Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Фејк производи

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.319
5.315
Скопје
hackitfree.github.io
Уште полошо што си настапил со таков наслов. Член со 5.562 мислења во моментов на пишување да се избаци со таков kurir(.mk)-ски наслов чисто од што не му се верува за практиките што ги прават сите на светов, which is called marketing by the way, е некако fishy. Можеби е само до мене.
Мислењето е автоматски споено:

Ме разочара и ти со целиот тој namecalling.
Начинот членот ни го претстави ова, во обид да го зацрни огласот е, со или без извинување, педерски.

Употреби цени од YouTube кои не се меродавни за моменталниот пазар (79.99US на страната на лоџитек, ама според членот требало да коштаат 50US) (да не се навраќаме на дискусијата за понуда и побарувачка).
Употреби многу нападен и неточен наслов како типичен македонски вебсајт.
Такада, темата е супер, но начинот на комункација сметам дека не е во ред.
Нема некој да праша глеам „Шо имаш ти бе против педерите !„
Ако ако ќутете си :ROFLMAO:
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Нема некој да праша глеам „Шо имаш ти бе против педерите !„
Ако ако ќутете си :ROFLMAO:

Леле и онака ептен скршна темата дај да не навлагаме во тоа :D Ете нов ден сигурно му поминало на Вајкинг тоа чувство да оставиме вода под мостот.

Еве налетав на сличен пример дури барав да најдам потенцијални фејк декларирани вебкамери:

Значи 2К е маркетинг финта кај камерите за надзор и е уствари ништо поарна од 1080п.
Мислењето е автоматски споено:

Ми излезе и видеово сеа, во Z4 моделот имаат два „фејк“ драјвера од 3 во сателит:

View: https://www.youtube.com/watch?v=lLOTR2xp1wM

Ама ако се иде до коментарите има објаснувања дека во случајов ова било нешо шо се вика Пасивен Радијатор?

1640156677511.png

Така шо научив нешто ново.
 
Последна промена:

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.319
5.315
Скопје
hackitfree.github.io
Леле и онака ептен скршна темата дај да не навлагаме во тоа :D Ете нов ден сигурно му поминало на Вајкинг тоа чувство да оставиме вода под мостот.

Еве налетав на сличен пример дури барав да најдам потенцијални фејк декларирани вебкамери:

Значи 2К е маркетинг финта кај камерите за надзор и е уствари ништо поарна од 1080п.
Поентата на форумов е да се чувствуваме слободно колку можеме - зошто добрите идеи и мисли не доаѓаат под притисок. Ама па нетреба баш и да се „расп....„ овде - се знае што е човечки - како сакаме да ни се обраќаат - така треба и да се обраќаме.
А за камерите, добро што начна тема - што мислиш за „милијардите„ пиксли под кои се водат и се рекламираат мобилните - а квалитетот стои на исто ? Сакам да кажам ако мобилниот од пред 3год вади некој одреден квалитет на фотографија и има камера со сензор од 5М пиксли - зошто поновиов што наводно има 50М пиксли не е 10 пати подобар ? Ни двојно не е подобар !
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Мене тоа со пикселите ми било секогаш прашалник. Пошо ајфони ако може да вадат фантастична слика а да немаат зголемено сензор со генерации значи има нешто и вон тоа. Секако дека делумно тоа е процесирачка моќ и постпроцесирање, ама има и во тоа сензорите некогаш разлики и фини детали шо не се јасни се дури не прокопаш малку.

Не сум експерт за видео и фотографија, ама мислам имаше нешто околу ставање поголеми сензори и после комбинирање на повеќе „пиксели“ во еден, и тоа подобрувало прием на светлина - така некако се поновите профи камери организирани ако не се лажам.

Шо значи на пример ако имаш 100 х 100 пиксели сензор, земеш комбинираш по 10 пиксели во група, и добиваш 10 х 10 пиксели кои се сочинети од 10 помали пиксели, и тоа некако правело да е многу подобра рецепцијата на светлина. Ова лаички јас колку шо (не) сум разбрал хаха.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Поентата на форумов е да се чувствуваме слободно колку можеме - зошто добрите идеи и мисли не доаѓаат под притисок. Ама па нетреба баш и да се „расп....„ овде - се знае што е човечки - како сакаме да ни се обраќаат - така треба и да се обраќаме.
А за камерите, добро што начна тема - што мислиш за „милијардите„ пиксли под кои се водат и се рекламираат мобилните - а квалитетот стои на исто ? Сакам да кажам ако мобилниот од пред 3год вади некој одреден квалитет на фотографија и има камера со сензор од 5М пиксли - зошто поновиов што наводно има 50М пиксли не е 10 пати подобар ? Ни двојно не е подобар !

Сосема друга тема е тоа со мегапикселите. Исто и со DPI на сензорите на глувчињата. Скоро нерелевантна информација кои производителите ја користат да ги изманипулираат луѓето. Но параметрите се тие и нема ништо фејк.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.319
5.315
Скопје
hackitfree.github.io
Сосема друга тема е тоа со мегапикселите. Исто и со DPI на сензорите на глувчињата. Скоро нерелевантна информација кои производителите ја користат да ги изманипулираат луѓето. Но параметрите се тие и нема ништо фејк.
Реално - немат ништо мамено - ама луѓето се во заблуда кога ќе им понудат телефон од 108Мп - тие мислат тоа е авион - тоа сакам да кажам. Не е фејк - ама е заблуда.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042
Леле и онака ептен скршна темата дај да не навлагаме во тоа :D Ете нов ден сигурно му поминало на Вајкинг тоа чувство да оставиме вода под мостот.

Еве налетав на сличен пример дури барав да најдам потенцијални фејк декларирани вебкамери:

Значи 2К е маркетинг финта кај камерите за надзор и е уствари ништо поарна од 1080п.
Мислењето е автоматски споено:

Ми излезе и видеово сеа, во Z4 моделот имаат два „фејк“ драјвера од 3 во сателит:

View: https://www.youtube.com/watch?v=lLOTR2xp1wM

Ама ако се иде до коментарите има објаснувања дека во случајов ова било нешо шо се вика Пасивен Радијатор?

Погледнете го атачментот 107627

Така шо научив нешто ново.
Да ова очигледно се пасивни радијатори, нема врска со првиот пост. Служат за бас слично на бас рефлекс цефка. Секако во соработка со сабвуферот кој треба да ги движи. Често се продаваат во пар со звучникот за кој се наменети - кога се работи за самоградба.
 
l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
Сакам да кажам ако мобилниот од пред 3год вади некој одреден квалитет на фотографија и има камера со сензор од 5М пиксли - зошто поновиов што наводно има 50М пиксли не е 10 пати подобар ?
Затоа што бројот пиксели не биле и нема да бидат мерило за квалитет на фотка. Прашањето така поставено нема никаква смисла за жал. Ова е тој муабет што го прават луѓе кои немаат доволно познавање од технологија, па си бара оправдување за парите потрошени: 1000 евра телефон бе баце, али 102.3 мегапиксели, незнаеш баце слика, џамови...

А заблудата е настаната од самите луѓе, а не од компаниите. Повеќето компании ги следат тие заблуди па заклучува дека за обичен човек, тие неколку "бројки" може да направат разлика, па затоа ќе им ги сервираме тие на послужавник, толку мега пиксели, толку mAh за батерија и слично. Тоа не ги прави компаниите лоши, едноставно така функционираат луѓето (бар поголемиот дел).
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135

Ова е интересно, но имаме еден проблем кој се појавува...

Ако 102.3 мегапиксели нема да направи подобра слика, тогаш зашто се става од самиот производител волкава резолуција? Одговорот мислам дека ти е јасен - тоа е направено за да крене фама дека телефонот има толкав број на мегапиксели, односно свесно се става за да ги насочи кон погрешно размислување потрошувачите и да ја искористи нивната наивност.

Само како што кажав, лојални потрошувачи се градат на долг рок и по купување на производот, така што откако некој ќе земе 100 мегапикселна камера (еве нека е и најглуп на свет), во одреден момент ќе види дека X телефон со 10 пати помала резолуција како ајфон вади подобри слики.

Така што теоријата донекаде ти држи вода, ама апсолутно се компаниите за обвинување за овој тренд.

Дополнително, не би рекол дека само тие што не се заинтересирани за технологија се фаќаат за бројките како слепи за стап. Па на форумов имаме дискусии за тоа колкава е батеријата на X или Y телефон, место да се гледа колку трае без разлика на милиампери.

Така што релативизирање на метрики во насока на создавање на заблуда на потрошувач е апсолутно нефер и неетичка тактика - не може да бидат тука потрошувачите криви.
 
bogoevski

user
29 ноември 2009
1.706
2.757
Hønsebybotn
bogoevski's setup  
Processor & Cooler
Повеќејадрен со множител
Motherboard
Црна со црвени детали
Storage
Препун
PSU
Предимензионирано
RAM
Доволно
Video card
Нај јака со 8 гигавати
Case
Гломазно
Mouse
Немам, чувам мачки.
Keyboard
Тивка
Audio
Стерео со двигател
Monitor
Прецизен
OS
Џам
Леле пер, се улогирав на форумов после толку години само за ова.
Абе ова е страшна работа, ова треба све да се потепа!
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.185
18.829
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.319
5.315
Скопје
hackitfree.github.io
Збориш за производителите на фејк производи или за популацијата на форумот?
За нас збори.. Тажно. Да неможе човек слободно да си направи муабет - одма форумска полиција те апси :rolleyes:
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Леле пер, се улогирав на форумов после толку години само за ова.
Абе ова е страшна работа, ова треба све да се потепа!

Леле пер, зошто лажеш?

Како изгледа вашето компјутерско биро

Јас сакав да прашам дали е моноволумен, дали има пета врата?
 
l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
Ако 102.3 мегапиксели нема да направи подобра слика, тогаш зашто се става од самиот производител волкава резолуција? Одговорот мислам дека ти е јасен - тоа е направено за да крене фама дека телефонот има толкав број на мегапиксели, односно свесно се става за да ги насочи кон погрешно размислување потрошувачите и да ја искористи нивната наивност.
Одговорот ми е многу јасен, непотребна фама се крева и тоа е повеќе од точно. Компаниите работат на тој принцип од секогаш, и баш поради тоа јас не можам да сфатам како купувачот е сеуште “наивен“ на тие нивни практики.

Само како што кажав, лојални потрошувачи се градат на долг рок и по купување на производот, така што откако некој ќе земе 100 мегапикселна камера (еве нека е и најглуп на свет), во одреден момент ќе види дека X телефон со 10 пати помала резолуција како ајфон вади подобри слики.
Како што тој некој ќе сфати дека ајфонот со помалце пиксели и помал mAh нуди многу повеќе, така и многу други сфаќаат дека Apple како компанија со дел од нивните производи, услуги и апгрејди те краде повеќе споредбено со останатите. Муабетот е да видиш, да прогледаш што би се рекло. Да видиш дека некој очигледно ти продава муда за бубрези и во случајов можеш да имаш боље фотки со ајфон и помалце пиксели, така?

На место ти е примерот со ајфонот, но тоа не ги прави Apple поразлична компанија од останатите. И они те молзат, и тоа убаво, можеби и најубаво од сите. Ради тој нивен затворен систем се е поскапо, ти наплаќа астрономски суми за кабли, донгл, полначи, надградба на меморија и диск, и на еден начин те обврзува да останеш кај нив за да продолжат да те молзат. Не те лаже во буквална смисла на зборот, но многу убаво знаеме како наплаќаат/преплаќаат. Да речеме наградба на 16гб меморија треба да биде 100 евра, Apple ти наплаќа 200. Ова за мене е далеку понефер од тоа Logitech што го направиле и е еден вид на легален рекет. Дојди кај нас, еве ти кабел, $19.99 брат. Ама истиот кабел треба да чини 2-3 долари, а не 20. Ама Apple brand е, што се замараш ти колкава е цената...

Лично за мене каблите кои ги продава Apple ми се пофејк производ од звучките на Logitech.

Но не е муабетот тука за Apple, не ни сакав да ги инволвирам, но не е можно да ми реплицираш а да немаш нивен пример вклучено, така да here we go again :)

Така што теоријата донекаде ти држи вода, ама апсолутно се компаниите за обвинување за овој тренд.

Дополнително, не би рекол дека само тие што не се заинтересирани за технологија се фаќаат за бројките како слепи за стап. Па на форумов имаме дискусии за тоа колкава е батеријата на X или Y телефон, место да се гледа колку трае без разлика на милиампери.

Така што релативизирање на метрики во насока на создавање на заблуда на потрошувач е апсолутно нефер и неетичка тактика - не може да бидат тука потрошувачите криви.
Темава е корисна и ќе остане како таква и во иднина, но да продолжуваме со плукање по компанииве јас не гледам ни поента ни ќар од истото. Многу убаво знаеме како функционира светов и баш сега да измислуваме топла вода за тоа како некои компании даваат missguided информации е nonsense. Константно сме опкружени со погрешни информации, со таканаречени “органски“ производи, со канцерогени производи, опкружен со лага и измама на сите страни, .99 цени и слично. Мислам дека си инволвиран со маркетинг/медиа професионално, така да сигурно си многу запознаен и со психологијата вклучена во конзумерството, цените, рекламите и слично. Цела наука е тоа и секоја ебана компанија во светот го прави истото. Али се тоа е океј, твитерите биле проблем :D

Едноставно живееме во таков свет, тоа што ти се сервира тоа го примаш. Медиумите ради тоа се креирани, истиот принцип владее и во конзумерството. Секоја компанија пробува да те "привлече", да те направи нивен корисник и на ваков или таков начин да те молзи. А дали тоа ќе се случи/дозволи е одлука на поединецот и никој друг. Дали ти ќе решиш да пушиш цигари, иако скоро секој знае дека имаат последица по здравјето, е твоја вина, а не вина на Филипморис, Малборо, или државата која дозволува истите да се продаваат.

Трендот ќе продолжи како таков се додека има овци за стрижење, многу проста, но многу точна изрека. Твоја работа како конзумер е да си прочиташ, истражиш и на крај да донесеш одлука дали нешто ќе купиш или не. Да живеевме во идеален свет, некоја си утопија, да, не би се замарал за истото. Но во време кога буквално можеш канцер да фатиш од обични продукти кои се наоѓаат по продавниците, ние тука дискутираме за Logitech дека декоративни твитери ставиле и го осудуваме како крајот на светот.

Фала на @toshex за споделеното и максимално го подржувам истото да се прави и со доста други производи и компании, чисто да ги избегнеме тие "фејк" производи (иако во случајов нема ништо фејк, пошто на официјална страна си пишува дека се декоративни твитери, а според тоа што прочитав тука, квалитетот им е на завидно ниво споредбено со сумата по која се продаваат). Но пак ќе кажам, дека компаниите се криви за ова не се сложувам воопшто, според мене самите потрошувачи си се виновни.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Многу ми релативизираш, особено со реченици „може да се фати канцер од цигари, ние сега за лоџитек дискутираме“. Апсолутно нема врска едното со другото, ова треба да е дискусија на ниво на ИТ производи од реномирана фирма кај која самиот бренд е синоним за квалитет.

За Епл не навлагам, ти почна со мегапиксели, аналогно на тоа на ајфонот ми текна зашто маркетиншки се единствени што не го прават тоа. Дека се цвеќе за мирисање не се, никогаш не ни било тема на муабет, така што да ја затвориме таа врата уште одма.

Компаните ја злоупотребуваат наивноста на потрошувачите, а бидејќи тоа се нормализира продолжуваат со повеќе и повеќе смели примери и постапки. Уште не можам да поверувам дека однесувањево на Лоџитек го нормализираме и браниме, демек сами сме си криви.
 
dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.846
6.402
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora

l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
Апсолутно има врска едното со другото, чисто како пример го дадов. За се и сешто се лаже по продавници, реклами и огласи, исто е и за цигари, храна или компјутерски делови.

И јас уште неможам да сфатам дека како некој упорно го брани Apple како компанија, исто како и ти што неможеш да поверуваш дека го нормализираме однесувањево на Logitech. Секој со своите верувања.

А тоа дека ти лично или било кој друг овде на форумов ќе смени нешто со темава и ругањето по компаниите, мало морген. Еве, од денес престанувам да ги користам нивните производи само поради фактот дека Logitech продаваат "фејк" производ со фејк твитери. Нема веќе да го користам можеби најдобриот маус што може да се купи во моментов (MX Master) само заради тие твитери, пошто реномирана компанија како Logitech е синоним за квалитет, а продава производ со декоративни твитери. Боже господе муабетов.

Звучници кои патем НЕ СЕ ФЕЈК и никаде не се презентираат како такви, ако веќе се фаќаме за тоа дали јас релативизирам или не.

Компаниите злоупотребувале, злоупотребуваат и ќе злоупотребуваат и во иднина повеќе и повеќе. Топла вода не сте откриле со темава, а дефинитивно нема ништо ни да промените.
 
1640180678315.png
убаво си пишува тука, со болд со све.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Еве нешто друго. Аудиофилите се често мета на вакви работи, од позлатени HDMI кабли, до мрежни свичеви за подобар звук.

Квалитетот на звукот, тврдат, е субјективна работа. И само затоа што јас не осеќам разлика, не значело дека ја нема.

Хехе

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.505
31.946
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Затоа што бројот пиксели не биле и нема да бидат мерило за квалитет на фотка. Прашањето така поставено нема никаква смисла за жал. Ова е тој муабет што го прават луѓе кои немаат доволно познавање од технологија, па си бара оправдување за парите потрошени: 1000 евра телефон бе баце, али 102.3 мегапиксели, незнаеш баце слика, џамови...

А заблудата е настаната од самите луѓе, а не од компаниите. Повеќето компании ги следат тие заблуди па заклучува дека за обичен човек, тие неколку "бројки" може да направат разлика, па затоа ќе им ги сервираме тие на послужавник, толку мега пиксели, толку mAh за батерија и слично. Тоа не ги прави компаниите лоши, едноставно така функционираат луѓето (бар поголемиот дел).

Мегапикселите играат голема улога, ако,

Сензорот е добар
Процесорот е добар
Софтверот е добар

инфо да не идеме офтопик,
 
l1d0v1c

lurker
10 март 2011
700
1.596
Мегапикселите играат голема улога
Многу убаво се знае кога играат улога, а кога не. Прашањето беше зошто квалитетот на сликите не е десет пати подобар доколку има 10 пати повеќе пиксели. Што е и глобално мислење на поголемиот дел од корисниците на овие уреди.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Апсолутно има врска едното со другото, чисто како пример го дадов. За се и сешто се лаже по продавници, реклами и огласи, исто е и за цигари, храна или компјутерски делови.

И јас уште неможам да сфатам дека како некој упорно го брани Apple како компанија, исто како и ти што неможеш да поверуваш дека го нормализираме однесувањево на Logitech. Секој со своите верувања.

А тоа дека ти лично или било кој друг овде на форумов ќе смени нешто со темава и ругањето по компаниите, мало морген. Еве, од денес престанувам да ги користам нивните производи само поради фактот дека Logitech продаваат "фејк" производ со фејк твитери. Нема веќе да го користам можеби најдобриот маус што може да се купи во моментов (MX Master) само заради тие твитери, пошто реномирана компанија како Logitech е синоним за квалитет, а продава производ со декоративни твитери. Боже господе муабетов.

Звучници кои патем НЕ СЕ ФЕЈК и никаде не се презентираат како такви, ако веќе се фаќаме за тоа дали јас релативизирам или не.

Компаниите злоупотребувале, злоупотребуваат и ќе злоупотребуваат и во иднина повеќе и повеќе. Топла вода не сте откриле со темава, а дефинитивно нема ништо ни да промените.

И пак истиов наратив, џабе е очигледно...се лажело за се и сешто, констатација пар екселанс. Па пробувал некој топла вода да открие со темава. Компаниите злоупотребувале, злоупотребуваат и ќе злоупотребуваат во иднина.
Ок е, завршуваме тука, штета ни го проби нашиот обид за промена на светот и ни ги отвори очите, се е океј, одам на редит да продолжам со нормални ИТ дискусии место животни филозофии.
Мислењето е автоматски споено:

Погледнете го атачментот 107648
убаво си пишува тука, со болд со све.

Убаво си пишува деко, ама кој да чита нели? На пример, на првата страна од темава го имаше истото, па @toshex истражи и испадна дека оригиналниот опис НЕ ГО СОДРЖЕЛ овој дел, туку е додаден по негативни реакции од корисниците.

Едит 3 - зашто има интернет среќа на светов, па еве ајде најдете каде на оригиналната (т.е. ова е редизајн) кутија го пишува тоа:
815b841c97bc7520e146078fef12465ef9a6e6df.jpg
 
Последна промена:

teokitan

hello world
11 октомври 2017
174
139
Истава финта се користи на многу, многу, МНОГУ блутут и компјутерски звучници, посебно на оние произведени пред >10 години (хехе). И повеќето од нив никаде не го кажуваат тоа, ова што Logi(tech) го направиле е дури и многу во споредба со другите, иако тоа секако не е оправдување. Сепак, не е фер ниту да се спореди со т.н. фејк производ, бидејќи квалитетот на звукот на еден звучник без твитер може да е подобар од друг кој има твитер.

На reddit постот пратен погоре дадено е и објаснување дека наводно ова е за да се искористи истата платформа која се користи за друг модел кој има твитери (Z606?), ама нема доказ. Ако е ова вистина, има логика зошто би сакале да заштедат на трошоци за производство, иако лошо е што пробуваат да го скријат.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно