Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Цензура

alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
366
407
Се извинувам за долгиот пост ама на Бистра цел ден врне па немам друга работа :)

Добро е што ете некој меѓу нас се загрижил во која насока се движи светот и навистина, одвреме навреме треба да се позанимаваме со работите кои ги мачат луѓето од развиениот свет. Бидејќи ова е македонски форум, подобро би било да се занимаваме со цензурата во Македонија.
Дали постои? Ако постои да дадеме примери. Дали прифатените општествени и морални норми се цензура, или како што наведе ценетиот форумџија погоре, неопходност за севкупен напредок? Дали доколку се претставувате како информативен портал или страница треба да пренесувате точни и проверени информации? Некое младо момче погоре напиша дека слобода на говор било да може да се каже што било. Да, можеш и да излажеш, но во тој случај лажи во свое име. За жал, ова се однесува на огромен број медиуми, многу ретко авторите на текстовите се потпишуваат под нивните тврдења/информации. Во Македонија на дело е модерен гебелсов систем (проширен и надграден) каде со помош на медиуми, преку бомбастични наслови и лажни вести манипулаторите се претставуваат како жртви. Јас го подржувам методот кој го наведов погоре - "три корни пенал". Ако трипати објавиш лажна вест - те укинуваат. И не продавајте муда за бубрези со тоа што е лага и за кого е лага. Овој форум не е наменет за партиски ботови, овде најголем дел од членовите се умни, воспитани и образувани да почитуваат туѓи мислења. Тоа не треба да се злоупотребува.

Sent from my Redmi
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Mислам дека е лицемерно да зборуваш за почитување една реченица после нарекувањето „партиски бот“ некој само затоа што има различно мислење. ;)

Упорно се повторуваат некои оправдувања за цензурата. Демек некој вошлив портал пишувал невистини, и затоа сега ќе ги контролираме сите медиуми и сите луѓе.

Фактите се следниве:
- ако некој (веб сајт, или обичен човек) лаже и пишува невистини, оштетената страна (или јавниот обвинител) можат да покренат судски и кривични постапки против прекршителот
- контролирање на изразувањето на СИТЕ медиуми и сите луѓе од некое идно „Министерство за Вистина“ по дефиниција е ЦЕНЗУРА

Да биде иронијата поголема, тоа што институциите и државата не функционираат практично го користат како изговор за воведување цензура.



Во Македонија на дело е модерен гебелсов систем (проширен и надграден) каде со помош на медиуми, преку бомбастични наслови и лажни вести манипулаторите се претставуваат како жртви. Јас го подржувам методот кој го наведов погоре - "три корни пенал". Ако трипати објавиш лажна вест - те укинуваат. И не продавајте муда за бубрези со тоа што е лага и за кого е лага. Овој форум не е наменет за партиски ботови
Пропаганда има во целиот свет, не само овде. Сите го прават тоа. Ако мислиш дека ова институционализирање на ЦЕНЗУРА ќе ја искорени пропагандата во медиумите... Се лажеш себе си, или не лажеш нас овде (јас лично мислам дека и двете работи ги правиш истовремено).

Се што прави оваа мерка, е давање на екслузивност на пропагандата, на тие што ги контролираат „проверувачите на факти“ (т.н. фактчекери).
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.213
16.368
Овие теми се толку многу конфузни. Километарски постови во кои ретко можам да сфатам што е што, каде луѓето си се контрадикторни на самите себе си, сакаат да кажат нешто а не знаат да го напишат тоа.....

Изгледа јас сум глуп, подобро да не учествувам.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Нека е јасно дека вакви мислења пријавувам пошо не доликуваат на форум за информатика. Нема ни потреба да се објаснувам за рандом ликови ама ниту имам врска со политичка партија некоја ниту пак у живот сум имал. Толку. А тоа како на некој рандом лик му изгледаат моите ставови, колку ги разбира и колку се согласува со нив си е негов проблем.

Тоа е проблемот со вакви теми, ќе се најде некоја будала и ќе се впушти во политика.

@alkibijad01 лично ми се свиѓа тоа што го произнесе последно. Лично (се осеќам ко да мора да напоменам да не некој каже пак дека генерализирам) би сакал да видам новинарите кои напишале нешто да се јасно познати, лично би сакал да знам кои извори се користени за да се добие информација, помалку кликбејти наслови и повеќе проверени информации.

Ептен се манипулира народов од медиумите, и се тоа е уште пострашно пошо секој веќе има пристап до интернет и до илјадници од никаде никнати портали чија веродостојност и потекло никој не ги знае.
 
Последна промена:

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.249
5.575
Скопје
Дај пример за фејкњуз страна.
Баш да видам што би пријавил ти.
Сигурно не водам дневник за се' што е пишано, ама многу често се случува да се види текст каде изворот е статус на социјална мрежа, од псевдоним.

А таквите статуси, откако ќе ги порекнат некои луѓе во коментари со факти, ОП-то ќе пише „е добро де се заебавав“ или „не знаев“, ама штетата отишла со еден куп шерови и лајкови и искачање на ТЛ кај сите. Ова се случува за и против било која партиска гарнитура.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Така де, „ептен се манипулира народов од медиумите“. Затоа ќе уведеме контрола со цензура и со тоа нема повеќе да има пропаганда... Oh wait. :suprised:

Навистина бе верувате дека ова што се дешава е борба против пропаганда во медиумите, а @toshex (и куп други што ве читам овде)? :)

Инаку да, поедноставно беше порано. Неколку дневни весници и неколку телевизии. Да се знае кој се бави со пропаганда, а не сега кој стигне веб сајт да прави со готови темплејти на беспари хостинг.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Така де, „ептен се манипулира народов од медиумите“. Затоа ќе уведеме контрола со цензура и со тоа нема повеќе да има пропаганда... Oh wait. :suprised:

Навистина бе верувате дека ова што се дешава е борба против пропаганда во медиумите, а @toshex (и куп други што ве читам овде)? :)

Инаку да, поедноставно беше порано. Неколку дневни весници и неколку телевизии. Да се знае кој се бави со пропаганда, а не сега кој стигне веб сајт да прави со готови темплејти на беспари хостинг.

Епа гледаш имаме средина у мислењата. И двајцата не ни се свиѓа ова со порталите. Само има разлика, јас не зборам за „ова“ како ќе биде, туку зборам за што не ми се свиѓа.

Не реков дека решението (кое е предложено од партија А или Б) ми се свиѓа или е таман. Никаде у ниедно мое мислење на темава не се вклучив во дискусија за тоа сега шо се дешава дали е, што е, и колку е добро. Тоа е политика и не се мешам у тоа. Политички гледано сите си имаат различни ставови и тоа на избори се одмерува.

Само реков што не ми се свиѓа и дека треба да се контролира ова со порталиве и ширењево лажни вести.

Е сеа тука има простор за филозофирање дали е тоа цензура или не, ама пак ќе кажам ако е така секој закон шо постои и шо ти ограничува нешто (пример не шетај гол во јавност) е некој вид цензура. Но неопходна.

Да повторам, не поддржувам ниедно предлог решение и стварно не знам кое би било идеално и не верувам дека постои такво шо сите ќе ги задоволи... ама вака ко што е е катастрофа.
 

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Администрација ако сакате да водите ИТ форум затворете ја темава. Доста беше.

Ми у Куманово викамо ‘Мора да има ред и у Бојково лојзе‘
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Во Бојково Лозје ако не сакаат да се замараат со човечки права и слобода на изразување (на интернет), тогаш никој не треба да дискутира за тоа?
Да, звучи глупаво. Дури и за Бојково Лозје.

Што ви е проблемот со барањето за затварање релевантни и важни дискусии?
Некој со сила ве тера да ја отварате темава?

Муабетов ист како со филмовите за бедотиите од „веб портали“. Никој (нормален) овде не ги чита ама сите сакаат истите да ги цензурираат некои таму „фактчекери“ од идното Министерство за Вистина.



... ама вака ко што е е катастрофа.
Твојата констатација е точна.
Но ги игнорираш премисите. И подржуваш нешто што нема да го реши проблемот (цензура).

Катастрофалната состојба се должи на целосна дисфункционалност на институциите, и државата општо. Пример, некој лаже и клевети некој друг. Со функционални институции, оштетениот може да го тужи лажгото, го добива случајот, и за релативно кратко време проблемот е решен.

Овде кај нас што би се случувало?
Случајот би се влечел со години (некогаш и децении) по судот, а исходот зависи претежно од тоа кој ќе повлече појаки врски.


И сега кажи ми што ќе смени цензура на медиумите во оваа ситуација?
Ќе вработат куп „фактчекери“ во некое идно Министерство за Вистина, кои ќе произведуваат „факти“ по мерка на тие што се на власт (а ќе ги плаќаат со пари собрани од нас, преку даноци).

Како ќе помогне ова?
Народот (прост и глуп каков што е, бил, и ќе биде), нема пак да го лажат? Пропаганда нема да има?

Се што ќе добиеме е... Цензура на критичко мислење, не само на медиумите туку и на луѓето. Не гледаш за што се употребува новата мерка „говор на омраза“? За банална цензура. Истата намера е и со новата мерка за контрола на медиумите.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Мислам дека у целава тема никој не спори дека такво сценарио е лошо. Но тоа е веќе политика, односно кој ќе ги контролира контролорите.

Тука имаш прашања и за кој ќе не брани од војската, кој ќе не штити од полицијата итн. Со недоверба во системот ниту едно решение не може да има.

Ова, пак ќе кажам е политика. Јас го спомнувам од философска гледна точка само - велам дека треба да има непристрасна и праведна и фактичка проверка на вести и да има казни ако се вршат лаги, манипулации и шират невистини.

А кој и како да се спроведе, е секако осетливо прашање и се слагам дека има премногу простор да биде злоупотребено - ко што има простор да се злоупотреби секоја позиција на моќ.

Така шо никој не ти оди контра на тоа, но у пракса уште не сме виделе како ќе е (иако веројатно ќе е можда повеќе ко цензура ко ти шо викаш него ли било што). Ама ако така ниеден чекор во никоја насока не треба да правиме пошо секако може да погрешиме.

И тука е проблемот филозофски, етички и морално. Дали е подобро каде што сме или може да биде подобро... а политички гледано има и прашање ДАЛИ ќе биде подобро со оглед кој е на власт нели :)

Тешко е како и да ја вртиш.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Погрешно се поставуваш кон проблемот, но за тоа ќе се навратам откако ќе ти го посочам ова: Сеедно е кој е на власт, помалку или повеќе истите проблеми ги имаме (и се влошуваат) сеедно кој моментално е на власт (а има некои па се и постојано на власт).

За проблемов. Не можеш да правиш споредби со институциите Војска и Полиција, не кога зборуваш за институција чија задача би била да одредува што е Вистина, и да цензурира се што не е нивната вистина. Пази, ако навистина сметаш дека треба некој друг да ти каже што е вистина а што е лага - тогаш проблемот е во тебе (општо зборувам, не стриктно само за тебе).

Ни ти, ни голем дел од другите овде, не ја гледате димензијата на проблемот.
Моментот дека некој друг ќе диктира што е Вистина, што се фактите - дека институционално ќе се цензурира слободна критичка мисла... Како што реков, на жалост не гледате што се случува. Не сум многу изненаден, пошто членството на форумов е слика на општеството во кое живееме. Но искрено, очекував дека барем овде е поголем процентот на свесност... На жалост тоа не е така.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Јас сметам дека не се ни трудиш да разбереш што кажувам.

Те ислушавме сто пати и се согласивме со проблемите кои ги посочуваш во повеќето области. И пак критикуваш за нешто.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
Сите медиуми од западот пренесоа и убедуваа дека садам има оружје за масовно уништување.
Викиликс покажа дека грото се на платен список на америчките служби и работат како платеници со нарачани текстови.
Резултат се милиони жртви и уништени држави.
Како планираш да забраниш медиум финансиран од разузнавачки служби?
Тоа е и за кај нас исто.
Демек се смени власт, па продолжија со хвалоспеви за новата гарнитура. Истите срање медиуми.

Бомбите на Ел чека ги објавија пар медиуми, ама големите преќутеа, што не беше случај пред 3 години.
Тоа е цензура.

Што се беше кажано, што се беше излажано, ама истите што се убија од лажење сега ќе казнуваат за лажни вести?
Или сте претерано наивни, или сте со агенда, ако тоа не ви смета. Двете се лоша опција.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Сите медиуми од западот пренесоа и убедуваа дека садам има оружје за масовно уништување.
Чим во ww II имаа нуклеарка, сега кој знае што имаат.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
Јас сметам дека не се ни трудиш да разбереш што кажувам.

Те ислушавме сто пати и се согласивме со проблемите кои ги посочуваш во повеќето области. И пак критикуваш за нешто.
И јас те слушам како мантраш дека на власт треба да се верува.
30 години каде живееш?
Ок и пред тоа исто срање, глума дека има повеќе партии кога истите цензори од 48ма останаа да владеат и крадат.
Цензура е единствената алатка за порибување на народот. Слобода на говор е единствената надеж за слобода воопшто. Секој може да каже што сака, ако е валиден ќе собере публика и луѓе што ќе му веруваат, ако не...

Ама овчарот е тој што ги чува овците од волкот... за да ги заколе и изеде.
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.660
6.945
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Секој може да каже што сака, ако е валиден ќе собере публика и луѓе што ќе му веруваат, ако не...

Добро бе ти не разбираш дека НЕ МОЖЕ кој што сака да каже? Тоа можеш дома да го правиш. Си слушнал ти за новинарски кодекс, морал, етика, објективност при известување, професионалност и одговорност на еден медиум или јавна личност? Или за тебе сите овие поими не значат ништо?
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
И јас те слушам како мантраш дека на власт треба да се верува.
30 години каде живееш?
Ок и пред тоа исто срање, глума дека има повеќе партии кога истите цензори од 48ма останаа да владеат и крадат.
Цензура е единствената алатка за порибување на народот. Слобода на говор е единствената надеж за слобода воопшто. Секој може да каже што сака, ако е валиден ќе собере публика и луѓе што ќе му веруваат, ако не...

Ама овчарот е тој што ги чува овците од волкот... за да ги заколе и изеде.

Кај пишав дека на власт треба да се верува? Ај цитирај. Цело време велам политика е тоа кој и како ќе одлучува за такви ствари, и дека таму веќе не се мешам пошо е заникаде.

Пак ќе повторам си читате како ви одговара за да вртите некаква си дебата. Не ви одиме контра сфатете. Пак ќе повторам ко у пред неколку поста:

- Цензура е лошо.

- Говор на омраза е лошо.

- Ширење на лажни вести, манипулации и дезинформации, непроверени факти - се е тоа лошо.

Толку велам. Надвор од овие три точки не се мешам, пошо се е подлежно на толкување, субјективни гледишта и политика и не може да се разбере човек со друг човек по тој основ.

Доста ме вадите од контекст.

Добро бе ти не разбираш дека НЕ МОЖЕ кој што сака да каже? Тоа можеш дома да го правиш. Си слушнал ти за новинарски кодекс, морал, етика, објективност при известување, професионалност и одговорност на еден медиум или јавна личност? Или за тебе сите овие поими не значат ништо?

Мислам дека тематиката која се врти тука у темава у последниве страници е дека било каква лимитација на говор, макар професионална, етичка, морална, законска - е цензура. И за таков став може да се дебатира и да се полемизира ама тоа пак ќе кажам дека е залудна дебата на раб на филозовски/политички/морални/етички ставови кои ретко може да ги пренесеш на соговорникот ако ги има спротивните.
 

Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Денес во целиот западен свет се форсира Културен Марксизам чија главна идеологија е да се потенцираат правата на секакви малцинства (не само етнички малцинства туку малцинства од секаков аспект, на пример сексуален аспект, социјален аспект, политички аспект, итн, итн). Правата на малцинствата се потенцираат пред правата на мнозинството . Како резултат на тоа имаме ретардирани ситуации каде град Скопје дава 10 пати повеќе пари за лубриканти и кондоми за ЛГБТ невладините организации, отколку што добива пари фондот за борба против загадувањато на воздухот. Секоја зима се гушиме во смог, позагадени сме од најзагадените градови во Кина... Ама важно има пари за лубрицирање на кондомите на ЛГБТ заедницата.

Е ова е фејк њуз ...
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Е ова е фејк њуз ...

Немој така тоа се проверени факти! Факти без извори ама пошо е познато дека Локван кажува факти, и е напишано тоа повеќе пати низ темава (од самиот него), нормално дека се факти. 10 пати повеќе е до денар! И „Фонд за Борба Против Загадување“ постои. Изгуглав.
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.660
6.945
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Иначе, сега приметив дека статијата во првиот пост поради која е отворена темава е уствари лажна вест. LOL :D
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Другар коа крепиш факти треба да пишува вкупна сума на набавката, а не предлог за набавка/бланко понуда без сума и потписи.

Вкупна сума одвоена од буџетот за на таканаречениот фонд за борба против загадување.

Пресметка на сооднос меѓу двете.

Јасно треба исто да се гледа намената за ова лубрикантиве, и линкови од каде се земени материјалите (по можност од владини сајтови а не од портали).

Така би требало да работи новинарство, за кое се жалиме на темава долго време. Извори, факти, бројки, детали.

А не еден скриншот и готово паника!
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.660
6.945
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
А не еден скриншот и готово паника!

Па истото важи и за ова што се случува во темава. Најавуваат акциски план за борба против лажни вести, тука читаш есеи за цензура. Ама што сакаш кога портпарол на опозицијата искача на прес и кажува дека сакале да не направат како Северна Кореја. Народ слуша и паничи.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Па истото важи и за ова што се случува во темава. Најавуваат акциски план за борба против лажни вести, тука читаш есеи за цензура. Ама што сакаш кога портпарол на опозицијата искача на прес и кажува дека сакале да не направат како Северна Кореја. Народ слуша и паничи.

Политика е веќе тоа, секако дека ќе се разглаба на триста начини. Жими се се оградувам од тоа нема крај на такви дебати :)
 

spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.847
5.011
Писти Охту
Факт е дека тука извесни луѓе не го разбрале доволно принципот на слободен говор. И после се мантра со изјави од типот : имам слобода на говор, можам да кажам со сакам, нема да има санкции. За илустрација, истите тие луѓе не знаат да направат разлика помеѓу слободен и бесплатен софтвер (аналогија на ова). Дали линукс е слободен или бесплатен софтвер?
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.608
8.255
Мелмак
Факт е дека тука извесни луѓе не го разбрале доволно принципот на слободен говор. И после се мантра со изјави од типот : имам слобода на говор, можам да кажам со сакам, нема да има санкции. За илустрација, истите тие луѓе не знаат да направат разлика помеѓу слободен и бесплатен софтвер (аналогија на ова). Дали линукс е слободен или бесплатен софтвер?

Уф тука и мене ме фаќаш на тесно. Слободен е и мора да се дистрибуира соурс кодот, ама има и платени верзии (кои пак мора да го дистрибуираат соурс кодот кој го користеле).

Но и ова е подложно на исклучоци мислам, пошо може да има и затворени верзии кои не го споделуваат кодот. Се зависи до лиценцата на основната верзија врз која е градена дистрибуцијата.

Ако не се лажам дури и MacOS има некое си линукс/уникс јадро ама иди најди сорс код на било шо од тоа, и не е слободен софтвер туку ептен proprietary.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно