат со по некој мал процент, но сепак нешто прават. Да, скапо е, ама скапи ми се и облека за дете што носи 1/6 материјал од тоа што го носам јас, но ете иста е цената па и повисока.
Капитализам, направи подобро и поефтино, ќе го купам твојот продукт. До тогаш, може да дискутираме од понудата на пазарот, а таа е се подобра и тоа веројатно ќе значи подобри уреди за подобри цени.

Грее без јонизатор, тоа звучи интересно, но зголемена цена за исфрлање на дел кој секако на некој начин ја крева цената е заебавање со клиентите. Размислував за уште еден филтер, да не го мкнам цело време дневна-спална, ама ни под разно нема да дадам пари на некој што ме заебава. Уште кога има и конкуренција која ги дроби за парите...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #154

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,135
4,388
SK
@JasSum ако ништо друго барем има каков таков избор. Кој сака „бенефит“ од јонизирање, слободно нека повели. На @Nevena и на другите кои сакаат јонизатор, за нивните модели без јонизатор им го нудам во замена мојот Гри комплет со решетката од активен јаглен, а како бонус ќе додадам и нов механички филтер од Гри и 3 нови предфилтри. И ќе рачунам дека сум во ќар, пошто ќе имам модел со поголем проток на воздух, и нема да морам да мислам да не пуштам мод на работа во кој работи јонизаторот.


Конкуренција секогаш е добра, ги симнува цените. Проблемот е што Гри и нема конкуренција во овој ценовен сегмент, па алчните увозници („капиталистите“), ги покачуваат цените. Слично како и на пазарот со клима уредите.
Се согласувам со твојата констатација дека цената на уредов е неоправдано зголемена за 30%, па дури и покрај (наводно) посилниот мотор и поголемиот проток на воздух. Но цената е диктирана и од факторот понуда/побарувачка. Вчера пријател отишол да го купи уредов, му рекле дека експресно е распродадена последната пратка и дека следната ќе биде во втората половина од Декември. Им се може, пошто цените на другите уреди се отидени во бестрага, и пошто повеќето од луѓето владеат едноставна аритметика за да пресметаат цена на уред и цена на заменски филтри за во иднина.

Се согласувам и дека Гри има конкуренција која ги дроби, ама не ЗА туку ВО парите. Ти барем најдобро си знаеш, ако менуваш заменски филтри како што ти пропорачува производителот на твојот филтер - со тие цени ти за неколку години користење ќе потрошиш пари како за 2-3 Гри уреди заедно (вклучително со заменските филтри за него). И покрај тоа твојот избор барем е сеуште во границата на она штое нормално за овие уреди. Ич да не правиме муабет за поскапите производи како Цептер. Ама тоа е тоа, за секое шише има капаче.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #156

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,135
4,388
SK
Истото тоа важи и за другите прочистувачи за воздух, и дотолку повеќе важи за нив колку што се поскапи (од Гри). На крај сите прочистувачи се сведуваат на корисната работа која ја извршуваат, а тоа е механичко филтрирање на пм честички преку механичкиот филтер. Ваквите уреди ако работат доволно долго, ќе направат разлика внатре во домот.

Дали се прескапи?
Да, сите вакви уреди се прескапи за чинењето на материјалите и деловите кои се вградени во нив.

Дали има друг избор, за некакво прочистување на домот од загадување со пм честички? На жалост освен направи-сам, нема друг избор. Ако сакаш намалување на пм честичките дома ќе мора да купиш (или направиш) пречистувач на воздух. Понатаму на секој е одлуката колку повеќе пари ќе фрли на поскапи уреди со јонизирање, со плазми, со сребрени решетки, и со разни други непотребни работи за билдање на плацебо ефектот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: maci

Nevena

Intern
30 октомври 2017
5
0
со автоматика која е заснована на сензор за пм честички.
автоматикава на честички не е на ПМ10, може на некои покрупни или на поголема конценнтрација. Денес частам конечно по 5 мин отворен прозор светна црвено надвор е 150 ПМ2.5 и 200 ПМ10.
На @Nevena и на другите кои сакаат јонизатор,
Не знам каде виде дека сакам јонизатор - тоа беше главниот аргумент што се мислев за стариот модел на Грее, и тоа што ми се допадна кај новиот. Твојот има, кој патем не ти е сигурен, мојов нема така да фала за понудата. Додадов и линк каде фино се гледа какво филтри треба да се избегнуваат. По тоа што се извадиле, цената можела 10% максимум да се качи и филтерот 100% покачен сега е 2000ден.
 

Nevena

Intern
30 октомври 2017
5
0
Во моментот кога купував пред 40 дена, немав поголем избор или не знаев во однос на winex овој е подобар, цена перфоманси. На другите им препорачувам да разгледаат понуда на bluair и xiomi.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #159

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,135
4,388
SK
По тоа што се извадиле, цената можела 10% максимум да се качи и филтерот 100% покачен сега е 2000ден.
Kaко кажа @ JasSum погоре, „капитализам“?
Се обложувам дека набавната цена на големо на тие филтри не е над 500 денари по парче. Затоа ставиле 1000ка, дупло. Потоа виделе дека се продава како алва, и не само нивниот заменски филтер од 1000ден. туку се продаваат и тие значително поскапите на најблиската конкуренција (Виникс и останатите)... Епа ако можат да колат, ќе колат.

Јас механичкиот филтер еднаш го дував на компресор, истата пракса што ја правам и со филтерот за во ауто. Во следната прилика ќе направам свој заменски филтер, ќе го заменам материјалот внатре со свој материјал (уште не сум решил со што). Ќе ја искористам пластичната рамка од фабричкиов филтер.

Тоа беше една од главните причини зошто го одбрав уредов, филтерот му е погоден за DIY зафати. Ќе го документирам процесот кога ќе дојде редот за тоа. Дотогаш еве неколку фотографии од „појачањето“ на предфилтерот што го направив пред почетокот на грејната сезона.

P1013087.jpg P1013086.jpg
 

Замисли

Gaining Experience
27 октомври 2014
79
54
Јас планирам да купам 'хепа' филтри од алиекспрес, колку што видов 30*30 цм се 10-15 евра... Ќе треба само да се најде филтер за кој некој го пофалил или можда и напраил мини тест за тоа колку прочистува..

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
  • Ја почнал/а темата
  • #161

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,135
4,388
SK
Може и така, ако нарачаш нешто обавезно пиши што и како ќе излезе. Јас лично би преферирал да најдам некој домашен продавач на вакви материјали кој продава материјал на метро. Ќе се изненадите колку се поевтини работите така „рефус“, и на купени на количина. Проблемот е само дали може да се најде такво нешто (овде).

едит: исто треба да се види и филтрите за воздух, за автомобили што се. Функцијата им е иста, само димензиите дали би одговарале.
 

hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1,701
1,513
sistrum.mk
За ХЕПА филтери терба да се види дали ке може тој вентилатор да го издува воздухот преку него.
Инаку локално кај нас треба да има некаде, ауто лакерите во коморите за фарбање користат филтери за прочистување на воздух. Мислам дека они купуваат на м2.
 

Branko.A.

Intern
6 декември 2017
1
20
ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ЗНАЕ ПРИ ИЗБОР НА ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ



Заради зголемување на свесноста на луѓето за високата загаденост на воздухот како и за негативните ефекти од загадениот воздух, во Македонија се зголеми побарувачката за прочистувачи на воздух, а со самото тоа и понудата на вакви уреди на македонскиот пазар.

Зголемената понуда на различни прочистувачи на воздух како и нивните претерани маркетиншки тврдења ги ставаат потрошувачите во недоумица и конфузија кој е вистинскиот модел?

Насекаде во светот па и во Македонија се нудат различи брендови од кои најголемиот дел на произведувачите се концентрираат на масовно производство на прочистувачи со низок квалитет, со лоши компоненти и технологии кои ни од далеку не ги задоволуваат пропишаните стандарди за прочистување на воздухот како и основните цели: ефикасно и безбедно прочистување на воздухот.

При изборот на вистински ефикасен и безбеден прочистувач на воздух потребно е да се знаат неколку работи:

1. Пред се, потребно е да се согледа кои се загадувачите на внатрешниот воздух?

Се работи за два типа на загадувачи:

a/ Загадувачки честички во кои спаѓаат: алергени, вируси, бактерии, спори од мувла, дизел саѓи, честички РМ2.5, РМ10 и Ултра ситни честички РМ 0.1 и

б/ Гасовитите загадувачи и мириси - во кои спаѓаат хемиските супстанци настанати од различни согорувања како што се индустриските постројки, сообраќајот, ложењето со цврсти и течни горива, вградените синтетички градежни материјали, мебелот, човековите активности,средствата за одржување на хигиена и др.- како што се испарливите органски соединенија, озонот, азотните оксиди, сулфурните оксиди, формалдехид, бензене, полицикличните ароматични соединенија и други.

2. Дали прочистувачот на воздух односно вградените филтри и компоненти ги задоволува минималните стандарди пропишани од Европската Унија, ASHRAE и другите меѓународни институции кои се занимаваат со оваа проблематика?

Воздухот што го дишеме освен кислород, содржи јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, неколку благородни гасови и извесен процент на влага и цел дијапазон на загадувачи. Овие загадувачи имаат три физички состојби: цврста ( како на пример прашина, алергени, бактерии и вируси ), течна ( како на пример: измаглица, магла, аеросолни распрснувачи) и гасна ( како на пример VOXs - испарливи органски соединенија, азотни и сулфурни оксиди, бензене).

Додека цврстите и течните честички може ефикасно да бидат одстранети со употреба на високо ефикасни медија филтри, технологијата која што е потребна за ефикасно отстранување на гасовитите загадувачи е сосема различна од таа што е потребна за филтрирање на многу ситни честички и аеросоли од причина што гасните загадувачи и миризбите се со различна физичка состојба и со екстремно мала големина ( <0.001 микрони).

Постојат илјадници студии кои ги докажуваат негативните ефекти од загадениот воздух врз човековото здравје и од таа причина, релевантните европски и светски институции со години наназад донесуваат мерки и стандарди за прочистување на воздухот во деловните и станбените објекти.

I. Стандарди за филтри за воздух:

Во Европа и во светот, филтрите за прочистување на честички се класифицирани според два стандарда:

1. Европскиот стандард EN779:2012 кој стапи во сила во 2012 година и со кој се класифицираат филтрите за воздух врз основ на нивната најниска ефикасност на филтрација.

Во најниската група, со најниска ефикасност спаѓаат грубите филтри класа G1 до G4, средна група класа М5 до М6 и во групата со висока филтрациона класа спаѓаат филтрите во класа F7 до F9.

Минималната класа на филтри за пред филтрација која гарантира прифатлив квалитет на внатрешниот воздух во станбени и деловни објекти е класата F7.

2. Европскиот стандард EN1822:2009 со кој стандард се опфатени Високо ефикасните филтри за воздух од класите Вистинска HEPA со класа H10 до H14 и ULPA филтрите со класа U15 до U17. Овие филтри, чии материјал е од болнички вид, заради нивната висока ефикасна филтрација претставуваат витална технологија во прочистувањето на воздухот. Овие филтри за да бидат класифицирани како Вистинска HEPA и ULPA мора да се тестирани во независни лаборатории каде што се тестира нивната вистинска ефикасност на филтрирање на честички со големина од 0.3 микрони при најголема пенетрирачка моќ на честичките (MPPS).

Производителите на собна опрема за прочистување на воздухот треба да обезбедат документација за ефикасноста на Вистинската HEPA филтрација која доаѓа во форма на независен извештај од тестирање или во форма на Цертификат кој покажува дека целиот систем за прочистување на воздух бил тестиран и цетртифициран посебно и дека има постигнато ефикасност од 99,97% за честички еднакви или поголеми од 0.3 микрони.

На сметка на имиџот на високите перформанси кои ги имаат HEPA филтрите, а со цел да се заработат големи пари, некои производители на прочистувачи на воздух користат енормно неефикасни и ефтини филтер медии или полипропиленски филтер материјали (со ист физички стил) и ги нарекуваат HEPA или HEPA-type филтри. Нивната вистинска ефикаснос е помала од 50% за честичките од 0.3 микрони. Тоа се таканаречени Лажна HEPA филтри.

Овие производители, го употребуваат зборот HEPA и процентот на ефикасност 99,97% за да ги залажат потенцијалните купувачи на прочистувачи на воздух, да веруваат дека системот може да обезбеди иста ефикасност на филтрирање како и Вистинската HEPA филтер. Ваквите постапки се штетни кога се работи пред се за болни лица на кои им се потребни ефикасни прочистувачи на воздух или пак ако прочистувачот се користи за контрола на инфекции кои се пренесуваат преку воздухот. На овој начин тие им создаваат лажна сигуност на корисниците.

Исто така, прочистувачите на воздух несмеат да користат никакви токсични хемикалии или штетни течни адитиви од причина што постои реална можност истите да се реемитираат во внатрешниот воздух и да предизвикаат несакани краткорочни и долгорочни здраствени проблеми.
Филтрирањето на воздухот мора исклучиво да се потпира на ефикасноста на филтрите. Единствено докажана и одобрена технологија е механичкото филтрирање на воздухот со високо ефикасни цертифицирани филтри класифицирани според стандардите на Европската Унија.

Но и покрај тоа, некои производители за да ги привлечат потенцијалните купувачи, во своите рекламни пораки потенцираат дека нивните филтри се: “антибактериски третирани“, “бактерицидно обложени“, “препорачани особено за деца, трудници и стари лица“ итн., а се со цел купувачите да поверуваат дека ќе бидат ефективно заштитени. Но производителите не објавуваат кои антимикробни хемикалии или адитиви ги употребиле така да потрошувачот нема сознание дали се употребени токсични хемикали.

PДруги производители рекламираат дека во своите прочистувачи применуваат таканаречена плазма технологија со која наводно се разградуваат вирусите, бактериите и други хемикалии и мириси со помош на позитивни и негативни јони.

Потребно е да се знае дека јоните се прилепуваат на честичките во воздухот. Честичките во суштина не се отстранети. Еден дел се прилепуваат на површината на ѕидовите, завесисте итн., а друг дел се вдишуваат и се таложат во човековите бели дробови. Очигледно е дека ова таложење може да предизвика големи краткорочни и долгорочни здраствени проблеми. Исто така, јоните не ги филтрираат гасовитите мириси, а воедно некои јонизатори испуштаат штетен озон како нуспродукт. Дури и во многу мали концентрации озонот го оштетува имуниот систем, го надразнува ткивото на белите дробови и може да ги влоши здраствените состојби како што е Асмата.

Трети производители рекламираат таканаречени електростатични/Електронски прочистувачи на воздух. Потребно е да се знае дека максималната ефикасност на оваа недокажана технологија е цца. 55% која се намалува од првиот момент на употреба дури до 10%. Овие уреди бараат редовно и често сервисирање, не ги отстрануваат гасовите и мирисите и неможат да ги контролираат микроорганизмите.

3. Портребната технологија во еден прочистувач на воздух за да ги отстрани Гасните Загадувачи и Миризбите е сосема различна од таа потребна за филтрирање на прашина која содржи многу ситни честички и аеросоли. HEPA филтрите имаат 0% ефикасност за гасни хемиски соединенија. Овие соединенија едноставно поминуваат низ HEPA филтерот.

За ефикасно филтрирање на гасни загадувачи и мириси содржани во воздухот со децении се користи докажаната ефикасна технологија со квалитетен гранулиран активен јаглен. Овој јаглен потребно е да е тврд и да не испушта прашина. Активниот јаглен се состои од јаглеродна текстура која е прочистена со жешка пареа за да се добие екстремно порозна текстура. Како порозен сунѓер, гранулираниот активниот јаглен (во форма на пелети) содржи илјадници ситни пукнатини и пори. Тие се одговорни за многу големата внатрешна површина. Оваа површина дава физичка сила која привлекува многу гасни молекули и ги врзува истите за површината на јагленот. Овој процес се нарекува абсорбција. За да би можел филтерот со гранулиран активен јаглен да работи ефективно, треба да има доволна количина квалитетен јаглен, така да воздухот кој поминува низ филтерот може да ги наталожи загадувачките молекули во активниот јаглен.

Но и за овие гасни загадувачи, многу производители на прочистувачи на воздух, наместо далеку поскапиот но ефикасен гранулиран активен јаглен, користат неквалитетни и ефтини замени со мала ефикасност, а некои дури можат да предизвикаат и несакани здраствени ефекти.

- Најголем број производители користат влакнеста подлога (текстил) која е импрегнирана само со неколку грама Јагленов Прав. Ова е најмалку ефективен начин за филтрирање на гасовити супстанци. Кај овие таканаречени карбонски филтри, многу често се случува да заради големата пенетрација на воздухот кој поминува низ нив, јагленовиот прав да се распрсне во просторот со што може да предизвика несакани здраствени ефекти.

- Други производители користат јаглен направен од Кокосови Лушпи. Овој јаглен е ефтин и го има насекаде но кај многу луѓе јагленовиот прав од кокосовите лушпи предизвикува алергиски реакции. Кокосовиот јаглен е многу мек и создава прашина за време на транспортот на прочистувачот но и за време на неговата употреба. Заради неговата мекост лесно се разложува во прашина и се распрснува во внатрешноста на просторот.

- Други производители користат материјал наречен Зеолит. Зеолитот заради неговата неефикасност никаде во светот не се користи за индустриско или комерцијално филтрирање на воздухот. Производителите на прочистувачи на воздух за домашна употреба го користат затоа што е поефтин дури и од кокосовите лушпи.

- Намалената и за кратко време целосна не ефикасност на филтрирање на гасните загадувачи настанува и од причина што најголем број од производителите како пред филтри користат груби филти од класа G1 до G4 наместо минималната класа F7. Овие филтри неможат да ги запрат Ситните честички ( PM2.5) кои веднаш ги полнат порите на активниот јаглен и доведуваат до негово запушување. Тоа значи дека ефикасноста на активниот јаглен многу брзо се намалува и за кратко време овој филтер станува неефикасен.

Важно е да се разбере дека вистинските филтри со квалитетен гранулиран активен јаглен можат да се справат со голем број гасни загадувачи и миризби, но постојат хемикалии и соединенија за кои активниот гранулиран јаглен не е ефикасен како што се полу испарливите органски соединенија или голем број на органски гасови како хидроген и сулфурдиоксид. За овие соедниненија е потребна хемиска реакција за да бидат разложени. Најдобри резултати при отстранување на овие соедниненија се добиваат со зрнестите хемиски активни абсорбциони материјали, наречени “ Хемисорбери“. Хемисорберите се состојат од алуминиум оксид импрегниран со калиум перманганат. Од оваа причина, вградените филтри за филтрирање на гасни загадувачи и мириси потребно е да ги применуваат двата процеса адсорпција и хемисорпција.

II. Дали сите прочистувачи на воздух се безбедни за употреба?

Не сите прочистувачи на воздух се безбедни за употреба.

- Прочистувачи на воздух кои користат озонски генератори, јонизатори и електроски прочистувачи на воздух може да произведуваат наелектризирани честички и штетен озон и се небезбедни за употреба.

- Прочистувачите за воздух кои користат различни хемиски супстанци и течни адитиви како средство за антибактериско третирање не се безбедни за употреба.

- Прочистувачите на воздух кои наместо квалитетен гранулиран активен јаглен користат јаглен од кокосови лушпи, зеолит или користат филтри импрегнирани со јагленова прашина, неможе да се сметаат за безбедни заради можноста од предизвикување алергиски реакции и други несакани симптоми.

- Прочистувачи на воздух кои користат неквалитетни мотори (вентилатори) како нуспродукт ослободуваат хемиски супстанци, озон и честички.

- Прочистувачите на воздух со метално кучиште можат да бидат одговорни и за испуштање (реемисија) на гасови заради внатрешните синтетички меки заптивки, заптивни соединенија кои се користат помеѓу металните делови и филтрите.

- Прочистувачите кои се изработени од ABS се безбедни за работа со оглед да ABS не испушта гасови (од ABS се изработуваат и компјутери, медицински помагала, лего коцките и други квалитетни производи).

- Поголем дел од кучиштата и компонентите на прочистувачите се изработени од ефтина небезбедна пластика која содржи средства за омекнување како PVC. Инаку главна опасност од овој вид пластика е нивното "off-gassing"-реемитирање на испарливи органски соединенија бидејќи се изработени од пластика која се базира на јаглеродни материјали. Многу од овие материјали кои се базираат на PVC емитираат пластификати, растворувачи и алкохоли. Докажана е врската со респираторни инфекции, астма, алергиски ринитис, отежнато дишење, упорна кашлица и пневмонија. Некои од употребените пластификатори се однесуваат како хормоните естроген и андроген и можат да направат штета на еднокриниот систем на телото. Затоа тие се наречени уништувачи на ендокриниот систем.
 

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,239
4,461
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
Браво, одличен пост, сеопфатен и информативен. Треба да оди како посебна тема.
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,385
3,717
Скопје
Три прочистувачи за воздух донирани за децата во Карпош

Карпош донирала прочистувачи(јонизатори) за најмалите во градинките...
Немам зборови. Наместо да решаваат проблем... А децата од основните школи не се деца? Или средните? Или ние возрасните не треба да живееме? Што е следно? Чачкалици за секој Карпошанец наместо стоматолошки прегледи?
 

NecrotoX

Unstoppable
4 март 2013
3,765
3,957
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Коментирајте во темата Филтер за воздух, ова не е генерална дискусија туку рецензија.
 

BobbyM

Intern
4 јули 2010
1
0
Здраво, јас го имам моделот 300ckna. Дали некој знае или има мерено кои се границите на пм честички, за да сензорот светне портокалово и црвено?
 

damil

On your way to fame
2 јануари 2015
855
937
Јас планирам да купам 'хепа' филтри од алиекспрес, колку што видов 30*30 цм се 10-15 евра... Ќе треба само да се најде филтер за кој некој го пофалил или можда и напраил мини тест за тоа колку прочистува..

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
Проверете во Home page
Они носат секакви филтри.
 

Molec

Unstoppable
18 мај 2011
1,387
2,152
Шифоњер
ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ЗНАЕ ПРИ ИЗБОР НА ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ



Заради зголемување на свесноста на луѓето за високата загаденост на воздухот како и за негативните ефекти од загадениот воздух, во Македонија се зголеми побарувачката за прочистувачи на воздух, а со самото тоа и понудата на вакви уреди на македонскиот пазар.

Зголемената понуда на различни прочистувачи на воздух како и нивните претерани маркетиншки тврдења ги ставаат потрошувачите во недоумица и конфузија кој е вистинскиот модел?

Насекаде во светот па и во Македонија се нудат различи брендови од кои најголемиот дел на произведувачите се концентрираат на масовно производство на прочистувачи со низок квалитет, со лоши компоненти и технологии кои ни од далеку не ги задоволуваат пропишаните стандарди за прочистување на воздухот како и основните цели: ефикасно и безбедно прочистување на воздухот.

При изборот на вистински ефикасен и безбеден прочистувач на воздух потребно е да се знаат неколку работи:

1. Пред се, потребно е да се согледа кои се загадувачите на внатрешниот воздух?

Се работи за два типа на загадувачи:

a/ Загадувачки честички во кои спаѓаат: алергени, вируси, бактерии, спори од мувла, дизел саѓи, честички РМ2.5, РМ10 и Ултра ситни честички РМ 0.1 и

б/ Гасовитите загадувачи и мириси - во кои спаѓаат хемиските супстанци настанати од различни согорувања како што се индустриските постројки, сообраќајот, ложењето со цврсти и течни горива, вградените синтетички градежни материјали, мебелот, човековите активности,средствата за одржување на хигиена и др.- како што се испарливите органски соединенија, озонот, азотните оксиди, сулфурните оксиди, формалдехид, бензене, полицикличните ароматични соединенија и други.

2. Дали прочистувачот на воздух односно вградените филтри и компоненти ги задоволува минималните стандарди пропишани од Европската Унија, ASHRAE и другите меѓународни институции кои се занимаваат со оваа проблематика?

Воздухот што го дишеме освен кислород, содржи јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, неколку благородни гасови и извесен процент на влага и цел дијапазон на загадувачи. Овие загадувачи имаат три физички состојби: цврста ( како на пример прашина, алергени, бактерии и вируси ), течна ( како на пример: измаглица, магла, аеросолни распрснувачи) и гасна ( како на пример VOXs - испарливи органски соединенија, азотни и сулфурни оксиди, бензене).

Додека цврстите и течните честички може ефикасно да бидат одстранети со употреба на високо ефикасни медија филтри, технологијата која што е потребна за ефикасно отстранување на гасовитите загадувачи е сосема различна од таа што е потребна за филтрирање на многу ситни честички и аеросоли од причина што гасните загадувачи и миризбите се со различна физичка состојба и со екстремно мала големина ( <0.001 микрони).

Постојат илјадници студии кои ги докажуваат негативните ефекти од загадениот воздух врз човековото здравје и од таа причина, релевантните европски и светски институции со години наназад донесуваат мерки и стандарди за прочистување на воздухот во деловните и станбените објекти.

I. Стандарди за филтри за воздух:

Во Европа и во светот, филтрите за прочистување на честички се класифицирани според два стандарда:

1. Европскиот стандард EN779:2012 кој стапи во сила во 2012 година и со кој се класифицираат филтрите за воздух врз основ на нивната најниска ефикасност на филтрација.

Во најниската група, со најниска ефикасност спаѓаат грубите филтри класа G1 до G4, средна група класа М5 до М6 и во групата со висока филтрациона класа спаѓаат филтрите во класа F7 до F9.

Минималната класа на филтри за пред филтрација која гарантира прифатлив квалитет на внатрешниот воздух во станбени и деловни објекти е класата F7.

2. Европскиот стандард EN1822:2009 со кој стандард се опфатени Високо ефикасните филтри за воздух од класите Вистинска HEPA со класа H10 до H14 и ULPA филтрите со класа U15 до U17. Овие филтри, чии материјал е од болнички вид, заради нивната висока ефикасна филтрација претставуваат витална технологија во прочистувањето на воздухот. Овие филтри за да бидат класифицирани како Вистинска HEPA и ULPA мора да се тестирани во независни лаборатории каде што се тестира нивната вистинска ефикасност на филтрирање на честички со големина од 0.3 микрони при најголема пенетрирачка моќ на честичките (MPPS).

Производителите на собна опрема за прочистување на воздухот треба да обезбедат документација за ефикасноста на Вистинската HEPA филтрација која доаѓа во форма на независен извештај од тестирање или во форма на Цертификат кој покажува дека целиот систем за прочистување на воздух бил тестиран и цетртифициран посебно и дека има постигнато ефикасност од 99,97% за честички еднакви или поголеми од 0.3 микрони.

На сметка на имиџот на високите перформанси кои ги имаат HEPA филтрите, а со цел да се заработат големи пари, некои производители на прочистувачи на воздух користат енормно неефикасни и ефтини филтер медии или полипропиленски филтер материјали (со ист физички стил) и ги нарекуваат HEPA или HEPA-type филтри. Нивната вистинска ефикаснос е помала од 50% за честичките од 0.3 микрони. Тоа се таканаречени Лажна HEPA филтри.

Овие производители, го употребуваат зборот HEPA и процентот на ефикасност 99,97% за да ги залажат потенцијалните купувачи на прочистувачи на воздух, да веруваат дека системот може да обезбеди иста ефикасност на филтрирање како и Вистинската HEPA филтер. Ваквите постапки се штетни кога се работи пред се за болни лица на кои им се потребни ефикасни прочистувачи на воздух или пак ако прочистувачот се користи за контрола на инфекции кои се пренесуваат преку воздухот. На овој начин тие им создаваат лажна сигуност на корисниците.

Исто така, прочистувачите на воздух несмеат да користат никакви токсични хемикалии или штетни течни адитиви од причина што постои реална можност истите да се реемитираат во внатрешниот воздух и да предизвикаат несакани краткорочни и долгорочни здраствени проблеми.
Филтрирањето на воздухот мора исклучиво да се потпира на ефикасноста на филтрите. Единствено докажана и одобрена технологија е механичкото филтрирање на воздухот со високо ефикасни цертифицирани филтри класифицирани според стандардите на Европската Унија.

Но и покрај тоа, некои производители за да ги привлечат потенцијалните купувачи, во своите рекламни пораки потенцираат дека нивните филтри се: “антибактериски третирани“, “бактерицидно обложени“, “препорачани особено за деца, трудници и стари лица“ итн., а се со цел купувачите да поверуваат дека ќе бидат ефективно заштитени. Но производителите не објавуваат кои антимикробни хемикалии или адитиви ги употребиле така да потрошувачот нема сознание дали се употребени токсични хемикали.

PДруги производители рекламираат дека во своите прочистувачи применуваат таканаречена плазма технологија со која наводно се разградуваат вирусите, бактериите и други хемикалии и мириси со помош на позитивни и негативни јони.

Потребно е да се знае дека јоните се прилепуваат на честичките во воздухот. Честичките во суштина не се отстранети. Еден дел се прилепуваат на површината на ѕидовите, завесисте итн., а друг дел се вдишуваат и се таложат во човековите бели дробови. Очигледно е дека ова таложење може да предизвика големи краткорочни и долгорочни здраствени проблеми. Исто така, јоните не ги филтрираат гасовитите мириси, а воедно некои јонизатори испуштаат штетен озон како нуспродукт. Дури и во многу мали концентрации озонот го оштетува имуниот систем, го надразнува ткивото на белите дробови и може да ги влоши здраствените состојби како што е Асмата.

Трети производители рекламираат таканаречени електростатични/Електронски прочистувачи на воздух. Потребно е да се знае дека максималната ефикасност на оваа недокажана технологија е цца. 55% која се намалува од првиот момент на употреба дури до 10%. Овие уреди бараат редовно и често сервисирање, не ги отстрануваат гасовите и мирисите и неможат да ги контролираат микроорганизмите.

3. Портребната технологија во еден прочистувач на воздух за да ги отстрани Гасните Загадувачи и Миризбите е сосема различна од таа потребна за филтрирање на прашина која содржи многу ситни честички и аеросоли. HEPA филтрите имаат 0% ефикасност за гасни хемиски соединенија. Овие соединенија едноставно поминуваат низ HEPA филтерот.

За ефикасно филтрирање на гасни загадувачи и мириси содржани во воздухот со децении се користи докажаната ефикасна технологија со квалитетен гранулиран активен јаглен. Овој јаглен потребно е да е тврд и да не испушта прашина. Активниот јаглен се состои од јаглеродна текстура која е прочистена со жешка пареа за да се добие екстремно порозна текстура. Како порозен сунѓер, гранулираниот активниот јаглен (во форма на пелети) содржи илјадници ситни пукнатини и пори. Тие се одговорни за многу големата внатрешна површина. Оваа површина дава физичка сила која привлекува многу гасни молекули и ги врзува истите за површината на јагленот. Овој процес се нарекува абсорбција. За да би можел филтерот со гранулиран активен јаглен да работи ефективно, треба да има доволна количина квалитетен јаглен, така да воздухот кој поминува низ филтерот може да ги наталожи загадувачките молекули во активниот јаглен.

Но и за овие гасни загадувачи, многу производители на прочистувачи на воздух, наместо далеку поскапиот но ефикасен гранулиран активен јаглен, користат неквалитетни и ефтини замени со мала ефикасност, а некои дури можат да предизвикаат и несакани здраствени ефекти.

- Најголем број производители користат влакнеста подлога (текстил) која е импрегнирана само со неколку грама Јагленов Прав. Ова е најмалку ефективен начин за филтрирање на гасовити супстанци. Кај овие таканаречени карбонски филтри, многу често се случува да заради големата пенетрација на воздухот кој поминува низ нив, јагленовиот прав да се распрсне во просторот со што може да предизвика несакани здраствени ефекти.

- Други производители користат јаглен направен од Кокосови Лушпи. Овој јаглен е ефтин и го има насекаде но кај многу луѓе јагленовиот прав од кокосовите лушпи предизвикува алергиски реакции. Кокосовиот јаглен е многу мек и создава прашина за време на транспортот на прочистувачот но и за време на неговата употреба. Заради неговата мекост лесно се разложува во прашина и се распрснува во внатрешноста на просторот.

- Други производители користат материјал наречен Зеолит. Зеолитот заради неговата неефикасност никаде во светот не се користи за индустриско или комерцијално филтрирање на воздухот. Производителите на прочистувачи на воздух за домашна употреба го користат затоа што е поефтин дури и од кокосовите лушпи.

- Намалената и за кратко време целосна не ефикасност на филтрирање на гасните загадувачи настанува и од причина што најголем број од производителите како пред филтри користат груби филти од класа G1 до G4 наместо минималната класа F7. Овие филтри неможат да ги запрат Ситните честички ( PM2.5) кои веднаш ги полнат порите на активниот јаглен и доведуваат до негово запушување. Тоа значи дека ефикасноста на активниот јаглен многу брзо се намалува и за кратко време овој филтер станува неефикасен.

Важно е да се разбере дека вистинските филтри со квалитетен гранулиран активен јаглен можат да се справат со голем број гасни загадувачи и миризби, но постојат хемикалии и соединенија за кои активниот гранулиран јаглен не е ефикасен како што се полу испарливите органски соединенија или голем број на органски гасови како хидроген и сулфурдиоксид. За овие соедниненија е потребна хемиска реакција за да бидат разложени. Најдобри резултати при отстранување на овие соедниненија се добиваат со зрнестите хемиски активни абсорбциони материјали, наречени “ Хемисорбери“. Хемисорберите се состојат од алуминиум оксид импрегниран со калиум перманганат. Од оваа причина, вградените филтри за филтрирање на гасни загадувачи и мириси потребно е да ги применуваат двата процеса адсорпција и хемисорпција.

II. Дали сите прочистувачи на воздух се безбедни за употреба?

Не сите прочистувачи на воздух се безбедни за употреба.

- Прочистувачи на воздух кои користат озонски генератори, јонизатори и електроски прочистувачи на воздух може да произведуваат наелектризирани честички и штетен озон и се небезбедни за употреба.

- Прочистувачите за воздух кои користат различни хемиски супстанци и течни адитиви како средство за антибактериско третирање не се безбедни за употреба.

- Прочистувачите на воздух кои наместо квалитетен гранулиран активен јаглен користат јаглен од кокосови лушпи, зеолит или користат филтри импрегнирани со јагленова прашина, неможе да се сметаат за безбедни заради можноста од предизвикување алергиски реакции и други несакани симптоми.

- Прочистувачи на воздух кои користат неквалитетни мотори (вентилатори) како нуспродукт ослободуваат хемиски супстанци, озон и честички.

- Прочистувачите на воздух со метално кучиште можат да бидат одговорни и за испуштање (реемисија) на гасови заради внатрешните синтетички меки заптивки, заптивни соединенија кои се користат помеѓу металните делови и филтрите.

- Прочистувачите кои се изработени од ABS се безбедни за работа со оглед да ABS не испушта гасови (од ABS се изработуваат и компјутери, медицински помагала, лего коцките и други квалитетни производи).

- Поголем дел од кучиштата и компонентите на прочистувачите се изработени од ефтина небезбедна пластика која содржи средства за омекнување како PVC. Инаку главна опасност од овој вид пластика е нивното "off-gassing"-реемитирање на испарливи органски соединенија бидејќи се изработени од пластика која се базира на јаглеродни материјали. Многу од овие материјали кои се базираат на PVC емитираат пластификати, растворувачи и алкохоли. Докажана е врската со респираторни инфекции, астма, алергиски ринитис, отежнато дишење, упорна кашлица и пневмонија. Некои од употребените пластификатори се однесуваат како хормоните естроген и андроген и можат да направат штета на еднокриниот систем на телото. Затоа тие се наречени уништувачи на ендокриниот систем.
Според муабетов боље да не се користи никаков прочистувач на воздухот или да живееме во болница со квалитетни филтри за воздух (и ова го нема Шупакленд) = најдобра заштита од штетен воздух е да се живееме на планина со 0 комшии во радиус од 10км?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #172

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,135
4,388
SK
Заклучокот е повеќе пати зборуван, и овде и на општата тема за пречистувачи/филтер уреди.

Уредиве прават разлика, но само за механички честички и само ако се оставени да работат 24/7 или барем поголем дел од денот, на кратки периоди не се толку корисни. Добро е уредиве да ги комбинираш со билки (опфатени од студијата на НАСА) кои помагаат со хемиските загадувачи во воздухот. Пишував за тоа овде: Филтер за воздух

Инаку да, живеење во планина е веројатно единствениот начин за целосно чист воздух. :hay:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,804
Мислења
850,815
Членови
29,490
Најнов член
cadi1
На врв Дно