Јас сум од Битола и можам да потврдам дека носат одлична роба. Меѓутоа, телефонот што јас сакам да го купам--OnePlus 5T--само мобеликс го носат. Малку сум на резерва во врска со тоа дали да го земам од нив, бидејќи не знам робата од каде ја земаат и дали е за европски пазар. Знам од каде доаѓа робата во мобиком ама не сум сигурен за мобеликс. Дали некој има информации во врска со тоа?+1 за Мобиком
Читав на форумов размислувајќи се измеѓу iButik и Мобеликс. Бев заинтересирана за iPhone 8+ и најверојатно ќе го земев од iButik да не беше толку неуслужлив вработениот. Ми рече дека го немаат телефонот и пишував 3 недели константно за кога ќе го добијат. Мобеликс го имаа. Она што ме натера да отворам по форумиве е што ниеден од нив не ми одговори на прашањето од каде е увезен телефонот, бидејќи разликата во цените од iStyle/T-mobile/Vip е 10К, а нивниве цени се смешни и нереални. Прочитав овде за битолските Мобиком, сеслушнав со газдата, крајно услужлив, ми го одговори секое прашање и ми кажа како што пишаа на форумов дека телефоните се од Атина наменети за ЕУ пазар. Она што ме убеди е вториот пат кога се слушнавме кога побарав IMEI и serial number (ми ги кажа секако) и ми рече да не се секирам, дека со гаранцијата можам да отидам и во iStyle, како и во секој овластен Apple Store во Европа. Телефонот до Скопје пристигна преку карго, целосно нов и неотпакован, валидни IMEI и serial number секако, а гаранцијата е на грчки. Го користам веќе една недела без никаков проблем. Првпат купував телефон од мобилара и мислам дека го напраив вистинскиот избор.
За сервис на iPhone, ги препорачувам Duna. Ми беше продадена чкарт батерија која се набабри и почна да ми го одлепува стаклото (кога користев 4s) од другар чиј брат има мобилара, штета не знам за која станува збор. Телефонот го однесов во Дуна, средија и стакло и батерија перфектно. Единствено што се малку скапи, но барем знам дека нема да ми го демолираат телефонот вадејќи оргинални делови.