Здраво дечки,
Имам едно прашање во врска со данокот. Пред неколку недели ми пишаа меил од УЈП (пријавив данок како и изминативе месеци и години) покрај фактурата од приливот да сум прикачел и договор од работа. Им се јавив на телефон, и им објаснив дека немам договор, туку работам на freelance платформа, ама тој како да не ме разбра. Ми рече ај побарај го ти сепак, јас сега ке ти одобрам па за наредно да ми пратиш. Прашањето ми е, дали сте имале вие ваква ситуација со нив и како сте ја решиле? Јас пријавувам неколку години данок на овој начин и до сега не сум добил вакво барање од нивна страна.
Payoneer? Банк трансфер можеш да направиш кон Payoneer и после од Payoneer кон НЛБ или директно со дебитната картичка од банкоматЗдраво луѓе, би ми требало совет од вас.
Во кратко, работам редовно на Upwork како фриленсер од 2016 година. Минатите години сите заработени пари ги префрлав преку Wire-Transfer до НЛБ. Meѓутоа последните неколку исплати кои ги направив заглавија и неможат да се проследат од НЛБ затоа што наводно испраќачот преку посредничка банка ги праќа средствата со податоци кои фалат (поле 50К) а кои се неопходни за да се трансферот реализира. Вака ми се блокирани 2 трансфери на поголеми суми кои фактички сега со месеци стојат на никаде.
Бидејќи тоа очигледно не била случајна грешка туку се повторува веќе во два наврати во краток временски период морам да барам чаре како на друг начин да ги вадам средтвата. Проблем е што често станува збор за поголеми суми од 3-4-5000$.
Каков вид на трансфер би ми препорачале дека е најзгоден за да дојдам до своите средства?
.
Дали некој пробал варијанта од Upwork до Wise US bank acc, па од Wise кон наша банка?
Фала, така ќе поврзам следен пат. До сега Payoneer па сметка, Payoneer зима 3% по трансфер што е многу.Имам пробано. Функционира и поефтино е однего директен трансфер од Upwork кон MK сметка.
Сега гледам дека направиле директно во евра кон наша банкарска сметка за $0.99. Повлекол некој на овој начин? За колку време стигаат парите?
Само еден клиент имам на платформава и немам како да го префрлам надвор од неа зашто комуникацијата ни е само преку сајтот, а ако спомнам на друго место да продолжиме ќе јадеме бан и јас и клиентот зашто против ToS е. Така да им давам 10% и си терам, јбг.Дарежливо од нивна страна нема што. Зимаат 5 %на клиентот кога отвара нова работа, му зима на фриленсер за да купи конкеции пошто со тие што ги даваат џабе можеш само да се ј**еш, потоа ти зимаат уште 10% на заработени пари, па 10% персонален данок, ама битно за 1 долар може да префрлиш пари, секоја чест за нив, направија платформа за индијци и скамери и сеа нешто како фини се... распад се барај алтернатива брат дур не е касно, нема леб кај нив.