1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. krema

    krema
    Professor

    11,013
    10,532
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако отишла во дифрост, можно е чудно прпорење.
     
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,706
    13,070
    2 Август 2012
    Машко
    Можи сешто да биде. Недостаток на фреон (во овој момент) ми делува како неосновано. Повеќе удира на расипан EEV вентил или проблем со прегревање на некоја компонента.
    Мајстор викање да провери се со ред.

    За почеток види дали има (темно)кафеави флеки под цевките односно на местата каде што се приклучени на надворешната единица. Заради пластичниот капак тешко се приметува но сепак маслото од фреонот најдува пат па сето тоа изгледа како мрсна флека.
    Значи, не треба да видиш голема флека.
     
  3. null_ptr

    null_ptr
    On your way to fame

    601
    576
    20 ноември 2013
    Машко
    не ти е потребен нордик модел, немаме такви зими, стандардната нема да има мака и при - ~20*C **, + имаш одлична изолација

    **(искуство пред некоја година [fh50ve] некои денови беа околу -22*C климата одлично работеше, зачестени беа дифростите)

     
    На metro му/ѝ се допаѓа ова.
  4. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    436
    341
    11 Декември 2009
    Дифрост сега, на 15 степени?
     
  5. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,666
    3,391
    24 Септември 2012
    Јас би погледнал FTXF50 Daikin првично, потоа зубадан фх/лн, а потоа фх/лн. Најважното е одводот од надворешната да не е со луле и цревце туку со тацна и цевка.
     
    На metro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    11,013
    10,532
    24 Јуни 2009
    Машко
    Овие 2-3 ноќи беше свежо навечер, а познато е дека најчесто дифрост се случува кога надвор е влажно (а е влажно) и има температура околу 5-7 степени.
    Е сега ако е денски тогаш температурата е повисока и не би рекол дифрост.
     
  7. Gorann87

    Gorann87
    Intern

    14
    5
    23 ноември 2018
    Машко
    Кај мене на Хансолот го имаше истиот проблем. Проблемот беше до фреонот, односно недостиг на фреон. Имаше пукнатина на бакарната цевка кај што се поврзува со над. единица.
    Ја испразнија, го санкционираја проблемот и ја наполнаја пак со фреон. Сега немам никаков проблем
     
  8. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,666
    3,391
    24 Септември 2012
    И јас шпекулирам дека е тој проблемот. Исто како на твоето Грее што фалел фреон, така и на Хаиеров. Симптомите се тие.
     
    На Gorann87 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stojan Gocev

    Stojan Gocev
    Intern

    13
    2
    11 Декември 2019
    Машко
    Spored vas nema li multisplit da bide poefikasen nacin na greenje/ladenje odkolku 2 ili 3 poedinecni inverteri. Mislenje i i drugite clenovi ve molam??
     
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,706
    13,070
    2 Август 2012
    Машко
    Во погорните постови, не знам зошто, превидов дека му се случуваат дефрости на волку топло време. Една од карактеристиките на неодстаток на фреон е мрзнење на едната половина од испарителот (на гормата) со прилично дебел слој на мраз па не е чудо тоа да прави тригер преку сензорот за мерење на температура на испарител.

    Но исто така, вакви проблеми може да прави полу заглавен EEV. Ако е тоа, за жал, многу е тешко да се дојде до изворот на дефектот затоа што при промена на фреон најчесто тој се враќа во нормала (се одглавува) и климата продолжува да функционира нормално мислејќи дека проблем бил недостаток на фреон.

    Како и порано што сум кажал количината на фреон може да се измери само на еден начин. Да се евакуира целиот и да се измери садот во кој е евакуиран. Иначе не може со одокативна метода.
    Со манометри може ама никогаш нема да дознаеш колку фреон недостасува.

    Да не тупам. Има еден тон видеа на Youtube како одат тие процедури.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,666
    3,391
    24 Септември 2012
    Зошто би бил поефикасен? Помал изменувач има од 3 посебни клими.
     
  12. Stojan Gocev

    Stojan Gocev
    Intern

    13
    2
    11 Декември 2019
    Машко
    Незнам за тоа прашувам, мое мислење е дека една надворешна за три внатрешни би трошела помалку енергија отколку три посебни надворешни за секоја внатрешна.
     
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,666
    3,391
    24 Септември 2012
    Повисок COP имаат индивидуални инвертери, а тек па ако се индивидуалните хиперинвертери како FH35VE, Ururu Sarara или слично, разликата ќе е многу во корист на индивидуалните.
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,782
    3,883
    12 Јануари 2016
    Машко
    OK другар, ај од почеток.

    Прво, твоето мислење нема врска со реалноста.
    Второ, кога бараш совет послушај го - советот. :)

    Дени убаво ти објасни еден агол зошто нема врска (тоа што мислиш) од аспект на екомичност во работата. Јас ќе објаснам и од друг агол: Мултисплит систем ќе те кошта многу поскапо од одделни клими. Дури и да си во право дека е малку поекономичен (а не си во право и не е поеконимичен), дури и по твоето тебе ќе требаат едно 30 години за да ја заштедиш разликата.


    Значи читај внимателно: Мултисплит ќе нема да работи поекономично. Напротив (не само тоа Дени што го кажа туку и цевките - многу ќе треба да бидат подолги и низ кога иде фреонот ќе има загуби (и покрај изолацијата). Идеме понатаму... Мултисплит ако има дефект тогаш во цела куќа немаш греење/ладење, ама од неколку ОДДЕЛНИ клими ако се расипе една клима - сите други клими ќе работат.

    Веќе кажав за која ЕДНА работа е „подобар“ мултисплит: Демек поубаво изгледала фасадата кога нема повеќе надворешни единици.


    Е сега ако ти и покрај се што се објасни сеуште сакаш мултисплит клима систем: Другар, СО ЗДРАВЈЕ ДА СИ ГО КОРИСТИШ! :D
     
    Ts011, draganamon и на mdeni им се допаѓа ова.
  15. HEKOJ

    HEKOJ
    Intern

    15
    5
    20 Декември 2016
    Машко
    Денешен апдејт.

    15 степени надворешна, дојде мајстор мереа и не можеа да измерат повисока температура од 38 степени. Притоа направи дефрост од 1 мин без да има ништо замрзнато. Ми рекоа дека доколу било до фреонот ќе имало мраз.

    Заклучокот за крај е дека времето е жешко и затоа нема капацитет, кога ќе залади ќе се врати во нормала во ноември.

    Деновиве ќе одам до сетек да барам официјална поддршка.
     
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,782
    3,883
    12 Јануари 2016
    Машко
    Дефростот не значи ништо без повеќе информации. Но издувот треба да може да се намести на потопло, на пример ако наместите 28с или повисоко за внатрешна температура. Тоа што надвор е 15с само ја прави полесна работата за климата... Би рекол дека нешто не во ред.

    Се разбира освен ако во собата веќе не било топло кога сте мереле. Ако било топло тогаш климата нормално е млако да дува, и да гасне, и да прави дефрости кога веќе застанува. Во тој контекст, тоа е нормално однесување за една клима.
     
  17. Ts011

    Ts011
    Gaining Experience

    159
    68
    31 Март 2020
    Машко
    Jas mislam deka ima nesto problem elektronika/senzori lazni podatoci da i nosat na elektronikata....itn.....
    Jas sega i go napraviv toa na mojata od 23 ja krenav na 30stepeni,za 2min od 490w na 1600w krena a izduv 59.7 (ne uspeav da slikam)i vednas postepeno pocna da sleguva *taka da toa sto ti tvrdele deka taka treba da raboti kako da poropajga vo voda....sega ako nema kapacitet togas na zimo ic....baraj care...
     

    Прикачени датотеки:

    На 1s3ct0wN и HEKOJ им се допаѓа ова.
  18. HEKOJ

    HEKOJ
    Intern

    15
    5
    20 Декември 2016
    Машко
    Нема врска, две години скоро ја имам климава и секогаш на старт во првите две минути оди до 1800 w потрошувачка и 60 степени на издув, сега не сака од 1100 да повлечи повеќе.
    Деновиве иди и до 12 надворешна, не смее на таа надворешна да нема снага да постигне температура. И дури и на 1100 потрошувачка издувот е помал од 40 степени. Колку е тоа cop? Во минус? Сигурно има проблем само прашање е кој ќе биде мајстор да го открие. Не може до 1ви мај да работи нормално а сега наеднаш да промени начин на работа.
    --- Споени мислења, 29 Мај 2020 ---
    IMG_20200529_220107.jpg

    IMG_20200529_220048.jpg

    Ова е изгледот на надворешната и кај бакарните цевки. Не знам дали е мраз или прашина но...
     
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,782
    3,883
    12 Јануари 2016
    Машко
    На прашина изгледа, и не, не е нормално однесувањето според тоа што го опишуваш. Терај си ја правдата, не им дозволувај да те мафтаат и игнорираат за да истече гаранцијата.
     
    Tajson, mdeni и на HEKOJ им се допаѓа ова.
  20. Gorann87

    Gorann87
    Intern

    14
    5
    23 ноември 2018
    Машко
    Истите симптоми беа и кај мојата клима. На издуф макс 35с и со потрошувачката на струја не мрдаше од 1100вати, а иначе си креваше до 1600вати. Кога дојде мајсторо исто мислеше дека е до електрониката и смена некоја сонда, но немаше ефект од тоа и после тоа забележа пукнатина на бакарната цевка кај над единица. Празнење, санкционирање на проблемо и од ново полноње со фреон. Сега климата си раб како шо треба.
     
    На HEKOJ му/ѝ се допаѓа ова.
  21. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,666
    3,391
    24 Септември 2012
    Хансол имаше ти? Грее Хансол?

    Дефектот кај тебе не бил до климата туку до цевките/монтажата. Среќа што навремено се коригирало за да не се оштети самата клима. На која и да е клима ако остане без фреон нема да работи
     
  22. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,706
    13,070
    2 Август 2012
    Машко
    Заклучокот е дека псевдо мајсторите те превеслале и дека климите се проектирани да топлат до плус 24 без разлика на „расположење“ на мајсторот.
    Мој совет ти е, да си ги скратиш маките, јави се уште еднаш и на најмало мрчење правец во пазарна инспекција, ок?

    Надвор било топло па не можело! Брееј! А ако сакаш да ладиш? Ќе измереа издув? (кој не би требало да е над 5 степени)
    Ретардирана работа. Терај во пазарна. Со нив нема да се разбереш.

    За да биде све по правило најпрво пиши e-mail каде што ги известуваш, па јави се на телефон и ако не дојдат (за ден,два) пријави.
    Кажи дека после втор пат ти следува нува клима па како сакаат.


    [btw]
    Во моја околина има неколку мини магацини за овошје и зеленчук кои и во зима користат ладење за одржување на производите. Со нив што праиме?

    Како што кажав или нека пратат други мајсори и нека поправат или нека ти вратат пари и купи си друга.
     
    На HEKOJ му/ѝ се допаѓа ова.
  23. HEKOJ

    HEKOJ
    Intern

    15
    5
    20 Декември 2016
    Машко
    Затоа и форсирам додека трае гаранцијата да ја проверат. Денес бев во сетек нормално ме пренасочија сам да си барам сервис :) на бројот што ми го дадоа од Скопје за да пишат налог не крева никој.
    Ќе видиме од понеделник како ќе биде
     
  24. Gorann87

    Gorann87
    Intern

    14
    5
    23 ноември 2018
    Машко
    Дефектот кај тебе не бил до климата туку до цевките/монтажата. Среќа што навремено се коригирало за да не се оштети самата клима. На која и да е клима ако остане без фреон нема да работи[/QUOTE]
    Грее Хансол да. И да не беше до климата туку до фронот. Но во климата имаше уште фреон кога го испушти. Изгледа дека од пукнатината има тишено по малце фреон и со тек на време веќе немала доволно и не можела да затопли.
    Ги имаше и кај мене истите симптоми како кај НЕКОЈ, за тоа предпоставувам дека е до фреонот
     
    На mdeni и HEKOJ им се допаѓа ова.
  25. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    155
    536
    9 Декември 2016
    Машко
    Пред два дена климата почна да испушта тежок мирис, неописливо каков лош при греење. Нешто како микс од изгорено, мрша. Видов малку жолто горе на излезот од кондез цревото од внатрешната и помислив време е за дезинфекција на цела внатрешна, готово, габи, бактерии и мувла има. А еднаш месечно редовно ги чистам филтрите, плус дома никој не пуши, сакето е како вчера купена и чудно ми падна како успеала да се усмрди, али ај си велам, влажно времето овие дена, и одозгора на тога невестата дома сушеше алишта, влага ова-она па све е можно...

    IT_0.jpg

    Ја растурам цела внатрешна, спремам пумпици Дезинтал сите нишани и шо ќе видам: Капки масло по бакарните цевчиња, се слева надолу по нив и се собрало во кадичката за кондензат. Го мириснав, мирисот е тој, ко чудно прегорено гомно. Пошто има 5 год. гаранција (поминати се две) утре викам сервис, тука нема дилема.

    IT_1.jpg

    Течењето најверојатно е од кај пола цол подебелата цевка, некаде каде шо се разгранува на три мали цевчиња (кај црвената стрелка на фотката:

    IT_2.jpg

    Негооо, сакав мислења од познавачи или некој фриготехничар ако има форумџија околу можниот дефект. Интересно дека при последна проба нормално и грее и лади, нема изгубено перформанси со оглед на губиток на фреон. Дефинитивно има пробој на системот и заедно со маслото има истекување на фреон. Но зошто толку многу масло? Нели треба по некоја флека или капка да има?

    1. Меѓу комресорот и изменувачот има сепаратор за масло кој најголемиот дел од маслото го одделува и враќа во картерот/компресорот. Дали е можен негов дефект па цело масло сосе фреон топтан кружи во системот?

    2. Доколку ова погоре е така, како втора превентива е оил трапот на цевките кој нема да му дозволи на маслото да крева нагоре?

    3. Дали е возможно лоцирање на местото на истекување и негово лемење кај овие мали цевчиња во внатрешната единица?

    Да спомнам дека немаше никакви прпорења или хиссс звуци од внатрешната, не мрзнеше сакето на вн. при ладење, ниту изменувачот на надворешната при греење, што би наведувало на недостаток на фреон. Компресорот го слушам нормално си зуе како првиот ден, без знаци на суво работење. Сепак ова е некако многу масло, колку една чаша 2 деци отприлика. Знам дека ако продолжи вака ќе го зарибам, па не ја палам веќе, освен ако сервисерите сакаат да тестираат.
     

Сподели

Вчитување...