1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

upWork (поранешно oDesk) (работа и повлекување пари)

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од petelko23, 3 Април 2012.

  1. petelko23

    petelko23
    Intern

    31
    18
    5 Август 2011
    Здраво Дечки,

    Веќе неколку месеци работам преку оДеск и ме интересира дали некој има искуство со повлекување пари преку системот.

    До сега успеав да извлечам пари еднаш преку paypal врзан со странска сметка, ама нема да можам да го правам тоа пак, така да ги разгледувам другите можности. Еве што нудат они:

    - Mooneybookers
    - Direct Wire Transfer (SWIFT+IBAN)
    - Payoneer debit card

    Со moneybookers не сум работел до сега, ама колку што знам може да се врзe со денарска Visa Electron на Тутунска. Дали некоj знае да каѓе од искуство дали треба да се плаќа данок на ови е пари?

    За wire transfer oDesk вика дека наплаќа 30 долари, ама се плашам дека ќе испадне повеќе од тоа.

    Ова последново изгледа интересно, изгледа дека е нешто слично со мастер картицата на moneybookers... Ќе пробам да аплицирам за картица па ќе видам што ќе испадне од тоа.

    Ако има некој било какво искуство со ова нека пише.
     
    На causevd и vladence им се допаѓа ова.
  2. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,832
    2,974
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Најдобро ти е Payoneer debit kard.
    Имаш неколку опции:
    1. Да ја користиш картицата за плаќање на интернет и директно со слип
    2. Да ги влечеш од банкомат (има провизија, така тро)
    3. Можеш легално да си регистрираш Paypal со неа па така да тргуваш

    Рачунај дека имаш месечна чланарина на картицата (3 доларчета мислам е).

    Direct Wire Transfer (SWIFT+IBAN) - не успеав вака да се врзам, мислам се плаќаше годишно за свифтот (1500???)

    Moneybrooks - Ти стигаат парите на чек. Малце мутаво.

    Мој совет ти е со дебитната. Некој денар провизија ке ти земат кај нас (на банкомат) али не е страшно. За плаќање (афкорс) немаш провизија.

    Имам работено доста, ако имаш некое друго прашање слободно пушти.
     
  3. Zimrie

    Zimrie
    Gaining Experience

    473
    110
    11 Април 2008
    Машко
    moneybookers работи перфектно во македонија.

    Во што се специјализираш ако не е тајна како freelancer?
     
  4. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,828
    811
    14 Декември 2007
    Машко
    Апсолутно Payoneer би ти била најдобрата функција.

    Direct Wire Transfer не ти зема никаква чланарина, но плаќаш 30 долари при праќање на парите (доколку ти ги пратат во денарска противвредност), а доколку ти ги пратат во нивната валута (пример долари), тогаш износот е 45 долари. Овој начин го користев во америка со праќање кон Македонија. За жал Bank оf America мораше да ти пратат само во долари, што значи, за секоја трансакција мене ми земаа 45 долари.
    Совет: доколку се договориш за овој начин, побарај парите да ти бидат во денари.

    moneybookers работи добро, но распрашај се околу каматите. Тие имаат во различни држави - различни камати,
     
  5. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,832
    2,974
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Мене ако ме прашуваш Direct mailing (сопствен смтп сервис), PSD, PDF, JPG to HTML за мејлинг, PHP, Adobe пакетот на Master ниво... тие ми се приоритет. Другото по потреба.
    У стан ми шета и една што искина на oDesk, фотографија, ретуширање и фотографирање. Она има повеке саати напраено.
     
    На Zimrie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    IBAN + SWIFT ќе си побараш од банката кај што ти стигаат парите. Ќе ти отворат девизна сметка (во мојов случај вчера во НЛБ Тутунска) ќе ти ги дадат потребните информации и готова работа. Не знам сеа која е сумата за праќање пари од странство ама не би требало да биде поголема од на пример праќање пари преку western union.
     
  7. petelko23

    petelko23
    Intern

    31
    18
    5 Август 2011
    Јас во програмирање (php/python) и во линукс сервер администрација...

    Иначе фала за советите, ќе видам кое ќе ми се погоди па ќе споделам тука...

    Него никој не ми кажа дали плаќа данок на парите што ги прима?
    Предпоставувам дека за Payoneer нема да имам потреба да плаќам данок, зашто УЈП нема увид на таа сметка...

    Ама за другите две опции, не сум сигурен... Има ли некој искуство?
     
  8. Volkswagen

    Volkswagen
    Gaining Experience

    220
    67
    12 Септември 2008
    Јас некни пробав и се нафатив на еден слабоплатен проект, ама лесен беше...како и да е...ќарив 7 доларчиња...ништо посебно.

    Ама гледајте сеа како ми изгледа акаунтот

    Уште не ми ги префрлил средствата ли...каде е затнат процесот :)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,832
    2,974
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Прочитај си убаво како оди процедура. На крајот на неделата се ажурира работата. После тоа лежат неколку дена на oDesk, па после можеш да ги повлечеш. Инстант со 2-3 долари казна, или регуларно после 3-4 дена за 0 долари.
     
  10. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,415
    597
    3 Мај 2010
    Машко
    Јас сум работел на Freelancer a имам oDesk Payoneer картичка. Во моментов ако аплицираш од PeerFly, тие ќе ги платат тие 25 долари, иако сметам дека е најдобро ти да си ги платиш кога ќе направиш добри пари на oDesk. Пример земаш 50 и ти одбиваат 25. Не е многу.
    Навистина е добра картичката, ама ако ја користиш директно за плаќање(да не вадиш кеш), пример плаќаш сметки итн, и не е препорачливо на мали суми да бараш Payoneer.
    Јас од Moneybookes сум поврзал дебитна од NLB(Виза Електрон) и земал на тој начин. Исто сум користел(сум повлекувал пари со BankWire од Манибоокерс - немаше никаква провизија). Да повлекуваш пари - поголема сума, која не планираш одма да ја трошиш најдобар избор ти е Bank Wire(парите ти седат во оригинална валута).
    Засега земи дебитна, и повлекувај со МoneyBookers. Тешко дека одма од коа ќе почнеш ќе направиш богатство. Најдобро ти е ова за сега. Имаш околу 4 посто провизија се на се ако си од Македонија(мислам, за индивидуален корисник), а ако валутата oDesk ти ја прати како долари а на сметката си ја отворил во евра, тогаш ќе имаш уште 2 посто провизија. На мали суми и не е толку многу. Засега ти е најдобар избор тоа.
    Бирај го начинот на повлекување зависно од тоа што ти треба.
     
    На jumayli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. petelko23

    petelko23
    Intern

    31
    18
    5 Август 2011
    Парите од работа на саат не се исплаќаат одма на оДеск, треба да почекаш околу 2 недели за да легнат на твојата сметка на оДеск и плус времето што ќе ти треба да ги повлечеш во реални пари.

    За 7 долари воопшто не се замарај, гледај само репутација да фатиш добар фидбек, што глеам си успеал.

    Парите што ќе ги заработиш оваа недела (02-09.04) од работа на саат ќе ти бидат на располагање на оДеск тек од 19ти Април. Вака иде процесот.

    - Работната недела завршува во недела навечер (8ми према 9ти).
    - До наредниот четврток (12ти) имаш можност правиш измени во работниот дневник (Work Diary), доколку имаш недоразбирања со клиентот. Во овој период клиентот има можност да покрене спор во однос на саатите од предхоната недела, доколку не е задоволен, ама ова ретко се случува.
    - После тоа треба да почекаш уште една недела да ти се префрлат парите на твојата оДеск сметка. Тоа е вториот, четврток од сега, 19ти Април. Со тоа ти останува само да мислиш како ќе ги повлечеш.

    Еве го тука е убаво објаснето:
    https://kb.odesk.com/questions/905/What+is+the+weekly+pay+schedule?

    На почеток не се секирај толку за 7те долари гледај како да фатиш нова работа, да си ги зголемиш саатите и цената и да одржиш добар фидбек. После ќе можеш 7 долари да ги заработиш за пола саат работа.
     
  12. Volkswagen

    Volkswagen
    Gaining Experience

    220
    67
    12 Септември 2008
    Да прочитав на крај...има убав график прикажан ;)
     
  13. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    514
    404
    23 Мај 2009
    Само еднаш извадив пари преку Payoneer картица и од тогаш не сакам ни да ја видам.
    Прво плаќаш за да ја извадиш картицата, па Payoneer ти зема провизија за секоја трансакција, па месечен надомест, па некоја астрономска провизија ќе ти земат и нашиве кога ќе вадиш од банкомат. Не ми текнува точна бројка за ни една од овие работи што ти ги набројав, ама знам дека над 10% од парите ми отидоа по посредници. Се сеќавам дека нашиве банкомати не прикажуваа колку пари имаш на картицата, па мораш прво дома да си рачунаш, пошто ако направиш грешка, банкоматот ќе ти ја изеде картицата, барем така беше објаснето на сајтот на Payoneer. Исто така имаше и минимална сума која можеш да ја извадиш (мислам дека беше $10), во спротивно банкоматот ќе се најаде :)
    Тоа беше пред две години и веројатно некои работи се сменети од тогаш. Ако некој уште активно користи ваква картица, нека каже што е подобрено.

    Инаку после тоа искуство, си направив PayPal и најмногу пари што ми отишле во неповрат се оние $2 до $5 од трансакција.
    Овде можеш да видиш како да направиш акаунт со последната финта што е откриена.
     
  14. Professor

    Professor
    Intern

    47
    26
    2 Јануари 2013
    Машко
    Имам едно прашање токму за ова, па затоа не сакав да отоворам нова тема.

    Го врзав акаунтот на оДеск со манибукерс но сега не можам да кликнам на Withdrawal ( ми се појавува "In order to withdraw earnings, please complete a W8BEN Foreign Status Certification. Are you a tax payer living outside of the United States? Please complete a W9 Form.")

    Треба да го пополнам тој W8BEN формулар за да можам да ги подигнам парите или....?
     
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,145
    11,140
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Да не објаснувам пак, види овде.
     
  16. Professor

    Professor
    Intern

    47
    26
    2 Јануари 2013
    Машко
    Фала Metuzalem. Средив, претходно со помош на skullmonkey.
     
  17. DarkoKicevo

    DarkoKicevo
    Баниран/a

    107
    21
    27 Јуни 2012
    Машко
    здраво,
    најдов работа на оДеск 40саати неделно и кои се правилата за работење по саати да не знае некој поздрав.
     
  18. kuzman0v

    kuzman0v
    Gaining Experience

    598
    74
    14 Декември 2008
    Машко
    oDesk имаат посебна апликација преку која се мери активностa и работните саати, па според тоа исплаќаат и тој начин на работа ти е најсигурен за исплата. Апликацијата може да ја симнеш од овде: https://www.odesk.com/downloads. Се логираш со тој јузер и лозинка и се поврзуваш со работодавецот. Ќе се снајдеш, едноставна е.
     
  19. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    611
    16 Февруари 2012
    Машко
    Правила нема, уствари има упатства на оДеск, а во принцип што ќе се договориш да работиш тоа ќе работиш. Автоматската наплата ја добиваш само со работа на саат и при тоа има апликација која е активна и ги следи сите твои активности дур работиш за тој проект/клиент. Се прават слики од екранот, се води статистика за број на кликови од маус, тастатура итн итн. Незнам што планираш да работиш ама 40 саати неделно за еден проект е многу и тешко дека ќе ги добиеш од прва соработка. Дури не би ти советувал да се нафатиш на толку работни часови за првиот договор пошто нема да имаш време да бркаш други проекти и ќе заглавиш на само еден проект. Од друга страна ако имаш договорено висока цена за час работа е одлично, има многу варијации и услови кои го прават оДеск едно од најдобрите места за онлајн работа во моментов.
    Работа има многу, кој сака да работи си работи и со тек на време се усовршува и напредува.
    За повеќе совети и помош дополнително во приватни пораки.
    Поздрав,
    Ивс.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DarkoKicevo

    DarkoKicevo
    Баниран/a

    107
    21
    27 Јуни 2012
    Машко
    Може и до 2 недели не е проблем за времето за завршување :)
     
  21. yopih7

    yopih7
    Intern

    12
    0
    4 ноември 2012
    А што документи ти побараа од Payoneer за да ти пуштат картица?
     
  22. goranmitev

    goranmitev
    Intern

    75
    44
    27 Август 2010
    Гледам за данок не пиша никој. Значи секоја пара што ќе ја добиете на трансакциска сметка по БИЛО КОЈ ОСНОВ (подарок, работа.... ) МОРА да ги пријавите во УЈП со образец ПДД (персонален данок на доход) од 1ви јануари до 31март наредната година. Ако не ги пријавите 500 евра е казната. Потоа си чекате негде наесен да ви стигне решение по пошта со закачена уплатница колку данок имате за плаќање, и одите во банка и си плаќате.
     
  23. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,694
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Мене парите од odesk ми ги префрлаат на МoneyBookers и немали никави проблеми, зимаат банкиве нешто провизија али ако почнеш да правиш многу пари нема да ја осетиш провизијата.
     
  24. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,147
    701
    8 Мај 2010
    Машко
    Точно ова и за Odesk најдобро е Skrill (Moneybookers) од искуство ви кажувам. Имате иста провизија како PayPal $1 така да ако немате PayPal, најевтин начин е Skrill.

    Има линк некаде за ова каде прочита?
     
  25. goranmitev

    goranmitev
    Intern

    75
    44
    27 Август 2010
    Од искуство кажувам, јас ова го правам 3-4 години по ред. За читање има. Ама многу е збунувачко за читање, многу поими треба да знаеш што значат уствари. Сајтот е (претпоставуам веќе го знаете) ujp.gov.mk
     

Сподели

Вчитување...