Daniel86
poweruser
Daniel86's setup
- Processor & Cooler
- i5 11400 & Deepcool AK620
- Motherboard
- Gigabyte Z590 UD AC
- Storage
- Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
- PSU
- Asus Rog Strix 850W
- RAM
- 2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
- Video card
- Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
- Case
- Deepcool Tesseract SW Black/Blue
- Mouse
- MX Master 3
- Keyboard
- Aula Moon Slasher
- Audio
- Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
- Monitor
- Asus TUF Gaming VG27AQ3A
- OS
- Windows 11 Pro
Морам да признаам, ми го разбудивте ентузијазмот за натпревар во мене. Сфаќам дека на некој начин бевте ставени на тапет, но не со лоша намера. Немам намера на никого да му контрирам со глупости, ниту да навредам некого, а најмалку пак да се обидувам да нарушам нечиј углед, таман работа, да не ме сфатите погрешно, ве почитувам максимално сите сервисери, но сепак е ова форум, а не сервис во којшто вршиме Reballing, меѓутоа, овде гледам дека коментарите претежно се базираат на лично искуство, што е сосема во ред, но, гледам и дека не го ни размотривте текстот, да елаборирате како постручни од мене, зошто би можело тоа така да биде, и зошто само 70-80% од поправките се успешни, и тие се со мала гаранција.
Плус прочитав дека 80-90% проценти од времето, според ваше искуство, дефектот лежи во куглите. Дали имате начин да докажете дека е само до тоа, или има тука и нешто друго во игра?
Прочитајте го текстот убаво, изгледајте ги видеата целосно, до крај, па да продискутираме околу оваа теорија.
Не велам дека не сте во право, се сложувам дека безоловниот калај си го зема својот данок, и тоа во голема мера, не само кај чиповите, туку општо кај сите апарати, во некои дури и се распаѓа штампата заради него.
Ќе го раскопам и најдлабокиот интернет, во потрага по квалитетни x-ray слики од интерниот состав на процесорите, и ќе се обидам како додаток на темава да ги уфрлам како дополнување, со малку подетално објаснување околу структурата.
Зошто не би имале 100% успех во работата и 100% задоволни клиенти нели?
Се надевам нема да се налутите или да ми замерите, сепак е ова само дискусија