Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Јас порачав книга на старо, истотака има многу попусти (барај ги на гугл), има по 10-20% на книгата (попустот не важи за shipping-от). Меѓутоа книгата што ја нарачав кошташе ~5$, така да попустот ми беше ~$1. За телефонот не е битно, никогаш не ми се јавиле. Книгата ми стаса за приближно 30 дена, меѓутоа не платив ни денарче на нашиве пошти ниту пак пари за царина. Книгата е добро спакувана, и како нова, многу малце користена (видов еден човек се потпишал на книгата) и најверојатно само тој ја користел. Јас сум многу задоволен од квалитетот. Сега ако си купил книга за $2 ~ 80 ден. може да е полош квалитетот или да има подвлекувано.