1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Штедливи ЛЕД сијалици искуства

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од eX3v1l, 27 Март 2015.

  1. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,116
    682
    2 Мај 2011
    Ме интересира како е вашето искуство со штедливи ЛЕД сијалици за дома. Лично имам најлошо можно искуство со нив. Иако треба да трае до 50.000 часа, кај мене пола година ми е максимум. Пробав со разни производители и до сега највеќе трае Hyndai. Незнам дали на нашиот пазар се увезува најлоша класа или што може да е проблем со нив. Од спиралните сијалици сум презадоволен и си тераат без гајле. Пред месец дена земав 6 лед сијалици од LUMEX и сите до една изгореа, ги однесов и ми ги рекламираа среќа, ама неверувам дека овие нови ке траат нешто повеќе. Ваше искуство кои се покажаа најиздржливи ?
    Инаку дома имам E27 и GU10, и GU10 се покажаа како подобри.
     
    На zlate_mkd и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,413
    11,643
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Оваа ставена во погон на 6/6/2014, работи секој ден по најмалку 12 часа, гајле нема. Малку е пожолта од нормално, но се навикнав.

    Пред недела дена, на неколку пати ми се јавуваше некое треперење, но тоа беше во 3-4 часот наутро, па можно е да било поради некои варијации во мрежата, мој замор или прегревање.

    Имам и други земено од таму, но тие многу поретко се користат, но и со нив нема никаков проблем.
     
  3. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,379
    3,096
    4 Септември 2008
    Знаеш како викаат сиромавиот два пати плаќа, така и со штедлививе сијалици.
    Сум имал нешто слично искуство како твоето, на крај кога ќе удриш математиката колку си потрошил и колку си заштедил додека траеле сваќаш дека поарно да ставиш нормални сијалици и да скратиш некаде на јачина или да не горат без потреба и ќе заштедиш повеќе него со вакви мозочни штедлици експедиции.
     
    На gego му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,116
    682
    2 Мај 2011
    Досега имам користено спирали и немаат никаков проблем, работат со години. Решив да одам 1 чекор понапред и да ставам LED и сега се враќам на спирали. Не дека сум земал од најефтините, Hyndai се по 300 денари од 5w GU10 ама не оправдуваат заштеда. Затоа ме интересира кој како искуство има, дали е до мене или кај сите исто прегоруваат.
     
  5. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
    Од Лед повеќе имам ленти, само две ми се обични е27 сијалици. Досега работат, а има неколку месеци како се ставени во ноќна и столна лампа. Не за главно осветлување затоа што не даваат доволна светлина. За главно користам CFL сијалици. По мене тие се сеуште најисплатливи. Ледот не заштедуваат толку струја во однос на CFL колку што им е разликата во цената.
    Не верувајте на кинеските параметри за јачина на лед сијалиците, затоа што сите вредности им се надувани и немаат врска со реалните.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,116
    682
    2 Мај 2011
    LED сијалици би требало да работат до 5 пати повеќе од спирали (CFL). И трошат пола од нив барем на лист хартија. Цената на лед доста опадна, уште и квалитетот да го оправат и таман ке е. Инаку за CFL користам ОСРАМ ладно бели и сум презадоволен од нив.
     
  7. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,661
    2,676
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара
    Јас немам ниедна жаруља ниту неонка по дома, се ми е LED во изминативе година дена.
    Целиот арсенал ми е купен од V-TAC (http://ledlight.mk/) буњаковец, од напајањца, до димери и LED лентички.
     
    На JensenInterceptor и mdeni им се допаѓа ова.
  8. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    504
    14 Април 2007
    Машко
    јас ги користам Pharox 400, веќе неколку години и тоа на места каде што светат по ~18-20часа
    имаат убава боја, малку потопла (што е попријатна) околу 4000К
    земав и од EagleLight 11W само ладно бела боја
    али пред 4-5 месеци, па неможам да кажам рок на траење

    кај CFL не ми се свиѓа само оти им треба одредено време додека засветат со цела сила

    и зависи од квалитет али некогаш знаат да трепкаат (болат очи)
     
  9. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,116
    682
    2 Мај 2011
    Како се покажаа и како им одат цените?
     
  10. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,585
    3,529
    11 Декември 2008
    Машко
    Од овие http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=1014&pid=36777 имам ставено дома 3-4 комада пред едно 3-4 месеци. Засега се добри, ќе видиме колку ќе траат.

    Претходно имав некои ефтини 6000к многу бледо бело светеа, цркнаа за околу 1 година.
    Овие 2800к се баш пријатни, друг амбиент прават по дома, пријатно и топло, а не како во канцеларија со оние 6000к да ти пукне глава.
     
  11. gego

    gego
    Gaining Experience

    252
    264
    6 Декември 2009
    Машко
    Телекомуникациски Техничар
    Овие ги користам скоро една година и сум задоволен, имаат слична јачината и светлина како "жичаната" насочувачка 40W сијалица - http://www.elstock.de/shop/show_pro...s_id=1598&products_id=53067&SESS=rpkowhgknidq
    Скоро се подновив со плафоњерка и ѕидна светилка па земав од овие дури 7 комада - http://www.gluehbirne.de/Osram-LED-...W-E14-warmweiss-3000K-klar-auch-Ausseneinsatz . Мислев дека нема да осветли колку што треба, но излезе дека е солиден степенот на осветленост. Колку ќе ме служат ќе информирам за неколку месеци, години... Инаку, колку за инфо, последниве ги земав од Меркур по 79 ден., а истиве во Хубо ги продаваат по неверојатни 175 ден.
     
    На maci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,661
    2,676
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара
    До сега ниедна не ми цркнала, не се ни сменети у однос светлина/боја.
    Цените, хмм, за нијанса се поскапи од „штедливите“ CFL ама вредат за сите пари.
    Имам една од 4W во ходник личи на класична жаруља со четири LED лентички во неа, свети година и кусур непрекидно 24/7/365.
     
    Bubache, maci и на eX3v1l им се допаѓа ова.
  13. Trixx

    Trixx
    Gaining Experience

    118
    128
    16 Јануари 2011
    Јас само халогенките досега ги сменив со лед пошто штедливи спирални ставив пред некоја година кога ледот беа изгор скапи и ко за беља си тераат штедливите уште :)
    Иначе ставив од овие
    http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=1014&pid=36371
    и иако бев скептичен, комплетно заменуваат 35W халогенка. До денес не рикнала ниедна диода ( по 3 има во една лед халогенка ).
     
  14. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,742
    5,710
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Ледот се многу добри за работна маса, нема треперење и во комбинација со 2 сијалици од 12+ вати една од 6000к друга од 2800к се добиува многу добро осветлување за работа
     
  15. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,116
    682
    2 Мај 2011
    Мене лично топлото светло ми смета и затоа преферирам ладно бело и чисто бело. И во нормална дневна соба се добри барем за мене. Добра работа е тоа што моше да се насочат па делуваат како рефлектори за двор. :)
     
  16. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,400
    6,508
    27 Март 2014
    Не ти држи вода муабетов. Имам искуство со вртена спирална штедлива сијалица, купена пред 6 години за 150 денари мислам. Сијалицата светеше секојдневно по 5-7 часа, без прекин, и рокна пред 1 месец. Епа сеа пресметај колку "крушки" ке си сменел за 6 години, и колку би платил за нив. Проста Математика. Сега земав Beghler 10W LED сијалица па да видиме колку ке издржи. Еве ја користам веќе 3 месеци секојдневно.

    [​IMG]
     
  17. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,219
    4,667
    4 ноември 2013
    Машко
    Osram купена пред 2 години , мислам дека ги земав 500 - 600 денари една... уште си светет :)
    [​IMG]
     
    Astro, mdeni и на krema им се допаѓа ова.
  18. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,379
    3,096
    4 Септември 2008
    Муабетот ми држи вода оти знам колку сум потрошил колку од тие се смениле и колку сум заштедил. Или треба да купиш ултра скапи штедливи сијалици за да ти траат подолго каде на двоспратна куќа со еден куп светло нема математика или да си плаќаш по два пати.
     
  19. krema

    krema
    Professor

    10,166
    9,782
    24 Јуни 2009
    Машко
    100 пати подобри и поквалитетни за разлика од оние кинеските по пазарче што се продаваат. Имат долг век на траење, додека кинеските можат за 1 ден да прегорат.
    И мислам дека високата цена е оправдана за Osram-от.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,219
    4,667
    4 ноември 2013
    Машко
    Земав 5 вакви и ниедна не е цркната до сега, додека користевме од тие обичните ај да не претерам ама менував по 1 - 2 во месецот ооообавезно, се исплати што ги земав :)
     
  21. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,116
    682
    2 Мај 2011
    Осрам се квалитетни производи и јас имам спирали од нив и немаат никаков проблем. Не се голема разлика од кинеските. Пред некое време ги имаше во Бриколаж на промоција околу 130-40 денари за 23W.
     
  22. geek22

    geek22
    Gaining Experience

    193
    103
    23 Февруари 2015
    Машко
    koristam led veke 2 godini, kupivme 20-tina togas za vo cel stan, neznam model tocen na pamet, se nema ni edna seuste rasipano, super si teraat, taka da ti mozebi si udril na los brend ili pratka
     
  23. igoooor7

    igoooor7
    Gaining Experience

    129
    145
    17 Февруари 2015
    Машко
    I jas isto imam pozitivno iskustvo. Koga go srediv i se vseliv na gorniot sprat kupiv za site sobi led sijalici mislam deka bea PHILIPS. Eve veke skoro 5 godini nemam smeneto nitu edna, uste rabotat bez problemi.
     
  24. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,116
    682
    2 Мај 2011
    Изгледа јас сум налетал на лоша пратка... Инаку приметувате ли нешто во сметки за струја, има ли по некој киловат помалце ? :)
     
  25. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,219
    4,667
    4 ноември 2013
    Машко
    Да ти кажам искрено имам приметено само дека не купувам веке сијалици за по дома а сметката за струја иста ми е :)
     
    На Oktar и yasho им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. the G man
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    4,459
  2. hmmm
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    889
  3. FLEGMA
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    904
  4. skullmonkey
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    1,899
  5. darko_989
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    847
Вчитување...

Сподели

Вчитување...