Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Царинска тарифа

NeoLego

hello world
26 октомври 2014
54
3
и искрено како велиш да е најдобро ако порачам 20 или 25 парчиња ако наплатат како што викаш барем да земам повеќе до околу 25 $ што предлагаш?
 
NeoLego

hello world
26 октомври 2014
54
3
така ке испадне 5 $ сакам да порачам безбедносни стакла за мобилен телефон
 
Последна промена:

spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
Британија нема производство на лаптопи, а сепак штити... Инаку они ги измислиле царинските малтретирања. Јап, тарифи, царини, дозволи за увоз, извоз, све. Баш Британците. И им требало неколку века сега на нас да ни кажуваат прикаски за отворен пазар. Нормално е секоја млада економија да се штити од увози на све и свашта :) И ја така би играл. И уште повеќе ќе стегнуваат. Тоа што мене ми е глупост е оданочувањето на трудот, па тоа не можам да го сварам па ич... И домашниот, ама па работењето по странски сајтови го даночат, а ако ти прати роднина пари од странство - не. СФРЈ мислев изумрел, кад оно што да видиш...

(P.S. Убава книга, проф. на LSE http://www.theguardian.com/books/2010/aug/29/ha-joon-chang-23-things )

Немаат производство, но ги имаат сите претставници на сите познати марки кои нудат модели од а до ш. Овде да сакам да си купам некоја одредена бизнис класа лаптоп на пример треба да чекам со месеци и да платам дебело. Ова "штитење" кај нас оди само на штета бидејки сме скратени од огромен број на нови производи кои ниту се произведуваат ниту се продаваат кај нас, а пошто сме мал пазар и најверојатно никогаш нема да се донесат во продажба. Зборам за работи кои ги бараат мал процент, но се нужни. Еве прв пример кој ми паѓа на памет е Foam Roller. Мислам дека сеуште го нема кај нас додека во Бугарија на пример го имаше уште пред многу години. Може е глуп пример ама ја разбираш поентата. Еве во мојов случај специјален механизам за отварање на врата на плахар кој го нема кај нас и нема да го има ама само тој ми врши работа. Како да напредуваме и да бидеме инвентивни(нели тоа се промовира од владата) кога немаме достап до најобични производи, а не пак последни трендови.

А за оданочувањето на трудот да не зборуваме. Најиритирачка тема евер! Во Македонија има многу фрилансери(сајтови,програмери,СЕО,онлајн маркетинг..). Тие се единствените луѓе кои носат странски пари(доста често и плати по западен стандард) во државава и ги трошат овде, веднаш сите до една! Кажете ми друг пример кој го прави тоа! Па нели се трудиме да внесеме странски капитал? Фрилансерите се најдобрата варијанта за нашава државичка. Јас да сум во влада би промовирал само фрилансање! И субвенции треба да им се дава, а не да се оданочуваат. А да не зборувам пак колку странски фрилансери би можеле да се преселат во Македонија доколку им се дадат поволни услови(без даноци и сл.). Само една реклама по сите СЕО и Интернет Маркетинг форуми и сите ќе се преселат ваму! Стално прашуваат по таквите форуми каде е најповолно и ефтино за живеење. Ех да имаше кој да ме слушне во министерството за информатика..

Океј пратено ми е по DHL, не сакам да ме изгорат пак со лежарини и шпедиција. Некој да ми објасни како да го изведам тоа со „УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА“ и да објасни дали ова што го пишува тука за ослободување од давачки за работи до 350 евра важи:
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=333

Се јавував во царина (на инфо бројот) ми кажаа ништо тука не стига јавете се во пошта. Крајно неинформативни.

Еве го одговорот кој го добив од ТНТ за усната декларација. Ако си од Скопje можеш да го правиш, но не исплаќа. Наплаќаат некои си смешни 1020 за изработка на документи. А со шпедициска услуга преку нив кошта 1500. Така да само 500 си ќар. Стај и бензин и губење ден и ете ти ги.. Башка ТНТ(ДХЛ во твојот случај) до врата ќе ти го донесат. А вака ќе одиш таму да го подигнеш. Уште еден пример за препишан закон кој во пракса нема никаква логика.. Џабе пари трошеле на тие брошурите за реклама царинава наша модерна.

Нема да има никаков проблем во врска со царинењето со усна декларација постапката е следна:

- Доколку сакате вашата пратка да ја царините сами (СО УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА) потребно е да дојдете во ЈЦС Синтек за да ги превземете документите од ТНТ. Со документите се упатувате кој Фершпед (Царинска испостава 1010). На лице место се врши пресметка на царина и данок и се плаќа директно таму. Со документот од 1010 се враќате во ТНТ каде што ви се изготвува фактура за откуп на документи 1020 денари + 500 денари лежарина.
 
Последна промена:

zole1987

read-only
11 април 2015
16
0
Zdravo decki, imam poracano ssd hdd od ebay koj cini 87 usd i praten e po kineska posta. E sega kolku bi mozel da platam carina i danok tuka ?
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Еве го одговорот кој го добив од ТНТ за усната декларација. Ако си од Скопje можеш да го правиш, но не исплаќа. Наплаќаат некои си смешни 1020 за изработка на документи. А со шпедициска услуга преку нив кошта 1500. Така да само 500 си ќар. Стај и бензин и губење ден и ете ти ги.. Башка ТНТ(ДХЛ во твојот случај) до врата ќе ти го донесат. А вака ќе одиш таму да го подигнеш. Уште еден пример за препишан закон кој во пракса нема никаква логика.. Џабе пари трошеле на тие брошурите за реклама царинава наша модерна.

Нема да има никаков проблем во врска со царинењето со усна декларација постапката е следна:

Да но морам да одам до ГТЦ секако да им оставам полномошно за да завршат они таа работа :) Секако саката работа е - им пишав викам барем некако завршете цела работа да не треба јас да се замарам - не бива викаат, мора документи да ни оставиш :))

Како и да е ги контактирав продавачиве и им кажав како е ситуацијата и ко добра компанија се понудија да им пратам сметка ако ми наплати ДХЛ било што и ќе ми покријат трошоци.

Снајди се па живеј :)
 
Alex1986

read-only
19 јануари 2009
12
2
Здраво на сите, имам едно прашање. Направив нарачка на една UK страница, со тоа што бидејки нарачав во тој како Happy hour, ми дадоа FREE shipping до Македонија преку DHL. Е сега гледам на тракинг дека е стигнат во Македонија. Дали ке ме царинат? Се работи за 4-5 парчиња облека за бебе и 2-3 блузи?
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
значи Македонија не е членка на ЕУ, не е во УСА...така да се се царини. Државата не штити никого при увоз на роба, само собира пари и от тоа живее. И теба да се помириме со тоа, данок мора да се плати.
Сите нешто кукате таму било добро ваму било подобро. отавете прикаските. Појдете и видите, колку плаќаат данок, здравство и останати глупости. Во Португалија дерат на царина, посебно од Кина.
Секоја нарачка на роба по интернет е увоз, и тој увоз подлежи на закони.
А увоз без пријавување се виак шверц. А шверц е криминал.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.864
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home

Ај сега кажи зошто некогаш не ни отвараат пратки кои треба да подлежат на царина, а некогаш нешто што не треба да се царини го царинат на памет? Зошто на Пане му го царинеа фотоапаратот ако во законот за царинење стои дека за фотоапарат се наплаќа само ДДВ?
 
Gaston

user
9 февруари 2011
1.729
3.159
Gaston's setup  
Audio
AR
Ја имам малце поинакво (поглупо) прашање: Нарачав плоча (грамофонска) од ebay од Канада и тој нудеше 2 типа на испорака - ground или airmail. Ја си одбрав airmail демек поскапа малце, божем побрза си викам.
И овој ја прати плочата ама нема тракинг број.
Ќе стаса воопшто (т.е. ќе ми ја здиплат ли овде у пошта) пошто нема тракинг број?
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.493
7.782
Скопје
www.facebook.com

За 4-5 дена ке втаса . Ама оние скапаните од царина ја држат 1 недела .
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Ај сега кажи зошто некогаш не ни отвараат пратки кои треба да подлежат на царина, а некогаш нешто што не треба да се царини го царинат на памет? Зошто на Пане му го царинеа фотоапаратот ако во законот за царинење стои дека за фотоапарат се наплаќа само ДДВ?
Проста компарација, кога поминуваш граница со кола, цариникот те прашува дали имаш нешто за пријаљвување. Нормално одговорот е НЕМАМ. И на цариникот останува да те пушти, да ти каже да го отвориш багажникот или ако сумња може да те прати и на канал и детален претрес.
Исто е и во Пошта2. Додека во ДХЛ се отвора и се царинат 99% пакетите. Не дај боже да не се поклопуваат декларацијата и робата во пакетот, ке имаш неколку возења до нив и 20 телефонски разговори,
Ако некој нарачал телефон од 3-400$ и неплатил царина, тогаш тој треба да си упати лото, ксметлија.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.493
7.782
Скопје
www.facebook.com
Мене ме интересира повеќето , доколку пратката е оштетена од страна на царинците дали имам право да си барам надоместок ? Значи доколку е за пратка со голема вредност ? Бидеќи тие постојано го отвораат пакетите и проверуваат и можда во отворањето да го оштетат продуктот . Значи дали има исплаќање на оштета од нивна страна ?
 
xCorbe

hello world
1 мај 2014
249
203
Prilep

Че ти реча дека проблемо е кај испраќачо така да со "ВЛАСТ И СО ГАЗ" тешко дека би излегол ти во право
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.493
7.782
Скопје
www.facebook.com
Еве ти еден пример. Пред 5 месеца ми испратија блузи по куси ракави и лименка пиво спакувана во 300 фолии оние со балончиња . Фатиле ја пресекле надолж лименката и целото пиво истекло во блузите и ја добив пратката после 2-3 недели ко гледам све внатре блузите со црни дамки ниту една не остана здрава.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.864
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Ако некој нарачал телефон од 3-400$ и неплатил царина, тогаш тој треба да си упати лото, ксметлија.

Мобилни телефони: Царина 0%, данок 18%
http://www.customs.gov.mk/HTML/Vodic_tarifa11.pdf

Да, стварно треба да си ксметлија ако сакаш според закон да те царинат.
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk

spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
значи Македонија не е членка на ЕУ, не е во УСА...така да се се царини. Државата не штити никого при увоз на роба, само собира пари и от тоа живее. И теба да се помириме со тоа, данок мора да се плати.
Сите нешто кукате таму било добро ваму било подобро. отавете прикаските. Појдете и видите, колку плаќаат данок, здравство и останати глупости. Во Португалија дерат на царина, посебно од Кина.
Секоја нарачка на роба по интернет е увоз, и тој увоз подлежи на закони.
А увоз без пријавување се виак шверц. А шверц е криминал.

Тоа е повеќе од јасно, нема потреба да се споменува, но точно поради тоа треба работите да бидат поолабавени. ЕУ или УСА се огромни земји кои нудат огромен избор на продукти. Македонија е 2 милиона со средножалосен стандард и нормално е дека изборот на продукти е сведен на минимум. Не ги гледај работите така линеарно. Во една држава се е поврзано. Македонија нема природни ресурси. Македонија треба да го развива и искористува човечкиот потенцијал што и всушност се промовира ама само на тоа останува. Ако Кире е млад иноватор и сака да направи кола која вози на воздух, како Кире ќе набави цинцилатор и федерфуфна ако Кире треба да плати давачки од 90% на државата и да се замара со шпедиции две недели наместо да си работи на својот проект?

Ќе дадам и друг пример. Како што знаеме нели целта на царината е да се заштитат домашните компании. Ако мене ми треба балансштранга за Цитроен, а во продавница има само за Шкода јас ќе морам да го порачам од интернет. Зошто да платам царина и давачки за дел кој го нема во продажба? Дали јас сега треба да ставам балансштранга од Шкода за да избегнам давачки?

На земјите на ЕУ се им е понудено. Многу се ретки и занемарливи продуктите што неможат да се најдат. Во Македонија не е така. Фалат многу работи и си плаќаме давачки за нив како ништо. ДДВ да, треба да се плати за се. Но царината е излишна за голем дел од продуктите.

Така или нека олабават малку да се крене лимитот на 160 евра како што беше оригиналниот предлог или нека ги стават царините на повеќето продукти на 0 кои ги нема ИЛИ нека стават 0 царинска стапка за продуктите од ЕУ. Како и да, варијанти има милион само треба некој да седне, да го слушне гласот на народот и да го измисли решението. Некој кој е платен да го прави тоа.

Патем Португалија е исто во ЕУ и имаат огромен избор на продукта за нарачување по интернет. Невалиден пример.
 
Последна промена:

goki1990

hello world
24 септември 2013
455
355
Skopje
па не е баш така... во еу не плаќаат ддв и царина само за продукти кои се испорачуваат од земји членки на еу... од кина ако си нарачаш и кај нив е исто
 
spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
па не е баш така... во еу не плаќаат ддв и царина само за продукти кои се испорачуваат од земји членки на еу... од кина ако си нарачаш и кај нив е исто

А реално која е потребата на ЕУ членките да нарачуваат од Кина? Ние нарачуваме повеќе бидејки немаме ништо од тие работи. Во ЕУ сите кинески производи на алиекспрес некој ги има веќе увезено и ги продава по скоро иста цена како на Алиекспрес со таа разлика што нема да чекаш 30 дена и да се крстиш дали ќе помине или не на царина.
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Во ЕУ и тек како се нарачува од Кина. можеби не од Али туку од Ebay.
Пишав погоре, не е се како на филм и прикаски за ветена земја.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

ИТ маркет

На врв Дно