Мобилари во Македонија - искуства и мислења

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од NERD., 12 Февруари 2015.

  1. NERD.

    NERD. Ентузијаст

    1,434
    356
    19 Април 2010
    Машко
    Мое мало не-директно искуство со ледиком: Женска на другарче мое запна iPhone 6 Plus, и ништо друго. Нормално, apple fan boy ја поддржав но посочив да бидат претпазливи при купувањето на уредот, Македонија е. Фино лепо си го купија од ледиком, 6+ 16gb. Си го поработи недела дена и почна да прави проблеми, се исклучувал, кочел и слично. Го зедов во рака и прво ми падна во очи Touch ID апликација на почетен екран. Апликацијата ја има само на демо телефони, т.е. изложените по салони. Ок, поминува тоа, се мачам да го опоравам app store акаунтот неќе да се инсталираат апликации. Забранет пристап до веб страници преку сафари со pass code, макар што никогаш не ставиле pass code, нема reset опција во general, апликациите се полни со „фејк“ податоци за демо (fitness, photos). Моментално пробувам restore преку itunes без back up и update на 8.1.3, па ќе видиме што ќе излези после ова. Цела збрка ми е матна. Што продаваат тука? Некакви искуства со ваков вид на проблем? Дали да го враќа? Заборавив да спомнам дека на кутијата нема factory sticker, да се знае кога е прв пат отворен телефонот. Покасно ќе проверам сериски број на кутијата и ќе споредам дали е ист со серискиот број во самиот телефон, па ќе надополнам.
     
    На anonimen12, olikomerc, vlavot и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. tomi

    tomi Guru

    3,686
    3,454
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Јас лично никогаш не би купил телефон од Ледиком, прво затоа што се албанци кој работат во чаир и мн разбирање со нив нема, телефоните стигаат по матни канали, 300 комбинации прават. Познавам мн сервисери за мобилни а и соработувам со луге кој работат во големи фирми што работат со мобилни телефони и сите го имаат горенаведеното мислење, телефон од мобилара на ново не се купува, доколку нема гаранција од некој наш оператор, се друго е шверцана роба и мн пати знае да е нефункционална, јас порано имав слично искуство со Mobelix, купув нов HTC One X, кој ми го продадоа како нов, без кутија, со неоригинал кабел,адаптер и слушалки, иако мн тешко се препознаваат пошто се исти како оригиналот, но пошто менувам често телефони можев да приметам и знаев дека е така тоа функционира, најчесто телефоните стигаат од дубаи, кој прво им стигаат телефони па после неколку дена им стигаат и кутиите, затоа викам 300 комбинации, муабетот ми е следен, го зимам телефонот стигам дома и гледам дека има проблем со мрежата, нон стоп пагаше, се губеше па ке добие катастрофа, веднаш ги контактирав и за среќа добив нов телефон кој ми го набавија незнам како од t-mobile со гаранција кутија и се останато, од тогаш па натака реков мобилара мене не ме гледа поготово не за нов телефон.

    Провери го телефонот според Imei овде и прати еден скрин да виидиме што пишува.
     
    На Borsa, DrMTR, igor_igor и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. vlavot

    vlavot Medicus

    2,580
    2,366
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Кутии, знам дека не даваат компактни со телефонот, туку што им се најде, а за уреди конкретно не сум слушнал некој проблем да имал.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tomi

    tomi Guru

    3,686
    3,454
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Имав другар кој има мобилара, имаше од кај нив купено 5 комада Samsung S5 само што искочија, кога стигна кај него во дукан виде дека 3 беа фалични а само 2 исправни после тој муабет Ledikom беше избришан за мене.

    бтњ, самото тоа кажува зашто се најефтини од сите други мобилари, затоа што имаат пари може и они го прават најголемиот увоз во Мк, и може да диктираат односно да спуштаат цена и да бидат по привлечни од нивната конкуренција.
     
  5. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj Гик

    783
    279
    7 Март 2014
    Машко
    Во мобеликс ако купите нов телефон ви следи оргинално пакување со сите додатоци.
     
  6. tomi

    tomi Guru

    3,686
    3,454
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Не е точно, погоре напишав дека кога купив нов HTC One X, ми дадоа полнач, слушалки, едно ливче нивна гаранција и една мала пазарска кеса.
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DrMTR

    DrMTR Sensei

    4,844
    4,635
    27 Март 2014
    Може едно време правеле комбинации од пропратните елементи од телефонот, ама сеа веројатно се научиле како треба да изгледа нов телефон.
     
  8. tomi

    tomi Guru

    3,686
    3,454
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Јас мислам дека не постои мобилара која дава оригинал кабел и полнач за кабел, во 99 посто од случаевите се добри копии кој неможеш да ги препознаеш но со тек на користење ке сватиш дека е само едно кинеско гјубре. Не за џабе половни кабелчиња за Iphone ги продаваат за 20 евра и тоа тепачка е да дојдеш до нив, истото е и за полначите посебно кај Apple ова е нај изразено. Вчера другар купуваше Iphone 6+, во рака држев кинеско и оригинал кабелче, и можам да кажам дека неможев да најдам никаква прмедба со око, но сепак внатре под тоа белото има огромна разлика, кинеското кабелче е 300 денари а оригиналното половно оди 15-20 евра
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DrMTR

    DrMTR Sensei

    4,844
    4,635
    27 Март 2014
    Кабелот е најмалку битен со целата приказна.. Битно е полначот и телефонот да се оригинал, кабелот немора. Мислам телефонот ке се полни и со оригинален и со копија кабел, ама ако полначот е фалц, може да направи проблеми.
     
  10. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR Баниран/a

    2,722
    1,410
    14 Јули 2009
    Без разлика што ледиком се албанци, мене дечките секогаш ми испаднеле во пресрет и до сега со нивните телефони сум немал баш никаков проблем телефоните што сум ги купил од кај нив секогаш сум ги добил во фул паковање со оргинал полнач и остали дрангулии со него
     
    ekonomist, STEFF и на Oktar им се допаѓа ова.
  11. tomi

    tomi Guru

    3,686
    3,454
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Не се согласувам со тебе, како пример ке ги земам повторно Iphone, во самиот кабел кој е за полнење има чип кој одредува некој параметри и прави калкулации, доколку е кабелот кинески сигурно векот на користење ке му биде мн помал а друго може да се деси да ти направи и друг проблем, а полначот како што ти кажав, можам да ти покажам еден до друг кинески и оригнал без да видиш никаква физичка/козметичка разлика во нив.

    Како и да е ја го кажав моето мислење и не терам никој да го зима здраво за готово, едноставно јас сум решил телефон од мобилара да не купувам, и да ги занемериме сите оние горенавадени работи кој ги кажав, повторно не е исто да земеш телефон со гаранција од некој од 3 те оператори и од мобилара, гаранцијата кој ја покрива она од мобилара и гаранцијата која ја покрива овластен сервис не е исто, со мобилари повеке ќе се малтретираш дур дојдеш до остварување на гаранција за разлика од овластен сервис, а друга работа е што при продажба на телефон секој те прашува и гледа од каде е купен телефонот, од каде има гаранција и слично, баш поради тие работи.

    btw, @NERD. најверојатно ке биде сведок на купен телефон од Ledikom кој служел како демо телефон, најверојатно бил без вграден GSM модул, кој подоцна ги вградуваат тука или во србија кој се доста пообучени од нашиве, демо телефон и нормален телефон не е исто, има многу разлики во нив.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lynx

    lynx Sensei

    3,098
    2,387
    4 Септември 2008
    Незнам дали си полнел Apple уред со неоригинален кабел? Или ќе го полни пребавно, или нема да го полни ич, или ќе пишува порака на уредот дека користиш неоригинален полнач/кабел. Паметни се Apple уредите размислуваат и за такви работи.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. petre.dimov

    petre.dimov Ентузијаст

    1,023
    257
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    Јас до сега имам 3 телефони земено со еден пријател од ледиком. Сите со оргинални кутии, слушалки и гаранции, LG G2, Nexus 5 и Samsung Galaxy S5. До сега ниту еден телефон не цркнал ниту пак коче.
     
  14. igor_igor

    igor_igor Ентузијаст

    1,660
    1,956
    2 Септември 2012
    Машко
    Еве едно искуство со мојот телефон купен пред 5 месеци од Вип.
    Се работи за Алкател Идол 2 кој што едноставно престана да се полни (мртов).
    Го однесов на сервис, (Мобико) ставија нова батерија ,затоа што предходната цркнала.
    Позитивна работа: Гаранцијата за батеријата е 3 месеци , тие ми ја признаа иако телефонот беше стар 5 месеци ,значи заштедив 1200-1500 денари.
    Негативна работа: Телефонот беше во сервис 27-28 дена.
    Сигурен сум ако беше од мобилара ќе си ја платев батеријата како попче.
    Како што кажа tomi и јас не би купил нов телефон од мобилара,ама секој си знае за себе најдобро...;)
     
    Последна промена: 13 Февруари 2015
  15. tomi

    tomi Guru

    3,686
    3,454
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Ах тој пуст закон од 30 дена мн ме нервира, мора да правиме петиција да се намали на макс 10, до 10 се трпи иако и тоа е мн, но 30 дена да те остават без уред не е ок воопшто
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oktar

    Oktar Sensei

    2,625
    6,085
    23 oктомври 2012
    Машко
    Јас и мојте блиски досега имаме испазарено најмалку 5-6 телефони од Ледиком и досега само со еден имало проблем, ама веднаш бил заменет со ист таков наредниот ден. Пробелмот беше, телефонот не се полнеше, нареден ден на лице место одма заменет, да се десеше вакво нешто кај оператор, најмалку 20 дена на сервис ке беше телефонот. Инаку и кај нив си има телефони во фул пакување, телефони во рандом пакување и телефони без пакување, ама сепак се мобилара и сите овие имаат различна цена, ама тоа е скроз очекувано, они се занимаваат со купо-продажба на телефени. Имено ако итдеш кај нив ке најдеш ајфон 6 под гаранција од Т-Мобиле што некој им го шитнал, ке најдеш ајфон 6 шверцуван од незнамкаде и ајфон 6 половен, користен Х време. И сите имаат разлина цена, ама мене тоа никако не ме изненадува. А за гаранцијата , не се согласувам дека е обично лисче, кратко е ама си пишува што треба и си има печат и ке ти ја уважат гаранција. Шознам, мене досега ми биле стално ок, иако знаат да бидат малце препотентни, ама па барем не сум имал проблем.
     
    STEFF, Enis-Phantom, vlavot и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. DrMTR

    DrMTR Sensei

    4,844
    4,635
    27 Март 2014
    Еве незнам, пошо немам Ејпл уред. :)
     
    На anonimen12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. uwemi

    uwemi Sensei

    4,919
    4,321
    20 Февруари 2011
    Машко
    Ај ке каже човек ке се измачи 25 дена и едвај ке го средат уредот, ама се знае го носиш иде лепи некое ливче на не уредот и става аларм на телефонот за после 25 дена тој уред да го разгледа и да го поправи...

    За сервис ? Увек кај анхоч би носел све и за машина за перење кај нив би носел на сервис макар и пегла ... :D
     
  19. Can4sta

    Can4sta Гик

    250
    195
    19 Јануари 2008
    Незнам за вас, но јас имам пазарено од кај Ледиком најмлаце 5 телефони, и досега само со еден телефон сум имал мал проблем (Galaxy S2), и беше решен проблемот за експресно време, го однесов сабајлето, ми рекоа да одам да го земам телефонот за 3-4 часа, и се беше Ок, како нов.

    Мене лично муабетот дека не би купил телефон од Ледиком само затоа што се албанци кои работат во чаир ми изгледа смешен, и безврска.
     
    LaLi, Dark HaCkeR, Enis-Phantom и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Vampo

    Vampo Гик

    317
    209
    24 oктомври 2010
    Машко
    Јас ќе споделам позитивно искуство, купив iPhone 4s половен, беше скроз празен, дома го наполнив и го пуштив, секако беше стакло сочуван, како нов, само звучникот имаше некој проблем, крчеше, се вратив (башка работат до 23h) го проверија и одма ми го сменија со друг, се разбира исто топ сочуван, дури и не ми се верува дека некој толку чува телефон. Може е refurbished али неможам со сигурност да кажам.
     
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    20,019
    19,893
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Сум купувaл фoлијa и мaскa oд кaј нив и сум презaдoвoлен. кaкo нoви беa
     
    На masterficx, B@N@N@M@N, besirimeri и уште 22 други им се допаѓа ова.
  22. dangthe

    dangthe Активен гик

    903
    1,039
    5 Септември 2008
    Машко
    Во денешно време што и да купиш, од каде и да го купиш, треба да ти се погоди. Јас последниве 14 години купувам исклучиво од мобилари, не сум добил сеуште фаличен телефон.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  23. DaVoRkNe

    DaVoRkNe Sensei

    2,778
    2,508
    1 Септември 2011
    Машко
    Ако почнам да набројувам со колку мобилари сум имал негативна соработка,ке нема крај во темава,од нова година до денеш датум имам сменето точно 15 мобилни апарати,и тоа од различни мобилари во скопјево,искрено сум преразочаран,во која и мобилара да влезеш и да купиш нов телефон,џабе не е нов,само те лажат како не е користен,оргинал све со него,идеш дома отвараш на youtube unboxing и гледаш дека уствари си заебан,каде е времето и парите да се враќаш назад во мобиларата,да се расправаш кинеш живци за твој пари ејј за твој ебани пари?но сепак сме само едно утепано државиче кој секој клошар во мкд што продал нива,може да си отвори мобилара и да ти соли памет.Пред 1 ипол година скоро,ке оставам да биде анонимна мобиларата,купив galaxy s3 бел 16гб,фул пакување неотворен со фабрички фолии значи истото како од салониве на вип и т-мобиле,по кратко користење,ми дојде комбинација да го сменам за galaxy s4,со моја доплата нормално,се сретнавме со дечкото го гледаше 40 минути телефонот,и на крај ми вика не е возможно да е волку јака копија,јас се чудев пошто моб немаше шанси да се примети дека е копија(јас појма немав дека е копија) на крај отидовме до кај дечкото дома,го стави на пц моб и покажа дека има некој си плоча од xperia,двајцата се чудевме како е возможно ова,јас пропаднав во земја,среќа дечкото се гледаше дека беше разбран ми вика абе не се устручавај,секакви преваранти има,идеме заедно во мобиалрата од каде што си го земал моб,отидовме се каравме 1 саат со газдата на мобиларата дека телефонот е копија не е оргинал,и на крај дечкото што дојде со мене,кога му отвори и покажа,почна газдата да ни вика дека ние сме менувале плоча нешто незнам си што,го оставив телефонот,и му реков дека преку полиција ке се разбереме, и видиме,му напоменав на дечкото дека татко ми работи во мвр и дека има јак чин(што вистина беше така),не помина 1 саат,од каде што и како го нашол мојот бр незнам,ме викна да се вратам во дуќанот,да не правиме сцени,да не се бафтаме преку полиции,него да дојдам и да си земам друг телефон,ме фати инат да не се враќам,ама па си викам ке останам без телефон и без пари,морам да се вратам,ама кинеско гомно не користам.Се вратив и дечкото ми вика земи си ист таков ама оригнал,му реков за сите нервози и мој трошоци и што ме преварил или galaxy s4 оргинал или ништо не зимам,со тешка мака,и пак расправање ми даде s4 користен,иако малце беше чукан по лајсните сепак го земав ,го проверивме одма послем тоа кога отидов дома му се јавив на дечкото со кој требаше да го сменам galaxy s3 за galxy s4,да ми го провери моб ми кажа преку имеи си го проверив ок беше моб.имам уште 1000 приказни за дешавки по нашивме шит мобилари,ама ке ми треба 1 недела да ви раскажувам.Имам мн искуства со iphone телефониве,не сте свесни на какви ствари имам налетувано.

    Со ледиком сум немал искуство а нема ни да имам,ако веќе купувам толку скап уред,или од страна да ми го донесат,или од вип,т-мобиле.
     
    Последна промена: 13 Февруари 2015
  24. smole

    smole Sensei

    2,330
    2,237
    18 Април 2007
    Epic.
     
    На JovanKrstevski1, Vlado.T, HoLfElDeR и уште 2 други им се допаѓа ова.
  25. PandaBomber

    PandaBomber Гик

    314
    400
    13 Јуни 2012
    Машко
    Абе знаеш како е, кога ќе има проблем со телефонот тогаш се гледа колку е добра мобиларата, Ледиком се добри на цена ама друго искуство сум немал, ниту па сакам ради исти причини со @tomi, јас купувам повеќе години од Мобеликс и до сега сум нема проблем со уредите, ако има проблем мислам дека ќе се разберам со дечкото ама не сум сигурен.
     

Сподели