1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Анхоч - Генерална дискусија, информации и искуства

Дискусија во форумот 'Анхоч' започната од NecrotoX, 1 Декември 2017.

Тагови:

Генерално кое е вашето мислење за Анхоч?

  1. Позитивно

    160 глас/а
    90.9%
  2. Негативно

    10 глас/а
    5.7%
  3. Немам никакво мислење

    6 глас/а
    3.4%
  1. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,530
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    Анхоч ако сака ДЕЛЛ монитори, добива понуда од ИТД и услови, без преговарања. Тоа е тоа, неќеш? Нема да имаш ДЕЛЛ монитори. Its simple. Али океј во ред нека заврши тука моабетов, пошто ќе се вртиме во круг...и двајцата делумно се слагаме.
     
    На shitpost101 и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  2. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    780
    1,614
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Слично на муабетов, пред појма немам колку години, од Нептун (ај малку и нептун во тема што не е за Нептун :) ) брат ми зеде рутер кој за брзо време се расипа (во гарантен рок). Оди да го враќа во Нептун (истата продавница од каде и го купе) и таму му викаат:
    - Ќе си го однесиш на сервис, за тие рутери сервисери се тие и тие, се наоѓаат таму и таму...

    Мајкатаааааааа, кај ги удостоил што пазарил од кај нив, па го шетаат по сервисери, пошто рутерот од сервис беше купен нели, не од Нептун...

    Не ме бендисва и мене префрлање на топката, увозник е тој, застапник е тој, сервисер е тој...
    Ако го продаваш нештото и гарантираш за него, остани достоен на тоа, ако не можеш да го овозможиш тоа, не го продавај, ќе си го купиме од увозникот, и онака ако се случи нешто ќе треба да се бафтаме со него, како во случајот со мониторот.
     
    На goce03 и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  3. shitpost101

    shitpost101
    Gaining Experience

    404
    294
    9 Февруари 2018
    Машко
    Тоа е најбитно да се префрли топката на некој друг....зашто ти да си крив кога коже некој друг нели?....
    Е сега поентата е дека без разлика на фактот што Анхоч се криви во ситуацијава индиректно или директно заради ИТД, ваљда политиката е дека вакви случаи се дешаваат многу ретко и фамата за овие работи обично брзо се стишува, па која е логиката да се мења увозник или да се превземе нешто (мада се да оди преку таа пазарна мислам повеќе би се позамарале), е сеа 'ние' што пишуваме на форум за искуства тоа е веќе друга работа, али во краен случај кога ќе видиш, пак попрво би купил од анхоч него Сет.
     
  4. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    867
    2,202
    12 oктомври 2014
    Машко
    Ја коа имав мртов пиксел на претходниот монитор ги рипнав сет и директно им пратив мејл на асус.
    Од асус одобрија замена и сВе се заврши за еден ден.Ако чекав од сет може ќе ме ебаваа и мене со денови,јебем ли га.
    Можда другаров требало директно мејл со слики на dell да им прати за да се убрза работава.

    Sent from my SM-G955F using Tapatalk
     
    На shitpost101 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    229
    142
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    QUOTE="SiPy`, Ама логичен одговор, лудница. Што мене како потрошувач ме интересира кој е увозник и од каде ја набавил стоката, продавачот. Гаранцијата, рекламацијата и забелешките за било што, што е прадмет на трговија, се на товар на ПРОДАВАЧОТ,крај. Јас пари не им давам на добавувачите (увозниците), туку на продавачот. По оваа логика и за една банална тоалетна хартија која е оштетена, а јас сум ја платил, треба да интервенирам кај увозникот, би било смешно да сето ова не е тажно. Незнаењето и молчењето за, немој може да биде полошо, правата на потрошувачот, креира состојба таква каква е сега. Големината на пазарот не одлучува за правата на потрошувачот, тоа е решено со Законот за потрошувачи. Увозникот да преземе одговорност, хахахахахахахаха. Ма да сум јас, одговорноста би ја барал кај производителот на предметот.
     
    На petkotrajko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,530
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    :)
     
  7. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    916
    1,385
    13 Јануари 2014
    Машко
    Да не одам пост по пост, пак ќе речам, во ниеден момент не ми е намерата никој да не купува од Анхоч поради моево искуство. За мене остануваат врв на македонскиот пазар, и со задоволство би купил пак нешто од кај нив. Целиот пост и муабет го напишав за ако некој има проблем со Анхоч (каде што евентуално знае дека ќе се вмешани и ИТД), да е спремен на работите што мене ми се случија, и да знае каков одговор да очекува од Анхоч на одредени прашања.

    НЕМАМ намера никако да ги контактирам/обвинувам или било што ИТД. Мојот проблем е со Анхоч, со производ купен од Анхоч, и со прекршени права на потрошувач од страна на Анхоч. Доколку Анхоч ми ги прекршил правата поради ИТД, нека си го решаваат тие проблемот меѓу себе. Мене не ме интересира кој е увозник, сервисер, или што и да е, мене ме интересира од кај сум го купил производот и чиј печат имам на фискалната и гаранцијата. Се друго си е нивна работа.

    Ме изнервира и муабетот од девојката со која разговарав утрово. Ме "посоветува" да не одам во пазарна инспекција, затоа што рокот за сервис бил испочитуван, немало законска ставка за рок на испорака, и само ќе сум и го изгубел времето со тоа што ќе треба инспектор да и држи лекции и да се замара со пишување извештаи. Пошо нели, тоа што јас изгубив и скоро два месеци, и клиенти, и проекти, не е битно, ама нејзините саат време се најбитни на светов.

    Факт е дека и јас можев поинаку да постапам. Можев да ги контактирам Dell како што вели @Fredy , ама не ми текна во моментот.
    Можев на триесет и првиот ден (па и порано) да одам во пазарна инспекција и да пријавам дека ми се прекршени правата, како рокот, така и фактот што немам производ на користење. Само што во таа ситуација стапот ќе го јадеа дечките од Охрид, кои напоменав и претходно, беа апсолутно коректни со мене и направија се што можеа, како сега, така и во секоја претходна ситуација кога ќе ми затребало нешто од кај нив. Не сакам на нив да падне кривицата и да не можам со чист образ да стапнам в продавница кај нив (а знам дека ќе треба кога тогаш).

    Последниот муабет беше дека ќе види до кај е работата и ќе ми се јави до крај на денов за да ме извести. Па ако увидела дека не може да се реши во брзо време, тогаш ќе сум добиел монитор на користење. Каснат едно 50тина дена за тоа, ама ајде, ќе почекам до крајот на работното им време, па ќе видиме.
     
    На Dave1 и Ceco им се допаѓа ова.
  8. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,588
    1,347
    27 Јануари 2011
    Машко
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    916
    1,385
    13 Јануари 2014
    Машко
    После натегање со дечките од Скопје вчера, и консултација со пазарен инспектор денес, се најде некакво решение, во кое што јас изгубив скоро 2 месеци и живците, а Анхоч апсолутно ништо.

    Парите ќе ми ги вратат на сметка, а јас бидејќи не можам да чекам, утре ќе се прошетам до Битола и ќе земам U2715H, затоа што тој е најблиску до она што го имав, а дипломската и работата не можам да ги одложувам повеќе.

    И ето, за тие два месеци што ги изгубив да не се за џабе, ПОБАРАВ попуст, и добив 2%. На сума од ~29,000 денари, добив ~600 денари попуст. Ама ако платам во готово, а не со картичка, затоа што инаку имале провизии и не можеле да даваат попусти. Па на мал милион производи купени од кај нив досега, во последниов период РЕДОВНО сум имал бар 5-10% попуст, а никогаш не сум побарал досега.

    Во тесно сум, и ќе ги дадам тие 29к утре за да можам да продолжам да работам. А од понеделник ќе си разговарам со адвокат за да барам надомест за ова што ме е*аваа 2 месеци.

    На крај на муабетот, ум за било кој што треба да се матка со сервисот од Анхоч, барајте си производ за користење, и на триесет и првиот ден ако не е решен проблемот, правец пазарна инспекција. Јас изгубив и време, и пари, и живци, ова ми е добронамерен совет за да не го јаде некој друг истиот стап ко мене. Требаше и јас да направам така, ама ете, претходните искуства ме научиле дека се фер и коректна фирма. Од сега па натаму, повеќе пазење.
     
    Ceco, Necromancer и на shitpost101 им се допаѓа ова.
  10. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    780
    1,614
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Ама како да ти кажам, не се виновни Анхоч, увозниците на мониторот, ИТД се...
    Се шалам, секако дека вината е на Анхоч и криво ми е што така лесно се извлекле. Не требало до таму да ја тераат работата, сепак се работи за поголема и пофалена фирма, па можеше да излезат во пресрет, ама не сакале. Сум имал лоши искуства и од други пофалени фирми. Веќе никој не заслужува да гледаш кроз прсти оти на крајот се знај кој испаѓа оштетен. Коректни, вакви, такви, онакви... божем без пари ни ги даваат уредите од што се коректни, услужливи. Ем си платил, ем за*бан...
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  11. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,649
    2,949
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Ум за другпат, ако наредно (недајбоже) да мора да се носи на сервис, ако речат ко шо ти рекле дека само ќе се потроши време ако се викне пазарна, тогаш отиди си пазарна, ич да не ти чуе. Ако проџе проџе... не така, не е ок. И за сите други важи, дошол 30ти ден, и мора да си исполнат обврска.

    Само сакам да се надоврзам, мислан, не еум 100 посто сигурен, но мислам дека 30 дена не се календарски денови, туку работни денови, значи месец ипол календарски е. Сепак треба да се потврди ова, ако е така ко шо памтам, не ди бил во прсво да се лутиш и пазарни инспекции ако било во регуларен период и погрешно си ги интерпретирал условите на враќање производ под гаранција. Дај боже да грешам, дај боже :)


    Edit: ако ти е при рака гарантниот лист , види те молам што пишува на него, ме интересира
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    916
    1,385
    13 Јануари 2014
    Машко
    Понудено ми беше од пазарен инспектор да поднесам претставка. Во тој случај, парите ќе си ги добиев назад (она што секако се случи), со таа разлика што јас ќе требаше да ја почекам постапката од инспекторот неколку дена, и многу веројатно Анхоч ќе добиеја казна за фактот што не ми дадоа производ на користење, и фактот што не го испочитуваа рокот.

    Бидејќи не ми беше крајната цел да ги оштетам Анхоч, туку да добијам монитор на кој ќе можам да си ја довршам дипломската и да продолжам со работа, ваквата понуда немаше да смени ништо, само ќе изгубевме време и јас, и инспекторот, и решив да не изиграм така. Ако сепак решам да им "вратам" на Анхоч, тука ми е опцијата за судска постапка за индиректна штета.

    Факт е дека можеа подобро да постапат, факт е дека во најмала рака, можеа бар мал попуст да дадат на новиот монитор што пак го земам од кај нив и е 50тина посто поскап од претходниот. Пак ќе речам, на се во минатиов период ми давале попуст без ниту еднаш да побарам, па макар и да спомнам, ама на ова не.


    "Доколку дефектот не биде отстранет во разумен рок, кој не може да биде подолг од 30 дена, ИТД Дистрибуција ... "

    Гаранцијата за мониторов ми е од ИТД, со печат од Анхоч, ова го пишува. Така да, ако не е потенцирано работни дена, не се работни дена, и скоро сум сигурен дека и инспектор би се согласил со мене.

    Имам и друга гаранција, за LG монитор, од Анхоч, која исто така вели

    "Доколку производот не биде успешно сервисиран во рок од 30 дена, Анхоч се обврзува... "

    Повторно не се работни денови. А и на крај на муабетот, не мислиш дека во 50 дена во секој случај се поминати 30 работни денови? :)
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  13. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,649
    2,949
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Се согласувам потполно, значи лошо сум мислел во однос на тоа дали е рсботен или нормален ден :)
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  14. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    342
    245
    13 Март 2015
    Машко
    Навистина жалам за тоа што ти се случило. Но проблемот е во ИТД. Верувај сум бил и кога ќе отидеш таму, незамисливо е да се помислиш дека они се увозници и сервисери на Dell.
    Другарка имаше проблем со еден лаптоп кој го беше купила и имаше неколку мртви пиксели.
    Бидејќи сервисот се наоѓа Качанички пат(или незнам како е баш точно тоа место) а она не вози, ме замоли да ја однесам.
    Прво едвај го најдовме сервисот. ОД главната улица се скренува десно и По едни тесни улички натаму наваму.
    Кога стигнавме таму влегуваш во едно дворче, па дури ни таму немаше име на фирмата. Еден див објект, и некако направена врата како во овие маалскиве диви сервиси за коли. Мене многу ми се видоа диви луѓево. НЕзнам колку е и безбеден тој објект и дали воопшто е сигурен.
    Така приправено нешто. Незнам дали биле за привремено или уште е тоа такво. Ама ептен е дива работата.

    Да продолжам за замената. Делл баш за тој модел гарантирале, па и за еден мртов пиксел давале замена за екран.
    Не памтам колку но едно сигурни 20 дена, па може и повеќе, им требаше додека да и го сменат екранот.

    Да кажам само дека, нов лаптоп не и дадоа на девојкава иако се јави во пазарна. Самиот инспектор и рекол.
    Запознаен сум со таквите фирми. Ги има многу, но најубаво почекај си.

    Така да многу паметно си направил, што не си отишол во пазарна. Верувај на крај само ќе се посрамиш пред луѓето што велиш од салонот во Охрид. Ќе му се фрли нешто и инспекторот ќе стане глув, а ти само нервози ќе си добиеш.

    Пред некое време кај вујко ми бевме на гости, и случајно се погодивме на маса со негов пријател школски, кој денес работи баш во пазарен инспекторат. Реално човеков поштен и искрен. Нешто врзавме муабет баш за другаркава и за тоа што и го кажал баш самиот инспектор за случајот погоре.
    И тој ми вели. Супер совет и дал инспекторот. Ја спасил од мрцварење и нервози. Немала да добие ништо.

    Еве вели имавме пред некое време 5-6 жалби од луѓе во некоја продавница за патики. Отишле инспектори во продавницата и се вратија со успешно завршена работа. Секој од нив од едната страна под мишка една патика, а од другата страна друга патика. И ете инспекторот си доби нови патики.
    Значи кога за патики се продаваат, за лаптопи и поскапи работи да не збориме. Жално, но вистинито.


    На моето прашање, добро дали воопшто решавате некои случаи, т.е дали некогаш може да успее некое лице ако пријави кај вас.
    Да вели. Но Ептен ретко еднаш-два пати годишно, само ако има за некоја фирма над 50 жалби за краток период. Ептен да не се дознае во јавноста дека има пример лоша серија на патики или телефони, ќе испаднат и ќе пишат нешто минимално.

    Тој вели. Пази сега. Иако со тоа делува на прва дека тие ги штитат потрошувачите, дури и тогаш тие всушност ги штитат фирмите, за да не испадне афера. Демек испаднале инспектори на терен. Ти си добил нови патики и си ќутиш. И реакции во јавност нема. Значи треба да е нешто многу масовно за да се испадне. Ако тогаш вика не испаднеме народ ќе почне да се јавува по телевизии и ќе се дознае. Е тогаш вели имаме најголеми награди.

    А кога ќе видиш на крај ти всушност ништо не си добил освен малку подобри патики ( но повторно неоригинал).
    И трето. Сите инспектори се отракани. Никој нема тебе да ти го направи ќеифот и на 40 Степени по вруќини да ти врши работа. Може да отиде само ако му треба нешто да земе, ама за него.






    На крај што да кажам освен Штета за Анхоч. Ако гледаат дека не бива треба да се откачат од ИТД. Мислам дека имаат моќ, па и сами да ги увезуваат Dell Лаптопите.
    јас до сега сум имал добро искуство. Имам некако носталгија по сервисот на водњанска, и даските што крцкаа горе. :(
     
    Последна промена: 9 Јуни 2018
    На draganamon и Psycore им се допаѓа ова.
  15. Nokia

    Nokia
    Gaining Experience

    55
    51
    18 Декември 2009
    @fuzzjaw , брат од 4 страни на темава до сега ти имаш 2 со твојов монитор :D . Иначе прав си, толку долго да чекаш требало да ти понудат парите назад (ако ИТД им ги врати на Анхоч), ама едно нешто ме мачи:

    Шо купуеш пак од кај нив кога ги плукаш?
     
    На Rac58 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,402
    4,947
    21 Јануари 2009
    Поштениот школски на вујко ти треба да ги пријави инспекторите.
     
  17. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    916
    1,385
    13 Јануари 2014
    Машко
    @viktorce Бев во пазарна инспекција. Немаше да ми смени ништо мене лично, а Анхоч ќе јадеа казна. Ем ради неиздавањето производ на користење, ем ради прекршените рокови, и работата воопшто немаше да дојде до ИТД. Моментално мене ми е приоритет јас да си го решам проблемов, не да ги оштетам Анхоч кога веќе не ми прави разлика мене лично, така да јас одбрав да не поднесувам претставка и да не си го губам времето.

    @Nokia Да прочиташе една од тие две страни (кои патем се искуство со Анхоч, како што и е насловена темата), ќе видеше дека прво, потенцирав дека не е дојдена работава до тоа уште еднаш да не купам од кај нив. Со одделот за продажба сум исклучително задоволен, затоа и пак би купил.
    Од друга страна, од инает би купил монитор од друго место овојпат. Ама ајде, кажи ми кај да најдам 25+ инчи 1440p IPS дисплеј, кој има барем подесување по висина и ротација, USB 3.0 порти и 3.5mm излез? Тоа е тоа што ми е битно за моиве потреби, и на тие работи не сакам да правам компромис. Другите не се битни. И имај на ум дека треба да е достапен денес, во Охрид/Струга/Битола/Кичево, од продавница која има салон во Охрид, за ако евентуално пак имам проблем, да можам во Охрид да го вратам. Не можам да си дозволам да чекам повеќе.
     
  18. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    322
    387
    20 Јуни 2012
    Машко
    Кога се јадеше бурек за АМЦ и Сет тогаш на никого не му сметаше ако некој напишал две страни за својот проблем :)

    Незнам зошто воопшто се споменуваат ИТД во случкава, нема никаква потреба. Анхоч продава нивен производ и крај на муабетот. Ова е голем минус за Ахноч.

    @fuzzjaw сепак бил и повеќе од коректен. Јас уште истиот момент ќе побарам заменски производ а по истекот на 30 дена не се замарам воопшто да се јавувам во сервис на Анхоч или во ИТД или незнам ти каде. Си има продажен салон, ги информирам само дека ќе одам во инспекција и тоа е тоа. Ако тие не го почитуваат фактот што јас сум платил ( можеби и последни пари ) за да купам производ па ме вртат наоколу нема што јас да имам грижа на совест ако фирмата јадела казна или некој вработен останал без работа пошто се заебавал.

    Членот како што напомена има право и на надомест на штета доколку одлучи да оди по судови. Откако пазарна ќе утврди пропусти со тој документ комотно може да поднесе приватна тужба.
     
    Ceco, smole и на fuzzjaw им се допаѓа ова.
  19. smole

    smole
    Unstoppable

    2,925
    3,275
    18 Април 2007
    @fuzzjaw Дали некаде во гаранцијата пишува дека треба да добиеш заменски уред на користење? Или некаде во закон/подзаконски акт тоа го пишува?

    Не те напаѓам ниту ја бранам фирмата во прашање, стварно ме интересира, бидејќи неможе некој да купи уред од Х пари или кола на пр. и да дреме со недели додека се поправа уредот/колата.
     
  20. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    916
    1,385
    13 Јануари 2014
    Машко
    Пишува во законот за заштита на потрошувачи, да.

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,175
    3,468
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Целосно си во право во случајов, единствена замерка од мене е ако навистина ти бил потребен монитор во критичен момент на изработка на дипломска и плус работа е што не си побарал веднаш заменски монитор. Нека не ти трпи работата, па ти после оправај се правно со нив.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Nokia

    Nokia
    Gaining Experience

    55
    51
    18 Декември 2009
    Да, пишува во законот за заштита на потрошувачи во член 48 каде вели дека по барање на потрошувачот, трговецот треба да му достави производ за користрење.
    @fuzzjaw , им побара ли производ на користење или не?
     
  23. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    916
    1,385
    13 Јануари 2014
    Машко
    Не побарав. Прво, не го знаев законот точно (не ми затребал претходно), а второ, од претходни искуства со Анхоч очекував да се реши работата во рок од десетина дена. Ова е моја грешка.

    По муабетот со девојката од Скопје, мислам дека немаше да добијам дури и да побарав. Кога спомнав дека немам монитор на користење, ми рече " А не, не даваме така. Од сервисот нас не ни имаат дадено, па мора сами да се снаоѓаме. Треба од сервисот прво да ни обезбедат нас".

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
  24. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    342
    245
    13 Март 2015
    Машко
    Немало да има казна верувај. Пишав погоре за пазарна и како работат. Oд блиски луѓе ми е информацијата. Затоа велам дека правилно си постапил. Не го бранам Анхоч или некој друг, но тој е принципот.
     
  25. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,837
    6,426
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Од искуство, секогаш кога сум пријавувал во ДПИ, а притоа сум запазил да сум 100% во право, реагирале на време.

    Се јавуваат на бројот што си го оставил и договараш време кога заедно со инспектор ќе одите до продавницата или сервисот што си го пријавил.

    - Анхоч ми пробија бр. на денови во сервис (22 вкупно, не само работни) ДПИ заврши работа. Немале соодветна замена ми вратија пари на 7 месеци стар телефон.

    -Сет примаат асрок itx плоча на сервис ми враќаат иста таква matx. Немале итх, јебига. Пријава во ДПИ и ми вратија пари колку што сум ја платил пред 13 месеци.

    -Видео Дата 3 пати сервисираше ист ТВ не сакаа да дадат потврда за нов. Ги пријавив, дадоа потврда, а кога сони Македонија дозна за случката, од галерија ме частеа нов ТВ поскап едно 150 евра од оригиналниот.


    Така да не се согласувам од мои искуства дека не прави разлика таа пријава. Дали ги казниле или не, незнам и не ме интересира. Вкупно 9 пријави сум пуштил и секогаш реагирале, но со нивни печат кога ќе го однесам ливчето обично фирмите први реагирале и корегирале неправда уште пред да ме контактира инспектор.
     
    На Nikola Sone, ТАТА_МАТА, Banjifiko и уште 7 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...