1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Анхоч - Генерална дискусија, информации и искуства

Дискусија во форумот 'Анхоч' започната од NecrotoX, 1 Декември 2017.

Тагови:

Генерално кое е вашето мислење за Анхоч?

  1. Позитивно

    182 глас/а
    90.1%
  2. Негативно

    12 глас/а
    5.9%
  3. Немам никакво мислење

    8 глас/а
    4.0%
  1. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    325
    411
    20 Јуни 2012
    Машко
    Не е ништо страшно да отидеш до пазарна или па да се јавиш и да им поставиш прашање доколку се сомневаш дека некое право ти е скратено. Ако е така, ќе си поднесеш претставка.

    Нема потреба ( пошто не сме сите правници ) да тумачиме закони, си има инспектори кои што работат на државна сметка па ќе си прашам кај нив. Ако имаш и пријател адвокат уште подобро.

    А тоа што членот не побарал заменски производ мислам дека самата продавница е должна да го информира дека му следува и дека ако и барем малку го оштети го плаќа заменскиот производ исто како да го купил. Самиот купувач може да не се согласи на заменски производ ама мислам дека мора да го информираат дека му следува и под кои услови. Може не сум во право ама така мислам дека имам читано.
     
  2. tomi

    tomi
    Guru

    9,839
    9,057
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Анхоч порано за мене беа бренд, сега се исто како сите други фирми, лажговци и преваранти со неискусен и нестручен кадар освен 2-3 ца кој си ја знаат работата ама и тие се ретки пошто се се нови запослени за ситна пара
     
    На xCorbe и Трајче Дрварчето им се допаѓа ова.
  3. n1kola18

    n1kola18
    Intern

    74
    21
    21 Мај 2018
    Исти се сите, дури да му лупниш кеш се ќе напрат, после не дај боже за сервис мати се цел месец, нив не ги интересира, едноставно немат корист од то дали по 5 или 50 дена ќе биди напраен.

    Испратено од ТУШ преку IT.mk форум апликација
     
  4. mrmarko4fun

    mrmarko4fun
    Gaining Experience

    131
    84
    26 Јули 2017
    Машко
    студент
    Изгледа овие монитори на Делл се дефектни цела серија во мојот случај станува збор за U2417H. Исто купен од анхоч пред неполн месец (17 мај). Го вклучувам денеска и се појавува цела линија од заглавени пиксели која ја снемува само со притискање горе и долу на безелите појако и потоа пак се враќа. Ќе им го однесам право у дирекција овие денови, значи поука за друг пат не зимајте последен продукт. 20180612_181927.jpeg

    Испратено од SM-G950U1 преку IT.mk форум апликација
     
    igor_igor, FLEGMA и на steelseries им се допаѓа ова.
  5. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,111
    4,389
    4 ноември 2013
    Машко
  6. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,039
    1,605
    13 Јануари 2014
    Машко
    Јас го зедов пред неколку месеци за моиве. User interface-от му е за никаде, немаш можност да смениш launcher (сите прават Force close на прва употреба) и Wi-Fi-то е исто слабо (немам можност да пуштам кабел). Освен тоа е релативно брз, YouTube, полесни игри, Kodi и такви работи функционираат без проблем.

    PS. Можно е проблемиве јас да ги имам бидејќи не знам да го конфигурирам и подесам, така да ако имаш искуство со тоа можно е да работи подобро кај тебе.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    630
    882
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Дечки направив една онлајн порачка за гостивар, денеска ја потврдив. Прашав кога ќе пристигне, ми рекоа за неколку дена. Конкретно сум од Гостивар. По која пошта испраќаат ? Знае некој поточна информација од Неколку Дена?
     
  8. gamer-eddie

    gamer-eddie
    Practice makes perfect

    943
    1,502
    22 Април 2007
    Машко
    profesionalen ebi-veter
    слободно прашај ги ке ти одговорат
     
  9. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    2 дена максимум
     
    На Sludge.Factory му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,997
    6,772
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Еве едно негативно искуство со Анхоч.

    Итно ми требаше pwm 120мм вентилатор кој го имаа само во цити мол, специфичен по тоа што е 120х120х20мм наместо х25. Само таков собира во 4u куќиштето каде е лоциран еден од серверите, па додека не стигне оригинал дел ми требаше замена.

    Го порачав во понеделник вечер, во вторник се јавија дури околу 2 попладне за та потврдат испорака. Рекоа ќе го донесеме до крајот на денот. И чекав чекав за во 4:30 да ми ѕвони телефон и од таму дечко вика мора да се симнеш до пред зграда немам точакот каде да го оставам (!?). Во моментот имав дедлајн со работа која требаше да се заврши до 16:45 а други вработени немав пошто беше доцна. Му викам качи се немам кого да пратам јок брате. И што да правам му викам терај ајде ништо од бизнисот. А локацијата е во сред центар на Скопје, блоковите со лифт на 3-ти кат. Да беше некаде во волково на 8-ми кат без лифт некако ќе разберев.

    Им пратив мејл на [email protected] да се пожалам пошто се работи за фирма која набавува потрошен материјал како батерии и кабли и сл. на околу 2 недели. Наместо да се извинат дека згрешиле, мејлот на убав начин објасни како јас сум крив за не извршување на нарачката.

    Е сега. Ова не е првпат да порачам нешто од pcmarket.mk. До сега биле доставувани продукти до врата без да барам. Не ги разнесувале луѓе на точаци. Најверојатно виделе дека не им е профитабилен бизнисот, па ги избркале доставувачите од работа. Убаво се сеќевам на почетокот кога им профункционира сервисот самиот доставувач ми рече дека треба до врата да ги достави.

    На мојот мејл требаше само да одговорат, се извинуваме и толку. И сега тој „sales specialist“ од Анхоч што ми одговори ризикува да изгуби 3 фирми што зимаат на фактура редовно и мене како поединец, но реално редовен потрошувач.

    Нормално нема да го направам тоа, од одредени салони сум презадоволен. Со ГТЦ салонот редовно комуницираме, праќаат про-фактури, кога ќе стигне уплата одма ми пакуваат и се јавуваат и се стално љубезни.

    На веб страната никаде го немаше тоа „доставуваме до 1-ва врата“. Ако го има сега, го додале откако изреагирав.

    Поздрав Анхоч, знам дека читате - извршете корекции во ЧПП да вметнете параграф дека не испорачувате до точна адреса, него во близина. Сигурно нема плоча процесор или графичка на улица да ја платам, а и инсистирате да се проверат продуктите пред да се превземат. И да не биде после - Ја нисам одавле.

    Имињата се тргнати да не испадне лично.

    [​IMG]
     
    gokica, gOJDO и на Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  11. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,884
    5,747
    21 Јануари 2009
    Претпоставувам под тоа „немам кај да го оставам точакот“ се мисли на тоа дека не носи клуч за да го заклучи и да му биде безбеден.
    Треба да си набават, за да „има кај да го остава“ и да не дошло до ваков проблем.
    Анхоч е коренот на проблемот. Но,

    Рреално и ти не треба да глумиш лудило дека си бил којзнае колку зафатен и си ја бранел земјава од нуклеарка па не си можел да се симнеш.
    До утре убедувај ме нема да ме убедиш дека не си можел да се симнеш, и дека ако си се симнел фирмата ќе имала некои загуби или ќе се случило било што негативно за тебе или фирмата.
    Во животот се прават компромиси, треба да имаме разбирање во одредени ситуации.
    Оваа не била толку комплицирана ситуација за да не може некој да попушти или да се снајде на некој начин (и тој со точакот можел некако да се снајде сигурно).
    Исто така воопшто не ми се допаѓа дека на некој начин ти се закануваш (за фирмата разбирам да не продолжи да купува од нив) ама ради ова искуство ти како индивидуа да ги баталиш Анхоч е влегување во тотален батхрт моуд.

    За едноставен вентилатор се изнапиша реферати тука, и меилови си пуштал и чуда, ама тогаш тие биле пресудни 15 минути во кои ја спречи нуклеарката.
     
    На zipi123, xenon, mkd и уште 6 други им се допаѓа ова.
  12. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,146
    1,442
    5 oктомври 2007
    Машко
    А на пример ако е единствен дежурен, и според правило на работно место несмее да ги напушти просториите? Само еден од можните сценарија....

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На smole и toshex им се допаѓа ова.
  13. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,137
    4,251
    18 Септември 2013
    Машко
    У мк куририте се такви, и не ги оправдувам само споделувам дека такво искуство имам често. Сеа луѓе се, им е смачено да се качуваат до горе стално иако тоа им е во работен однос.

    Последно коа платив испорака до врата, пак не се качија до горе.

    Е сеа има две страни:

    1) ако емпатираш со куририте дека се утепани за мали пари, па да им прогледаш низ прсти

    2) ама сепак си платил достава до врата и или треба да ја добиеш услугата шо си ја добил или да ти наплатат помалце шо ќе се симињаш сам (освен ако не се осврнеш на случајот 1 од погоре)

    Е сеа не е битно кој колку си го вреднува времето негово си е. Не треба тука @Avid да пресудува чие време колку кошта, се работи за принцип.

    Ако нарачаш Ноктуа вентилатор од 14 сантими, и они ти донесат од 12 сантими (читај аналогија на тоа дека си платил за едно а добиваш друго - во аспект на достава) - тоа е принципот кој е посочен тука. И како купец имаш право да се пожалиш и да побараш да биде тоа напоменато во terms of service или пак да го добиеш тоа за шо си платил.

    Simple as that. Иритира, стварно иритира коа ќе платиш до врата и ДХЛ ќе ти пуштат писмо дека треба да идеш кај нив, па да им даваш полномошно и после да го чекаш пакетот. Или ЕМС коа ќе ти се јават: абе ако не ти се чека дој земи го од пошта (да и ова се дешава) на шо им викам до врата е платено донесете го, или ако ми е успут ќе им кажам дека ќе го земам.

    И така, битно у право си е секој да си ја бара услугата шо си ја платил или шо му кажале дека му следува.
     
  14. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,884
    5,747
    21 Јануари 2009
    Тоа правило е ретардирано особено ако станува збор за 3 минути работа, плус на некој начин пак ТУКА СИ, пред влез му биле, не требал да оди 500 метри.
     
    На zipi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,137
    4,251
    18 Септември 2013
    Машко
    Абе сеа да не биде фаќам страни веќе ама иам пријател шо работи у надзор и работен опис му е да седи и да прати на камерите да не се деси нешо као кражба или шо знам шо. Пак ќе кажам, кој колку си го цени и вреднува времето е нивна работа се дури не ти го продаваат на тебе тоа време нели, па ти да треба да го платиш.
     
  16. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,146
    1,442
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ама ете е правило, и сега... Ај да го прекрши и да лета од работа?

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,884
    5,747
    21 Јануари 2009
    Компромис ќе направи шефот :)
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  18. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,137
    4,251
    18 Септември 2013
    Машко
    Ќе скршнам од тема ама ми ја правиш вечерта брат! Хај фајв, частам пиво некад ^^ *се присеќа на време коа имаше лавина од дискусии на форумот за секакви теми, контрање, дебати...*
     
  19. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,146
    1,442
    5 oктомври 2007
    Машко
    У секој случај бар за мене глупа работа од анхоч. Се нафатиле да достават, Земале пари, дури и за достава, пошто гарант вентилаторот не бил у фри шипинг зона, и замисли немал точакот кај да го остаи бе. Смешно и жално.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  20. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,137
    4,251
    18 Септември 2013
    Машко
    Абе сеа и може искрено било така, се дешава - ама не значи дека поплаката не е валидна и на клиентот - платил за до врата сака до врата.
     
    На marv му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,846
    3,942
    5 Јули 2013
    A што ќе им се точаци кога има електрични тротинети кои можат со себе да ги понесат при достава во зграда? Хм...ова како идеја само.

    Иначе, потполно се согласувам со фрустрацијата на ARMac. Кај него забележувам западњачка култура и тој очекува сите да бидат такви, што според мене е единствен начин да се поправат работите кај нас. Точакот на доставувачот АПСОЛУТНО е ирелевантен. Нека си го осигураат од кражба. Или нека си набават соодветно средство кое не може лесно да се укради или може да се понесе со себе при достава на врата (пример тоа погоре што го споменав).

    Ова што го кажува Avid беше некогаш, во социјализмот. Тогаш никој за никаде не се брзаше и кражбите беа ретки како чистиот воздух кај нас (црн хумор малку, ако?). Редовно имало позорникари и си постоела хармонија. Немало потреба од приватни фирми бидејќи државните прекрасно функционирале и излез од работа не претставувал никакво зло и опасност да некој биде отстранет од работа. Сега се е приватно, на клиентите некогаш и минути им значат. Се работи за производство, испорака, и сл, и кога тоа е во прашање, и се чека на некој, на тој некој му зависи иднината на бизнисот од тие минути. Можеби нема веднаш да го изгуби бизнисот, но, довербата тешко се гради и лесно се губи.
     
    Последна промена: 17 ноември 2018
    Necromancer, Avid и на ARMac им се допаѓа ова.
  22. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,997
    6,772
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Да се разбереме, ова повеќе се исфрустрирав од мејлот кога се пожалив него од дечкото со точакот.

    Може му бил приватен а го терале после работа да го донесе вентилаторот од кај знам. Свашта е можно во државава.
     
    На Avid и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  23. toplel

    toplel
    On your way to fame

    552
    587
    18 Август 2016
    Машко
    Што знам, од мое гледиште според ситуацијава и двајцата сте биле во право од X причини. Ти си имал обврски, а од друга страна пак дечкото немал кај да го стави точакот. Дали е негов или на фирма сѐ едно; ризикува да го изгуби. Не го оправдувам што не си зел клуч со него па ваљда за 2 минути не се кради заклучен точак, но сепак аку е на фирма ваљда не очекуваш сам да си купи. Згора на сѐ мислам дкеа без врска ѝм е услугата за достава и воопшто не е експлицитно дефинирана што тие подразбираат под достава до врата.

    Инаку ова со точак испорака тешка хипстерска работа. Сигурно нешто ау-бау против загадувањето. :D
     
    На Zippo и Avid им се допаѓа ова.
  24. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,997
    6,772
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Абе авид не е вентилаторот. Не е ни Анхоч проблемот. Јас не се заканив на никого во првиот мејл. Проблем беше, итно беше ме заебаа, па испадна моја грешка. Мое право е да изразам незадоволство.

    Не сум од тие што галамат само кога имаат проблем. Види наназад колку пати сум ги фалел анхоч, сет па и амц.

    Инаку ако те интересира не ја бранев земјата. Монтирав аудио кое иде во етер за помалце од 15 минути а каснев.

    Ако те нервира да читаш, блокирај бе друже. Бесплатно е.
     
    Последна промена: 17 ноември 2018
    На Avid и omegaRED им се допаѓа ова.
  25. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,884
    5,747
    21 Јануари 2009
    Друг пат немој да доцниш :) мал пример за теорија на хаос.

    Во секој случај, сигурно немало да биде полошо од ова :D


    44:10 и 46:20
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...