• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Фејк производи

toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Видов оглас тука за навидум интересни звучници и отидов да зирнам ривјуа. На страна тоа шо во ривјуата викаат дека треба да коштаат 50 долари а кај нас нови се 4500 (лудост) - ама ова следното ме шокираше:

View: https://www.youtube.com/watch?v=DYOxuZ4G-xg


Значи како може така, и посебно од ЛОГИТЕЧ да има вакви фејк производи? Зошто? За естетика? Као можеле без тоа!

Дали имате инфо да вакво нешто е широко распространето кај некои видови производи, и ако да да ги листаме тука за да се знае шо е шо.

Шо е следно маус со фејк десен клик копче?
 

vladic3110

Gaining Experience
22 февруари 2017
151
248
Ништо не е фејк, чесно поштено е кажано на нивната страна дека твитерите се декоративни, за реална цена од 40тина$ си ја бркаат работата, тоа што кај нас пијат антифриз и продавниците и купците е друг муабет.

VI8dgwC.jpg
 

The_Witch_Hunter

Unstoppable
23 мај 2012
915
2,022
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 7 5800X | be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
ROG Strix B550-F Gaming
Storage
Samsung SSD 970 EVO 1TB | WD Purple™ WD20PURX RAID 0 4TB
PSU
Corsair HXi Series™ HX1000i
RAM
HyperX® Predator 32GB DDR4-3600 C17
Video card
TUF Gaming GeForce RTX™ 3090 OC Edition
Case
Corsair Carbide Series® Air 540
Mouse
Razer DeathAdder V2 Pro
Keyboard
ASUS ROG Claymore
Audio
Creative A250 | ROG Strix Go Core
Monitor
Alienware 38 Curved Gaming Monitor - AW3821DW
OS
Microsoft Windows 10 Pro
Ха, какви срамотилаци. Немам више никакво поштовање за лоџитек, после ова. Мислев се работи за некоја кинеска копија, тоа стварно да ти биле нивни. Гарант тоа болдираното го додале откако почнале да добиваат поплаки и лоши рецензии.

Ова ме потсети на хантол напојувањата со бетон внатре за да тежат. ццц
 

toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Башка што на сајтот на логитек се 69,99, а не 50. Не си дочитал Тоше, ама тема си склопил... (n)

Од овде ми е цената 50 долари:

1640047692544.png

И ко шо кажав и во првиот коментар дека ВО РИВЈУАТА ВИКААТ дека треба да коштаат 50 долари - во смисла толку биле они коа ги гледале. А колку се на страната на Логитек не видов. Може ги поскапеле од тогаш - 3 години старо видео е ова.

Поентата ми беше дека кај нас има во продавниците многу високи цени.

Ништо не е фејк, чесно поштено е кажано на нивната страна дека твитерите се декоративни, за реална цена од 40тина$ си ја бркаат работата, тоа што кај нас пијат антифриз и продавниците и купците е друг муабет.

VI8dgwC.jpg

Ко шо кажа @The_Witch_Hunter и јас мислам дека тоа го додале дури откако добиле некои опомени за масовни тужби, гарант. Misleading е во најдобра мера.

Зошто некој би сакал фејк џиџи-миџи на звучници? Ставени се за да изгледаат као бољи звучници и да се залета некој да ги купи - као еве и твитери имаат.

Ретко кој ќе ги расклопи за да види шо има внатре. Ама некој расклопил и после ќе пишуваат на дното кај спецификациите за да се вадат.
Мислењето е автоматски споено:

Не ти се допаѓа, мув алонг и толку е.

Не ми се допаѓа и не е нешто шо уопште би ми паднало на памет дека е можно, посебно не од гигант за периферии.

Така шо и те како е валидна и можеби битна дискусија за на форум. Не ти се допаѓа тебе дискусијата мув алонг игнорирај ја.
 

vladic3110

Gaining Experience
22 февруари 2017
151
248
Да да секако, чекаа да пиши некој на форум и на јутуб па отвориле да допишат во спецификации...Дајте не се заебавајте со муабетите, ем пишано е, ем се знае колку пари толку музика, сепак ме заинтересира се зачитав овие за паритe имаат прилично задовoлни корисници, и низ коментарите на "фејк" видеото ги има, за некој долар плус гледам има z506.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Као сериозно мислиш дека од старт имаат пишано дека фејк твитери имаат ставено на звучниците?
 

toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
3 секунди ми требаше да изгуглам "LOGITECH Z333 FAKE TWEETERS" и да видиш колку постови и резултати има, и најбитно од се ова:

1640048886104.png

После backlash го апдејтирале описот значи не се правете тука паметни да браните гиганти кои едина цел им е да ве одерат.

Ниедна компанија нема да потроши повеќе пари во материјал за да направи нешто фејк само за да „изгледа подобро“.
Мислењето е автоматски споено:

Крајна цел е секогаш правење повеќе пари - а во случајов тоа е со тоа шо ќе изгледаат као поскапи звучници, ќе ги стават за повеќе пари, и ќе ќарат повеќе пари од тоа шо продале ѓубре по цена ко за други поарни звучници со активни твитери.
Мислењето е автоматски споено:

Значи ете ти и од редит:

1640049233821.png

И било и трендинг на 9gag:

1640049134205.png

Така шо ве молам немојте со тоа „ти пишува во опис“ - ко шо викаат во некои од коментариве:

СЕ ДУРИ НЕ Е НАПИШАНО НА КУТИЈАТА СО ГОЛЕМИ И ЈАСНИ БУКВИ е само обид за измама.
Мислењето е автоматски споено:


Жими се уште не ми се верува... и да, ми текнува на хантол напојувањата ама ова е лоџитек...
 
Последна промена:

vladic3110

Gaining Experience
22 февруари 2017
151
248
Е добро де, изгугла дека има прост народ на планетата во големи количини, тие што мислат дека за 50$ наместо од картон пресован материјал, ќе земат класа звучници се истите што на принцот од Нигерија ќе му пратат сто долари за наследството да им го остави или кај нас амин под постови од икони и го сакам кам во поштенско сандаче што пишат :))
 

toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Ами сеа одлучи се дали ставот ти е дека лоџитек се принципиелни и ние трипавме дека отпосле имаат напишано тоа за да намалат доживљај, или се стварно конгломерат кој сака да го исцеди секој последен денар од потенцијални корисници во ситуацијава?

Патем еве ова го барав од прееска, линк до wab archive од страницата за овие звучиници пред да се додаде опис. Го најдов во коментар тред на редит:

1640049712178.png

Убаво си пишал човекот дека 2 години ги продавале пред да сменат опис, и дури откако почнало фама да се крева додале.

Еве го и линкот од архивата:

 

vladic3110

Gaining Experience
22 февруари 2017
151
248
Стојам на ставот дека има глуп народ и мора да им се појасни на крајот, заради такви и на млекото за тело пиши дека не се пие :)
 

toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Значи сите шо не би ни текнало од прва дека уствари на некои звучници може да има вакви фејк ствари сме глупи?

Пошо ете мене ни на памет не ми беше паднало, не би се посомневал и ко шо кажав најискрено сум шокиран од ова.

За 4500 денари во продавница со Logitech лого ни под разно не би се посомневал до пред вечерва.

ЕДИТ: да не должам повеќе ќе оставам други членови ако имаат слични совети да споделат за да знаеме на шо да внимаваме.

Еве до сеа листата е:

  • ЗВУЧНИЦИ (фејк драјвери)
  • НАПОЈУВАЊА (бетон)
  • HDMI 2.1 - кабли и монитори/телевизори (поддршка за 4К 60Hz+) - thanks @TATA_MATA
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Neso

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,994
2,622
Јас ги имам истите звучници мислам околу три години и ако не си аудиофил, супер се. Комплет бев свесен дека твитерите се лажни пред да ги купам, но сепак се решив за нив бидејќи поубави ми беа од слични други со коцкеста форма. Сега да се наоѓам пред истата одлука пред три години без размислување би ги одбрал истите.

НО, тоа е затоа што јас за маска за мобилен правам истражување и комплетно го разбирам разочарувањето на некој што ќе одлучи туку така да му верува на одреден бренд.

Маркетингот ќе ти направи бомбастична прва страна за производ Х, но за техничките спецификации и мааните ќе треба да се помачиш да ги најдеш. Маркетингот е дополнително misleading ако нешто си слушнал, ама не си разбрал како што треба. Како што беше на пример со механичките тастатури. Многу тастатури се испродадоа како Mecha mechanical, Mecha feeling...а во суштина беа обични мембрански. Згора на се, имаа и премиум цена која наведува да помислиш дека е механичка.

Да ја надополнам листата со конкретен фејк производ се новите HDMI 2.1 кабли. Сите ќе имаат HDMI 2.1 ознака, но по ново не мораат сите да имаат output од 4k 120Hz, што до неодамна беше основен предуслов. Истите збунки ги направија и со USB 3.0, 3.1, 3.2 gen 1, gen 2 итн. И сето тоа за некој да заштеди пар долари и/или корисникот да купи нов производ поскоро.

Спас нема
 

toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Јас ги имам истите звучници мислам околу три години и ако не си аудиофил, супер се. Комплет бев свесен дека твитерите се лажни пред да ги купам, но сепак се решив за нив бидејќи поубави ми беа од слични други со коцкеста форма. Сега да се наоѓам пред истата одлука пред три години без размислување би ги одбрал истите.

НО, тоа е затоа што јас за маска за мобилен правам истражување и комплетно го разбирам разочарувањето на некој што ќе одлучи туку така да му верува на одреден бренд.

Маркетингот ќе ти направи бомбастична прва страна за производ Х, но за техничките спецификации и мааните ќе треба да се помачиш да ги најдеш. Маркетингот е дополнително misleading ако нешто си слушнал, ама не си разбрал како што треба. Како што беше на пример со механичките тастатури. Многу тастатури се испродадоа како Mecha mechanical, Mecha feeling...а во суштина беа обични мембрански. Згора на се, имаа и премиум цена која наведува да помислиш дека е механичка.

Да ја надополнам листата со конкретен фејк производ се новите HDMI 2.1 кабли. Сите ќе имаат HDMI 2.1 ознака, но по ново не мораат сите да имаат output од 4k 120Hz, што до неодамна беше основен предуслов. Истите збунки ги направија и со USB 3.0, 3.1, 3.2 gen 1, gen 2 итн. И сето тоа за некој да заштеди пар долари и/или корисникот да купи нов производ поскоро.

Спас нема

Јас да пофалам колку е ова репер за квалитетен пост на форумот. Убаво образложи се и плус надополни со инфо.

За новите ХДМИ ознаки се слагам, имаше многу видеа за ова у последно време на јутуб и мислам ќе биде тотално проблематично и тешко да се прати кој монитор и кој кабел што може.
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,230
5,915
Јас искрено не ги разбирам членовиве тука како им е океј што Logitech става фејк елементи на нивни производи. Бренд лојалноста се гради со тоа што освен рекламите, позитивното искуство продолжува и откако ќе го купиш производот. Со тоа, ако јас не се разбирам од звучници, а видам Логитеч во Анхоч - ќе знам дека се синоним за квалитет и се ќе биде направено како што треба.

Ставање на лажни твитери за борба со кинеските ноу-нејм брендови е нешто кое не се очекува од фирма како Logitech. Јас имам почнато со нив уште од MX510 и никогаш не би очекувал ваква глупост од нив. Фали само еднаш да се случи и да се разбие целата доверба во брендот.

Едит - во нивното официјално видео, на самиот крај кога „работат“, си вибрираат сите звучници, така што очигледно е каква глупа финта правеле:
 
Последна промена:

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4,345
4,122
Не велам за твитерите дека се фејк или не, ама ДИЗАЈНОТ на компјутерски звучници е страшно битен и е на незавидно ниско ниво. Толку одвратен дизајн на нешто што стои мање-више до монитор е НЕДОЗВОЛИВО од скоро сите производители. Некои одвратни, никакви, грозни и неугледни пластики, некои тешки глупости или заостанати во 1995та или пак некој фејк футуризам никаков. Тоа е фејкот. А ова на лоџитек не гледам проблем. Се работи за сосема океј изгледајучи дрвени кутии, кои не се гнасни на изглед. Незнам за звукот каков е, ама ваљда е прифатлив, се над тоа би било гратис.

Од тие причини и повеќето се одлучуваат за студиски монитори и слични решенија. Пред се заради гадноста на решенијата кои се нудат за комјутери. Што ако имало звук од некои звучки кога изгеледаат на ѓериз. Што фајде од нив? Ги слушам 1 час, а ги гледам 10 часа. Да, важно е како изгледаат. И не е толку страшно да се црни коцки со мрежа. Страшно е кога НЕ се црни коцни со мрежа, туку некој измотавани пластики во 5Д дизајнирани да се чудиш што те снашло.

Јас на старео појачало ги врзав компјутерите/телевизорот уште од 1998ма година и не ни погледнувам назад. Имам докупено едни гембрд дрвени звучки за натаму наваму со релативно прифатлив звук околу 2000та некаде, ама пред се и со релативно културен изглед за да може да припарат до биро.
 

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,045
Скопје
Видов оглас тука за навидум интересни звучници и отидов да зирнам ривјуа. На страна тоа шо во ривјуата викаат дека треба да коштаат 50 долари а кај нас нови се 4500 (лудост) - ама ова следното ме шокираше:

View: https://www.youtube.com/watch?v=DYOxuZ4G-xg


Значи како може така, и посебно од ЛОГИТЕЧ да има вакви фејк производи? Зошто? За естетика? Као можеле без тоа!

Дали имате инфо да вакво нешто е широко распространето кај некои видови производи, и ако да да ги листаме тука за да се знае шо е шо.

Шо е следно маус со фејк десен клик копче?
1. Освен фејк твитерите јас не гледам ништо до-толку неквалитетно во звучнициве.
2. 50е е реална цена со оглед на сите компоненти вградени.
3. Никој не би го привлекле звучнициве ако немаа твитери - ама зошто вака направиле лоџитек не ми е јасно - можеби Не за да намалат конечна цена на производот - туку дека капацитетивната компонента на високотонците секогаш прави проблем во аудио засилувачот така да засилувачот осцилира и прегорува - најверојатно се јавил ваков проблем па решиле да ги одстранат високотонците.
 

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,045
Скопје
LD0005870709_1.jpg


Те поздрави маусов, има само едно копче, десниот клик е емулација базирано на кој дел од падот кликаш.

Тоа не е ништо. Некој добил фино измоделиран офарбан сапун спакуван во кутијата.:LOL:
БТЊ батеријата во маусот била полна песок..:ROFLMAO:

Е тоа е „Фејк„ овие се мали деца за нив :sneaky:
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
4,450
5,021
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home
Јас ги имам тие звучници скоро 3 години веќе, и кога ги купував не знаев дека твитерите се фејк, воопшно не ми падна на памет да проверувам било што такво. Mи прегореа старите 2.0, сакав сега 2.1, овие беа на залиха во моментот, изгледаа убаво и - бидна.

Дури отпосле видов вакви слики како на видеото погоре дека твитерите се фејк пластики залепени за украс, и морам да признаам малку се разочарав и изненадив. Ама бидејќи звучат добро, доста подобро од претходните што ги имав, не обрнав многу внимание.
Како за десктоп звучници за музика, филмови, игри и слично се одлични. 95% од времето ги слушам на 25-30% гласност. Вуферот ми е на 100%, басот е топ, немам замерки.

За таа цена по која што се нудат на огласот се супер зделка.
 

Dead Brain

Gaining Experience
19 февруари 2018
73
79
Стојам на ставот дека има глуп народ и мора да им се појасни на крајот, заради такви и на млекото за тело пиши дека не се пие :)
Ништо не е фејк, чесно поштено е кажано на нивната страна дека твитерите се декоративни
Да да секако, чекаа да пиши некој на форум и на јутуб па отвориле да допишат во спецификации...
Слепо веруваш на гиганти во нивниот маркетинг а тврдиш дека имало прост народ на што треба се да им се појасни.. :unsure:
Едноставно ми требаат звучници имам некое основно познавање влегувам во продавница ги гледам звучнициве гледам дека се марка ги зимам.. се вракам дома и гледам дека имам купено кутија со пластики/налепници иако немале таква декларација..
Тоа не е прост народ тоа се вика измама..
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,187
Мислења
879,741
Членови
30,813
Најнов член
viktor7
На врв Дно