Нема јако без јони, тоа ме нервира. Само во режимите Anion (негативни јони) и Odor (позитивни+негативни јони, демек плазма) можеш да менуваш брзина, другите се автоматски според тоа што им кажува сензорот (а сензорот брзо реагира). Во Sleep секогаш се труди да постигне најмала брзина и гарантирано не пушта јони, во режимот Auto можеби пушта понекогаш јони (не се знае/не е гарантирано), можеби ако сензорот на Odor (мирис) реагира, но мене никогаш не ми реагирал. Во режимот Turbo дава се` што има = најголема брзина + сите јони.
Тоа е комплицирано. Штета шо не можеш ауто со исклучен јонизатор. Не знам за виниксот како е ама од тој HR 1000 шо го гледав, тоа плазма wave опцијата можеш независно да ја исклучиш од се друго.
Нека ме поправи некој ако сум грешка дека во виниксот можеш јонизаторот комплетно да го исклучиш независно од други ошции.
Кај Шаоми Air Purifier 2 пак ми се допаѓа тоа шо уопште нема такви компликации. Тоа е само вентилатор со филтри. Толку. Плус има мобилна апликација. Во про моделот имаш и екранче шо ти ги кажува податоците шо ги кажува и апликацијата.
Е сеа според најнови податоци што ми пишаа на фејсбук Хај стор и овие од виникс - ми air purifiers МОЖЕБИ ќе добивале кон крај на месецов, а виникс веројатно ќе стигале HR1000 за недела дена.