• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Цензура

  • Ја почнал/а темата
  • #1

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,809
1,919
Дали има цензура?
Отворив тема за цензура и беше избришана.
Тоа би било одличен одговор на прашањето.

Дали има цензура во медиумите?
Да. Слободно проверете да најдете некој наратив спротивен од режимскиот на некој поголем медиум (тв/радио). Може да налетате на нешто на електронските медиуми (интернет), но тоа е поради неможноста да се регулираат. Имено, за да имате тв/радио, ви треба дозвола од државата. За да имате портал, слободно можете да оперирате од било кое место на планетава, па локалните закони за вас не се валидни. Ниту пак можат да ве казнат некако. Ниту зависите од финасиски дотации од режимот.

Но изгледа дека некој ќе проба да воведе цензура и на интернет.
факт е дека вестите најлесно и најбрзо се шират на социјалните медиуми. Значи, џабе вие имате вест дека се случило нешто, ако немате како да ја проширите вашата информација. Секако дека не можете лесно да ги сузбиете информациите, но може да најдете начин тие информации да не се прошират.

Панчевски: Со израелска опрема ќе се блокираат на социјалните мрежи противниците на власта - Република

Да, има врска со политика, но темата е цензура на електронски медиуми и социјални мрежи. Како може да се детектираат вакви мерки и како да се заобиколат вакви блокади и напади на слободата на говор.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,249
28,441
kalco.ru
Темата е ок, коментарите нечинеа. И оваа ќе ја снајде исто доколку ја однесетр во ист правец. Ит.мк како медиум јасно ги има напишано ставовите за политика и ќе ве молам да се придржувате до истите. И не е цензура туку интерни правила на јавен медиум. Ако нешто не ти е јасно јави ми се ќе ти раскажам
 

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,790
9,226
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
Тргни го од референцирање проќелавото прасенце нафатирано и налапано на народни пари. Тоа крмаче е дискредитирано. Како и било кое друго медиумски експонирано партиско играче од било која партија и власт. Таа багра игра синхронизирано бипартиски штитејќи си ги личните интереси. Побогу, имавме 2 случаеви пред недела дена каде девојки кои родиле живи деца и извршиле чедоморство беа осудени на условни казни!!

Се додека, овој циркус на лево и десно не креира доволно критична маса нихилистички анархисти кои ради безизлезноста и апатијата во која рационалноста е доведена не предизвика катарзичен момент на глобално дрмање и промени од корен, не праиме ништо. Цензура е најмал проблем, системот е толку гнил што ако продолжи со ова темпо, партиципантите (луѓето) ќе изгубат желба и мотивација да партиципираат во истиот (што е и една од целите, депопулација).
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,809
1,919
Вие први другари се напревте, браос, пример за сите.
Со бичкијата сме другари, тоа е. Ко партиите у македонија сме. Глумиме ривали а идеме у кафана заедно.

Пак се дикредитира изворот. Друг извор за оваква информација нема да најдеме освен некој што е загрижен дека може да му ги тргнат парите. Факт е дека има чистка на десничарски медиуми и информации по социјалните мрежи (креирани ради политика и контрола, ама тоа е друга тема, а може и не е).
Темата е дали и како може да се заобиколат овие појави.

Верувам дека прв момет е да се информира населението дека постои цензура. Бар да биде јасно дека се лажени. (на кој не му е јасно тоа до сега, нема да го занима ни цензура)
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,093
4,354
SK
Да се брише валидна тема затоа коментарите не чинеле, е како Професорот да го распушти часот пошто некои од студентите не се дисциплинирани. Ма уствари целосно да го укине предметот.

„Да Декане, имаше неколкумина што постојано довикуваа и правеа бељи! Затоа отсега понатаму нема се изучува Физика на факултетов, сметав дека така е најдобро.“

Всушност се работи за мрзливост на професорот да си ја работи работата и да ги дисциплинира тие неколку студенти... Но тука не завршуваат работите. Бизарноста на времево во кое живееме е до толку забегана, што всушност студентиве неофицијално (преку ПП пораки) плачат и бараат од Професорот да се укине предметот Физика пошто „душевно“ ги вознемирува кога ќе го видат насловот на предметот во листата на сите предмети. Студентиве всушност го уценуваат Професорот дека ќе го напуштат факултетот ако предметот Физика не се укине... И замислете колку нереално и за наверување е кога Професорот попушта на притисоците и навистина со цел памет го укинува предметот.


@Fatal1ty_ на нашиов „факултет“ овде предметот Цензура на Социјалните Мрежи е изборен предмет. Секој овде на кој не му се допаѓа предметот може да реши да го игнорира тој предмет и да се занимава со други теми и дискусии. Мислам ако веќе темата на таа дискусија им предизвикува таква душевна болка, како што се жалат.
Таквите никој не ги тера со сила да дискутираат на таа АЈ-ТИ ТЕМА ако не сакаат да дискутираат на неа. Можат да ја игнорираат таа дискусија. Само немаат право да бараат затварање на дискусијата, ниту па ти му правиш услуга на форумов со тоа што заради некаков „мир во куќа“ - правиш цензура. Пошто ова Е цензура, без разлика што актот не си направил со намера да цензурираш, и без разлика што играш игра на зборови па цензурава ја нарекуваш „интерни правила на јавен медиум“.

Смешно е што воопшто попушташ на притисоци во вакви ситуации каде ти бараат да ги прекршиш форумските правила. Наместо да модерираш (или да делегираш друг да модерира), ти затвараш валидна дискусија затоа што некои од колегиве наместо за темата зборуваа офтопик за политика.
Нормална реакција беше да се модерираат офтопик коментарите, и да се дисциплинираат тие кои упорно коментираат офтопик за политика. Не да се затвара и брише целата дискусија само затоа што некои од колегите форумџии упорно ги прекршуваат правилата со офтопик коментари.

Што треба сега? Наспроти про-цензура колегиве да се организираме спротивен табор кои сме противници на цензура и да ти пишуваме ПП пораки со уценување за неучество на форумов (или што и да е што ви пишуваат)? Треба такво однесување и притусоци за да не се затвараат валидни дискусии и да ги почитуваат форумџиите и форумските правила?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,809
1,919
Ќе воведам друга општествена болка. Ќе го поткупам калчо со 10ка со кромид + пиво ако ја остави темата.
Со мито против цензура. До таму сме забегани :(
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,093
4,354
SK
Бизарноста е во тоа што форумов го отсликува општеството.
Во реалниот живот (исто како на форумов) имаме гласни малцинства, кои се значително помалку од мнозинството ама се гласни во своите барања. Тука не мислам само на етнички малцинства, туку на секакви малцинства. На пример педери и лезбеки и остали семантички конструкти ЛГБТ луѓево се многу мал дел од популацијата ама се најгласни во барање на некакви замислени права - кои не амо што веќе им се дадени, туку се и наддадени. Така е не само во светот туку и кај нас. Овде Владата им даде повеќе пари на ЛГБТ невладините организации за лубриканти и куртони, отколку што издвои за намалување на загадувањето на воздухот. Неверојатно ама вистинито. Милион отстапки им се прават, дури се иде до таму да мали дечиња само што почнати да идат во училиште се замараат со учење на вештачки конструкции како постоење на други полови освен машиот и женскиот, нови термини наместо мајка и татко (родители 1 и 2), и десетици други такви ретардации... И ова го пишувам како илустрација за штетноста на попуштање кон нереалните барања на малцинствата. Не сакам да поттикнам политичка дискусија за владата (односно составот на владата).
Има и други примери за (неетнички) малцинства, ама да не должам доволно е и ова.

Такво малцинство имаме и овде на форумов, луѓе кои никако не ги извинува тоа што заради незнаење и неразбирање оправдуваат цензура и укинување на слобода на говор - што е основно човечко право. Не е во ред било кое малцинство да наметнува кршење на форумски правила и затварање на валидни теми и дискусии.
Уште еднаш, дискутирање на човечки права и цензура на социјалните мрежи не е дневно-политичка дискусија... Без разлика што некој ја доживува како таква.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,249
28,441
kalco.ru
@Lokvan Остани на темата ќе те молам, Ти ги прочитав постовите делумно се сложувам со тебе.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,093
4,354
SK
Се извинувам за офтопикот. Се обидов да ја илустрирам ситуацијава во која се наоѓаме и на форумов и во општеството... Со оглед на околностите, мислам дека не направив лоша работа (гледано од аспект на успешноста во илустрирањето).
 

Canibalot

Gaining Experience
29 јуни 2016
78
95
Темата е на место, мe вознемири кога го видов овој квази “судија“ цитиран.
 

pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,475
1,093
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Почнав да ја читам темата но пошто типот кој ја има дадено изјавата не му давам ни 1% тежина на неговите изјави (го следев на твитер па го блокирав) така да не видов што се дискутирало понатака во истата.

Не сум добил до сега никаква опомена на Ит.мк, но мислам дека ние некако посебно ги сфаќаме работите кога некој ќе не опомени, мислам дека ни се повредува егото, па изреволтирани сме зашто баш Fatality да избрише пост, итн... (мое мислење).

Не можам да судам, но ќе дадам еден пример од друг форум каде прекршив едно правило и темата ми беше избришна. Па така да во мојот случај добив нотификација со причината зошто истата е избришана и со точката која е прекршена од правилникот.

Xenforo има опција да кога ќе се избрише тема или мислење истиот член кој го има објавено тоа да добие нотификација со причина зашто е избришано мислењето или темата.

Мислам дека во пракса тоа би било добро и истото да се практикува за секој член.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,809
1,919
Ако ви е толку важно кој ја објавил веста, со каква доверба слушнавте разговори снимени на некој чуден начин, објавени од криминалец? Јебала вас политика, толку ве заслепела што цензура лапате ко клен дудинка.
Од кого очекувате ваква информација? Кој треба да ја објави за да верувате?
На крај краева, тој што ќе ја применува, ќе даде интервју на ит.мк и уште ќе му се восхитувате.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,093
4,354
SK
Почнав да ја читам темата но пошто типот кој ја има дадено изјавата не му давам ни 1% тежина на неговите изјави (го следев на твитер па го блокирав) така да не видов што се дискутирало понатака во истата.
Замисли имаш комшија кретен, сте се карале, ма и тепачка имало. Слушаш некое викање од надвор, искачаш на прозор и кога она комшијава ти вика дека од другиот дел на твојата куќа ти искача густ чад.

Дилема: Дали ќе ја игнорираш ситуацијава (и последиците) пошто комшијава е кретен... Или најбрзо што можеш ќе трчаш да провериш да не ти гори куќата, и да ја гасиш ако можеш.


Ова со цензурава не е толку различно. Ја игнорираш веста затоа сметаш дека гласникот е кретен. Можеби е, можеби е најголемиот кретен на светов... Но не ли е подобро и многу пологично да провериш дали е вистинита веста?

Знаеш, чисто колку да видиш да не гори нешто. :)
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,716
11,126
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Луѓе ај да се посветиме на нешто попродуктивно.

Убаво е да знаеме што може да биде кога би било. Ама да не трошиме многу енергија на вест која повеќе звучи на рекла казала.

Сигурно дека оваа заедница ќе реагира ако нешто навистина почне да се случува. Не може тоа да помине така незабележано.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,093
4,354
SK
Веќе се случува. Цензура.
Им се може, пошто социјалните мрежи дефакто функционираат како јавен сервис но дејуре не подлежат на истите регулации како јавните сервиси. На пример, ако Водовод ти го исклучи сервисот заради тоа што не им се допаѓаш ти и твоите политички ставови - можеш да ги тужиш, и сигурно ќе го добиеш случајот на суд. Или ако интернет провајдерот ти го исклучи сервисот заради тоа што не им се допаѓаш (ти и твоите политички ставови) - можеш да ги тужиш, и сигурно ќе го добиеш случајот на суд. Или ЈСП ако одбие да те прими во автобус... Или вметни пример со било кој јавен сервис.

Како пример овде и кај нас, некои Роми добиле судски случај против газди на базени кои не ги примале во објектот. Као базените се јавни сервиси и одбивање на услуги на поединци е дискриминација.

Но од друга страна ако Фејсбук, Гугл (јутјуб), Твитер, ако те банираат (го исклучат сервисот) заради тоа што не им се допаѓаш ти и твоите политички ставови - не можеш ни да ги тужиш ниту било што да направиш. Ова е вака затоа не што не постои правна регулатива која социјалните мрежи би ги третирала со сите законски обврски на јавните сервиси. Иако социјалните мрежи дефакто еволуираа во јавни сервиси. На пример, некој што заработува од правење содржина и постирање на истата на интернет - еднакво е оштетен ако интернет провајдерот му го исклучи сервисот, или ако социјалните мрежи му го спречат пристапот до нивните платформи. Но интернет провајдерот одговара законски за своите постапки, додека социјалните мрежи НЕ одговараат за ништо.


Ова погоре е основата на дискусијава. Не глупостите за „израелска опрема“ од рандом неважни локални инкриминирани и политички инволвирани ликови.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,809
1,919
Некој што е неписмен, софтвер, технологија или компанија што ќе направи „нешто“ што ќе ги замолкне другите е „опрема“.
Факт е дека има цензура на социјални мрежи. Главен таргет е десната опција. Поддршката што ја добиваат едни структури од меинстрим медиумите, не е случајност, кога ќе се погледне сопственичката структура. Во исто време тоа се пресликува низ светот.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,093
4,354
SK
Несомнено е можно некој овде да побара колузија соработка со социјалните мрежи, да се изврши shadowbanning или дури целосно блокирање на овдешните политички противници. Блокираните не мора да бидат само најголемите политички партии отспротива во полтичкиот спектрум, туку тоа може да биде било кој со доволно големо присуство на социјалните мрежи и влијание врз јавноста, ама со спротивни политички ставови.
Тука некој ќе се праша, па зошто социјалните платформи би соработувале со овдешни локални политички фактори. Одговорот е едноставен, зошто да не ако локалниот политички фактор директно соработува со владата од државата каде се наоѓаат социјалните мрежи (поточно, компаниите и поединците кои се сопственици на социјалните мрежи). Таквата соработка директно придонесува кон промовирање на власт која ќе биде наклонета и ќе соработува со владата од државата каде се наоѓаат социјалните мрежи.

Овде тоа ќе биде тешко да се регистрира, пошто овде политичките фактори имаат смешно мало онлајн присуство. Но влијание е и тоа како можно, пошто овде главното влијание врз луѓето (гласачите) се врши преку медиумите - кои сите имаат онлајн присуство, а се поголем дел и работат исклучиво онлајн. Преку промовирање на про-власт медиуми е можно да се оствари големо влијание, shadowbanning на политичари и да има тешко ќе се регистрира заради малото онлајн присуство и немањето пракса за комуникација и директно пребарување на/за политичарите.


Shadowbanning conservative users, which consists of blocking or hindering the distribution of their internet content without telling them, is a particularly pernicious form of censorship. The victim sees fewer viewers for his postings but does not know why.
Other tactics to stifle conservatives on the internet have included taking down their YouTube videos, excluding their “apps” from smart phones, and disabling links from Facebook to conservative websites. The problem is so pervasive that it has attracted the attention of House Republicans and President Trump himself.
Social Media Must Stop Censoring Conservatives
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,373
8,661
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Едно е да се лобира кај социјалните мрежи за бришење акаунти и цензура, друго е „поставување специјализирана опрема за цензура“.

Ова второво (кое стои во изјавата), при здрав разум и свест тврдам дека неможат да го направат. Ако почне со цензура било кој оператор на телекомуникациски услуги, Европа ќе реагира. Се коси со уставот и правата на граѓаните и е во спротивна насока за постигнување полноправно членство во евроатлантските организации.

Второ чисто сумњам дека имаат капацитет, знаење и персонал да го спроведат.
 

pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,475
1,093
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Го почитувам мислењето на @Lokvan погоре во цитатот. Искрено се нервирам кога ми се збори за цензура пошто и јас сум бил цензуриран. Цензура имало во Македонија и ќе има и понатака не знам зашто толку се возбудувате. Можеби дека не сте биле во контакт со машинеријата која ја има секоја власт тука во Македонија па кога ќе прочитате некаква вест се потресувате.

Ќе се обидам постов да не биде политички, и ќе наведам неколку примери.
Секоја власт си има своја машинерија на луѓе кои од тоа што знам поевтино е да им дадеш плата отколку да купиш израелска машинерија, ама ај нека биде израелската...
Тие ботови кои често го слушаме терминот „ботови“ пишуваат статуси и твитови за актуелната власт додека истовремено ја критикуваат опозицијата за нивните минати дела, и тн.

Медиумите тв и пишани медиуми де факто се повеќето веќе платени/зачутени и си работат по одреден тек. Тука можам да почнам да пишувам за секоја телевизија во МК ама не е сега тоа тема.

За цензурата на социјалните. Проблемот тука е што власта не може да направи контрола на голема група на луѓе/корисници кои имаат исто мислење и споделуваат или шират вести кои не се добри за истата па начинот на цензурирање е со комуникација директна со социјалната мрежа.

Фејсбук има целосна соработка со сите влади така да може било која влада да побара некоја фан страна, профил, статус или што и да е што мисли дека е штетно и фејсбук тоа ќе го избрише.

Еден пример е моја споделена објава од еден Градоначалник каде истовремено ми се брише коментарот од неговата објава каде што културно пишав што можело подобро да се направи отколку тоа што е направено, и моето споделување. СЛИКА.

Исто така минатата година беше избришан канал од јутуб со видеа СЛИКА.

За разлика од Фејсбук и Јутуб каде што владата може да побара лесно бришење на содржина, Твитер уште држи некоја политика дека корисникот има слободно право на говор. Но и тоа е решено во Македонија со што таквите ботови масовно го пријавуваат твитот или корисникот по што истиот твитер по алгоритам го брише или го суспендира.

Таков пример беше најголемиот подржувач на минатата власт кој беше избришан од твитер можеби 3-4 дена и истиот повторно откако ги контактирал твитер да биде вратен.

Други примери имаше каде што твитерџии беа повикувани на распит во полиција заради одредени твитови кои беа повеќе вулгарни.

Да скратам, цензурата ја има, и тоа е јасно. Тоа што јас не му давам никакво значење на Панчевски не значи дека тој не е во право, или пак јас ја игнорирам ситуацијата како што пиша @Lokvan едноставно го избегнуавм секое негово мислење.

Толку од мене во темава.
 

Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,292
1,376
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Штом цензурата постои во САД, Велика Британија и други земји кои треба да претставуваат лидери на демократскиот свет, што останува за земји како Македонија? Не им требаше долго време на владите Интернетот да го претворат од алатка со која луѓето добиваат непречен пристап до информации во алатка за манипулации.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,809
1,919
Ако почне со цензура било кој оператор на телекомуникациски услуги, Европа ќе реагира. Се коси со уставот и правата на граѓаните и е во спротивна насока за постигнување полноправно членство во евроатлантските организации.

Второ чисто сумњам дека имаат капацитет, знаење и персонал да го спроведат.
Зборуваш за кршење устав. Сериозно? Каде живееш последниве 2 години?
Европа и Америка ќе реагира на цензура? Па они ја измислија. Нивни интереси се спроведуваат.
Да не си у влада твитераш, штом ти се врти у глава исполнување и слично ЕУ срање.
Можно е да има опрема, некоја конфигурација што ќе лажира различни ип адреси и преку нив ќе регистрира илјадници профили. Ставаш Ексел до имиња и презимиња, имаш инстант илјадници профили што блокираат и пријавуваат определен таргет. По алгоритми, добива помала публика.
Значи можно е да има некое компјутерите со преинсталиран софтвер од израелските служби, што се едни од пософистицираните.

Значи може да има нешто во позадина. Како да се заштитиш од тоа?
 

DeJaVu

On your way to fame
21 ноември 2010
665
780
Скопје
Како да се заштитиш од тоа?
Кој знае подобро да ја манипулира играта од тие што ги прават правилата и ги менуваат како им текне?
Така да се додека си во нивниот двор (фејсбук, твитер и сл.) никако.
Единствено преостанува да се игра мачка и глушец постојано, али глушецот мора од томиџери да има учено(малку носталгија :) ) .Решение е да се пренесува искуство и да се едуцира колку може околината, и префрлање на алтернативни платформи.
Алтернатива на твитер без цензура веќе има - Gab.
А мислам дека имаше и нешто као фејсбук(или пак нешто на твитер слично) на блокчејн ама никако да ми текне како се викаше и што точно беше.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #24

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,809
1,919
Кој знае подобро да ја манипулира играта од тие што ги прават правилата и ги менуваат како им текне?
Така да се додека си во нивниот двор (фејсбук, твитер и сл.) никако.
Единствено преостанува да се игра мачка и глушец постојано, али глушецот мора од томиџери да има учено(малку носталгија :) ) .Решение е да се пренесува искуство и да се едуцира колку може околината, и префрлање на алтернативни платформи.
Алтернатива на твитер без цензура веќе има - Gab.
А мислам дека имаше и нешто као фејсбук(или пак нешто на твитер слично) на блокчејн ама никако да ми текне како се викаше и што точно беше.
Штом не знаеш како се викале платформите, како да имаш публика? Ти треба маинстрим публика и меинстрим медиум, за да шириш порака што поуспешно. Затоа ги кинат каналите на јутјуб, фб и твитер. Каде ќе тие има? Кој ќе знае што сакаш да кажеш ако нема кој да те чуе.
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,373
8,661
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Зборуваш за кршење устав. Сериозно? Каде живееш последниве 2 години?
Европа и Америка ќе реагира на цензура? Па они ја измислија. Нивни интереси се спроведуваат.
Да не си у влада твитераш, штом ти се врти у глава исполнување и слично ЕУ срање.
Можно е да има опрема, некоја конфигурација што ќе лажира различни ип адреси и преку нив ќе регистрира илјадници профили. Ставаш Ексел до имиња и презимиња, имаш инстант илјадници профили што блокираат и пријавуваат определен таргет. По алгоритми, добива помала публика.
Значи можно е да има некое компјутерите со преинсталиран софтвер од израелските служби, што се едни од пософистицираните.

Значи може да има нешто во позадина. Како да се заштитиш од тоа?
Полека другар. Нит сум у влада нит ме интересира политика. Кажав само дека мешате две различни работи.

Лобирање кај странски компании
Цензура на интернет како што прави Кина

Второто неможе да се воведе кај нас. Ни скришум.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,524
Мислења
845,952
Членови
29,325
Најнов член
VirtualMechanic
На врв Дно