Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Анхоч - Генерална дискусија, информации и искуства

Генерално кое е вашето мислење за Анхоч?

  • Позитивно

    Гласови: 385 82,3%
  • Негативно

    Гласови: 40 8,5%
  • Немам никакво мислење

    Гласови: 43 9,2%

  • Вкупно гласале
    468
E

emet_

Гостин
Еве едно негативно искуство со Анхоч.

Итно ми требаше pwm 120мм вентилатор кој го имаа само во цити мол, специфичен по тоа што е 120х120х20мм наместо х25. Само таков собира во 4u куќиштето каде е лоциран еден од серверите, па додека не стигне оригинал дел ми требаше замена.

Го порачав во понеделник вечер, во вторник се јавија дури околу 2 попладне за та потврдат испорака. Рекоа ќе го донесеме до крајот на денот. И чекав чекав за во 4:30 да ми ѕвони телефон и од таму дечко вика мора да се симнеш до пред зграда немам точакот каде да го оставам (!?). Во моментот имав дедлајн со работа која требаше да се заврши до 16:45 а други вработени немав пошто беше доцна. Му викам качи се немам кого да пратам јок брате. И што да правам му викам терај ајде ништо од бизнисот. А локацијата е во сред центар на Скопје, блоковите со лифт на 3-ти кат. Да беше некаде во волково на 8-ми кат без лифт некако ќе разберев.

Им пратив мејл на [email protected] да се пожалам пошто се работи за фирма која набавува потрошен материјал како батерии и кабли и сл. на околу 2 недели. Наместо да се извинат дека згрешиле, мејлот на убав начин објасни како јас сум крив за не извршување на нарачката.

Е сега. Ова не е првпат да порачам нешто од pcmarket.mk. До сега биле доставувани продукти до врата без да барам. Не ги разнесувале луѓе на точаци. Најверојатно виделе дека не им е профитабилен бизнисот, па ги избркале доставувачите од работа. Убаво се сеќевам на почетокот кога им профункционира сервисот самиот доставувач ми рече дека треба до врата да ги достави.

На мојот мејл требаше само да одговорат, се извинуваме и толку. И сега тој „sales specialist“ од Анхоч што ми одговори ризикува да изгуби 3 фирми што зимаат на фактура редовно и мене како поединец, но реално редовен потрошувач.

Нормално нема да го направам тоа, од одредени салони сум презадоволен. Со ГТЦ салонот редовно комуницираме, праќаат про-фактури, кога ќе стигне уплата одма ми пакуваат и се јавуваат и се стално љубезни.

На веб страната никаде го немаше тоа „доставуваме до 1-ва врата“. Ако го има сега, го додале откако изреагирав.

Поздрав Анхоч, знам дека читате - извршете корекции во ЧПП да вметнете параграф дека не испорачувате до точна адреса, него во близина. Сигурно нема плоча процесор или графичка на улица да ја платам, а и инсистирате да се проверат продуктите пред да се превземат. И да не биде после - Ја нисам одавле.

Имињата се тргнати да не испадне лично.

Sa5IdMMPddnUbHHMTGeoLOaAzXscA428ds9vk1ICJDdQ9P9mjvlfiVpereEsWlFozPehaxUVXkFj5KVFgPLiUWC4LBFfzgHzlPpMMTXnUIBctOfj-i2s24Wny9yw9ItJoV-i5VzXspqWUTW6BzcRn0EncVlo_Jz0MY0gqvyU6uEKp_4wwJiscXbLG41bjQ7AkwVABLNmyeOTNbOfvhkgR5F_FrKeNcl9GkOG2iRbvB_ce5gKtGD12m0NmWv7I7nuFoxuKxLLzpkUbiXOvK-I_4JCz0A-vOAjuTiIIdsSMiOuLn7o95M5yCTFD3VdJEJOpuhlp5AypammIEuZdGluqpbd10VpbU_jWukdzGoR3q9snn19y2INRhUDFGeUDI9Nju1enaGYDWxmjg97IGL0KpAtr88_bQtUZuu43QY09l-k9L9qaZJP2zS7Wapdf_eMHAe2xMiJLbYqQeFCouN7JsTefB5ONnMg0-GMYAE9WK0XMNd8iDnjwPdiQ02Gfpp0BkKizInrO2lJvJAACBU_j-eRR7Hp0XHN95F4qaNU4yPPM2QEjN-zNNE3KnmOL23r86bo00HqnUZhO9Vr3seBkoqt7Ibytkdb5TG-faf2GVRSlDoTztQ7fEMVfk9QJ2OOq4qQmLpwEHwLGhJJ2uTX-y21FlTkbXcmaUD0S7TI3svOy5dn_uQi4ldprR_7QkY3XvXE7eUF58C8ckHrCQ=w745-h938-no
Сосема те разбирам за маката што си ја имал. И јас бев во слична ситуација со друг маркет.

Еднаш нарачав телевизор, а го меркав долго време, пошто нели телевизор не се купува секој ден. Чекав да му падне цена, па им вртев на телефон, па додека јадеш/ручаш се нервираш што да направиш, дали тој модел или некој друг!? ЈБГ сите се вртиме околу телевизорот по дома, сите сакаат да гледаат по нешто. :blush: Се нервирам така неколку дена и на крај го нарачав. Седам чекам да се јават да го донесат, а никаде ниту абер, ниту ништо. Си викам овие што ги нема, ги нема, а јас пак неколку дена ниту туширан, ниту измијан како што треба, ниту бутур. Влегов во купатило и пуштив тушот. Глава измив, а мислите во неа уште беа кај телевизорот. Тие се нешто ме копкаат, абе овие ќе го носат или јас останав без пари!? Си викам ќе му вртам, ако не ми излезат во пресрет ќе се јавам на ОПМ, па ако требе и кај ДПИ. Ајјј си викам доста беше чекање!!!! :annoyed:

Излегувам од купатило и полека да се фатам за телефонот да почнам со реализирање на моите планови, кога гледам некој ми ѕвони за мене непознат број. :annoyed: Кревам и човекот од другата страна ме прашува дали сум дома да го достават телевизорот и дали можам да се симнам да го земам. Исто како тебе сум платил за доставата и те разбирам што сакаш да кажеш. :boring:

Нејсе да продолжам понатаму. Кога за белја така излезен од купатило и уште со крпата на мене, преметувам дека ми ја нема грицкалката за нокти. WTF!? Си викам како да ги исечам ноктиве? :eek: Не личи да се симнам да го земам телевизорот, чоеков ќе ме види со толку големи нокти. И така морав среде лето да облечам чорапи и фино-лепо си се симнав по апостолки, а се надевам другите ќе разберат како е да носите чорапи во апостолки. И така јас среде лето, со чорапи во апостолки морав да се симнам да си го земам телевизорот. :(

Поентата ми е, кој нормален пишува вакви работи!? #$#@%#@%$% :D:eek:h:
Постот е забанција за да се долови моментот на оправување на државата. :annoyed:
 
Изменето од модератор:

Jedah

user
6 ноември 2007
1.308
2.284
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
Anhoch PC Market Online - TV Philips 32PHS4503 32" HD LED Ultra Slim DVB-T/T2/T2-HD/C/S/S2, 2xHDMI/1xUSB

Телевизор
Philips 32PHS4503 32"
на сајт деклариран дека има SCART. Отпакуван дома испаѓа дека нема SCART.

32PHS4503 Модел со SCART
https://images-na.ssl-images-amazon.com/images/I/91vMd7sD-DL._SX1500_SY1500_.jpg

32PHS4503 Модел без SCART
Itin plonas LED televizorius Philips ...

Разликата е во Part Number PN: XXXXXXXX
Зависи дали е прајн за Германија или Тунгузија.
Кај нас идат тие за Тунгузија што се.

Ете ги отидоа во ВИП да го мењаат Боом ТВ-то за CI карта.

Поздрав до АНХОЧ Најаките!!!!!:inlove:

P.S. Истиот телевизор, тунгузиски, 500ден поевтин во Setec
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
@ARMac не се гледа мејлот.

Тотално си во право, тебе не треба да те интересира дали доставувачот е со точак или НЛО, ако треба ќе го земе со него у лифт. Дали е малку или многу платен тоа не е твоја работа, како што во Анхоч ако вентилаторот кошта на пр. 200ден ти не си им кажал (ниту можеш) "ај еве ви 150 ден блиску е до цената".

Права фирма на оваква поплака учтиво се извинува за непријатноста, потоа се заблагодарува и на крај ти даваат freebie, за да им останеш купец. Цената на продуктот кој си го купил е ирелевантна, односот е битен. Ама пошто нема друга слична РС фирма во МК во моментов они ти се "нужно зло". Да имаа конкуренција која им дише во врат односот ќе беше многу различен, но ова е нашата чудесна земја!

Секој за своите пари има право да си бара тоа што му следува.

Проблемот е што сигурно твојата поплака не стигнала до газдата, сигурно ти вратил некој канцелариски мољац на кого сеедно му е дали ти нема да купуваш од Анхоч или не, он/она платата ќе си ја земе редовно и во полн износ. Да стига секој мејл и до газдата и он да следи како се справуваат вработените со поплаки ќе го крка и тој што враќа на мејл и фирмата што вработува ојле-дојле да вози точак и разнесува ствари низ Скопје.

Уште 200 години мајндсетот нема да ни се смени на подобро.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
@ARMac

Проблемот е што сигурно твојата поплака не стигнала до газдата, сигурно ти вратил некој канцелариски мољац на кого сеедно му е дали ти нема да купуваш од Анхоч или не, он/она платата ќе си ја земе редовно и во полн износ. Да стига секој мејл и до газдата и он да следи како се справуваат вработените со поплаки ќе го крка и тој што враќа на мејл и фирмата што вработува ојле-дојле да вози точак и разнесува ствари низ Скопје.

Ако дозволуваш - мала корекција во овој дел. Мислам дека и тоа како го интересира ти да НЕ купуваш од Анхоч. Тоа ќе значи помалку работа, а иста плата. Така гледаат на купувачите - што помалку тоа помалку работа. Подобро ќе дремат по социјалните мрежи на мобилен додека се на работа отколку да се потрудат да продадат нешто или да услужат некого. Не одат до таму да размислуваат дека ако пропадне фирмата ќе треба да си бараат работа бидејќи - некои не се ни способни до толку да размислуваат, а оние кои се способни за до толку си велат - секако не сме задоволни и како и да е нема да го работиме ова цел живот и еден ден ќе треба да си најдеме саглам работа, дали сега или покасно ќе бараме нова работа секако. Или во превод - ич не се замарам, шо ги е*ам, гајле ми е што овој чека производ, нека не е мрзлив нека оди до продавница, разгалени. Гајле ми е ако пропадне фирмата, иоанак не даваат некоја плата, ќе морам да си најдам друга работа кај да е. Тоа е менталниот склоп на македончето моментално. Сите сакаат да се збогатат одма, преку ноќ куќа, автомобил, стан и одмори на море да спечалат. А оние па кои имаат тоа сакаат станови на повеќе локации(за едно преноќување годишно), џипови и викендици.(Ова се обично газди на фирми кои борчат на секој чекор или место да стават домаќински цени ставаат маржи баснословни, па кој купи купи).
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Anhoch PC Market Online - TV Philips 32PHS4503 32" HD LED Ultra Slim DVB-T/T2/T2-HD/C/S/S2, 2xHDMI/1xUSB

Телевизор
Philips 32PHS4503 32"
на сајт деклариран дека има SCART. Отпакуван дома испаѓа дека нема SCART.

32PHS4503 Модел со SCART
https://images-na.ssl-images-amazon.com/images/I/91vMd7sD-DL._SX1500_SY1500_.jpg

32PHS4503 Модел без SCART
Itin plonas LED televizorius Philips ...

Разликата е во Part Number PN: XXXXXXXX
Зависи дали е прајн за Германија или Тунгузија.
Кај нас идат тие за Тунгузија што се.

Ете ги отидоа во ВИП да го мењаат Боом ТВ-то за CI карта.

Поздрав до АНХОЧ Најаките!!!!!:inlove:

P.S. Истиот телевизор, тунгузиски, 500ден поевтин во Setec
Тоа с-то S/S2 е „декларацијата“ дека има СКАРТ?
 
Jedah

user
6 ноември 2007
1.308
2.284
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11

Egghead

read-only
8 октомври 2016
9
1
Здраво на сите.

Пред 10-на месеци купив доста скап компјутер од дотичниве. Отсекогаш сум ги сметал за сериозна, квалитетна и професионална фирма и уживаа голема доверба кај мене. Но, ете, се испостави дека не е така. Уште кога го зедов компјутерот забележав дека едно од шрафчињата на маската е лошо зашрафено - можеби бил вратен, чепкан, отворан пред да го купам, навистина не знам, но ми требаше компјутерот, функционираше одлично и решив да не го враќам (да, многу глупаво од моја страна, но тоа е нашиот менталитет да не реагираме). За потоа наеднаш маската кај мониторот (тач монитор) да почне да крцка, да попушта, да се двои мониторот од маската, да почне да се извитоперува дури и шарката. Изреагирав, но секако, тие не одговараат за ваква штета, не знаат „како бил користен компјутерот“ (бидејќи компјутер обично се купува за ковење шајки). Од една страна го разбирам нивниот став, но јас не можам да си простам зашто компјутерот ниту ми паднал ниту штетата настанала од пад, удар и сл. Едноставно почна да попушта надворешно. И еве, на сервис е веќе над 30 дена, само еднаш се јавив да прашам до каде е работата и ми рекоа да чекам.

Дали некој имал слично искуство да сподели или можеби да ми даде некаков совет како да постапам? Размислувам дури и за вештачење и тужба. Читав искуства на претходните страници со сервисот, но овде проблемот е што тие не ми ја уважуваат гаранцијата поради природата на проблемот.
 
И

Избришан член 18474

Гостин
Кој е официјален увозник на MSI во Македонија?
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.627
3.183

Сервис над 30 дена повелкува нов ист уред, нов уред соодветна замена за постојниот или парите назад. Бар така се сеќавам на правилникот.
Оди во сервис со белешката и побарај си тоа што ти следи. Ме интересира епилогот.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Сервис над 30 дена повелкува нов ист уред, нов уред соодветна замена за постојниот или парите назад. Бар така се сеќавам на правилникот.
Оди во сервис со белешката и побарај си тоа што ти следи. Ме интересира епилогот.
Чим е примен во сервис, но надвор од гарантни услови, не важи тоа со 30 дена.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.883
3.811
Здраво на сите.

Уште кога го зедов компјутерот забележав дека едно од шрафчињата на маската е лошо зашрафено - можеби бил вратен, чепкан, отворан пред да го купам, навистина не знам, но ми требаше компјутерот, функционираше одлично и решив да не го враќам (да, многу глупаво од моја страна, но тоа е нашиот менталитет да не реагираме). За потоа наеднаш маската кај мониторот (тач монитор) да почне да крцка, да попушта, да се двои мониторот од маската, да почне да се извитоперува дури и шарката. Изреагирав, но секако, тие не одговараат за ваква штета, не знаат „како бил користен компјутерот“ (бидејќи компјутер обично се купува за ковење шајки). Од една страна го разбирам нивниот став, но јас не можам да си простам зашто компјутерот ниту ми паднал ниту штетата настанала од пад, удар и сл. Едноставно почна да попушта надворешно. И еве, на сервис е веќе над 30 дена, само еднаш се јавив да прашам до каде е работата и ми рекоа да чекам.

Дали некој имал слично искуство да сподели или можеби да ми даде некаков совет како да постапам? Размислувам дури и за вештачење и тужба. Читав искуства на претходните страници со сервисот, но овде проблемот е што тие не ми ја уважуваат гаранцијата поради природата на проблемот.

Кои шрафчиња, на монитор или куќиште?
Чисто информативно која марка/модел е мониторот?

Инаку мислам штом над 30 дена ти е во сервис, чекаат сигурно и они некој дел или монитор од добавувачот, така да стрпи се и од утре распрашај се пак до кај е работата, ама мислам ќе ти завршат работа како што треба.
 
Не прецизирав - се работи за лаптоп. :) ХП павилион. Кога го зедов, разлабавен беше еден шраф под глувчето. Односно, недозашрафен. Ова го спомнувам само како индикатор, веројатно и без тоа ќе попуштеше компјутерот... Претпоставувам дека препродаваат вратени апарати, па колку издржат - издржат. Тешко му на оној што ќе го добие. :)

Не верувам дека ќе ми го заменат компјутерот штом не ми ја признаваат гаранцијата. Затоа и се нервирам и сакам да докажам дека е во прашање неквалитет. Ни една година не издржа. Не знам како да го постигнам тоа, дали да барам некој контакт со ХП, дали тука да се жалам на заштита на потрошувачи, па тужба...
 
Едно прашање - колку гаранција ти дадоа за лаптопот?
 
Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700

Друже отиден е возот за тужби, жалби и фрустрации...
Си требал на време да реагираш, физичките оштетувања после 10 месеци никој не ги покрива а и не треба.
Не сакам никого ни да напаѓам ниту да бранам, али овде нема што да се дискутира.
ПС - на сајтот на анхоч секогаш имаат продукти кои се враќани со значителен попуст.
ПС2 - жити се , немој муабети под глушецот на лаптопот.
 
Добро, тачпад. Нема врска мојата терминологија :)) Секако дека е моја грешка што не се побунив одма за тоа, ама не се ни жалам за тоа, само го спомнувам како можна индикација зошто настанаа другите проблеми по неколку месеци. Во однос на вратени/нови производи и попусти - не го зедов на попуст и никаде не пишуваше дека е можеби вратен и сл. Можеби и не е (иако досега не сум видел такви разлабавени шрафови на нов производ), но муабетот ми е дека сум очекувал квалитет од нив и за таа сума што ја платив, а не сум го добил тоа. Ни од далеку.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Како и да е, факт е дека Анхоч носат и репарирани (refurbished) лаптопи. Исто така нудат и опција за продолжување на гаранцијата.

Што е битно - исто ми се случи и мене, но со Сетек. Пластиката почна да се двои во аголот кај шарките. Го однесов отворед бидејќи стравував дека може да се скрши после што гаранцијата пропаѓа поради физичко оштетување. Негодуваа, бараа да го затворам, но одбив. Им реков да го примат на сервис, по гаранција, па тие после нека го затворат ако сакаат. Што е битно - при прием за во сервис ти издаваат документ на кој се запишува опис на проблемот и опис на состојбата на уредот. Ти ставаш потпис и затоа е неопходно ОБАВЕЗНО да провериш дали описот на состојбата на уредот е коректен. Пример - за мојот лаптоп напишаа дека има видливи физички оштетувања, а на него една рецка немаше, 100% зачуван, како нов. Не им потпишав и побарав нов документ. На него јас им диктирав опис на состојбата на уредот. Со ова се заштитуваш од фрлање на уредот низ сервисот, а воедно и пред инспекција.

После сервис ми беше вратен со комплетно нов горен дел(екран и пластика). Всушност добив нов лаптоп, бесплатно, без преговори.

Во превод - доколку твојот лаптоп нема скрешени пластики, освен одвојувањето, ти следува бесплатен сервис. Ако не прифаќаат - ДПИ. Еден поднесок со опис на проблемот и веројатно е да ти вратат и пари на крај. Се разбира под услов да нема пукнати пластики или било какви физички оштетувања. Одвоени пластики не се физичко оштетување.
 
Последна промена:

olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.883
3.811
На време да си реагирал во првите 15 дена може и ќе ти го заменеле со друг без проблем.

Инаку производите кои им се OUTLET им се и посебно означени, и во описот долу детално стои што бил проблемот.
Еве 2 такви примери:
Anhoch PC Market Online - [OUTLET] Notebook Lenovo 320-IAP N3350/4GB/1TB HDD/15.6" HD LED/DVD-RW/BT/Win10/Coral Red
Anhoch PC Market Online - [OUTLET] Notebook Dell Latitude E5440 i3-4010U/4GB/320GB/14" HD/DVD-RW/FP R./Win8Pro

Твојот веројатно таков се погодил, фабрички пропуст или оштетување во транспорт, или нешто трето.
Вака сега и анхоч во тесно се ставени, по закон може културно да те одбијат ама ете може и ќе те израдуваат на крај.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Дефектот кој го опиша не спаѓа под физичко оштетување поради прекумерна употреба на сила или неправилно ракување. Се работи за вообичаена појава кај голем број лаптопи, односно кога ќе паднат температурите отворањето е отежнато и тоа е поради пропуст во дизајнот и никако вина на корисникот. Затоа, по закон не можат да те одбијат.
 
Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Можеби и не е (иако досега не сум видел такви разлабавени шрафови на нов производ), но муабетот ми е дека сум очекувал квалитет од нив и за таа сума што ја платив, а не сум го добил тоа. Ни од дале
Квалитетот зависи од брендовите што ги носи една фирма, бидејќи таа истите не ги произведува.
Да не ме разбереш погрешно, после 10 месеци ти текнува дека не си добил тоа што си очекувал, но вистинско незадоволство би требало да има во случај да си реагирал уште на старт, а не си добил замена или сервис.

едит - Би било добро и да видеме слики, да се виде за какво оштетување станува збор, и во каква состојба е лаптопот, чисто за да има смисла и поука дискусијата.
 
Egghead

read-only
8 октомври 2016
9
1
Да не ме разбереш погрешно, после 10 месеци ти текнува дека не си добил тоа што си очекувал, но вистинско незадоволство би требало да има во случај да си реагирал уште на старт, а не си добил замена или сервис.

Не ми текна по 10 месеци, туку откако настанаа поголемиве проблеми си ги сврзувам работите што ги видов на почетокот. Само давам контекст, можеби едното со другото воопшто не е поврзано, туку само јас си правам асоцијации. Како и да е, општиот впечаток ми е дека сум добил неквалитетен производ, а тоа не сум го очекувал. Не сум ни до толку изверзиран во оваа проблематика, па да ги согледувам работите толку подробно. Затоа и сум имал доверба во фирма како Анхоч. Се водам по она што се случува. Користам нов лаптоп кус период и во тој период почнува да се распаѓа. Секако дека не сум задоволен. :)

Еве слика, ова е веќе фазата кога го затворив последен пат за да им го однесам и мислам дека наредното отворање ќе беше фатално. :) Да појаснам, не барам толкувања за штетата. Само барав совет од луѓе што можеби некогаш се пожалиле за ваков или сличен проблем - бидејќи сервисерите можат да помислат што сакаат, но јас си знам дека ова настана од најобична употреба (отворање и затворање).
 
Атачменти

  • capture1.JPG
    capture1.JPG
    26,1 KB · Прегледи: 86

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Кажи ми, дали лаптопот почна со тек на време потешко да се отвара?
Почнува потешко да се отвора. Тоа им е грешка во дизајнот на многу лаптопи, иако се скапи. Јас мојот го купив 39.000 денари, со надеж дека ќе функционира се беспрекорно. Се беше одлично, освен што почна тешко да се отвора. И морав на секое отворање да пазам како да е од порцелан правен...И иако пазев, почна да зинува пластиката во едниот агол. Поучен од претходно искуство со друг лаптоп кој ми се скрши(тој беше без гаранција и од MSI), одлучив да се повикам на гаранцијата. Отворен го однесов во СЕТЕК, негодуваа, као зошто отворен, затвори го и остави го, бла бла...Воопшто не ме интересираше што дрндаат. Им реков дека не сакам да ризикувам да го затворам да ми се скрши мене. Ако сакаат нека го затворат тие сами после прием за сервис. Јас платив ѓавол и пол за него, сакам барем 3 години ако ништо друго нормално да се отвора и затвора. Го зедоа на сервис, ставија цел горен дел (екран со пластика и шарки) нов. Се разбира, и лаптопот се отвораше и затвораше како кога беше нов после тоа. Без никакви забелешки и со задржана гаранција. За тоа СЕТЕК испаднаа фер и се беше во согласност со законот. Го продадов со голема загуба бидејќи имав некои планови за заминување и реков странство ќе земам друг ( ништо од планот, засега.. )
 
Egghead

read-only
8 октомври 2016
9
1
Кажи ми, дали лаптопот почна со тек на време потешко да се отвара?
Не би можел да тврдам. Само знам дека првпат увидов оти нешто не чини гледајќи филм, кога при темна сцена сфатив дека во тој ќош сликата е побледа. :) Сфатив дека екранот е одвоен од пластиката. И доволно беше само едно спуштање на екранот докрај за да се расчепи уште повеќе. Потоа и веќе не го затворав тие неколку дена пред да го однесам (а во истиот миг не можев зашто морав да работам, да правам бекапи, да ажурирам софтвери на стар лаптоп и сл.).

Да дополнам - сигурно имало показатели пред тоа, ама воопшто не ми паднало на памет дека вакво нешто може да се случи. Немам навика на секое отворање и затворање да гледам дали дошло до некаква промена на маската...
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно