• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Царинска тарифа

  • Ја почнал/а темата
  • #1

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,362
Со оглед на тоа дека многупати се повторува истото прашање, во врска со колку се царинските стапки за внесување на електронска (и друг вид на) роба во Република Македонија, решив да ги поставам тарифните информации достапни од страната на Царината, во еден едноставен формат.

Повелете...

http://www.customs.gov.mk/HTML/Vodic_tarifa11.pdf


Компјутерските уреди се на стр. 687 и започнуваат со шифрата 8471. Сите се ослобедени од царина, и со утврдено ддв од 5%.


Наоружајте се со овој закон, следниот пат кога ќе треба да плаќате царина.

ЦАРИНСКО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ЛИЧНО ВНЕСЕНА СТОКА

Дополнителни информации за роба што не треба да се пријави, или пак не подлежи на царина. Долу го имате целиот текст, но во кратки црти гласи вака:

1. Може да се внесе роба за лична или семејна употреба, или подарок, што не ја применува вредноста од 350 евра.
2. Мора да ја внесете лично (не може по пошта).
3. Робата не смее да биде сомнителна дека ќе се користи за препродажба (пример ако имате 300 лажици од 1 евро, шансите се дека не ви се за во кујна кај вас дома, и ќе ве царинат).



Еве го целиот текст превземен од царинската веб страна:

СТОКИ КОИ НЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРИЈАВАТ

Ако сте државјанин на Република Македонија или странски државјанин и пристигнувате од странство, имате право на ослободување од плаќање на царина, ДДВ и акциза при влез во Република Македонија за:

- стоки за лична употреба за време на патувањето (личен багаж);
- тутунски производи:
- 200 цигари, или
- 100 цигарилоси, или
- 50 пури, или
-250 грама на тутун за пушење или сразмерна количина на различни наведени преработки од тутун
- алкохол и алкохолни пијалоци:
- 2 литри вино, и
- 1 литар жесток алкохолен пијалок
- парфем: 50 мл, или
- тоалетна вода: 250 мл.

Ако сте државјанин на Република Македонија, имате право на царинско повластување, заедно со претходно споменатите стоки и на:
- предмети чија вредност не надминуваат 350 евра, ако тие предмети се наменети за лична употреба, за семејна употреба или како подарок. Природата или количината на стоката не смее да биде таква што може да укажува дека се увезува за комерцијални цели односно дека истата ќе служи за препродажба.

Патниците помлади од 18 годишна возраст не можат да го користат повластувањето за внес на тутунски производи и алкохол.

Повластувањето од 350 Евра не се применува за производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалоци, парфеми и тоалетни води во количина која ги надминува погоре споменатите.

За пратки добиени по пошта, важат следните правила:

1. До вредност од 45 евра (со вклучена поштарина) не се наплаќа царина и ддв.
2. Над 45 евра се наплаќа царина 15% и данок 18% освен ако
(3) Побарате да се распредели во правилната царинска ставка (на пример ако за тој дел се плаќа царина помалце од 15%, или данок помалце од 18%. Треба за ова да се пополни некој формулар/барање.


Еве го текстот од царина:

За пратки примени по пошта, физичките лица се ослободени од давачки доколку вредноста на стоката заедно со трошоците не надминува 45 евра.За други уреди се плаќа царина со единствена царинска стапка од 15% од вредноста и 18% ДДВ (во даночната основица се вклучува вредноста на стоката со износот за царина). 3. Единствената царинска стапка од 15% не се применува доколку за уредот кој го набавувате, согласно Царинската тарифа е утврдена царинска стапла „сл" (0) или кога Вие ќе побарате да се царини со царинска давачка утврдена во Царинската тарифа.

Некои од најчестите уреди што се нарачуваат/купуваат ги имате овде објаснето колку се царинат:


Компјутери и делови за компјутери: Царина 0%, Данок 5%
Часовници: Царина 5%, Данок 18%
Музички инструменти: Царина 9%, данок 18%
Мебел: Царина 0-15% (зависи), данок 18%
Игри (вклучувајќи и видео игри, конзоли итн.) Царина 0%, данок 18%
Спортска опрема: Царина 7%, данок 18%
Слики и антиквитети: Царина 7%, данок 18%
Телевизори: Царина 0-5%, данок 18%
Проектори: Царина 0-5%, данок 5-18%
Облека: Царина 0-10%, данок 18%
Објективи: Царина 5%, данок 18%
Дигитални фотоапарати: Царина 0%, данок 18%
Видео камери: Царина 5%, данок 18%
Мобилни телефони: Царина 0%, данок 18%
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,362
interesen podatok, uste da go zgolemat limitot od 45 na 350 evra za pratki primeni preku posta e bide super :)
Тоа едноставно не е можно. Луѓето ќе го злоупотребуваат системот... замисли така секој ден можам да нарачам роба од 350Е.

45Е е сосема солидно и ок.
 

mrce

Intern
2 ноември 2009
189
33
seoblogmk.wordpress.com
abe vidi oni ne pijat nafta tamu.... ako naracuvas sekoj den normalno deka ke te carinat ili da naracas edna ista stvar x10..... istoto e i preku granica ako prenesuvas 10 saati da receme a sepak da ne go nadmines limitot od 350 evra pak ke te carinat...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,362
Да, меѓутоа легално единствената основа им е ако личи дека робата ја користиш за комерцијални цели (препродажба). А тоа многу тешко ќе го докажат, ако нарачуваш постојано нови работи...

- компјутер
- телевизор
- облека секоја недела
- домашен прибор
- мебел


итн итн... Едноставно нема да имаат основ да те царинат, а ти цел стан ќе си го опремиш.
 

goce ilievi

Intern
2 март 2010
633
43
Луѓе дали е запознаен некој.Сакам да купам рамка за велосипед од Италија.Цената е 800 евра.Ќе ми пресметаат ли царина на ова.Напомена:Се работи само за рамка,а не за цел велосипед
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,362
Луѓе дали е запознаен некој.Сакам да купам рамка за велосипед од Италија.Цената е 800 евра.Ќе ми пресметаат ли царина на ова.Напомена:Се работи само за рамка,а не за цел велосипед
Токму за вакви прашања го поставив тарифникот. Погледни си, треба да е најверојатно во спортска опрема, или можеби во некоја друга.

Претпоставка ми е дека сигурно ќе те царинат.
 

goce ilievi

Intern
2 март 2010
633
43
Токму за вакви прашања го поставив тарифникот. Погледни си, треба да е најверојатно во спортска опрема, или можеби во некоја друга.

Претпоставка ми е дека сигурно ќе те царинат.
И јас сум сигурен али прашањето ми е колку?:DАбе овие од царина се стварно тупаци.Подобро ќе му дадам на еден тип што ќе ми ја пренесе на црно и така ич нема да добијат.Пред 2 години кога порачав кутија преку братучедот ми беа акнале царина 25%.Веќе не паѓам на глупи финти
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,362
И јас сум сигурен али прашањето ми е колку?
Па затоа го ставив тарифникот во првата порака. отвори го пдф-от и барај, ќе најдеш таму ТОЧНО колку ќе те даночат и царинат.
 

Audiofil

Gaining Experience
28 октомври 2007
897
342
И јас сум сигурен али прашањето ми е колку?:DАбе овие од царина се стварно тупаци.Подобро ќе му дадам на еден тип што ќе ми ја пренесе на црно и така ич нема да добијат.Пред 2 години кога порачав кутија преку братучедот ми беа акнале царина 25%.Веќе не паѓам на глупи финти
Normalno e deka taka podobro bi pominal.Koj im e kriv koga na carina rabotat nepismeni luge koi ne si gi znaat zakonite i naplatuvaat kako ke im tekne.Ne badijala glasi pogovorkata:
LAKOM ZADNIK DVA PENISA JADE!:D
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
27,589
28,398
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
За пратки добиени по пошта, важат следните правила:

1. До вредност од 45 евра (со вклучена поштарина) не се наплаќа царина и ддв.
2. Над 45 евра се наплаќа царина 15% и данок 18% освен ако
(3) Побарате да се распредели во правилната царинска ставка (на пример ако за тој дел се плаќа царина помалце од 15%, или данок помалце од 18%. Треба за ова да се пополни некој формулар/барање.


Еве го текстот од царина:

За пратки примени по пошта, физичките лица се ослободени од давачки доколку вредноста на стоката заедно со трошоците не надминува 45 евра.За други уреди се плаќа царина со единствена царинска стапка од 15% од вредноста и 18% ДДВ (во даночната основица се вклучува вредноста на стоката со износот за царина). 3. Единствената царинска стапка од 15% не се применува доколку за уредот кој го набавувате, согласно Царинската тарифа е утврдена царинска стапла „сл" (0) или кога Вие ќе побарате да се царини со царинска давачка утврдена во Царинската тарифа.
Ова ме збуни малце, дали ова значи дека ако примиш преку пошта било каква хардвер компонента, во мојот случај ќе биде хард драјв (според нив) или поточно SSD јас сум задолжен да платам 18% данок? а доколку го внесам физички на граница само 5%? значи преку пошта = 18% данок, граница, на лице место 5%?

Се разбира немора да спомнувам дека сумата е поголема од 45 евра.

Едит: дупли пост, може да се избрише горниот :))
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,362
Таму пишува на крај... дека таа ставка не важи кога:

Единствената царинска стапка од 15% не се применува доколку за уредот кој го набавувате, согласно Царинската тарифа е утврдена царинска стапла „сл" (0) или кога Вие ќе побарате да се царини со царинска давачка утврдена во Царинската тарифа.


Мене ме имаат „царинето“ 5% по пошта, така да и од лично искуство потврдувам дека е така.
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
27,589
28,398
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Во ред, фала ти многу :bravo:
 

Kafka

Intern
8 јуни 2007
128
19
Korisen predlog.
Koga birate sto da kupite od stranstvo dobor bi bilo da prasate za carinsiot kod sto go ima toj proizvod(koj btw e ist carinski kod za cel svet ) i se vika HS CODE.
Taka da toj zapocnuva so 4 cifri koj go oznacuvaat poglavjeto pa ponatamu moze da odi do 16 cifri za da se opredeli tocniot proizvod. Obicno kompaniite koj prodavaat vo stranstvo go znaat ovie kodovo i ako gi prasate sigurno kej dobiete odgovor od niv i kej si proverite kolku carina ima za niv.
Se nadevam deka objasnuvanjeto kje mu pomogne nekomu. Ako nekoj ima prijatel koj raboit vo spedicija mozebi uste podetalno moze da objasni sto e i kako e rabotata.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,362
Добар предлог. Само не знам на ebay колку од продавачите го знаат тој код. Ако се работи за помали трговци, не ми се верува да го знаат, додека поголемите сигурно го знаат.
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
27,589
28,398
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Korisen predlog.
Koga birate sto da kupite od stranstvo dobor bi bilo da prasate za carinsiot kod sto go ima toj proizvod(koj btw e ist carinski kod za cel svet ) i se vika HS CODE.
Taka da toj zapocnuva so 4 cifri koj go oznacuvaat poglavjeto pa ponatamu moze da odi do 16 cifri za da se opredeli tocniot proizvod. Obicno kompaniite koj prodavaat vo stranstvo go znaat ovie kodovo i ako gi prasate sigurno kej dobiete odgovor od niv i kej si proverite kolku carina ima za niv.
Se nadevam deka objasnuvanjeto kje mu pomogne nekomu. Ako nekoj ima prijatel koj raboit vo spedicija mozebi uste podetalno moze da objasni sto e i kako e rabotata.
Фала многу! реп+ :bravo:
 
16 април 2010
93
6
А ме интересира од каде царината знае колку вреди тој производ. Пример јас најдов на интернет некој предмет супер евтино, да речиме дупло помалку од нормалната цена. Е сега тие ќе ми го царинат по нормална цена?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #18

krale

Practice makes perfect
6 февруари 2009
2,300
1,362
А ме интересира од каде царината знае колку вреди тој производ. Пример јас најдов на интернет некој предмет супер евтино, да речиме дупло помалку од нормалната цена. Е сега тие ќе ми го царинат по нормална цена?
Треба да им доставиш фактура. Најчесто самите продавачи ставаат ознака колку чини производот. Доколку царината се сомнева дека се прават манипулации со цената, може да ја одреди истата каталошки.
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,332
3,683
Скопје
На http://customs.gov.mk/ има и добар срч (и уште неколку други) http://customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=61 зашто во ПДФ-от не успеав да пребарувам. Енкодингот намерно им е зафркнат...

Под кој број е делот за велосипед? И дали е произведен во ЕУ? Да не е од тие што се ослободени од царина, тогаш само ДДВ ќе те фркнат.

Генерално е излишно да се зголемува лимитот од 350 евра - на сѐ што ќе мислат цариниците дека е за продажба и сега можат да стават царина (ако има) ама ДДВ 100% ставаат, па може и фактурата да не ти ја признаат па ќе ти ѕвизнат одокативно, па не се исплати да се увезува пешки. Особено што продавачите ретко каде ти даваат враќање на странскиот ДДВ во целост, најчесто докај пола ќе добиеш. По пошта можеби и има бизнис - ќе си нарачаш без нивно ДДВ па и да го платиш нашето, ништо страшно. Башка што цените кај и да е ќе се нивелираат со тие во соседството..
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,332
3,683
Скопје
А да нарачаш и да пробаш со помала нарачка? И напиши тука после :) Јас сум нарачувал колички (мали, детски), книги, бордгејмс, СИМ адаптер, без да платам царина, само тоа трошокот у пошта :)
 

masterficx

Gaining Experience
5 јули 2009
1,345
348
masterficx's setup  
Processor & Cooler
Intel Q8200 + CM Hyper 212+
Motherboard
GA-G41MT-S2PT
Storage
Spinpoint F3 1TB
PSU
CM Elite 460
RAM
8GB [email protected]
Video card
Gigabyte GT640 2GB
Case
DeepCool Tesseract Black
Monitor
LG 22" TN
OS
8.1 64-bit
А за протеини и витамини како се плајка??
не знам да ти одговорам на прашањето, но имаш МНОГУ продавници во скопје што би можеле да те снабдат со тоа што ти треба ако не се снаоѓаш кажи ми што сакаш да купиш ќе ти кажам од каде да побараш
 

Acid

Intern
17 април 2007
45
36
www.kajgana.com
Водичот во PDF документот погоре е од 2010 година.
Сега има нов водич на customs.gov.mk во rar/xls фајл. Еве го фајлот. Добро е што за разлика од PDF документот, тука може да си пребарувате :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,673
Мислења
830,156
Членови
28,671
Најнов член
digado133
На врв Дно