1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Анхоч - Генерална дискусија, информации и искуства

Дискусија во форумот 'Анхоч' започната од NecrotoX, 1 Декември 2017.

Тагови:

Генерално кое е вашето мислење за Анхоч?

  1. Позитивно

    191 глас/а
    88.8%
  2. Негативно

    14 глас/а
    6.5%
  3. Немам никакво мислење

    10 глас/а
    4.7%
  1. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,781
    1,905
    8 Мај 2007
    Машко
    Прашај го тој што го имал резервирано :D
     
  2. shitpost101

    shitpost101
    Gaining Experience

    406
    296
    9 Февруари 2018
    Машко
    незнам што да му кажам на другарот....ама баш чудно ми падна како истиот го резервирале баш тој ден xD
     
  3. Andrejrulz

    Andrejrulz
    Gaining Experience

    55
    59
    14 oктомври 2014
    Машко
    JavaScript Developer
    Крајно разочаран сум од политиката на испорака и транспорт на продукти од страна на Анхоч.
    Во понеделникот платив лаптоп и одам во продавница да го земам, и ај да го проверам, имаше мртов пиксел. Нема врска тоа.
    Се договоривме со продавачите ( што патем беа коректни во текот на целиот процес ) да го видам лаптоп-от во друга продавница во друг град ( случајно се погоди дента да одам таму ), и да го пробам таму... ако е се ОК, да го повлечат за да го земам. Тоа се` се случува во Понеделник.

    Еве петок е, уште го немам лаптоп-от. Демек правеле само 1 неделно транспорт на роба по продавници. И сега поради тоа јас чекам цела работна недела за платен лаптоп.

    А станува збор за лаптоп од ’посолената’ ценовна палета. За тие пари искрено најмалку што треба да добијам е директна испорака на адреса уште истиот ден, а не да чекам цела недела.
     
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,623
    4,565
    23 Јуни 2015
    Машко
    Прво незнам зашто не си го подигнал од другата продавница...јас да сум на твое место би барал да се сторнираат средствата и една бајадера од нив со директна испорака.
    Колку е "солена" цената инаку? 80-90к?
     
  5. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    911
    1,578
    20 Јануари 2015
    Машко
    Што и да коментирам ќе се се свати како да сум адвокат на Анхоч, меѓутоа ако тоа е политика на фирмата, која однапред ти е објаснета процедурата и времетраењето на истата, не би рекол дека ова е негативно искуство со Анхоч.
    Стај се во нивна позиција, доколку за секоја поединечна нарачка (префрлање на производи) ангажираат превоз, би работеле со загуба.
     
  6. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    835
    1,778
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    А од друга страна Сетек...
    Мајтап, пошто во темата за Сетек ептен се спомнува Анхоч, сакав баланс да направам, овде Сетек да го спомнам :)
     
    На Astro, Speedster, olikomerc и уште 7 други им се допаѓа ова.
  7. Andrejrulz

    Andrejrulz
    Gaining Experience

    55
    59
    14 oктомври 2014
    Машко
    JavaScript Developer
    Те разбирам што сакаш да кажеш. На место е тоа што ти го велиш. Јас не се жалам за мојата моментална ситуација туку за политиката на Анхоч воопшто.
    Во ера кога амазон испорачува со дронови, и нарачка од Кина стига за 10 дена, не е прифатливо да се има толку нефлексибилна и спора достава на растојание до 100-тина км.
    Треба да се изнајде начин за подобро да се организира целиот тој процес. Сигурно дека Анхоч не е на ниво на Амазон па да испорачува посебно и експресно за секој поединечен купувач, ама сигурно има начин за да се забрза испораката.
    Кога тие се во прашање (општо било која фирма), таква им е политиката, нема врска што ти си дал пари а не си добил производ... Ела должи пари да те видам... o_O

    А за тоа дека ова искуство е „негативно“, дефинитивно!
    Ќе продолжам да купувам од Анхоч, затоа што доволно добро се покажале досега. Ама дефинитивно би се размислил дали да чекам испорака од нив.
     
  8. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,088
    1,195
    11 Март 2011
    Нарачав нешто од главен магацин во понеделник, во Буњаковец продавницата беше во среда, релативно брзо, како не ми беше многу битен продуктот не ќе имав гајле и да е петок.

    Но те сфаќам кога ќе се нафураш за одреден продукт и го сакаш одма и веднаш.

    Обично почнува да ме нервира кога фирмата ќе пробие рок и тогаш е непрофесионално, кој и да е изговорот (everybody has an excuse), a кога се во рок што го имаат зададено, колку и да е долг си ги репрограмираш емоциите.

    Јас на Анхоч не би им замерил за услугата и цените, за кои мислам дека се ОК, повеќе би им замерил за изборот на робата.
     
  9. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,130
    3,483
    7 ноември 2014
    Машко
    Едит - игнорирај, реплицирав без да прочитам подоле. :D
     
  10. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,194
    1,839
    13 Јануари 2014
    Машко
    Иако досега сум имал константно позитивно искуство со Анхоч, овојпат сум крајно разочаран. Немам намера да ширам муабети од типот НИКАКО КУПУВАЊЕ ОД АНХОЧ!, баш напротив - во понеделникот пак отидов кај нив и потрошив (за мене) значителна сума на пари, ама има многу работи во мојава ситуација кои можеа да ги направат многу подобро. Со дечките од салонот од Охрид имам крајно позитивно искуство, дури и во текот на целиов проблем.

    При крај на декември купив од кај нив монитор Dell U2515H. Околу почеток на април приметив дека во долниот лев агол има мала група пиксели кои се посветли од останатите. На 17ти април го однесов мониторот во салонот во Охрид (од кај што го зедов), спакуван во оригиналната амбалажа, со сета пропратна документација (гаранција и останато) и кабли, и ја објаснив ситуацијата. Вработените, како и секогаш, беа крајно коректни, и ме замолија ако имам фотографија од проблемот, да ја испратам на мејлот од сервисот наредниот ден, кога ќе го примат. Не ми понудија заменски производ. Наредниот ден испратив мејл со фотографија, по што добив одговор од сервисот да им пратам фотографија и од налогот. Го пратив и тоа, и немав никаков одговор неколку дена. Наредната недела им пратив уште еден мејл, по што ми одговорија дека мониторот е препратен во овластен сервис (ИТД) и дека се чека на нив.

    По околу две недели без информации, се јавив во сервисот, од каде што ми дадоа број од ИТД и ми кажаа таму да се јавам. Не сум јас тој што треба да брка информации по фирми со кои немам врска, мониторот го купив од Анхоч, а не од ИТД, ама ми гореше под нозе и се јавив. Од ИТД ми кажаа дека не можат да го најдат мониторот, ниту пак налогот, и дека ќе ми се прејават кога ќе го најдат, што секако, не се случи. Му се прејавив на сервисерот од Анхоч (Милован) и го замолив до наредниот ден до 12 часот да имам информација што се случува со мониторот. Наредниот ден во 10:30 добив мејл дека ми е одобрена замена за нов монитор, и дека е порачан од Dell. Му се јавив да се заблагодарам за информацијата, и да прашам кога евентуално би го добил мониторот, на што добив "Веројатно наредната недела, ама не ме држи за збор, немаме контрола врз тоа". Ова се се случува на 15ти мај, вторник, 2 дена пред истекот на законските 30 дена кои ги имаат за да го средат мониторот или да обезбедат нов. Му го спомнав тоа на Милован, и добив одговор дека "во тие 30 дена е обезбедена замена, што значи дека не може да се направи ништо околу тоа, останува да се чека новиот монитор".

    Наредната недела помина, ништо. Скоро две и пол недели после последниот контакт со него, минатиот четврток, му се јавив да прашам до кај е работата. Ми одговори дека нема информација и дека ќе се јави во ИТД да провери. Додека чекав, се јавив кај пазарен инспектор и без да спомнам име на фирма или било што друго, прашав кои ми се опциите, и добив совет во понеделник (завчера) да одам да поднесам претставка. Исто така по сплет на околности разговарав со пријател адвокат, кој ми кажа дека поради тоа што не ми дале заменски производ, можам да ги тужам за изгубената работа во периодот во кој сум бил без монитор. После повикот ми се прејави Милован, и ми кажа дека мониторот е на царина, и дека оваа недела ќе го добијам. Му спомнав дека се консултирав со пазарен инспектор и со адвокат (иако ништо конкретно не кажав), и ми го повтори муабетот дека не можам да направам ништо со тоа. Поради фактот што во четвртокот бил на царина, во понеделникот не отидов во пазарна инспекција, туку решив да почекам.

    Отидов во понеделникот во Анхоч, ми требаше нешто сосема друго, и прашав кога имаат комбе за достава од Скопје. Ми одговорија дека имаат во среда (денес) и петок, и дека веројатно мониторот ќе стигне денес. Им спомнав дека доколку не стигне, во четврток (утре) одам во пазарна инспекција, и тоа и имам намера да го направам. Поминати се 50 дена а јас уште не сум во можност да работам.

    TL;DR, однесов монитор во Анхоч, под гаранција, со проблем, и 50ти ден сум без монитор.

    Знам дека немаат контрола врз порачката и испораката. Ама не добив заменски производ, и кога веќе знаат дека не можат да го обезбедат во разумен временски период, можеа да ми понудат да ми ги вратат парите, или да земам поскап/поефтин со што би ми ја вратиле разликата, или би доплатил. Баш кога ми кажаа дека е одобрен и порачан нов, имаа на лагер U2518D кој е 1500 денари поскап, и со задоволство ќе доплатев за да не морам да чекам уште месец дена. Веројатно и порано требаше да пријавам во пазарна инспекција, а не да чекам и изгубам толку време и работа, ама ајде. Позитивните искуства од порано ме натераа да верувам на тоа "наредна недела го имаш" и слично.
     
    На tomi, draganamon, Necromancer и уште 7 други им се допаѓа ова.
  11. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    911
    1,578
    20 Јануари 2015
    Машко
    Е од Охрид.... Им имат снемано, па се имат Сетекосано по малце

    Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  12. shitpost101

    shitpost101
    Gaining Experience

    406
    296
    9 Февруари 2018
    Машко
    Не ги бранам. ама нели рекламација се правеше во рок од 7 дена ? и мислам дека мртви пиксели и слично не се сметаа за дефект т.е не подлегнуваа под гаранција ? може сум грешка, но во секој случај непријатно искуство ти било ова друже.
     
  13. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,194
    1,839
    13 Јануари 2014
    Машко
    Проблемот се појави после (отприлика) три месеци користење. Не беа мртви пиксели, едноставно имаше кругче, отприлика 5mm x 5mm, во кое што сите пиксели беа значително посветли од останатите, без оглед на тоа што има на екранот.

    Полисата за мртви пиксели мислам дека беше до 6 или така нешто за оваа големина, а би рекол дека толкав круг на 25" 1440p се повеќе од 6 пиксели. Во секој случај, прифатија да го заменат, не е тоа проблемот. Ама времето и фактот што во ниеден момент не понудија алтернатива, ме изнервира.
     
    На shitpost101 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. shitpost101

    shitpost101
    Gaining Experience

    406
    296
    9 Февруари 2018
    Машко
    епа тоа е...чекањето убива.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Avid

    Avid
    Guru

    4,273
    6,367
    21 Јануари 2009
    Дај пушти сликата што си им ја пуштил да видиме како изгледа ова чудо.
     
  16. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,194
    1,839
    13 Јануари 2014
    Машко
    Не можам да ја најдам, а сакав и вчера во првичниот пост да ја ставам.

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
  17. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,223
    3,574
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Во "Sent mail" види :)
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,194
    1,839
    13 Јануари 2014
    Машко
    Прво таму видов, ама првите една-две пораки кои им ги пратив ги немам :(
     
  19. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    599
    1,430
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    Јас го имав истиов проблем со Asus PG279q. Се појавија одеднаш како снопче од 10 пиксели, на 3 места блиску едни до други, обелени. Немам слики ама изгледа како да има намалено сатурација на тие места.

    О.Т.
    Е сега, на мене ми понудија кеш-бек или замена, прифатив замена и гаранцијата ми важи од дента кога ја добив замената. Практично ми ја продолжија за 3 години. Целиот процес траеше 2 работни дена.
     
  20. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,623
    4,565
    23 Јуни 2015
    Машко
    Има разлика кај тебе @AleksandarCaki , затоа што Сет си ги носи Асус. Сами си одлучуваат.

    ДЕЛЛ доаѓаат од ИТД поголемиот лагер од монитори и лаптопи. Нормално мораат они да одобрат замена, бидејќи немале на лагер морале да направат нарачка, па така нормално е и да се чека да стигне мониторот. Неможе да понудат доплата со замена бидејќи повторно ИТД треба да го одобрат тоа, но ете несакале...Анхоч тука нема моќ.

    Некои работи си имаат процедура и тоа е нормално, како пример може да се посочи случајот со батериите за Нексусот...Ако хипотетички речеме дека под гаранција им биле телефоните (и нормално ако би влегувала батеријата во гаранцијата) ќе морале да им ги примат телефоните на сервис и да чекаат за батериите да стигнат, а како што можевме да видиме им требаа скоро месец дена само на батериите да стигнат. Несмеат да одбијат да примат продукт на сервис па така ќе ги држеле телефоните повеќе од 2 месеци...едноставно е. Некои работи мора да се одвиваат по овој терк, бидејќи ние сме мал пазар и FYI ниту еден бренд што се носи кај нас не им нуди RMA на нашите препродавачи, туку сами си ги сносат сите трошоци и сите расипани продукти.

    Ситуацијата ни е таква и никој не ни е крив што сме волку мала држава па + и глуп народ.
     
    Psycore, Fredy, AleksandarCaki и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,194
    1,839
    13 Јануари 2014
    Машко

    До некаде си во право.

    Од друга страна, јас како краен потрошувач купувам од Анхоч. Не од ИТД. Проблемите очекувам да ми ги реши Анхоч, а не ИТД.

    Пред малку се слушнав со Анхоч Скопје, ми кажаа дека не ми дале монитор на користење затоа што "Сервисот нас не ни дава па мора сами да се снаоѓаме". Ништо од тоа не е мој проблем, јас сум го купил од Анхоч, сум го однел во Анхоч за проблемот, и очекувам Анхоч да ми даде производ на користење и да ми го реши проблемот во најкус можен рок.

    Тоа што ИТД ја влечкале работата и со сервис, и со одобрувања, и што не даваат заменски производи, е проблем меѓу Анхоч и ИТД, и грешка е на Анхоч што дозволуваат да влијае врз нивни потрошувачи. Ако јас сега одам во пазарна инспекција, кого треба да го пријавам, Анхоч или ИТД?

    Свесен сум дека за одредени работи треба време и процедура, ама за тоа има законски предвиден рок од 30 дена.
     
    petkotrajko, shitpost101, AleksandarCaki и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    599
    1,430
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    Потрошувачот кога влага во Сет или во Анхоч, он купува од Сет или Анхоч, не од ИТД. Практично јас како потрошувач не треба да се замарам дали е од ИТД, па прикаски да ми раскажуваат, ваму е-таму е, итд се криви, бранко е крив. Значи купувам од Анхоч, очекувам Анхоч да стои целосно позади услугата која ја нуди а не тужи баба да изиграва и да ја префрла топката на трета фирма. Нервозен сум околу дешавкава затоа што имав бетер ситуација пред 6 години со Сет кои ги тужибабеа CT компјутери и ТДК. :)
     
    На petkotrajko, Necromancer, shitpost101 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  23. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,623
    4,565
    23 Јуни 2015
    Машко
    Се ми е јасно, едноставно мора да соработуваш со некој дури и да несакаш. ИТД баш ги заболе што ќе каже Анхоч на купувачот, не ги интересира ниту пак сакаат да излезат во пресрет...вака е со многу увозници кај нас.
     
  24. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,623
    4,565
    23 Јуни 2015
    Машко
    ^ Ете го постот над овој, не треба многу да се објаснуваме. Се е толку едноставно, ама ние мислиме дека живееме на запад, каде што политиките и заштитата на потрошувачите се на многу повисоко ниво. Едноставно ИТД си свиркаат и не ги интересира, бидејќи 90% од робата ја продаваат преку трговци. Па така трговците нека се занимаваат со објаснувања.
    Неможе Анхоч да преземе одговорност за нешто што не е увозник.
     
    На shitpost101 му/ѝ се допаѓа ова.
  25. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,194
    1,839
    13 Јануари 2014
    Машко
    И тоа ми е јасно, ама си има законски регулативи и права на потрошувачите. Да беше некоја играчка или производ од 200-300 денари, ќе чекав, или ќе одев ќе си купев ново, бар време да не губам. Ама мониторот ми е потребен за работа, не за игри, Facebook и вести.

    Во право си дека на запад работите се на повисоко ниво, ама мене ми е доволен рокот од 30 дена и заменскиот производ кој би го користел во меѓувреме. Во случајов, двете права ми ги занемаруваат и ми трпи работата поради тоа. Не е исто да си навикнат на 25" и да мораш да се префрлиш на 14", и нема ни да навлегувам во резолуции, ергономија, eye level итн.

    И да, Анхоч може, и треба да превземе одговорност, или да си го смени дистрибутерот/робата/што и да е. Пак ќе речам, јас сум потрошувач на Анхоч, а не ИТД. Ако коренот на проблемот е ИТД, Анхоч треба да си го решат тоа со нив, а не нивните потрошувачи да трпат. Во спротивно, Анхоч се криви што не си го решиле тој проблем.
     
    На shitpost101 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...