shooter
lurker
- 2 март 2010
- 656
- 585
Тргнувајќи од потребата за паметна брава со која автоматски би можел да подесам многу функции за заклучување / отклучување на мојот дом наидов на неколку решенија кои се нудат на напиот пазар, меѓу нив како најдобар избор цена / перформанси ми се виде паметната брава SwitchBot Lock Ultra. Бравата ја најдов во понуда кај Смарт Спејс, релативно нова компанија која е и увозник на производите на Switchbot за Македонија.
Подолу го споделувам моето искуство со SwitchBot Lock Ultra и Keypad Vision Pro. Ги имам инсталирано на вратата од мојот дом вече скоро една недела. Во овој период, ги тестирав сите функции на бравата и тастатурата, па се надевам дека оваа рецензија ќе побуди интерес кај љубителите на смарт уреди.
Како што спомнав погоре ги купив од СмартСпејс како комбо уред – БРАВА, ТАСТАТУРА и ХАБ по цена од 13990 ден. За да се осигурам се јавив на телефонскиот број и морам да ги пофалам дечките за комуникацијата и пристапот, ми одговорија на многу прашање кои ги имав и дури и се понудија да ако имам некаков проблем при инсталација во било кое (културно) време да ги барам.
Lock Ultra е многу квалитетно изработена брава, се чувствува како доста тежок и робустен производ. Околу копчето има мала LED индикаторска светилка, која дава посуптилна повратна информација за статусот.
Keypad Vision Pro е со батерија на полнење, што значи дека не треба да ги менувате батериите. Користи батерија од 5000mAh и може да работи цела година со едно полнење, што е доста импресивно.
Vision Pro е оценет со IP65, отпорен на прашина и вода од сите правци. Може да издржи екстремни температури во опсег од -20℃ до 45℃ и влажност без кондензација.
Копчето на дното од Keypad Vision има мала хоризонтална LED лента која се користи како индикатор за статус. Ви кажува во реално време дали скенирањето на отпечаток од прст е точно или кодот е прифатен, трепкајќи додека се отклучува бравата. Служи и како копче за ѕвонење.
SwitchBot се има потрудено да Lock Ultra е компатибилен со што е можно повеќе цилиндри. Може да работи и со хоризонтално и вертикално вметнати клучеви, брави со жлеб, брави со повеќе точки и многу други. Тие имаат многу детално упатство за компатибилност. Голема предност е што самата брава има вградено и бекап батерија и во случај главната батерија да се испразни нема да останете залчучени.
Ја инсталирав Lock Ultra на вратата користејќи го додатокот А. Има можност да се намести користејчи ја само налепницата. Еве како изгледаше монтажата и бравата наместена:
Keypad Vision Pro се инсталира многу лесно. Можете едноставно да го монтирате држачот, да ја поставите соодветната налепница (има две во кутијата) и да ја залепите на рамката или стаклото на вратата. Налепниците 3M кои се вклучени во кутијата се доста силни и солидно ја држат самата брава и без додатно шрафење. Тие ја држат навистина добро и се супер безбедни.
Додавањето на Lock Ultra во апликацијата на SwitchBot е лесен и интуитивен процес. Апликацијата SwitchBot е мазна и лесна за користење. Треба да се знае дека нивната апликација работи преку Cloud а комуникацијата локално е преку Bluetooth. Еве неколку снимки од екранот од менијата на апликацијата:
Накратко, можете да конфигурирате и фино подесите секој детал од SwitchBot Lock Ultra во апликацијата. Бидејќи ова е паметна брава со можност за вртење клучеви, не мислам дека ќе најдете врата на која не може да се монтира и да се користи, особено имајќи ги предвид сите можни поставки за конфигурација во апликацијата.
SwitchBot Keypad Vision може да се конфигурира на многу начини. Има различни методи на отклучување, вклучувајќи ја и функцијата за препознавање лица со вештачка интелигенција. Можете да ја поставите чувствителноста на препознавањето, да конфигурирате интервал на оневозможување или да го активирате рачното препознавање, кое ќе скенира за лице само откако ќе притиснете копче. Еве снимки од екранот од менијата за поставки:
Откако ќе се поврзе со Lock Ultra, сите поставки што ги нуди Keypad Vision се конфигурабилни.
Една од главните цели ми беше самата брава да може да работи и локално преку Home Assistant, па така и изборот падна на SwitchBot Lock Ultra. Таа може да се интегрира во Home Assistant преку Matter, преку еден од нивните хабови ( Hub Mini Matter , Hub 2 или SwitchBot Hub 3). Lock Ultra интегриран во Home Assistant преку Matter дава малце опции. Switchbot ја има значката за златен квалитет во Home Assistant и официјалната интеграција преку Bluetooth лесно ги препознава самите уреди во Home Assistant и дава многу повеќе опции кои може да се користат. Oткога ќе ги додадете уредите во Home Assistant веќе тие се контролираат локално и не зависат од Cloud патформата / интернет. Нема опција за додавање или бришење на кодови или картички преку HA на Keypad Vision Pro, овие опции за жал мора да се подесат преку SwitchBot апликацијата.
Перформансите на Lock Ultra се импресивни . Многу е брз и сигурен при отклучување / заклучување. Има можност за автоматска калибрација со што се надминуваат проблеми при првично сетирање за отклучување/ заклучување.
Keypad Vision Pro исто така работи одлично. Скенирањето отпечатоци од прсти, пристапот до код и NFC таговите се одвива многу брзо и лесно.Функцијата за препознавање лица работи доста добро. Можеби ќе треба да го скенирате лицето неколку пати за да ги добиете најдобрите резултати, бидејќи камерата очигледно е под влијание на амбиенталното осветлување.
Накратко, Lock Ultra и Keypad Vision Pro се одлична комбинација за обезбедување на вашиот дом. Споредбено цена / квалитет мислам дека е најдобриот избор во моментот на нашиот пазар.
Подолу го споделувам моето искуство со SwitchBot Lock Ultra и Keypad Vision Pro. Ги имам инсталирано на вратата од мојот дом вече скоро една недела. Во овој период, ги тестирав сите функции на бравата и тастатурата, па се надевам дека оваа рецензија ќе побуди интерес кај љубителите на смарт уреди.
Како што спомнав погоре ги купив од СмартСпејс како комбо уред – БРАВА, ТАСТАТУРА и ХАБ по цена од 13990 ден. За да се осигурам се јавив на телефонскиот број и морам да ги пофалам дечките за комуникацијата и пристапот, ми одговорија на многу прашање кои ги имав и дури и се понудија да ако имам некаков проблем при инсталација во било кое (културно) време да ги барам.
Содржина на пакетот SwitchBot Lock Ultra
SwitchBot Lock Ultra е одлично спакувана во премиум кутија. Кутијата ја содржи самата брава, батерија што може да се полни, две рамки за монтирање (A и B), декоративна рамка, три украсни налепници во дизајн на дрво, додатоци за цилиндри, магнет за врата, налепници за монтирање, шестоаголен клуч и упатство за употреба. Упатството е доста детално и добро напишано, така што секој може да разбере како да ја монтира и инсталира оваа паметна брава.Lock Ultra е многу квалитетно изработена брава, се чувствува како доста тежок и робустен производ. Околу копчето има мала LED индикаторска светилка, која дава посуптилна повратна информација за статусот.
Содржина на пакетот SwitchBot Keypad Vision
Кутијата содржи куп додатоци за монтирање, налепници, завртки, кабел за полнење и упатство за употреба. Со една од рамките можете да го наместите Keypad Vision кон влезната зона, за полесен пристап и подобро да ве гледа.Keypad Vision Pro е со батерија на полнење, што значи дека не треба да ги менувате батериите. Користи батерија од 5000mAh и може да работи цела година со едно полнење, што е доста импресивно.
Vision Pro е оценет со IP65, отпорен на прашина и вода од сите правци. Може да издржи екстремни температури во опсег од -20℃ до 45℃ и влажност без кондензација.
Копчето на дното од Keypad Vision има мала хоризонтална LED лента која се користи како индикатор за статус. Ви кажува во реално време дали скенирањето на отпечаток од прст е точно или кодот е прифатен, трепкајќи додека се отклучува бравата. Служи и како копче за ѕвонење.
Инсталирање на Lock Ultra и Keypad Vision
SwitchBot се има потрудено да Lock Ultra е компатибилен со што е можно повеќе цилиндри. Може да работи и со хоризонтално и вертикално вметнати клучеви, брави со жлеб, брави со повеќе точки и многу други. Тие имаат многу детално упатство за компатибилност. Голема предност е што самата брава има вградено и бекап батерија и во случај главната батерија да се испразни нема да останете залчучени.
Ја инсталирав Lock Ultra на вратата користејќи го додатокот А. Има можност да се намести користејчи ја само налепницата. Еве како изгледаше монтажата и бравата наместена:
Keypad Vision Pro се инсталира многу лесно. Можете едноставно да го монтирате држачот, да ја поставите соодветната налепница (има две во кутијата) и да ја залепите на рамката или стаклото на вратата. Налепниците 3M кои се вклучени во кутијата се доста силни и солидно ја држат самата брава и без додатно шрафење. Тие ја држат навистина добро и се супер безбедни.
SwitchBot апликацијата
Додавањето на Lock Ultra во апликацијата на SwitchBot е лесен и интуитивен процес. Апликацијата SwitchBot е мазна и лесна за користење. Треба да се знае дека нивната апликација работи преку Cloud а комуникацијата локално е преку Bluetooth. Еве неколку снимки од екранот од менијата на апликацијата:
Накратко, можете да конфигурирате и фино подесите секој детал од SwitchBot Lock Ultra во апликацијата. Бидејќи ова е паметна брава со можност за вртење клучеви, не мислам дека ќе најдете врата на која не може да се монтира и да се користи, особено имајќи ги предвид сите можни поставки за конфигурација во апликацијата.
SwitchBot Keypad Vision може да се конфигурира на многу начини. Има различни методи на отклучување, вклучувајќи ја и функцијата за препознавање лица со вештачка интелигенција. Можете да ја поставите чувствителноста на препознавањето, да конфигурирате интервал на оневозможување или да го активирате рачното препознавање, кое ќе скенира за лице само откако ќе притиснете копче. Еве снимки од екранот од менијата за поставки:
Откако ќе се поврзе со Lock Ultra, сите поставки што ги нуди Keypad Vision се конфигурабилни.
Мислењето е автоматски споено:
Интеграција со Home Assistant
Една од главните цели ми беше самата брава да може да работи и локално преку Home Assistant, па така и изборот падна на SwitchBot Lock Ultra. Таа може да се интегрира во Home Assistant преку Matter, преку еден од нивните хабови ( Hub Mini Matter , Hub 2 или SwitchBot Hub 3). Lock Ultra интегриран во Home Assistant преку Matter дава малце опции. Switchbot ја има значката за златен квалитет во Home Assistant и официјалната интеграција преку Bluetooth лесно ги препознава самите уреди во Home Assistant и дава многу повеќе опции кои може да се користат. Oткога ќе ги додадете уредите во Home Assistant веќе тие се контролираат локално и не зависат од Cloud патформата / интернет. Нема опција за додавање или бришење на кодови или картички преку HA на Keypad Vision Pro, овие опции за жал мора да се подесат преку SwitchBot апликацијата.
Заклучок
Перформансите на Lock Ultra се импресивни . Многу е брз и сигурен при отклучување / заклучување. Има можност за автоматска калибрација со што се надминуваат проблеми при првично сетирање за отклучување/ заклучување.
Keypad Vision Pro исто така работи одлично. Скенирањето отпечатоци од прсти, пристапот до код и NFC таговите се одвива многу брзо и лесно.Функцијата за препознавање лица работи доста добро. Можеби ќе треба да го скенирате лицето неколку пати за да ги добиете најдобрите резултати, бидејќи камерата очигледно е под влијание на амбиенталното осветлување.
Накратко, Lock Ultra и Keypad Vision Pro се одлична комбинација за обезбедување на вашиот дом. Споредбено цена / квалитет мислам дека е најдобриот избор во моментот на нашиот пазар.
Последна промена: