Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Mi - паметни телефони (Xiaomi) генерална дискусија

kostatkb

read-only
6 јануари 2018
43
19
Xiaomi mi 9 so 6/64 GB, купен летото 2019-та, тогаш беше врв кај нив и доста поефтин од добрите Самсунг, платен некаде 22.000 во Ледиком. За тоа време камера врв (по тестови ја прогласуваа и најдобра камера на пазарот?!), со ласер и одлично ноќно, двоен GPS сензор, безконтактно полнење, ... Еве полни седум години душа му извадив, и денес ми е главен телефон (имам и Ноте 4 ама не го користам), батеријата држи слично ко на почетокот, можеби 10-15% послабо, ама цел ден без проблем. Еднаш пред 3 години целиот потопен во вода, го угасив веднаш и по 24 ч. мирување си продолжи без проблем, инаку не е водоотпорен, тоа и му беше главната замерка во 2019-та. Паднал 100 пати, скоро без видливи трагови, а последниве неколку години и заштитното стакло не го ставам. Е никогаш не е играно на него, а сега ми фали само меморија, од тие 64 ГБ пола ми се со Вибер и не ми се брише, се добри разговори :). А работи и со 98-99% зафатеност на меморијата без проблем. Стварно греота нешто да се пожалам од него.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно