Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

PayPal преку НЛБ Тутунска Банка

Статус
Затворена за нови мислења.

registriransum

read-only
25 јуни 2009
28
5
Maestroto е ѓубре:D. Џабе и CvC бројот. Се гледаше дека на сајтот има Mastercard, но како и што се сомневав (иако тој сомнеж беше зачинет со надеж, измолзена како од хроник од кладилници), не може да биде регистрирана на ПејПал.
Среќа шо се чека да ми се јават за the real deal и ова Maestroto ќе му го дам на дедо ми да го користи како лењир.

Вадете луѓе Visa Electron дури можи...

Пред еден месец ми кажаа во тутунска да дојдам пак за нова година, немале Visa Electron картички на залиха лол. Сериозно!
 

Dexter26

hello world
16 септември 2010
186
95
Среќа шо се чека да ми се јават за the real deal и ова Maestroto ќе му го дам на дедо ми да го користи како лењир.

Вадете луѓе Visa Electron дури можи...

Да го користи како лењир, добар си :D :D :D
Инаку, на мене вчера, понеделник, 8 ноември 2010, во 18:01 часот, кога ниту една филијала на НЛБ Тутунска Банка во Скопје не работи, ми стигна СМС порака со известување дека Visa Electron картичката за која поднесов барање е готова.
Ќе одам денеска да ја подигнам, ама тешко дека ќе дочекам да ја регистрирам на словенскиот PayPal, бидејќи немам ебан динар во мене за да и направам валидација, така да, тоа најверојатно ќе го дочекам кон крајот на неделава или наредната недела.
Е сега, вистина е тоа дека банките работат и откако ќе затворат, но тоа е за да средат документација за изминатиот работен ден, и не верувам дека вчера ќе ме пуштеа да ја подигнам картичката кога банката е затворена.

Пред еден месец ми кажаа во тутунска да дојдам пак за нова година, немале Visa Electron картички на залиха лол. Сериозно!

Е па, ќе побараш во другите филијали на банката.
И на мене ако отидам во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во Автокоманда најсигурно ќе ми кажат дека веќе подолг временски период не издаваат Visa Electron, а во седиштето на НЛБ Тутунска Банка во Центар најсигурно ќе ми кажат дека пластика ќе им стигнела дури за месец дена, исто како што ми кажаа и во септември 2010 и во октомври 2010.
Ама затоа, јас си свршив работа во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ.

Ако те дриблаат во една филијала, ќе отидеш во друга филијала за да се распрашаш.
Gorskin од Битола дојде во Скопје за да поднесе барање за Visa Electron во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ и речиси си сврши работа. Велам речиси, бидејќи од речиси ќе премине во конечно, кога ќе си ја подигне картичката, а тоа најверојатно ќе биде оваа недела, односно недела дена откога го поднесе барањето.
 

Gorskin

hello world
22 октомври 2010
52
1
Пред еден месец ми кажаа во тутунска да дојдам пак за нова година, немале Visa Electron картички на залиха лол. Сериозно!
Јас бев пред една недела и се беше во ред. Во ГТЦ таа филијала. Не знам ти кај беше. Ако си од Скопје супер, а ако не си, незнам шо да ти речам... снаоѓај се.
Како шо видов, таму имаше еден куп на веќе готови Visa Electron картички и сигурно дека овој "промотивен" период нема да трае долго.

Каква нова година?!? Абе дури има сега оди и аплицирај. Не би чекал јас до нова година. Мене така ми викаа уште од Мај, оваа година. Ете, вчера го земав Maestroto и кога ги прашав за Visa Еlectron, пак ми кажаа дека нема и не се знае кога ќе има. Нешто токени глупости ми кажуваа, безвеза.
 

Gorskin

hello world
22 октомври 2010
52
1
Да го користи како лењир, добар си :D :D :D
Инаку, на мене вчера, понеделник, 8 ноември 2010, во 18:01 часот, кога ниту една филијала на НЛБ Тутунска Банка во Скопје не работи, ми стигна СМС порака со известување дека Visa Electron картичката за која поднесов барање е готова.
Ќе одам денеска да ја подигнам, ама тешко дека ќе дочекам да ја регистрирам на словенскиот PayPal, бидејќи немам ебан динар во мене за да и направам валидација, така да, тоа најверојатно ќе го дочекам кон крајот на неделава или наредната недела.
Е сега, вистина е тоа дека банките работат и откако ќе затворат, но тоа е за да средат документација за изминатиот работен ден, и не верувам дека вчера ќе ме пуштеа да ја подигнам картичката кога банката е затворена.



Е па, ќе побараш во другите филијали на банката.
И на мене ако отидам во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во Автокоманда најсигурно ќе ми кажат дека веќе подолг временски период не издаваат Visa Electron, а во седиштето на НЛБ Тутунска Банка во Центар најсигурно ќе ми кажат дека пластика ќе им стигнела дури за месец дена, исто како што ми кажаа и во септември 2010 и во октомври 2010.
Ама затоа, јас си свршив работа во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ.

Ако те дриблаат во една филијала, ќе отидеш во друга филијала за да се распрашаш.
Gorskin од Битола дојде во Скопје за да поднесе барање за Visa Electron во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ и речиси си сврши работа. Велам речиси, бидејќи од речиси ќе премине во конечно, кога ќе си ја подигне картичката, а тоа најверојатно ќе биде оваа недела, односно недела дена откога го поднесе барањето.
Dexter, брзо ти стигна пораката, колку, 1 недела?!? Ти аплицираше, мислам во понеделник\вторникот, а јас во четвртокот. Значи и мене треба сега да ми стигни, овие два дена.
Абе за валидација нема проблем, кога ќе го имаш ресорсот, не е проблем да градиш и куќа. Проблем е ако имаш само пуста желба. Не мора одма. Јас внесов нешто со оваа Maestro каначката, на трансакционата, знаев дека е за џабе, ама ај, ќе се најдат за валидација на Visa Electronot.

Шо стори бе дупченки за едно нешто кое шо треба да биде достано за секој во сите можни филијали. Скопска стопанска, нема шанси да прави вакви глупости и да неможеш да извадиш една безплатна картичка. Банка е да му се плукнам, не е флиперница, па сега жетони снемало.

Стварно е смешно.
 

Dexter26

hello world
16 септември 2010
186
95
Dexter, брзо ти стигна пораката, колку, 1 недела?!? Ти аплицираше, мислам во понеделник\вторникот, а јас во четвртокот. Значи и мене треба сега да ми стигни, овие два дена.

Минатиот вторник, 2 ноември 2010, го поднесов барањето за Visa Electron во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ.
Му се јавив на еден пријател мој за да си сврши и тој работа, бидејќи и тој сака да користи PayPal.
Ама тој немаше отворено трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка, па минатиот вторник отвори и безброј пати им повтори дека сака Visa Electron, а не Maestro.
Е сега, не знам зошто, но и на него, исто како и на мене, му дадоа формулар, односно барање само за отворање на трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка, а воопшто не му дадоа формулар за Visa Electron.
Кога јас ја отворив мојата трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка во филијалата во Автокоманда, исто така ми го дадоа само формуларот за отворање на трансакциска сметка, и откако го пополнив истиот ми кажаа дека не издаваат Visa Electron веќе подолго време, поради што ќе ми издадат Maestro дебитна картичка со CVC код.
Но сепак, формуларот за Maestro ми го дадоа за да го пополнам дури недела дена подоцна, кога ми ја издадоа картичката.
И сепак, и на пријателот мој вчера, понеделник, 8 ноември 2010, му стигна СМС порака, но со известување дека неговата Maestro картичка е готова, а не Visa Electron, и покрај тоа што безброј пати им повтори дека сака Visa Electron, а не Maestro.
Денеска, вторник, 9 ноември 2010, кога отидовме да ги подигнеме картичките од филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ, беше подготвен да ја затвори трансакциската сметка во НЛБ Тутунска Банка и да ги батали, убаво ги потсети дека барал Visa Electron, а не Maestro.
Тие што ги издаваат картичките и формуларите за истите, му потврдија дека помнат дека барал Visa Electron, а не Maestro и најверојатно станува збор за грешка и му дадоа да пополни формулар за Visa Electron, а за Maestro картичката тој убаво им кажа дека не му треба и тие не му ја издадоа.
Сега и тој ќе чека до наредниот вторник, 16 ноември 2010, доколку и понатаму ги издаваат картичките за недела дена по поднесувањето на барањето, се разбира, или најдоцна до крајот на наредната недела, и ќе си дочека конечно и тој да има Visa Electron и да користи PayPal.
А јас си ја подигнав мојата Visa Electron дебитна картичка од филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ, и сега останува на мене да соберам едно 200 ден. или 300 ден. за да ги ставам на мојата трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка и да ја регистрирам и валидирам на словенскиот PayPal.
 

registriransum

read-only
25 јуни 2009
28
5
Брат страшна работа е во банка да ти кажат немаме пластика дојди другиот месец. Ти сакаш пари да им оставаш они ти викат не бива сега ќе дојдеш за нова година.
Само кај нас го има ова. Страшно
 

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.574
Толку многу дискусија, а пари на сметка нула. Планирате барем да купувате онлајн, да терате бизниси нешто или пак ПејПал ви е само ради реда колку да се рече ?
 

Dexter26

hello world
16 септември 2010
186
95
Брат страшна работа е во банка да ти кажат немаме пластика дојди другиот месец. Ти сакаш пари да им оставаш они ти викат не бива сега ќе дојдеш за нова година.
Само кај нас го има ова. Страшно

Види, јас лично мислам дека тоа го прават поради ова со PayPal.
Но фактот дека јас успеав да свршам работа и да извадам Visa Electron од НЛБ Тутунска Банка зборува дека сепак изводливо е.
А како банката е организирана и како си тера бизнис, тоа си е во целост нејзин проблем.

Толку многу дискусија, а пари на сметка нула. Планирате барем да купувате онлајн, да терате бизниси нешто или пак ПејПал ви е само ради реда колку да се рече ?

Е па, не може преку леб погача.
Јас немам зошто да ставам пари во банка.
Ставам пари во банка само кога сакам да купувам преку Интернет, и многу ретко колку за да имам некаква заштеда.
Моментално сум шворц, но тоа не значи дека не сум заинтересиран или дека не требаше да извадам Visa Electron, или дека не требаше воопшто да дискутираме за тоа на форумов.
Лесно е да кажеш "Може да чека за кога ќе имам пари", но кога нешто како Visa Electron бесплатно ќе ти го издадат после само 5 минути пополнување на формулар и недела дена чекање, па и не е лошо однапред да се организираш.
А што се однесува до купувањето преку Интернет, ич да не се секираш, eBay е полн со се и сешто што ти душа сака, дури и да не си планирал да купуваш ништо, сепак, кога ќе видиш што се има на продажба, ќе те фати интерес за нешто што воопшто не си ни планирал да го купиш.
А инаку веќе имам листа на работи кои планирам да ги купам и платам преку PayPal.
И моментално сум шворц, но тоа не значи дека треба да се откажам и да фрлам се во вода, само поради финансиската состојба.
Не ми е ни прв пат, а нема да ми биде ни последен пат.
 

Gorskin

hello world
22 октомври 2010
52
1
Минатиот вторник, 2 ноември 2010, го поднесов барањето за Visa Electron во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ.
Му се јавив на еден пријател мој за да си сврши и тој работа, бидејќи и тој сака да користи PayPal.
Ама тој немаше отворено трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка, па минатиот вторник отвори и безброј пати им повтори дека сака Visa Electron, а не Maestro.
Е сега, не знам зошто, но и на него, исто како и на мене, му дадоа формулар, односно барање само за отворање на трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка, а воопшто не му дадоа формулар за Visa Electron.
Кога јас ја отворив мојата трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка во филијалата во Автокоманда, исто така ми го дадоа само формуларот за отворање на трансакциска сметка, и откако го пополнив истиот ми кажаа дека не издаваат Visa Electron веќе подолго време, поради што ќе ми издадат Maestro дебитна картичка со CVC код.
Но сепак, формуларот за Maestro ми го дадоа за да го пополнам дури недела дена подоцна, кога ми ја издадоа картичката.
И сепак, и на пријателот мој вчера, понеделник, 8 ноември 2010, му стигна СМС порака, но со известување дека неговата Maestro картичка е готова, а не Visa Electron, и покрај тоа што безброј пати им повтори дека сака Visa Electron, а не Maestro.
Денеска, вторник, 9 ноември 2010, кога отидовме да ги подигнеме картичките од филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ, беше подготвен да ја затвори трансакциската сметка во НЛБ Тутунска Банка и да ги батали, убаво ги потсети дека барал Visa Electron, а не Maestro.
Тие што ги издаваат картичките и формуларите за истите, му потврдија дека помнат дека барал Visa Electron, а не Maestro и најверојатно станува збор за грешка и му дадоа да пополни формулар за Visa Electron, а за Maestro картичката тој убаво им кажа дека не му треба и тие не му ја издадоа.
Сега и тој ќе чека до наредниот вторник, 16 ноември 2010, доколку и понатаму ги издаваат картичките за недела дена по поднесувањето на барањето, се разбира, или најдоцна до крајот на наредната недела, и ќе си дочека конечно и тој да има Visa Electron и да користи PayPal.
А јас си ја подигнав мојата Visa Electron дебитна картичка од филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ, и сега останува на мене да соберам едно 200 ден. или 300 ден. за да ги ставам на мојата трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка и да ја регистрирам и валидирам на словенскиот PayPal.
Знајш шо фалц ќе примев јас ако не имав поддадено за тоа безвредното парче пластика, Maestro?!?? Теткицата арно ми се јави, одма од ко излегов од банката и неа и конфирмирав дека сакам само Visa Electron. Тие ќе ми извадеа Maestro, ако не ми беше направена картичката и ако немав трансакциона сметка.
Dexter, овие вработените, не знаат за ПејПал финтата толку многу, административците прават дупченки најверојатно, а овие не се толку свесни за тоа и не се замараат многу.

Ама ќефој си сега со Visa Electronot а? Признај, дека дури не излезе од банката со картичката вџеб, не ти се веруваше :D. Јас ќе се сомневам се дури не ја пикнам вџеб. Дури и кога аплицирав, и сега чекајќи, се нешто си мислам дека ќе ми речат дека снема материјал пак.
 

Dexter26

hello world
16 септември 2010
186
95
Ама ќефој си сега со Visa Electronot а? Признај, дека дури не излезе од банката со картичката вџеб, не ти се веруваше :D. Јас ќе се сомневам се дури не ја пикнам вџеб. Дури и кога аплицирав, и сега чекајќи, се нешто си мислам дека ќе ми речат дека снема материјал пак.

А бе, и јас одвреме навреме се сомневам во намерите и тврдењата на одредени луѓе, меѓутоа кога си имаш работа со некој познат на јавноста, како некоја банка, во овој случај НЛБ Тутунска Банка, многу ретко се сомневам во тоа што ќе ми го кажат.

Не бев задоволен од односот од нивна страна во филијалата во Автокоманда.
Прво ги прашувам за Visa Electron, тие ми го кажуваат стандардното дека треба да имам отворено трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка, но воопшто не ми спомнаа дека не издаваат Visa Electron веќе подолго време. Тоа ми го кажаа дури откако го пополнив формуларот за отворање на трансакциска сметка.

Е сега не сум песимист како тебе, секогаш да помислувам на најлошото,
ама сепак има моменти кога воопшто немам доверба во одредени луѓе.
 

Gorskin

hello world
22 октомври 2010
52
1
Брат страшна работа е во банка да ти кажат немаме пластика дојди другиот месец. Ти сакаш пари да им оставаш они ти викат не бива сега ќе дојдеш за нова година.
Само кај нас го има ова. Страшно
Доста иронично е ова сето. Немаат ни пластики за безплатни картички, што укажува на неснаодливост, неодговорност и флегматичност, во цел океан на конкуренција од други банки, а од друга страна, приморани сме да се заебаваме со нив, затоа што се дел од групација, чии картички гарантираат влез во нај моќниот платежен систем на интернет.

Толку е иронично, што дури и е перверзно. Да трчаш од банка во банка, за да ти издадат една безвредна картичка, која е абсолутно незначителна во светски рамки.
Дури и во Албанија би се смееле на вакво сценарио, во кое сега партиципираат Македонските граѓани.
 

Gorskin

hello world
22 октомври 2010
52
1
Е сега не сум песимист како тебе, секогаш да помислувам на најлошото,
ама сепак има моменти кога воопшто немам доверба во одредени луѓе.

Само брзо инфо за Оптимист и Песимист.
Оптимистот, оди дури и кога ситуацијата е безнадежна и јуриша со една паповка на отворена рамница, а од другата страна има чичковци со Гетлин машинки. Песимистот пак, убеден во најлошото, не се ни обидува да проба, зошто тој веќе се уверил дека крајниот резултат ќе биде незадоволителен за него.

А реалистот, рационално ги согледува нештата, ги сумира и си дизајнира заклучок. Не сум ни оптимист (фала богу), ниту песимист, иако кога би можел да бирам меѓу овие двете, би одбрал оптимист, зато шо барем тие нешто превземаат(иако на ќоро), а песимистите само дремат и пробуваат да ја манипулираат реалноста, која никогаш не се подчинува на нивните желби, така да сето тоа егзистира во нивните глави.

Кога ќе бараш да ти извадат едно купче на безсмислено сврзани молекули, како Visa Electronot, едно 7 месеци, е тогаш, како шо и самиот призна, не е тоа коинциденција. Значи е тоа намерно од повисоките инстанци на Тутунска банка. Неможе да нема пластики. Всушност, нема во секоја филијала, поточно, нема во 99% од филијалите.
Ти прават финти, прво им кажуваш дека сакаш Visa Electron, тие не ти кажуваат дека нема, туку ти го даваат формуларот за трансакциона сметка и дури потоа ти го креваат притисокот, со она што никако не сакаш да го слушнеш: "немаме пластики за Visa Electron".:p

Кога работите нема да зависат од тебе, треба да се биде внимателен. А ако бев песимист, немаше ни да отидам во ГТЦ филијалата, зато шо имаше многу малку време и работата беше за во Американска амбасада, таму не се толерира никакво каснење. Ниту ќе се замарав Охрид по филијалите. Во двата случаи, не дојдов специјално за картичката, но сепак, никогаш не се откажувам.
 

Dexter26

hello world
16 септември 2010
186
95
Само брзо инфо за Оптимист и Песимист.
Оптимистот, оди дури и кога ситуацијата е безнадежна и јуриша со една паповка на отворена рамница, а од другата страна има чичковци со Гетлин машинки. Песимистот пак, убеден во најлошото, не се ни обидува да проба, зошто тој веќе се уверил дека крајниот резултат ќе биде незадоволителен за него.

А реалистот, рационално ги согледува нештата, ги сумира и си дизајнира заклучок.

Добро де, па никој не е совршен, па дури ни јас.
Оптимист, реалист, песимист, сеедно.
Јас не сум баш реалист, исклучиво сум или оптимист, или песимист.
Кога Extremex ми кажа дека свршил(а) работа во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ, му/и поверував, но сепак отидов таму како песимист.
Од песимист преминав во оптимист кога ми го дадоа формуларот за Visa Electron за да го пополнам, а со оглед на тоа дека денеска ја зедов картичката, тешко дека ќе се пожалам за НЛБ Тутунска Банка бидејќи за мене си свршив работа, но не и за сите останати.
Е сега останува на сите останати да бидат оптимисти, реалисти или песимисти.
Јас, од моја страна, немам повеќе зошто да бидам песимист што се однесува до НЛБ Тутунска Банка, бидејќи на мене ми свршија работа и ми издадоа Visa Electron дебитна картичка.
Е сега, ако НЛБ Тутунска Банка превземе нешто против користењето на нејзините Visa Electron картички на словенскиот PayPal, е тогаш повторно ќе преминам во песимист што се однесува до банката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно