HijackHacker
poweruser
И да успееш да го надминеш еророт, нема да ти дозволи да додадеш стретства, бидејќи си на дебитна картица, и ќе зема директно од неа. 
Моментално ја прегледав страната за повлекување пари, и нигде не пишува дека понатамошни потврди се потребни. Дека само чини 2 евра такса за повлекување на картичка и дека минималниот износ е 10 евра.
Не треба да ти стигне потврда од paypal, туку на страницата на твојата банка треба да видиш дека средствата се одземени од paypal и ќе има уште еден 4-цифрен број. Тој број ќе ти треба за верификација.Колку време треба да помине додека ти пратат потврда за оние почетни 1.5 евро?
Јaс отворив акаунт сабајле во 8:00 некаде и еве се уште тие 1.5 евро ми се како резервирани сретства, се уште нема пратено потврда од paypal.
Не треба да ти стигне потврда од paypal, туку на страницата на твојата банка треба да видиш дека средствата се одземени од paypal и ќе има уште еден 4-цифрен број. Тој број ќе ти треба за верификација.
Е тоа де, на тоа мислев. Грешно се изразив. Колку време?
Луѓе дај кажете како да ми префрлат пари од Америка преку paypal (100 долари е сумата).
Ако не може преку paypal предложете алтернатива.
Значи само да дополнам. Може на некој ке му се најде. Им ги испратив на paypal сите доколументи што ми ги побараа и еве денес ми ја одблокираа сметката. Дури ми пратија и емаил со извинување.