1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Gree GCF300CKNA филтер за пречистување воздух

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Lokvan, 3 Јануари 2017.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    + 4 графитни
    Филтри? Мислиш на предфилтрите?
    Предфилтри се крпчиња, кај Гри има дебела графитна решетка - па и таа е играчка која не менува многу, крпчињата предфилтри се само уште посмешни. Графитната филтрација е повеќе за маркетинг во сите уреди што немаат 10тина пати поголем волумен од уредиве за кои зборуваме (сеедно дали Гри или Виникс, истото важи).

    Туку да не ја труеме темава, ти одговорив овде:
    Филтер за воздух
    Реплицирај ми таму на линкот, освен ако немаш конкретни факти црно на бело за тоа што си го напишал овде. Факти се измерени количества на озон.
    Можеш на темата од линкот и да поставиш фотографии од фамозните „+ 4 графитни“ филтри кои Виникс великодушно ги дава. Да видиме што чудо е тоа. :)
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    Кореа за Кина е Јапонија
     
    На stefan_off и toshex им се допаѓа ова.
  3. fau_ig

    fau_ig
    Intern

    11
    36
    30 Јануари 2017
    Машко
    Мал апдејт.
    Како се стопли времево, прекинав да го пуштам пречистувачот (Gree) ноќе бидејќи спиеме со отворена тераса од дневна и индиректно велгува воздух кон спалните. Големиот син повторно има проблеми. Затнат нос, кивање, кучеко кашлање (како од ларингит). Еве недела дена во детската соба цела ноќ работи пречистувачот на sleep мод, терасата е отворена (влегува загаден воздух од надвор) и симптомите му се изгубија.

    Мислам дека ќе го пуштам пречистувачот постојано да работи. И дење и ноќе. Засекогаш.
     
    GGTT1, moongose и на mdeni им се допаѓа ова.
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,142
    2,834
    24 Септември 2012
    Ме интересира сензориве кога ќе се испозапушат како се чистат или нови уреди се купуваат?
     
  5. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    248
    179
    1 Февруари 2017
    Машко
    Со правосмукалка се чистат сензорите на грее едноставно многу
     
  6. Mr.Mrak

    Mr.Mrak
    Intern

    9
    4
    14 oктомври 2016
    Машко
    jAS VAKVA IMAM, sakam da napravam upgrade pa ...

    [​IMG]
     
  7. Jovan123

    Jovan123
    Intern

    11
    11
    6 Декември 2012
    Чудно, но цената на овој уред рипнала 30%. Сега е 13 000 денари, не разбирам што се сменило во меѓувреме. Директно од гримак купувавте?
     
  8. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    се сменила побарувачката.
    доларот е паднат, што би требало да значи поефтин уред, но ете... некој сака поголем профит.
     
  9. xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,506
    15 Јануари 2011
    Машко
    GreeMak ги кренаа цените, бандата што ги дистрибуира тука е тежок хоштаплерај од 2-3јца партнери, кој од кој по-алчен. Се надевам ќе има и други увозници за да се создаде конкурентност на пазарот. Останатите, освен Vivax би рекол ни приближно не нудат уреди во однос на цена/перформанси како Gree (за жал). Сега нешто ICS почнаа со Daikin од Чешка мислам да конкурираат на LOMO lclh. - Ова се однесува на топлотни пумпи (клима уреди) но верувам дека истата ценовна политика ја тераат со цела палета производи.
     
    На Lokvan и igor_igor им се допаѓа ова.
  10. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    248
    179
    1 Февруари 2017
    Машко
    гледам цената е иста
    Прочистувачи на воздух Gree GCF300CKNA ЗА САМО 9990 ден

    а иста цена е и комбинираниот со вода
    Прочистувачи на воздух Gree GCS260BKNA ЗА САМО 12990 ден
     
  11. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,142
    2,834
    24 Септември 2012
    Па каде ја виде рипната?
     
  12. Jovan123

    Jovan123
    Intern

    11
    11
    6 Декември 2012
    Истражував на интернет, па се одлучив да одам да видам на лице место и да купам. Го изгасив прелистувачот, облеков јакна, зедов клучеви, телефон и новчаник, отидов до салон каде ги продаваат уредите. Таму ми ја кажаа цената.
     
    На yasho и mdeni им се допаѓа ова.
  13. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    251
    275
    9 Јануари 2015
    Поскапен е овој модел што го имаат на сајтот, проверив во петокот во дучан. Ми рекоа дека чекаат нов модел оваа недела, немаа точна информација за цена или точно кој модел ќе биде.
     
  14. Nevena

    Nevena
    Intern

    5
    0
    30 oктомври 2017
    Женско
    Се најавив на форумов само ради оваа дискусија, в секој случај многу корисна, па би сакала да додадам некои информации што може да користат. Се двоумев меѓу Daikin MC70LPVM и Winix HR1000 Спред сл. статија:
    https://learn.allergyandair.com/types-of-air-purifiers-cleaners-and-filters/
    исклучив Daikin MC70LPVM.
    Потоа ја најдов дискусијава и го најдов Gree. Во моментов тоа што го имаат во салон е модел GCF330CKNA za cena od 13 000 ден. Зголемен е протокот на 300 или330 и претпоставувам дека затоа е ознаката 330. За жал не можам ништо да најдам на google. Во моментов сеуште се двоумам меѓу него и Winix HR1000. Не ми смета цената на Winix HR1000, ми смета што заработуваат на филтер кој е 25% од цената, и треба да купиш покрај хепа филтер и дополнителни кои и не требаат.
     
  15. Замисли

    Замисли
    Gaining Experience

    79
    54
    27 oктомври 2014
    Некој знае на колку пм2.5 реагира сензорот на новиот модел gcf330ckna , односно кој му се параметрите за средна и висока загаденост. Сеа у центар проветрувам и не реагира сензорот, а надвор е 150 пм2.5.

    Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
     
  16. Nevena

    Nevena
    Intern

    5
    0
    30 oктомври 2017
    Женско
    Немам мерач, ама дефинитивно е слаб, до сега не се вклучи ни еднаш. Дури по првиот ден го вртивме ама тогаш и немаше некое загадување. Дома морав со прашина директни да му мафтам за да се вклучи. Рекоа дека е „ист“ со стариот само со појачан вентилатор и без јонизатор, врз база ан оваа рецензија и го купив, излегува дека се зезнав. Дури излегува дека не е ни конкурентен со цена бидејќи извадиле филтер додале јачина очигледно не ф-ционира ни автоматика а цената е 3000ден повеќе. Така да останува кога ќе отворам врата да оставам 1ч на турбо, и да не се ослонуваш на автоматиката. Ако имаш идеја или како да докажеме дека нешто што нуделе не ф-ционира, јас би го заменила, во моментов се нуди blueair за 50m2 по цен аод 17000-18000ден
     
  17. Замисли

    Замисли
    Gaining Experience

    79
    54
    27 oктомври 2014
    Ќе идам или ќе се јавам деновиве до грее, да видам што ќе кажат... Или @Lokvan или друг нека сподели искуство...

    Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
     
    На Nevena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Замисли

    Замисли
    Gaining Experience

    79
    54
    27 oктомври 2014
    Сензорот нема да реагира на проветретрување, односно нема да се знае дали е загадено со ПМ честички, само реагира ако има чад од цигари, дезодоранс и сл. Е сеа филтерот прочистува до 0.3 микрони(или како и да беше) така да функцијата ќе си ја врши ама ауто модот за ич к*р нема да ми користи...

    Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Misko6000

    Misko6000
    On your way to fame

    708
    689
    5 Април 2015
    Машко
    Баш напротив ТРЕБА да реагира ако е надвор загадено и ауто модот да вклучи веднаш на поголема брзина на вентилаторот. Ако не е така , пуштајте на најјако, нека бучи и чисти воздух.
     
  20. Замисли

    Замисли
    Gaining Experience

    79
    54
    27 oктомври 2014
    Треба ама нема, така ми кажаа од Грее после 20 дена коа се јавив, ама заборавија да ми кажат кога го купувам... Си иам пс3 за да си штракам по контроли... Затоа служи ауто модот, да не се замараш а сензорот служи да ти покаже дали е загадено или не!

    Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
     
    На Krkac и Nevena им се допаѓа ова.
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    Се што напишав порано, сеуште стои. Вистината е дека уредов прави разлика, ако го оставите да работи што подолго време (24/7 по можност). Но сите вакви уреди се бучни на најсилниот мод, и ако слухот ви е нормален, ќе ги користите на мининалниот мод на филтрирање. Најпосле, од ниеден од ваквите уреди не очекувајте чудо, пошто после сите рекламни финти (а ги има многу кај сите уреди) во основа сите тие се сведуваат на механички филтер со вентилатор. Другото е сето ветар и магла.

    Сето ова веќе го објаснив. Сеуште стојам позади тоа.

    Кај мене сензорот реагира дури и кога накратко ќе отворам врата од внатрешен ходник во кој се пушат цигари. Дали сензорот реагира на пм2.5 честички надвор? Теоретски треба, ама јас не го изнесувам филтер уредот на тераса, и не сум луд да отворам прозори кога надвор е ултразагадено за да се докажувам - а вие, терасата ли ја филтирате? Луфтирате кога надвор не се дише? Очекувате некој мал уред (посебно ваков што кошта 150 европски), дека магично да ви ја реши реалноста со загадувањето (наместо политичарите кои ги гласаме)?

    Уредов ќе ја подобри ситуацијата, ама проблемов со загадувањето нема да го реши. Тоа барајте го од таквите како Коце, кои ви ги мачкаа улиците (очите) за демек ауспусите од автомобилите да не загадувале, или барајте од сегашниот градоначалник кој ветуваше гасификација но сега заборави на тоа и ни зборува за присилно парно греење во сите станови од зградите (каде ама баш никој не се грее на дрва)... Така да ако чекате целосно решение за загадувањето од мали уреди, сеедно скапи или поскапи, епа тогаш гадно сте се заебале.

    Во врска со сензорот на уредов, поназад е пишувано точно кој модел/бренд е и што е. Ги имате таму сите информации колкава осетливост има сензорот, била таа добра или лоша. Објаснето беше дека „sleep“ e оптималниот мод на работа кој гарантира невклучување на јонизатор, и потивко работење. Се беше објаснето, и после некој ве излажал да го купите уредот? Или вие сте имале нереални очекување, кои се разбира, не ви се оствариле?

    Мислите дека другите поскапи уреди уреди се толку подобри?
    Можеби се. Зошто не ги купите па искрено да ги споделите искуствата?
     
    На maci му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Замисли

    Замисли
    Gaining Experience

    79
    54
    27 oктомври 2014
    Не знам зашто имаш потреба вака да реагираш, мислам дека никој не пиша дека ти си лажел или сл. Јас само побарав ти или било кој друг да споделиш искуство со сензорот за твојот модел, дали реагира на тие честички и колку е сензитивен затоа што претпоставував дека чим си одвоил толку време да направиш рецензија и да го расклапаш уредот си го тестирал и при различни услови. Јас купувам уред за прочистување на воздух, во Грее ми викаат дека новиот модел е ист како претходниот само со појак издув. А испаѓа дека не е. Нема сензор за мирис, нема малечки крпчиња( филтри кој мене не ми се битни), не ми кажуваат дека сензорот не реагира на загадувањето туку само на чад или дезодоранс. Јасно ми е дека еден уред не може да прави чуда, ама треба сите функции да бидат насочени кон неговата намена, прочистувач на воздух а не знае дали е загадено, дали треба да појача или да намали за да ја врши функцијата.
    И јонизатор нема новиот модел, знам многу полемика имаше на форумот за оваа функција....

    Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
     
    На Nevena му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    Како мислиш, нема „сензор за мирис“?
    Пошто ова веќе е сериозно. Погледај ги моите фотографии да видиш колку е лесно да го отвориш уредот и да ја фотографираш електрониката на новиот модел. Целиот зафат се сведува на одвртување неколку штрафови, и 10 минути работа. Ќе биде интересно да ја споредиме новата со старата верзија, и да видиме дали новата навистина нема сензор, или ако има сензор, дали е ист е сензорот (и да го споредиме со старата верзија ако не е истиот).

    Ајде ако имаш штрафцигер и две раце, и ако си свесно и совесно заинтересиран реално да ја утврдиме ситуацијава, сигурно ќе можеш да одвоиш 10 минути?


    Сензорот регистрира пм честички, потоа електрониката реагира кога густината на пм честичките ќе надмине одреден трешхолд.

    Ти го извади филтер уредов надвор, или само го луфтираше воздухот со загаден воздух од надвор? Пошто краткотрајно луфтирање можеби не внесува доволно загадување, за да се надмине прагот на реакција на уредот... А тоа зошто побогу би внесувал дома загаден воздух, еднаш веќе прашав (но не добив одговор).


    Ова веќе нема смисла ни да се коментира, се е кажано. Додека ве има доволно такви што инсистирате на непотребни додатоци заради наивно верување во нереални рекламни ветувања - дотогаш сите нас заедно ќе не искористуваат да плаќаме за непотребни функции како што е јонизирање. Пошто така кажаа на Топ Шоп дека јонизирање е најбоља ствар после сечен леб, а ако нарачате во следните 24 саати, ќе добиете и бонус изненадување!
     
    На Замисли му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Замисли

    Замисли
    Gaining Experience

    79
    54
    27 oктомври 2014
    По насока на @Lokvan земав и го расклопив Gree gcf330ckna. Ќе бидам краток.
    Сензор за мирис (odor) нема.
    Сензорот за прашина е sharp gp2y10
    Нема јонизатор
    Нема химоп филтер
    Има хај ефишенси филтер (у упатството не ни ставиле дека е хепа филтер)
    Има филтер за прашина као на клима
    Има Формалдехид филтер.

    Јас отворив кога е загадено да видам дали и како реагира уредот. Можда требало повеќе да седи, али еве ќе пробам и на тераса.

    Не мора толку жустро @Lokvan, зашо сум отварал прозори, сум пишал нема јонизатор- ти враќаш нема што да се коментира... Топ шоп...
    Тука сме да помогнеме![​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]

    Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
     
    Krkac, petre.dimov и на Lokvan им се допаѓа ова.
  25. Nevena

    Nevena
    Intern

    5
    0
    30 oктомври 2017
    Женско
    Мое мислење е дека моментално воопшто не е конкурентен, да не зборам за тоа што под „ист“ само...е една листа во која повеќе работи снемало од почетниот модел. месец дена го имам до сега 2 пати се вклучи сензорот за прашина и тоа еднаш кога земав директн да му дувам со прашина за да го проверам дали ф-ционира. Јас го извадив на тераса кога имаше загаденост од 80 микром/м3 и не се вклучи.
     

Сподели

Вчитување...