Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Цензура

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Се дешава понекад, иако признавам ретко. :)
Критикава ја прифаќам нелесно, зошто во тој поглед не можам да направам ништо без си ги предадам вредностите. За возврат, ќе понудам една моја критика: На многумина ви е поважно социјалното прифаќање и замислениот статус - отколку соочување со проблемите, па макар само анонимно во онлајн дискусии.

Но баш заради тоа што искреноста е реткост во денешнинава: Ве поздравувам господине Шарло.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
Намерно или ненамерно, ја пропушташ поентата на предлог планот. Но и не ме изненадува, зашто ти кога ќе го прочиташ гледаш само едно нешто - ЦЕНЗУРА. И тоа е ок. Само немој мене да ми инсинуираш дека сум за цензура. Планот го гледам од позитивен аспект и верувам дека ќе допринесе за пообјективно и попрофесионално известување.
Напротив друже, ти во твоето инсистирање на гледање само на „позитивниот аспект“ си ги затворил очите за она што очигледно претстои (цензура) и ја гледаш само сервираната розова приказна/оправдување за кршење на правото на слобода на говор.

Практично ти се залагаш за цензура, сакал да се соочиш со тоа или не. Невозможно е да поддржуваш мерки за цензура, а истовремено да се декларираш дека си против цензура. Иако ја поздравувам иронијата во тоа (што е одлична шега, ме потсетува на хипи знакот за мир што Џокер го носеше во Фул Метал Џекет филмот, Кјубрик секогаш воодушевува со такви (не)суптилни зафрканции). :)

Патем се надевам дека не се навредуваш што некои поими (цензура) така несуптилно ги нагласувам... Пошироката публика често има потреба од несуптилни нагласувања за да воочи поента. :please:




Говор на омраза нечини, и подобро е да се спречи отколку отпосле да се казнува. Слобода на говор е неприкосновено право, но многу тешко за контрола од несакани психопати, и тешко се решава само со казнена политика како заговараш. Едноставно е неприменливо, непрактично и неизводливо.
Или да парафразирам (поправи ме ако погрешно те толкувам): Слобода на говор е супер ама мора да ја жртвуваме пошто на дибеците кои работат во државните инстутиции им е тешко да си ја работат работата и да ги спроведуваат законите. Со твојот став за потреба од цензура ти сугерираш (со право) дека да се очекува од Судството да си ја работи работата е „неприменливо, непрактично и неизводливо“. Пошто Судството и инстуциите не функционираат, демек мора да се воведе ЦЕНЗУРА. Во тој иден убавт нов свет „вистина и факти“ ќе бидат само декларациите од „фактчекерите“ во Министерството за Вистина!
(и хаха, добар виц беше тoj примерот со рашионалвики како некoj еталон за cargo cult science демек воспоставување на факти).




Не го разбирате и не го разбирате принципот на слобода на изразување, вклучувајќи го и локван. Џабе е тупење на темата тука ако со глава мавате вѕид
...и цвеќиња редење по дома шо 99% никој не ги чита, гарантирам, до наметнување на несоодветни "факти" на добро запознаена публика со проблемот и те како одвраќа луѓе да ве прескокнат и игнорираат во секој ваш следен пост. Жалам шо е вака, ама едноставно е, нема дискусија кжонаму каде дефиницијата за дискусија е цел да се наметни едно мислење од страна на поединци.
Многу конфузност во малку напишано. :(
Те молам кажи малку појасно и конкретно - кои се твоите аргументи за оправдување на цензура?

И додека си таму те молам кажи и како Ти го разбираш човечкото право на Слобода на Говор? Пошто најавуваш ама никако да објасниш, дури мистериозно делуваш додека вака не оставаш во исчекување дека еве баш сега ќе кажеш што е слобода на говор и зошто ни треба цензура (ама ништо не кажуваш и ни правиш антиклимакс). :please:

Упорно тврдиш дека јас не го разбирам „принципот“ на слобода на говор, и не само јас, туку другите припадници на „моето“ племе (во очите на трајбалистичкиот светоглед каде сите што не се согласуваме со цензура мора да сме во една иста банда/племе).
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.889
5.598
Или да парафразирам (поправи ме ако погрешно те толкувам): Слобода на говор е супер ама мора да ја жртвуваме пошто на дибеците кои работат во државните инстутиции им е тешко да си ја работат работата и да ги спроведуваат законите. Со твојот став за потреба од цензура ти сугерираш (со право) дека да се очекува од Судството да си ја работи работата е „неприменливо, непрактично и неизводливо“. Пошто Судството и инстуциите не функционираат, демек мора да се воведе ЦЕНЗУРА. Во тој иден убавт нов свет „вистина и факти“ ќе бидат само декларациите од „фактчекерите“ во Министерството за Вистина!
(и хаха, добар виц беше тoj примерот со рашионалвики како некoj еталон за cargo cult science демек воспоставување на факти).
Погрешно ме толкуваш, и немислам да дообјаснувам. Што имав кажав, јасно и гласно. Како тоа ти си го толкуваш, е твое гледиште на секое мислење, не парафразирај, не извртувај. И не импутирај. Рашнлвики, снупс и слични ги кажав дека фактчекери постојат, не се имислени од нашиве, а не дека се еталонинза нешто. Еталон е .... Ај даде погоре некој соодветен пример и дефиниција.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 

artweb

user
5 март 2012
1.428
709
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
едит
Што е фејк њуз, дека се шегувале со дотичниот ? :)
ок мен, весник е не е учебник по физика, па и да е, не си обврзан да веруваш во све.
Еталон = урнек ?
„нема дискусија кжонаму каде дефиницијата за дискусија е цел да се наметни едно мислење од страна на поединци.“
Значи Локван ти вели, сврти се десно, има камион, ти упорно зјапаш лево и му веилиш, ти си глуп нели гледаш дека е кола.
Вас ве зедов за пример, ништо лично.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
...ти вели, сврти се десно има камион, а ти му велиш: абе ако јас верувам дека е безбедно за поминување, тогаш сигурно е безбедно (стапнува на булевар) мене ме обучија што е фејкњуз и нема да верувам дека не е безбедно се додека.... БУМ, ТРЕС, ОФФ
Вака веќе е подобро, малку те поправив. ;)


едит:
ок мен, весник е не е учебник по физика, па и да е, не си обврзан да веруваш во све.
Нели е лесно за разбирање?
Мислат дека цензурата ќе направи било што освен да ги лажат само медиумите на едната страна.

Не му кажувај бе! :)
 
Последна промена:

Маша

user
24 април 2007
1.053
2.830
Дур не им воведете на децата по дома воншколска активност по Критичко мислење, Медиумска писменост па ако сакате и Дебатирање ништо не правиме. Дали ќе ги лаже инфомакс или ген-секот, мене ич не ми прави разлика.

Стариве се однапред изгубена битка. Јас ни еден не познавам да прочитал "Руските научници докажаа..." или "Институтот во Калифорнија спроведе истражување..." и да си рече "Чекај да видам да го побарам" пред да почне да споделува и да го "спасува светот".

А ние измеѓу... ние и натаму ќе си ги мериме по форуми и FB без никаква иницијатива и конкретна активност за подобар и послободен свет...
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.430
5.589
Имаше еден проект до пред некоја година, токму тоа го правеше: ги проверуваше фактите од разни написи по медиумите.


Туку мене ме интересира зошто никој не се буни за ограничувањето на правото на слободно движење.

Вакви знаци со кои се ограничува а со некои и забранува движењето има на стотици во секој град а има и парични казни за тие што не ги почитуваат. Но никој ни збор за тоа. Цензура ли е, самоцензура ли е, не ми е јасно што е? :confused:

page3.jpg
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.811
6.511
SK
^ ^
Хаха, ти навистина се обидуваш да споредиш правила за еднодимензионално линеарно движење - со нешто милион пати покомплексно, како што е слободата на изразување? :hay:

Као сообраќајните правила се цензура на слободата на возење? :crazy:
Ако веќе споредуваме слобода на изразување - со, еј... Со регулирање на автомобилски сообраќај (што е навозможна споредба), тогаш вака би се обидел (знаејќи дека што и да е, ќе звучи глупаво) на пример со споредување една димензија со мултидимензионалност. Или по улиците за да нема судари и жртви сите мора да се движат во ред, еден позади друг, но од другата страна во изразувањето на идеите истото би било ретардирано глупаво ограничување - затоа што мислата мора да може да се движи во сите насоки без ограничување. Дури по ризик да се судри со нечии други мисли, што сепак не би смеело да се разбере така фатално како судир меѓу автомобили. Одлична идеја за максимално да си го заглупавеме општеството и цивилизацијата.
Одамна не сум слушнал полоша споредба.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Ако воведат цензура, истата ќе ибе искористена од власта, без ралика кој е да е.
Фејк њузот и слободата ќе допринесат да бидиме поопрезни, тоа ќе биде маана но све си има цена, а и не е нешто сташно и сам неќто да истражиш/провериш.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Јас кон такви како нив не можам да имам почите.
Тоа понекогаш што има вистинска информација е речиси никогаш, се тоа ѓубре треба да оди во аут.
Ако под АУТ мислиш да се игнорираат тогаш во ред и јас сум за. Ама не би ги забранил. Ако има навреди директни или поттикнување насилство тогаш треба да се казнат. Инаку интересното е што овие "медиуми" се спонзорирани од сериозни фирми (освен ако не лажат:)) како Алкалоид, Витаминка, Кожувчанка, приватни универзитети и тн. Тоа е трагедијата.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.874
34.165
roka.mk
Бидете културини, почитувате правила и почитувајте ги останатите членови.
Следното политичко или офтопик мислење ќе резултира со нов бран на банови во темава.
Поздрав.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
Ги заборави канал5, Сител, МРТВ, Телма... А ги заборави и CNN BBC Fox..
Сите, ама сите, без ни еден исклучок немаат објава без да биде под агенда. Сите и секогаш објавуваат тоа што им одговара, а делумна вистина е лага, т.е. fakenews.

Тоа кажува колку си подложен на пропаганда и колку слепо веруваш на срањата дека цензура е за твое добро. Важи и за тие што ти го допаднале постот.

Имаше еден проект до пред некоја година, токму тоа го правеше: ги проверуваше фактите од разни написи по медиумите.


Туку мене ме интересира зошто никој не се буни за ограничувањето на правото на слободно движење.

Вакви знаци со кои се ограничува а со некои и забранува движењето има на стотици во секој град а има и парични казни за тие што не ги почитуваат. Но никој ни збор за тоа. Цензура ли е, самоцензура ли е, не ми е јасно што е? :confused:

Погледнете го атачментот 77134
Овие што проверуваа факти, замреа кога се смени власт, оти бе платени од друг центар.
Фактите ги оценуваат од ракав и никад не им беа точни проверките.
Тоа кажува колку такво тело е цензорирачко и пристрасно и не смее да постои.

За знаците. Не се ограничување на движење. Ограничување на движење имаш при полициски час, кога не смееш да излезеш од дома, а ако си затекнат на улица ќе бидеш уапсен. Тоа е ограничување. Само не си свесен што е слобода, оти не ја користиш изгледа.
 
Изменето од модератор:

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Kaj и да е ќе не чиповаат и хајт, и онака ќе бидеш под контрола и ќе немаш слободна воља. Затоа сакаат и ова 5г да го воведат да имаат тотална контрола.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Kaj и да е ќе не чиповаат и хајт, и онака ќе бидеш под контрола и ќе немаш слободна воља.

ТОчно, ќе ве чипуваат како кученца и ќе ве мониторираат 24/7 и нема никој да се побуни, како и секогаш. Неколкуте противници ќе бидат наречени анти чипери (или слично) и ќе бидат изедначени со flat earther-и. Всушност што е па толку лошо да имаш во себе чип со сите податоци, гпс и целосна историја на активности? Right.
Потоа ќе ви кажат што смеете да јадете и пиете и колку вакцини да внесете денес. Сепак, специјалисти знаат што е најдобро за здравјето, а кој нормален би се бунел против добро здравје, така? Само некои секташи што зборуваат за некаква слобода. Каква бе они сакаат слобода, лудаци едни. Нема слобода, се ќе ви каже владата што и како треба да се однесувате.

*За едно 100 години од сега.*
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
*За едно 100 години од сега.*
За 10, може и помалку.

Зошто не им веруваат на властите кога се што прават е за доброто на народот.
Само глупи слободаши нешто гракаат за некаква слобода. Тоа е опасна работа, секој може да ја злоупотреби и да направи проблем на власта, која никој никогаш не ја злоупотребил.
Историјата е забранета, гледајте во светлата иднина...
 

Melisandre

hello world
6 мај 2019
143
285
Гледам Equilibrium им е на мноштвото гледан.

Но, некако ми е тргнато накај Idiocracy. (предлог комедија за гледање).
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Читани ни се и животинска фарма, железната пета и 1984та. Веќе сега се реалност.
Но се зависи од тоа кој колку се информира и дали нештото му смета. Повеќето се апатични на се.
 

Melisandre

hello world
6 мај 2019
143
285
Ми дава надеж Јапонија, т.е. евентуално следење на нејзин пример. Јапонија е земја со една од најкрвавите истории евер. Скоро се самоуништиле меѓусебно. Денес нивната дисциплираност и култура се на ниво за пример. Едноставно се губи потреба од цензурирање по секаков основ.
 
28 јануари 2017
2.103
4.855
Ресен
Fun fact за Јапонија: ги имаат исфрлено од употреба кантите за ѓубре. Ние уште се учиме да ги употребуваме.

Можи линк од ова? Јас знам дека имаат ригорозна класификација, во некои градови дури во 7 различни вида мора да ги делат.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Можи линк од ова? Јас знам дека имаат ригорозна класификација, во некои градови дури во 7 различни вида мора да ги делат.

Можеби не бев доволно јасен, уличните канти за губре се исфрлени. Тие со во наредна фаза: надвор (на улица, парк) не се прави ѓубре воопшто и мислам дека се први. Не ме ареса идејата.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Голем дел од ѓубрето се рециклира...
*За едно 100 години од сега.* - и за 100 да е, и за 1000, темелот се става сега.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
Каков добар спин на темава.
Молам администрација да банира спинери на темава под итно.
Реципроцитет не е на одмет.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.889
5.598
Каков добар спин на темава.
Молам администрација да банира спинери на темава под итно.
Реципроцитет не е на одмет.

Од пост Цензура навака слободно. Од тука натака се е спин, непоткрепено со докази и линкови (како мојот одговор на некои тврдења за да се провери вистинитоста на тврдењата).
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно