Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Новата платформа за учење на далечина

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.538
1.038
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@krema се извинувам однапред ако ме разбериш лошо,
меѓутоа не е работа на Министерстовото
(кое претпоставувам е запознато со начинот на кој работат провајдерите за интерет услугите со ограничен интенрет или со политика на фер користење)
да излезеа со статистика... еден час "чини" толку и толку интернет во просек,
хипотетички зборам сега, HD камерите трошат толку и толку повеќе интернет одколку телефонските камери...
еве ви упатствра за помошни software-и како CamDroid итн...
Јас би рекол, не се знае кој пие кој плаќа... а една госпоџа (не би ја именувал поради правила на Форумов) беше тотално задоволна од постигнатото
демек се работело на случајов недела две и можело толку да се постигне, а не се размислувало неколку месеци наназад...
Мислењето е автоматски споено:

и би додал... да му дадевме на @Avid ( ;) )посериозно ќе испланираше отколку некои институции... ;)
 
  • поддршка
Реакции: Avid

krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
Јас би рекол, не се знае кој пие кој плаќа
Се знае кој пие и кој плаќа. :D
Инаку денес бев пријатно изненаден од двата часа, сите ученици прописно беа вклучени на време, воопшто немав потреба да им објаснувам кои се правилата на онлајн настава, после секоја комуникација со мене си го мутираа микрофонот, после секое дигање на рака прописно си ја спуштаа раката, имав чувство како да се навистина физички присутни.
Нашиот проблем по школите е лошата wi-fi структура, немање на компјутери или лаптопи. Јас лично немам асален лаптоп па морав да се снаоѓам за почеток, доколку не го обезбедат техничкиот минимум вероватно ќе треба да пазарам лаптоп :( што за мене е огромен терет моментално.
Верувам дека има и обратни ситуации за разлика од моето прво денешно искуство, но ако се има желба сето ова може многу убаво да профункционира за 1 недела.
Во врска со трошењето на интернет чинам дека битен удел имаат серверите на teams, колку они ни сервират толку ќе има потрошувачка, без разлика да ли сме со Full UHD 4K камери или сме со обични VGA камери.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.538
1.038
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@krema ми се допаѓа ентузијзмот секогаш, ама пак би рекол едно мрчење кое не го сакам многу... ако некој алатка му се десетици коли од 8 Мил, зошто да не се алатка пред сѐ на наставниците (а не би требало да заостануваат ни децата од ранливи категории) неколку поскромни lap-top-a... иначе задоцнето ќе речам, аирлија почеток Првачиња па и останати...
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
@gamon
Би требало да работи, немам искуство на win7. Прошлата недела пробав на едно постаро нетбукче со WinXP и успешно се отвара платформата со firefox и со chrome, додека teams нема шанси да се инсталира - а и никако не сака да се учита преку веб.
Јас денес се врзав со chromebook (постаро моделче) и преку web директно се логирав на teams (значи не на инсталирана апликација), искрено се си мазно работеше како што треба. :)

@Глупав
Требаше МОН барем да инвестира во подобрување на интернет инфраструктурата низ сите школи во МК + да набави по неколку лаптопи за секое школо како резерва за наставници кои немаат или не можат да си дозволат нов лаптоп.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
@gamon
Би требало да работи, немам искуство на win7. Прошлата недела пробав на едно постаро нетбукче со WinXP и успешно се отвара платформата со firefox и со chrome, додека teams нема шанси да се инсталира - а и никако не сака да се учита преку веб.
Јас денес се врзав со chromebook (постаро моделче) и преку web директно се логирав на teams (значи не на инсталирана апликација), искрено се си мазно работеше како што треба. :)

@Глупав
Требаше МОН барем да инвестира во подобрување на интернет инфраструктурата низ сите школи во МК + да набави по неколку лаптопи за секое школо како резерва за наставници кои немаат или не можат да си дозволат нов лаптоп.

Замисли да не се случеше проклетиов вирус, ќе туркавме по старо до 2050-та.

Денес за жал, после првиот час по македонски јазик наставничката изгуви конекција (во Ѓорче Петров - Скопје е школото). Останаа онлајн 4-5 дечиња меѓу нив си разговараа од 8 до 9:30 и решивме да се откажеме.

Во 10:30 зборував со наставничката наводно конекцијата откажала, пробувала да се вклучи ама неможело. Е сега дали пробала 2-3 пати или до крај на наставата незнам ама зборот ми е ако тоа школо во Скопје, ај можда не е центар ама е сепак урбана населбам, нема стабилен интернет можам да замислам како е во другите градови.

Верувам дека ќе се подобри со тек на време, ама да, требаше да се инвестира во интернет инфраструктура и машини години уназад како ставка во буџетот (тековни трошоци) преку МОН.

Сега сме како кога ти ѕвони поштар со алиекспрес пратка на врата, а ти на шоља со гаќите спуштени до доле. Веќе почнала работата, а тој ѕвони ли ѕвони... јбг.

@gamon работи Teams на W7
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
Инаку во март кога ни кажаа дека понатаму ќе одиме со онлајн настава, бев целиот опкружен со прашалници, што, како, на кој начин, тешко дека ќе успееме!
За неколку дена ги собрав моите ученици на месинџер, пошто се од различни класови и години ги организирав во посебни групи по предмет и по година за да понатаму тргне процесот без поголеми потешкотии. Нормално дека и јас се реорганизирав со материјали и начини на мојата настава. :) За 2 недели часовите почнаа одлично да се спроведуват.
Значи само треба добра организација и брзо престројување, ова со тимс за мене е исто како и ZOOM - месенџер и останати платформи, разликата кај тимс е што сите алатки на MS се на едно место, достапни без инсталација како за секој ученик така и за секој наставник било каде и во било кое време - сето ова бесплатно. :)
Фазонот е само брзо престројување со тимс, а учениците како што спомнав погоре немат ама баш никакви проблеми во користење на истиот (мислам на средношколци).
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
Богами за цигари повеќе одат пари отколку за кафана. :)
btw Слушнав дека сега скоро пак ќе ги покачувале цигарите. :D
 

Elenaaa

read-only
13 август 2013
43
57
зборот ми е ако тоа школо во Скопје, ај можда не е центар ама е сепак урбана населбам, нема стабилен интернет можам да замислам како е во другите градови.

Еве во Битола, со data интернет денес работевме зашто wifi-то во школото не издржа. Барем да имаше опција за кабел (ја има во некои школи) верувам постабилен ќе беше нетот така. Ама немаше. Нејсе, ете се снајдовме, па ако продолжи вака, ќе чекаме промотивни даскалски пакети со интернет од а1/телеком.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.538
1.038
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
ПАЗИ СЕГА... I challenge д оператерите, да извадат некоја реклама каде го подржуваат Образованието, еве на пример со некои промотивни пакети за школите!!!
АКО некој од нив чита овде!??
 

AndrejGagale

lurker
12 април 2009
569
73
Прилеп
Прашањево можеби не е за овде но е поврзано со учењево на далечина.
Се работи конкретно за предмет математика, и се знае колку е возможно тоа учење преку компјутер. Имам намера да земам Pen Tablet - да служи како табла на која ќе се објаснуваат задачи. Дефинитивно мислам дека ќе биди полесно и подобро. Дали некој има пребарувано или има да ми препорача каков да земам?
Јас овај го гледам и мислам да го земам.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Прашањево можеби не е за овде но е поврзано со учењево на далечина.
Се работи конкретно за предмет математика, и се знае колку е возможно тоа учење преку компјутер. Имам намера да земам Pen Tablet - да служи како табла на која ќе се објаснуваат задачи. Дефинитивно мислам дека ќе биди полесно и подобро. Дали некој има пребарувано или има да ми препорача каков да земам?
Јас овај го гледам и мислам да го земам.
И више него доволно за намената. Може и со Small верзијата да поминеш сос3ма е доволна и покомпакна, околу А5 или како мала тетратка.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

LadiC

hello world
26 февруари 2009
97
122
Скопје
Завчера си играв со послабо HP550 и додека го средував чепкав нешто. Не се разбирам до толку но тестирав од радозналост и добро се понашаше... Вечерта колегата ме побара и ми кажа дека девојчето си следело најнормално настава. Minimum requirements беше Dual CPU 1.6 GHz , 4GB DDR, GPU 128-byt и minimum Win8.1 или Win10. А сабајле скролајки додека средував 10.1 Hyundai SmartBook 901 <--- само не е за настава :) ... налетав дека сега Minimum requirements e Dual CPU 1.6 GHz , 2GB DDR, Minimum of 128 MB graphics.
 

Атачменти

  • 120904448_736570083560665_8565529762160657183_n.jpg
    120904448_736570083560665_8565529762160657183_n.jpg
    73,6 KB · Прегледи: 34
  • 120572742_2763686453910013_8595257952383020857_n.jpg
    120572742_2763686453910013_8595257952383020857_n.jpg
    60,4 KB · Прегледи: 33
  • 120903046_1517279058472098_1210246310434013855_n.jpg
    120903046_1517279058472098_1210246310434013855_n.jpg
    190,2 KB · Прегледи: 28
  • 120974799_1710871949072492_4780569374536107212_n.jpg
    120974799_1710871949072492_4780569374536107212_n.jpg
    115,1 KB · Прегледи: 27

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.181
16.288
подобрување на интернет инфраструктурата низ сите школи во МК + да набави по неколку лаптопи за секое школо како резерва за наставници кои немаат или не можат да си дозволат нов лаптоп.

Другар, мислам дека беше во 2008-ма кога почна циркузот Компјутер за секое дете и кога требаше да се монтира мрежа, компјутери и сервери во сите школи, поради недостаток на кадар се вклучив и јас. Монтирав во 15-тина училишта, од Куманово, Липково, Слупчане, Отља, до Крива Паланка и селата накај граница, до Штип, Радовиш и може уште некое друго место. Освен во неколку Скопски училишта скоро секаде немаше услови и техничка можност. Во повеќето учулишта немаше струја во штекерите, во кумановските компјутерите и свичовите беа украдени, во Паланечките и Штиплските ѕидовите беа нацицани со вода и влага па не ни можеше да се монтираат каналите за мрежа.
Министерството знаеше уште тогаш дека не бива информатика во училиштата, јас лично на седница на владата ги презентирав наодите и тоа на два наврати. Денес условите се исти, во училиштата нема завеси, нема стакла, нема врати и прозорци, нема струја, интернет, мрежа компјутери, сервери. Не навлегувам воопшто во политика бидејќи ова е јавна и социјална работа, ама никој до сега не пипна со прст нешто од нешто да подобри. Народов е напатен, едвај има за прехрана, 50% се заглавени до гуша со кредити а опто државата тапка во место.
Ако не сте сфатиле до сега, животот во државава се сведува на every man for himself.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.387
5.531
Се работи конкретно за предмет математика, и се знае колку е возможно тоа учење преку компјутер. Имам намера да земам Pen Tablet - да служи како табла на која ќе се објаснуваат задачи. Дефинитивно мислам дека ќе биди полесно и подобро. Дали некој има пребарувано или има да ми препорача каков да земам?
Еве варијација на таа тема.
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.962
6.054
Skopje
Прашањево можеби не е за овде но е поврзано со учењево на далечина.
Се работи конкретно за предмет математика, и се знае колку е возможно тоа учење преку компјутер. Имам намера да земам Pen Tablet - да служи како табла на која ќе се објаснуваат задачи. Дефинитивно мислам дека ќе биди полесно и подобро. Дали некој има пребарувано или има да ми препорача каков да земам?
Јас овај го гледам и мислам да го земам.

X-pen, само што и нив ги раграбаа...:(

Инветивно, секоја чест:)
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
@Astro
Конкретно во моето училиште нема никакви остатоци од тие компјутери, има тук там некој остаток од мрежните канали со LAN кабли и по некоја конзола и rack што висат по зидовите, дури незнам што конфигурации беа истите - тотално промашување. Во истото време се поделија на сите наставници по едно нетбукче Asus Eee PC HA900 кои беа неколку години употребливи со инсталираниот edubuntu 7,04 кој за жал немаше долгорочна подршка.
Тоа е, ќе гураме некако на овој или оној начин. :)
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно