Whisky Vishera
Гостин
Генерално Windows Updates одсекогаш предизвикувале проблеми на компјутерите, за разлика од OSX каде што тоj дел е баш фино среден. Никогаш не сум правел апдејти на windows. Секогаш сум инсталиран интегрирана верзија каде што ги има имплементирано сите најнови апдејти.
Незнам вчера што ми текна да направам апдејт, и си викам ајде да проверам што има ново. Вкупно 190 апдејти, од кој повеќето безбедносни закрпи. Ајде кликнав, нека се инсталираат па што биде нека биде. После апдејтите, направив disk cleanup и пуштив уште еден cleaner да се исчисти WinSxS и некои темпови од апдејтот.
И тука се деси ужасот. Бутирањето на лаптопот од 16 секунди рипна на 30. После некое време почна да пајѓа мрежата. Првото боцкање на USB се деси BSOD, svchost.exe си седи на 25% CPU Usage, дискот потежок за 6GB - се на се, ужас и нервози.
Немам време да ловам проблеми и да се обидувам да поправам нешто. Ми текна на едно ефикасно решение - да се одинсталираат сите апдејти до еден со неколку клика. Е сега, бидејќи немам уклучено System Restore, тоа е невозможно да се направи, освен одинсталирање на апдејтите - еден по еден - што е невозможно ако се земе во предвид дека има инсталирано 190.
Пронајдов на интернет генијално решение за правење на скрипта за деинсталирање на сите апдејти со еден клик, па би сакал да го споделам со вас:
Направете листа на сите апдејти на вашиот систем:
1. Во cmd напишете го следното: wmic qfe get hotfixid >> c:\list.txt
(oва ќе направи текст фајл со листа на сите апдјејти)
2. Отворете го овој фајл и избришете ја првата линија - потоа снимете го.
Генерирајте ја скриптата за деинсталирање:
3. Во cmd напишете го следното: for /f %i in ('type c:\list.txt') do echo wusa /uninstall /kb:%i /quiet /norestart >> c:\uninstall.cmd
4. Едитирајте го фајлот uninstall.cmd и со CTRL+H направете replace на сите "/kb:KB" вредности во "/KB:" (без наводници)
5. Снимете ја скриптата (доколку ја едитирате во Notepad, одберете all files, додадете наставка .cmd и одберете тип на енкодирање UTF-8)
6. Пуштете ја скриптата
Се на се на мене ми беа потребни пола час за деинсталација. После рестарт компјутерот си работеше како што треба. Побрз, полесен и по фраерски.
Поздрав!