1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Штедливи ЛЕД сијалици искуства

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од eX3v1l, 27 Март 2015.

  1. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    605
    620
    15 Септември 2012
    Машко
    Животен век 10.000 часови работа...
     
    На Ljupco94 и stefan_off им се допаѓа ова.
  2. maci

    maci
    On your way to fame

    2,879
    635
    2 Април 2008
    електроелемент имаат голем избор на лед и по убави цени,со 1-2 год гаранција
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,816
    1,654
    22 oктомври 2012
    Машко
    Затворен им е дуќанот во Лисиче? Ако не, кај им е поточно?
     
  4. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,064
    2,308
    19 Јули 2013
    Да, се преселија во Тафталиџе. Винт се вика фирмата, застапници се за Филипс за делот осветлување.
     
    artweb, PC_GAMER и на Alucard им се допаѓа ова.
  5. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,816
    1,654
    22 oктомври 2012
    Машко
    Мислев за други збориш, ги знам ВИНТ, само не знаев дека се преселени, фала ти за инфото во секој случај ;)
     
  6. red dragon

    red dragon
    Intern

    45
    9
    28 Јуни 2013
    Машко
    Здраво дечки пак јас. Вакви модели на сијалици кај нас каде може да се купат и по која цена ако знае некој може да сподели искуство?

    28722314_10210741426122333_182783801_n.jpg 28512691_10210741426242336_506170302_n.jpg 28512551_10210741426162334_2066655933_n.jpg
     
  7. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,334
    987
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
  8. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,086
    4 Септември 2008
    Денес земав две за проба Commel 9W 3000K од Агротехна по 109 денари. Ќе видиме колку ќе траат овие, инаку се без гаранција, таа продавачката ми рече ако има некој проблем одма може да се смени.

    Commel - Zagreb d.o.o. | LED žarulje
     
  9. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,803
    863
    3 Март 2018
    Здраво.
    Тие од кам ги користам масовно, претежно на места кај што имаше проблеми со жичаните, година дена, мака немаат,а жичаните прегоруваа на макс. 2 недели. Имам и некои си динамик(165 денари, 10w) но тие сеприлично нови(3-4 месеци) па не можам да кажам многу. Наспроти некои што сакаат зракот да е 360 степени, јас не гледав поента да ми го осветлуваа таванот, па на некои им ги извадив тие пластиките озгра. Исто така и подобра светлина ми даваат така. Мене ми е сеедно дали ќе свети жолто или бело(2700-4500К), па околу тоа не можам ништо да кажам. Исто така цфл(торч и динамик) многу често ми рокаа(1 год макс) наспроти повеќето кои се задоволни од цфл.
    цфл претежно сите трепкаат и тоа многу брзо (16.000 пати или повеќе во секунда) додека кај лед светењето е континуирано. Мада може да се дизајнира таква цфл што би светела континуирано, но не знам дали имаат аков дизајн, пошто нема да е баш штедлива. Тука штедливоста се постига со резонантна осцилација на колото и спиралата. Ова со постојаново светење претежно се користеше кај обичните неонки. Поентата е цефката да работи на едно насочен напон, но се појавуваше наталожуване на една електрода, па се правеше електроника таква што при секое пуштање се менуваше поларитетот.
    Греењето најмногу зависи од ефикаснста т.е колку трошат и колку произведуваат. Кај цфл (колку што имам отварано и колку што се разбирам) има самоосцилирачки инвертер, додека пак кај лед претежно е бук конвертер.
    Гледам некои лед светилки Користат кондензатор во серија како напојување(линиско напојување), со што самото напојување т.е. кондензаторот го превзема вишакот напон. Ова напојување е доста едноставно, но исто така е по не ефикано од другите ако струјата или падот се големи, но е сосем ок кај сијалици со мала струја(3-5w) или мала разлика во напонот(многу(50-70) лед чипови врзани сериски, со тоа и поголема снага), и за разлика од бук напојувањето има многу тесен опсег т.е. на бук напојувањето не му е битно дали напонот е 160в или 300в, тоа пак ќе даде да речиме 25в, додека кондензаторот дава пропорционален напон со напонот на градската мрежа, па према тоа и не нуди некоја заштита.
    За тоа колку ќе биде пријатна светлината зависи од спектартот(cri). Постарите цфл и лед имаа прилично нагли отсеци, но гледам новиве се доста блиску со дејлајт т.е. сончевата светлина. Секој производител би требало да има информации за спектарот на светлината. Ете тука некој правел споредби(на филипс). Од мене толку за штедливите :)
    п.с. кри би требало да се доста доби и да даваат дејлајт, ама не знам од кај би се набавиле оригинал.
     
    На stefan_off, Astro, PC_GAMER и уште 7 други им се допаѓа ова.
  10. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,248
    575
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Зависи, мене 6500к ме ралаксира, а од тие што се жолит ме боли глава. :)
     
    Последна промена: 17 Март 2018
    На bakigvg му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,440
    3,164
    24 Септември 2012
    Изгледа не си пробал 3000k Philips. :)
     
    На JensenInterceptor и VerGer им се допаѓа ова.
  12. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,086
    4 Септември 2008
    Во КАМ пак има Osram warm white сијалици, 2700K, 9W.
     
  13. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,803
    863
    3 Март 2018
    Во стокомак сијалици витто 68 денари, 11w 80cri, истите ги има кам, 75 ден. Година + кај мене не зуцнале. Бела светлина.
     
  14. Dimitar535

    Dimitar535
    Intern

    20
    12
    16 Јули 2016
    Машко
    Вито лед од стокомак земав 5-6 и сите изгореа за пола година.
     
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,440
    3,164
    24 Септември 2012
    Ги нема во нормална боја 2700-3000к. Само ужасни плави.
     
    На Dimitar535 и olikomerc им се допаѓа ова.
  16. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,803
    863
    3 Март 2018
    Може не се сепак истите како од кам. Или па има врска градската мрежа т.е. напонот колку им е погоден, сметњи од ел. алат може да им сметаат, колку што ги гледам немаат еми филтер. Моиве гледам ставиле торч лед од тие со тесно грло, за 3 месеци отиде првата, по нејзе и другиве почнаа.
     
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,590
    3,589
    12 Јануари 2016
    Машко
    Meѓу разните брендови има разлика во квалитет, но за сите важи еден ист проблем: Прегревање. Ова е главната причина за откажување и расипување, и затоа најмногу страдаат сијалици кои се пуштени 24/7. Како пример, ист бренд (в-тек) кај мене трае многу повеќе одошто кај моите родители.

    Затоа јас на сите места каде естетскиот момент не е фактор (ходници, подрумски простории), или во плафоњерки каде секако не се гледа сијалицата, исто и на местата каде има услови за ставање светло позади носечки столбови, итн - ја почнав да ставам ЛЕД светилки од PCB плочки (со вградено напјување) кои самиот ги монтирам на разни парчиња heatsink до кои доаѓам. За 10ватните требаат поголеми хитсинкови, како од Пентиум 2 ерата, за 3 и 5 ватните вршат работа и хитсинкови од расипани напојувања. Температурата не преоѓа над 40-50с. На местото каде што моите родители менуваат сијалицаа на секои 3-4месеци, еве година и половина си работи истата ЛЕД светилка направена од PCB плочка и Пентиум 2 хитсинк.

    Кога ќе најдам време ќе напишам кратко упаство.
    Лесно е, секој може да го направи ова. Се што треба е леткум и малку калај (и леткум од 7 долари ќе заврши работа за вакви прости зафати), и штрафцигер со неколку самонарезни штрафови (помага ако прво се избушат мали пилот дупки). Се разбира, и малку имагинација за прицврстување на сето тоа на ѕид, јас користам пластични стеги, и директно на крајот од кабелот го поставувам направеното.
     
    Krkac, ARMac и на bicikle им се допаѓа ова.
  18. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,199
    7,124
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Јас имав проблем да најдам g9 (замена за халогени) што би издржале повеќе од 2 месеца. Најголема грешка ми бешр што зимав 6 ватни. Со префрлање на 3 ватни се реши проблемот со прегревање.

    За марки на производители локално, сум ги пробал повеќето. Најдобро искуство со е27 и г9 сум имал со овие од сликава, година дена горат уште немам проблем со ниедна. Ги има карши Рамстор, веднаш до "Грицко" семкарата (Скопјани треба да ја знаат), т.е. до влезот на промедика. Најјааката е 15 вати и е топ за сега

    [​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна промена: 7 Април 2018
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,186
    840
    1 Јуни 2016
    Ех за прегревањево колку сум се расправал ..
    Работев кај еден кој што продаваше плочи (за плафоњерки) кои беа со алуминиумски обрач за ладење, типот ги носеше и ме тераше да ги вадам и да сме ги продавале така .. ненормална работа човече.

    Инаку јас стандард од зелено пазарче земам сијалици (имам спомнато неколку пати де :D ) и еве ги 10тина дома, уште се живи сите до една. Година и нешто се користат веќе. 7 - 8 се E27 и две E14ки.
     
    На tamamuzicar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dimitar535

    Dimitar535
    Intern

    20
    12
    16 Јули 2016
    Машко
    Сигурен сум дека не прегоруваа од прегревање затоа што беа потполно отворени а и на сите сијалици иста лед диода гореше на плочата. Што се однесува на напонот стабилен е и немало проблем со никаква друга електроника. Од кога прегореа земав хјундаи од електроелемент и немаат гајле.
     
  21. Astro

    Astro
    Guru

    6,269
    8,666
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Земав и јас една за проба. Изгледа океј. На неа пишува Произведено: Комел Хрватска. Потекло: Кина

    Луд јебе збуњеног
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  22. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,086
    4 Септември 2008
    На времето имам купувано продолжни кабли од овој бренд и квалитетот им беше солиден.
    Потекло за сите делови е Кина, електрониката готова од таму, калапите со пластики исто, само лупаат склопување и пакување во Хрватска.
     
  23. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,199
    7,124
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Јас лошо искуство имав со Volta Light, прегореа безмалце сите. Еве сега со VTac терам немам уште изгорено ни една.

    Можда и се е како ќе ти се погоди којзнае.
     
    На Krkac и bicikle им се допаѓа ова.
  24. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,803
    863
    3 Март 2018
    Ех изгледа се е како ќе ти се погоди :) Или па едниве се некој фалсификат на фалсификатот...
    Комел зедов една од љубопитност, за мене некако бојата ми делува не пријатно, ама тоа е ствар на лична перцепција.
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  25. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,803
    863
    3 Март 2018
    Сијалици за комарци кај да барам ?
     
    На tamamuzicar и Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...